Да, се играше, ама не бевте способни ни еден гол да дадете. Вие тоа не можете да си го признаете, па затоа сега упорно тврдите дека тие глумиле. А, вие кога глумите, арно ви е тогаш?
Вие најмалку имате право за зборување судиски грешки и глума.Боли поразот?Е ке боли,сетете се во 2009 година како беше.
ОК, ново правило во фудбалот - Победник е оној што има повеќе посед на топката, а не оној со повеќе голови. Плус, дали тоа ти заборави дека токму Барса не му даде ниеден гол на Челзи во 2009-та, на домашен терен, м? Но чекај малку, што ако тоа беше тактичката замисла на Ди Матео, читаш ли!? Остави ги Барса да играат фудбал и фати ги на контри? Цело време тоа го велам. Барселона кога игра фудбал, а не наоѓа пат до противничката мрежа ја фаќа нервоза, зашто не се навикнати на тоа, а особено Меси. Интер кога стана шампион Барселона беше таа што играше фудбал, па никому не му е гајле. Грција во 2004-та го освои европското играјќи како Челзи цело првенство, со бранење и преку контри, па никому не му е гајле, запишани се како шампиони.
Се надевам дека и вториот натпревар во Барселона ќе заврши со победа на Челзи, па да им вратат мило за драго . Вчера од што бев уморна заспав на второ полувреме, не го догледав ама дознав дека останале на тој еден гол што го видов. Ги сакам двете екипи, во англиско сум за Челзи, во шпанско за Барселона. И баш ме изненади Барселона која ми е тим-давач на многу голови да не даде ниту еден гол на овој натпревар. Како и да е, навивам за да ги видам Челзи и Баерн Минхен во финале. Леле ама опасно било тукаааа... абе очи си вадите, па се изразувате со ние сме подобри од вас, вие она, ние ова, божем вие играте во екипите
Секоја чест за Ди Матео, откога го предводи тимот, го спаси Челзи од нови порази и го врати повторно на старите патеки. Со оглед на тоа што беа слаби на почеток на сезона, ова е голем успех што стигнаа до полуфинале. Тактиката на Ди Матео : Царот Ако има правда, Челзи се тие што заслужуваат да бидат во финале и да им вратат на Барса за 2009 кога Овребо им донесе валкана победа. Уште ми е криво кога ќе ги видам овие слики, цел свет знае дека Челзи тогаш беше вистинскиот победник.
Mа не само што е изваден од контекст, туку и воопшто не е точна изјавата, поточно насловот. Ги преслушав на ју туб изјавите на Мурињо по натреварот со Баерн и никаде не го обвини судијата, ниту пак спомена дека победата е незаслужена. Ама нашите електронски медиуми за поголема посетеност на нивните портали ги вадат од контекст работите. Е сега за натпреварот од вчера, заслужена победа на Челзи. Акцијата за голот беше Реметење ќе има од фановите на сите други тимови затоа што барселонските навивачи ептен летнаа во облаци и предвреме отпишуваа и понижуваа тимови ко што се Милан, па и Челзи. Па и коефициентите во кладилнициве 4.85 за Челзи дома во полуфинале на ЛШ Епа заради такви работи ми е мило што победи Челзи. А и фановите на Барса како се не ги нарекуваа играчите на Челзи? Па скапаници биле, па немале врска од фудбал итн итн. Епа каков тим е тогаш Барса кога не може да даде еден единствен гол наЧелзи кој е составен скапаници и дрва? Јас пак ќе речам, ниеден од тимовите кои влегоа во 4те најдобри годинава не е за потценување, а уште помалку за предвремено отпишување. А реално 1-0 не е недостижен резултат, но е многу незгоден за Барса затоа што мора да даде минимум 2 гола, а да не прими нниту еден. Што и како ќе биде останува да видиме во вторник. Само да се надеваме дека Челзи нема да го снајде приказната на Милан па да гледаме уште два пенала на Кампот. Плавушке логиката ти е Никој не рече дека Реал има лесна работа. Си знаеме ние, свесни сме кој е Баерн. Ама бре да пишеш дека на Барса и било полесно е нон сенс. Реал и со 1-0 поминува. Барса со 1-0 игра продолжетоци. Реал со 2-1 игра продолжетоци, а Барса со 2-1 испаѓа. ТОЧНО, ПОЛЕСНО И Е НА БАРСА Ама ако, само вие продолжете со потценувањето, ќе ве треснат уште еднаш од земја како што ве треснаа синоќа, па можда тогаш ќе научите да го почитувате противникот За болдираово, незнам дал да плачам ил да се смеам. Дали ние го сонуваме голот на Ноер или вие го сонувате голот на Чех од 2009 па навака?!? Па каков - тако ние еден гол дадовме, и тоа од ИГРА. А колку гола даде Барса синоќа, дај просветлете ме То је то. Комплекс од Реал. Не е битно каква е ситуацијата на Барса, битно на Реал да е потешка
Некој погоре рече- Не победува секогаш подобриот. Тоа си знаеме ние фановите на Реал најдобро... иф ју ноу ват ај мин.
