Најтрофеен клуб е Милан ... тука се рачунаат и тие низ супер куповите и ЛШ и останато , а во Италија и САМО во италија е Јуве... иначе на светско ниво е Милан
Чекај Јувентус да земе титула ? ! ? Чекај сериозно ? Губентус шампион во Италија ? ! ? Па дај бре имајте милост едвај се помирив со фактот што стадото ќе игра ЛШ после 3254 години Губентус човекуууу нешто не е у реду со планетава ....
Да,мислев на оптимизмот,фала на поправка Да,праев муабет за ниво на Италија,дур игра Барса во оваа форма и со оваа поддршка нема да земете веќе ЛШ,а дур игра Јуве во оваа форма нема да земете Серија А. Да венди,Јувентус ќе земе титула,ти додавај им имиња,они ќе додаваат ѕвездички на логото,така иде тоа
^^ Епа драги плавушке и венди јбг тоа е тоа,ти се надеваше дека Милан ке биде шампион а сега Јувентус е на првата позиција. Уште колку кола има до крајот?Може сепак ке киксне Јувентус па ке биде како порано. Ајде вечер Барса Челзи... Со сето срце ке сум за Челзи...Ке навивам за нив ко за Јунајтед што навивам А се мислам дека и на пенали ке победи Челзи.Сакам да има пенали,да да
За мене шампион не може да биде тим кој ретко кога победува или губи, а најголемиот дел од натпреварите се нерешени натпревари. А верувам нема ни да биде, Милан ќе освои. Затоа што заслужува повеќе од некој тим таму што со ремија стигнал дотука. Да ви се плукнам на таквата позиција.
..колку да се разбие монотонија Милан-Јуве. Иниеста:"Душата ме боли поради овој пораз, но мора да се фокусираме на Челзи" Мое мислење: Барселона има да го згази Челзи на Камп Ноу за овој пораз доживеан против Реал... Гвардиола:"Ќе го поминеме Челзи" "Верувајте ми, ќе успееме денеска. Имам стотина причини за да верувам во тоа, овие фудбалери ќе го победат Челзи" - уверен е Пеп Гвардиола. "Сите наши полуфинални натпревари биле многу тешки и знаеме дека првиот натпревар против Челзи беше разочарувачки". "Но знам дека денеска ќе ги елиминираме, знам што можат да направат моите фудбалери. Ќе играме на победа. Не се сомневам дека ќе бидеме во финалето во Минхен". Компленто се сложувам..мислам дека Челзи ќе плати за поразот од Реал.И тоа со камата. Ќе бидат тоа долги и пеколни 90мин.. Не не не,не моожам да помислам на трет пораз,по ред! Ааа ..тоа у никој случај! Ди Матео најави офанзивна игра. Ова,да видам не верувам! Ма има да ве елиминираме,па ако сака и Моу нека му се јавува на Абрамович да му кажува тактика.. Јас би рекла,опасен 1....и 5+
Денеска уплатив значи ја пишав Барса да помине.. 1,45 беше коефициент а за Челзи беше 10,00 се стаписав кога видов... Чудно ептен ми падна за високиот коеф, не само шо ги потцениле јас би рекла ги преподцениле, ама сепак нема да не победат Не ми е битно ливчето само Барса да оди понатакаааа Санчез ќе игра? душата моја? Мора да е во стартните зошо ќе го тепам на Пеп !
girl-mirи.. 1-0,Челзи славеше победа. Велат никогаш не го потценувај противникот,т.е и јас велам,ама убедена сум дека Челзи вечерва ќе го напуштат Камп Ноу со наведнати глави. Мелани,не зафркавај ау ау ау..аман бе,мислиш со Бетис играме.Ова е веќе,понижување! Како и да е,јас одам да си ја улатам Барса сингл 1че..т.е ќе го наговорам брат ми,да ми уплати ливче.
