Челзи скапан тим??? Од инает ако сакате да зборите, одлични беа вечерва. Ахххххх колку беше убав натпреваров. Ама барем еднаш вие фановите на барса да признаевте пораз не би било лошо, нема круната од глава да ви падне . Де посед на топка, де статистики, ова она. Знаете колку вакви натпревари има доживеано Реал, ама не, само резултатот се гледа нели? Кога не ми се допаѓа играта на Реал си кажувам бре, не ми се допаѓа и готово. Е така и вие сега да си прифатите фер пораз, немаше црвени картончиња, немаше пеналчиња и немаше победа на барселонааааа Браво за Челзи
Џабе ти се статистики кога резлутат е против вас. Е со таа вчерашна игра Барса покажаа колку се немоќни па и 90% да е топката во нивен посед. Немаше ниту една добра изведена акција, немаше ниту еден гол, така е, не се трча улаво по терен и не се чека судијата да свика пенал. Барса имаше 23 обиди од само 4-5 стигнаа на посакуваниот таргет : околу голот. Имаше 23 обиди колку реализации? Колку гола? Ајде ви се молам, добра игра не се смета ако играчите на еден тим ко муви околу гомна трчаат околу гол и шутираат од сите можни агли. Очигледно е дека тука коментираат луѓе што врска немаат од фудбал. Фудбалот е игра на чиста тактика, а не кој повеќе ќе шутне према голот, и фудбалот вчера победи. Извинете не го копирајте коментаторон од канал 5, навивач на Барса до срж, па сеа ќе ми цитирате тука како Дрогба глумел. Не се вадете на други, признајте си еднаш пораз, како што сите други знаат да признаат кога не се играло добро, не се играло, и тоа е тоа.
1 гол ама вреден !! Колку сте самоуверени, 1 гол не е ништо, како бе така? Смешни сте бе каталонци, дај признајтеси дека не ве бива без судиска помош .. И зар некој навивач на барселона има лице да коментира за глума , незнам дали да се смеам или да плачам ! ајде ќе се воздржам
Леле иако не сум љубителка на фудбалот ова морав да го гледам оти сите мои другари и другарки се за барселона а јас бев единствената шо беше против нив(од инает не за друго )И значи мислам дека мечов беше преубав и сега сите фанови на барселона треба да признаат дека челзи беше каде каде подобар без разлика на статистиката оти не секогаш таа пресудува кој е победник.
Смејте се, ама пак е потешка ситуацијата на Реал. Треба да победат 2:1 за продолжетоци кои ќе ги изгубат, или ете да не примат гол од големиот Баерн (што е смешно и невозможно зошто ќе примат и два), а да победат - оваа ситуација да се оствари шансите се 0.1%, отколку Барса да победи со 2-0 или 3-1. Или еве за продолжетоци доста е Барса да не прими гол, а да даде 1. Ќе видите дека Барса да продолжи шансите се големи, а за Реал се мали. Се чекаат реваншите. И многу ќе се смеам ако биде 2-0, 3-1 (како со Милан), а уште повеќе кога Гомез ќе спие кај голот на Касилјас. А Швајнштајгер и Милер ви се ноќна мора. А богами и голот на Ноер го сонувате Нас 1 гол ни дадоа, и толку и тоа едвај. А вас ви ги начукаа 2, ви дремеа на гол, а вие едвај 1 дадовте. Хм. Ќе видиме кој ќе продолжи, а кој не. Мислам дека Реал има повеќе работа од Барса.
Еее фала што ми кажа, сега нема да гледам реваншите оти знам што ќе се случи. Ама може и вака да гледаме. Ние дадовме гол на гости а вие не дадовте ништо, па со самото тоа треба да бркате резултат. Да се трудите да дадете едно голче дома за да обезбедите само продолжение. А ние со само еден гол дома победуваме. Иако не верувам дека така ќе биде, ќе има повеќе голови и од страна на Реал, а и од страна на Баерн. Ама се надевам дека ние ќе дадеме повеќе. И ако верувате, ве читам и сте ми многу смешни. Сега на Реал се нафрливте и сте толку сигурни дека Баерн ќе го елиминира, а за Барселона сте сигурни дека ќе влезе во финале. Не се истрчувајте предвреме со коментарите, оти така беше и кога Реал загуби а сега на вас ви се погоди исто. Јас не одрекувам дека Баерн се силна и непредвидлива екипа, ама исто е и Реал. Играат сличен фудбал, затоа предвреме не зборувам што и како ќе биде. И да, ги почитувам и Швајнштајгер, и Милер, и Гомез. Едни од поомилените играчи ми се, како што и Баерн ми е омилен германски клуб. Ама дека ни се ноќна мора, до толку не би претерувала. Можеби се истото што на нив им се Роналдо, Игуаин и Кака. Ај доста, во вторник и среда ќе видеме. Ова толку шанси и проценти не можат ни играчите да го знаат се додека не заврши натпреварот а не пак вие. Полуфинале е ова, и сите три екипи се овде заслужено, освен една што се провлече со пенали .
Боа опрости,сосем заборавив во оваа мешаница со ЛШ.. http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=90 Еве линкче. А и еден коментар на мадрист,на македонскиот портал на Реал. "veke i mene mi se smaci samo da placesh . priznaj ednash deka porazite ni idat prvo od nas a posle od sudiite" Едит(морам).. Чекај бе неможам да издржам..а во што тоа Челзи беше далку подобр? Оти нели Челзи цело време напаѓаше,се испотепаа таму кој да шутира пред голот на Валдес..и нели оти Барса топката не ја виде цели 90мин. Во одличниот тетар на Дрогба,уф дефинитвно далкууу подобар од Бусќетц.