Моментот е кога се фалиш дека твојот тим примил само еден гол, а се смееш на тимот кој дал еден гол ама примил два . Уште еднаш ли треба да потсетам дека вие не дадовте ниеден. Сепак, ништо не се знае. И двата резултати се отворени за пресврт, ама вие толку се потпирате на тој Камп Ноу како којзнае што да е. Јас не сум во ништо сигурна, да кажам дека ќе ги згазиме Баерн ќе биде премногу потценување на таков тим, па играј на домашен терен колку сакаш. Вие бидете си сигурни и после пак ќе ви се повтори она од вчера. Уствари јас не знам зошто ве разубедувам. Поарно мислите си дека ќе ви биде лесно и ќе тепате, така поинтересно ќе биде .
Пошто Блек ме замоли да дадам коментар за Барса..хир ај ем. Правдата е задоволена, тоа имам да кажам! Карма ит'с а бич! Најти секоја чест (знаеш за претпоставката дека Шпанците нема да се радуват на победа) ,добар типер си. По лошиот ден вчера,поразот ми дојде како шлаг на торта.Бев убедена дека ќе го добиеме Челзи,барем реми да извадиме.Ама пораз,е ова ни на крај памет не ми падна. Само не ми е јасно,навивачите на Челзи,слават финале.Абе мислиш 5-0 заврши,па Барса е сега целосно избришена и нема никакви шанси..боже. (мене ми е најтрагично што на Реал се смеев дека се вади со Бернабе,а види не ти сега нас..ја отупевме со реваншот и Камп Ноу) За играта на Барселона,па не беше лоша.Ај посед на топка не коментирам,тоа е веќе вообичаено за Барселона,а и ако се рачунаше тоа..Барса во секоја уткамица ќе излегуваше како победник. Добри шанси створени,ама за жал без реализација.Санчез,Фабрегас и Бусќетц промашија 100%шанса за гол,лошо за луѓе со слабо срце. А Меси и Роналдо,претходната недела овде се водеше битка во докажаување кој е најдобриот,па гледам овие утакмици и двајцата во најдобро светло се покажаа. Најти,и ти со во право ама..Челзи имаше само одлична тактика за одбрана.Силна и едноставно неможеше да поминат напаѓачите на Барселона,убаво смислно..само штета што фудбалот не е 90мин да играш одбрана. Чекаа контра со гол,и што со тоа ли заслужија да победат. Не се сложувам дека Челзи целсно ја надигра Барса,у ваков случај.Ноу,ноу!! Одбрана 90мин,и шанса за гол од контра,за мене не е ФУДБАЛ..(барем јас не сакам да гледам таков фудбал). Челзи оваа сезона во ЛШ и те како има среќа..со Бенфика,особено. Во случајов со Барса,имаше среќа да.И не би рекла дека го дадоа голот на среќа(како повеке каталонци) јас би рекала дека Челзи имаше среќа во оние прокоцкани шанси на Барса.Санчез два пати за милиметар ќе ја затресеше мрежата,а и во 93 мин,млаце фалеше пак на сините да им се стемни пред очи Кол,спаси чист гол Мора де се признае одлично играше вчера. А и што мадристите го реметеа другар ми(навивач на Челзи) дека тепаа на среќа,значи Челзи не поминал баш така сјајно. Дрогба,еј еј еј!Бусќетц глуми,ама еднаш во 3 месеци,ама овој 10 пати на една уткамица бре.. Ма ни Рибери,Ди Мариа и Бусќетц не му се рамни..оскар треба за човект! Ви текнува на одличниот момент на натпреварот со Наполи тоа беше врвот! Лошо, што не дадовме гол во гости што ја отежнува ситуацијата.. За Реал(со вакув резултат Плавушке,Реал има повеќе шанси)ама..Барса играше добро и беше поразена,а Реал играше катастрофа и беше поразен. Камп Ноу,ќе бидат тоа пеколни 90мин. Сигурна сум дека Пеп нема да дозволи пораз,ќе докажеме дека заслужуваме да играме во финале. Реално,ама Челзи нема што да бара на Камп Ноу со ваква игра и формација 11-0-0. Saisnalla ..ми се чини дека ова ти изгледа на пенал?(извини ако сум грешка)..ама рака на срце,овде нема пенал,да има прекршок,на кој не беше досудено ништо,ама не не е пенал.
Смајли се во ред тоа што го кажа,али еве како што и некои претпоставуваа дека после поразот на Реал ке отиде Баерн во финале така и некои претпоставуваме дека Челзи ке успее да се пласира во финале. Еднаш имам кажано некаде по темава.Ова е лш,овде секој може да биде шампион,па дури и еден Порто во 2004 година беше,па не гледам причина зошто и Челзи нема да успее да се пласира понатаму. Мислам дека и истата игра ке ја игра Челзи на Ноу Камп а еден гол од нивна страна постигнат мислам дека ке реши се,освен нели ако не постигне Барса повеке од два.