Чим за со Реал коефициентот ни беше 1.70, за Челзи ја да сум 1.20 би го ставила Ги потценував и ја како кладилнициве, ги потценувам и секогаш ќе ги потценувам, скапан клуб. Порка мизерија. Ама ќе платат. Најдебелиот крај нека го извлечат, да зажалат за лажната надеж што им ја даде тој мизерен гол, а 99% дефанзивна игра, и за Реал ќе платат дел од долгот, а остатокот на наредното Ел Класико. Вечер опасен кец. Ме интересира составот, се надевам ќе биде подобар од минатата утакмица. Санчез обавезно мора да игра од почеток, па не мора до крај али брзо нека шибне еден добар гол како тој на Ел Класико влага-дава гол. Што ќе биде со Пике? Го очекувам најдоброто во составот. Ако е следниов, прекрасен е. Далеку подобар од минатиот This is the only way that Chelsea qualify for the Munich Одмаздата се сервира ладна.
Плукај се ти на што сакаш,само плукаш наспроти ветер,пази да не ти се врати Не му ги кревај толку акциите на Милан,не ви држи гзот толку
Абе многу оптимисти овие од Барселона. Полуфинале е, се може да се случи. Сигурна сум дека Челзи нема да се предадат, сепак влогот е преголем. Се надевам дека Торес ќе игра, мислам дека полека се врати во форма и заслужува барем малку време на терен. И никаде не сум прочитала дека во фудбал не може да се играе дефанзивно, тие слики на ништо не ви личат. Јас мислам дека треба да си го поставите прашањето Како тоа Челзи играше одбрана а сепак успеа да даде гол а вие цело време во напад и не успеавте? Можеби понекогаш е потребна тактичка игра и стратегија. Така да стварно не ми е јасно зошто ја потценувате дефанзивната игра. За вечер, нормално дека очекувам Барса да загуби. Три порази по ред, и тоа во најбитни утакмици. Па има ли нешто поубаво од тоа? Ама сепак ништо не се знае, секоја од екипите има шанси да се пласира во финале. Се зависи што ќе биде вечер и утре.
Потценувањето на тимови е материјал за ремет на темава, така да слободно фановите на Барса нека продолжат да потценуваат да ни биде интересна темава. Умот не им дојде после двата пораза, којзнае можда после третиот ќе им дојде Инаку за вечерва, очекувам да биде тешка утакмица и за двата тима. Челзи ќе се брани, што е и нормално зошто си има резултат за финале. Можда ќе пробаат од контра да дадат некој гол и да и ја запечатат судбината на Барса, ама незнам колку ќе им успее. Барса ќе кружи и ќе ја гњави топката околу шеснаесетникот на Челзи.У меѓувреме ќе се дуваат фановите на Барса за поседот на топка и бројот на прецизни пасови. Барса мора да постигне ран гол, барем во прво полувреме, зошто ако на полувреме остане 0-0 црно им се пишува. Еве некој шпекулации за составите И уште нешто
Барселона има слаба точка Челзи му ја откри Значи со предност одиме на Камп Ноу може се да бидне ама јас верувам дека ке се пласираме .... Ако Барселона победи поштено јас ќе бидам првата што ќе честита на темава , зошто нема да бидам тука да реметам ганови на Барса тоа ќе го правам во живо ќе посакам многу среќа на Челзи , се надева, дека ќе дадат се од себе и дека среќата ќе не послужи . Без неа ни еден тим не може ... Моментално хаос е во Барселона , го загубија победничкиот менталитет сега ако некогаш биле се најранливи . Правда е да победиме !!! Поздрав народе ... Едно од најдобрите видеа што сум ги видела досега http://www.youtube.com/watch?v=glv96pXFjBM
Вечерва ке биде тешка утакмица, Барселона после 2 порази и тоа на битни утакмици нема да остане на исто ниво... Или ке се изгуби уште толку и ке доживее тотално фијаско, или ке им наплатат на Челзи и тоа со камата. Тоа е моето мислење Челзи си има предност и претпоставувам дека ке се бранат, ама колку ке издржат ке видиме. Мој фаворит : ЧЕЛЗИ, заслужуваат да одат во финале
Абе Смајли не зафркавам, Барса ќе си победат вечер сигурна сум! Сиот бес од Ел Класико ќе го истурат на Челзи, само ви викам ме зачуди толку висок коефициент, до кај 4-5 очекував хах кога видов 10...