Смајли па гледаш дека е извадено од контекст, целиот наслов. Тој само во еден наврат кажува дека можело судењето да биде подобро ама насловот инсинуира дека искажува големо незадоволство за судењето. Исфилувано е малку повеќе . Јас многу изјави читав ама ова не сум го сретнала. Да бил којзнае колку незадоволен и да мислел дека судиите се криви ќе се појавеше ова во сите можни негови изјави. Јас лично мислам дека судиите го поштедија Марсело, тоа беше за чист црвен. Туку за Барса што ќе кажеш м?
Официјално : ''Сопствениците на Барселона ја згрешиле трансакционата сметка на судијата и заради тоа не беше досуден ниеден пенал од страна на Феликс Брих'' Повеќе среќа нареден пат. Заслужена победа на Челзи.
ОК, дозволи накратко да ти објаснам како јас гледам на тоа, зашто неколкумина од вас на форумов што сте за Барса до бескрај ќе одите со претпоставки и реченици кои ги кажуваше нашиот семоќен коментатор на Канал 5, како за Барселона, така и за Реал... Ди Матео вчера постави тактика со следниве црти: Да се сопре Меси. Дали Меси беше сопрен? Да! Да се нападне Барса преку контри. Како падна голот? Од Контра! Да се префрла средината на теренот. Како падна голот? Со долга топка, префрлајќи ја средината на теренот! Да се остави Барса да кружи околу шеснаесетникот. Дали Барса имаше решенија по средината на голот? Немаше, затоа најмногу напаѓаа од страната на Кејхил! Ајде сега од другата страна кажи ми која од замислите на Пеп успеа? Да не им рекол случајно на играчите да изгубат само со еден примен гол? Или му рекол на Меси да одмара и да не се труди многу? Или можеби па им рекол дека гол не мора да постигнат, можат на Камп Ноу ко од ракав 5-6 да дадат... Нормално дека не, вчера на Пеп ништо не му појде од рака. Ете ти, дел од причините зошто вчера Челзи беше подобар. Ќе речете дека удриле 2-3 стативи, а Челзи имале среќа? Па чекај малку, да не беа дефанзивно поставени така играчите на Челзи, шансите ќе беа поизгледни и Барса фино-лепо ќе си дадеше гол. Од 20+ шутеви што имаа, 5 беа посериозни (Санчез двапати, Фабрегас, Меси со глава од 16 метри, и не знам кој шутна на самиот крај кога удри статива). Значи ми кажувате дека ако едвај 20% од шутевите ти се опасни, голот мора да падне и е заслужен? Никако! Така што аргументите од типот на „среќа, вака-така“ не ми се јасни, ниту ќе ми бидат... Напротив, Барса е таа што има среќа зашто со резултат 1-0 самата одлучува на домашен терен дали ќе оди натаму. Среќа затоа што Челзи имаа сили да дадат само еден гол, а Барса уште 90 мин да кружеа околу шеснаесетник, најмногу што ќе направеа е уште статива-две...
Добро,зошто не признавате дека Барселона беше победена каталончиња? Да,од тој гнасен тим беше победена,а тој Меси беше сопрен.Тој вонземјанецот луге,да да истиот тој од друга планета. Го критикувавте Роналдо,се смеевте на Реал Мадрид,а дури и почнавте да планирате финалиња.Зошто кроевте капа на нероден Петко? Се виде колку можевте без судии...Ама кармата е лоша работа...Еве ви пример дека тркалцето се заврти. Ди Матео ве реши со тактика,оние старци...Глумеше на моменти Дрогба ама си постигна едно голче кое можеби ке биде вредно за финале.И не навивав за Челзи бидејки ја мразам Барселона,туку секогаш навивам за тим кој е од Англија...Колку и да го мразам и Челзи вчера ми ја исполнија душата. Ако сте толку сигурни во победа,не се грижете,ке победете на домашен терен. За сега браво за Ди Матео,се оствари моето,дека само Челзи и Интер можат да ја сопрат големата Барселона.И овој пат успеаа со тоа.
А да беше Барселона подобра ќе дадеше еден гол а не ниту еден . И не туку пишувајте нешто, а после да го бришете. Едит: Пак бамкаат за посед на топка . Ај, ако не Маскерано и Адриано нека си ја подаваат само еден на друг цел натпревар, може 100 % ќе достигнете. Туку ај со каталонците што не можеш да се разбереш, не можеш. Туку прочитав дека можно е Кака да биде стартер во сабота на Ел Класико. Искрено се надевам дека ќе биде така, со Озил би функционирале одлично. Па уште и Роналдо и Игуаин во напад. Само немој пак некои нелогичен состав да прави Мурињо.
Челзи да беа подобри од Барса немаше да дадат само еден гол туку повеќе а и во случајов Челзи беше оној кој беше фаворизиран од страна на судијата. Плус се играше на нивен терен Барса кога играат на Ноу Камп не даваат еден гол и дозволуваат поседот на топка да биде поголем на другата екипа
Смешки, смешки. Да биле подобри Челзи ќе дале повеќе голови. Дадоа гол, 1, ама вреден. барса не даде ниту еден, што нешто кажува. И дајте веќе не се трескајте од земја и да кажувате тука дека Челзи биле фаворизирани од судиите, немате право да пишувате вакво нешто, барем не вие. Помирете се со фактот дека ИЗГУБИВТЕ. Еве, ние од Реал се помиривме со тоа дека изгубивме, зашто Баерн беа подобри. Во ваш случај Челзи беа подобри, затоа и си победија.
^ Изгубивме но се надевам дека и самите ќе признаете дека цел натпревар се играше на половината на Челзи и цел натпревар Барса беше онаа која играше фудбал без глумење за разлика во случајов Дрогба