Многу ми е мило што победи Челзи, како што спомнавте погоре КАРМАТА Е КУЧКА. А за играта на Дрогба, паметно си изигра, лежеше се вртеше на тревата, времето си течеше во нивна корист, му е гајле... Што сакате можете да зборувате, вака или така, типот си даде гол и му донесе победа на својот тим На крајот резултатот се гледа, ништо друго. Сакам во финале да ги видам Баерн - Челзи
Не е баш он топик, ама сепак , во контекст на дебативе во темичкава, едно поздравче до сите форумџики фудбалољубителки!
Статистиките не беа напишани онака, резултатот е против нас НИКОЈ НЕ РЕЧЕ ПОИНАКУ! Барса вчера добро играја ама не ги сакаше и немаше погодок! Немаше ниедна добра акција? извини ти ја гледаше утакмицава или на резултати го виде резултатот? аку гледаше знаеш многу добро какви акции имаше Барса. И ДОСТА СО ТИЕ ПЕНАЛИ ДОСАДНИ СТЕЕЕ! Незнаете шо друго да кажите? ај да не почнам колку пенали само на Роналдо му се судени не го викаат за џабе Пеналдо! Се знае дека немаше реализација на акциите и дека немаше гола. А ти очигледно имаш мижено на натпреварот ако она за тебе не е добра игра, изгледа си премногу заслепена од омразата кон Барса. Незнам кој нема врска од фудбал дали читаш шо имаш напишано и ај кажи шо не е вистина во моите постови ти се молам. А вчера можда победи фудбалот на Челзи со малце појќе среќа, зашто на Барса не ги сакаше вчера да дадат гол и тоа е тоа. Има реванш! Кој коментатор ма треба да си едино слеп за да не видиш дека глуми, никој не се ваѓа на Дрогба и неговите актерски способности како причина за поразот многу убаво кажав во моите постови наназад дека не не сакаше,немавме среќа не постигнавме гол, не изнудивме нерешен резултат а не пак победа.. момците играа добро имаа и напади и се ама тоа беше тоа ! И ПО ВТОР ПАТ ЌЕ РЕЧАМ ДА НЕ НИ ГИ ВРТИТЕ ЗБОРОВИТЕ, ПРВИН ПРОЧИТАЈ ШТО СУМ НАПИШАЛА И КАКВО МИСЛЕЊЕ СУМ ДАЛА ПА ПОСЛЕ ПИШИ
Каков натпревар одиграа Атлетико Мадрид и Валенсија (4-2), еј! Нека гледаат снимки „актерите“ во ЛШ, да знаат како да се постават и тие идната недела, за да има вистински фудбалски празник за љубителите на овој спорт.
^ Прво не се обраќај со “МА“ не е културно. Второ за жал и за твоја информација не мижев на натпреварот, штета. Трето прочитав убаво што си напишала и какво мислење си дала. Четврто, секој има право да ти контрира на пост доколку си го пишала на форум, овде сите сме за дебата дојдени, не се жести! Петто, ако незнаат фановите на Барса да прифатат и признаат пораз поради лоша игра не е мој проблем. Не сум јас единствена со ова мислење за ваша несреќа. Мнозинството го дели тоа мислење. Во прашање беше тактика, ако за вас фудбал е само тркалање и шутирање топка кон противнички гол онака, чисто колку да се каже дека имало шанси за гол, незнам што повеќе да кажам. Колку што знам јас статистичките податоци не се оние кои го одредуваат победникот. Незнам како поинаку да ти објаснам. Поздрав
Таа ја фатив 1&3+ 3.30 коеф., за да ме заебе Билбао и да изгуби од Спортинг 2-1 4.40 коеф. За утре смислувам ново ливче А баш ќе видам Сантос и Интернационал што ќе напраат. Анабелле, да за дебата сме дојдени затоа секој во својот пост што сака ќе си напише. И затоа ти нема да и кажуваш како да се обраќа, и што е културно, а што не, мислам не си компетентна, ниту повикана. Овде сме сите само форумски ликови. Дали нејзиниот пост е во ред, или не, самата си го напишала, така оценила и таа си одговара за него. Секој за своето.
доколку не си мижела на натпреварот немаше да зборуваш кој е подобар бидејќи ако си го глеала ке знаеше многу добро кој е подобар.............и јас како фан на барса знам да прифатам пораз но и фановите на другите клубови треба да бидат реални и да признаат кога победиле на среќа и за кладилници ........... поззз
За вчерашниот натпревар се испишаа еден куп страници во темава, а денешниот во Куп на УЕФА, кој беше 100 пати подобар “заслужи“ само еден пост. Во вакви моменти се прашувам кој вистински сака фудбал? Инаку да кажам јас за натпреварот- навивав за Валенсија, ама морам да признаам дека Атлетико беа многу подобри, ама ете сепак нема да одат во Валенсија со толку недостижна предност. Појдов да си правам чај кога за 5 минути гледам дале два гола . Четвртиот беше фантастичен, останав со подотворена уста. За нивна несреќа им падна концентрацијата во последната минута, па примија еден брз гол. Во секој случај беше тоа еден ни малку досаден натпревар, исполнет со многу акции и атракции. Убаво кажај Најтвокер, треба “великаните“ од ЛШ да погледаат малку од натпреварите во Куп на УЕФА.