Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Moже да се пишува до утре за натпреваров.

    Ама џабе е. Тоа е тоа. Чао Барселона. Скапаниот тим пун со клошари ве избаци од трката за титула. Вреѓајте до утре, ма до кога сакате, џабе.

    Одличен натпревар. Полн со тензија, морам да признаам на неколку моменти срцево скоро и ми запре, кутија цигари испушив за 90мин.

    Ама чувството кога ги гледав како се радуваа на терен беше прајслес. Мммм, им покажа Дисгрејс(Диди) дека кармата е кучка, ебано опасна кучка.

    Тука некои личности мене ми збореа за "омразата" моја кон Барса. Кхм, незнам што да искоментирам по постовите што ги прочитав до сега.

    И ако Абрамче не си го земе сеа Матејчо за стално, опасен будала е :?:

    Не коментирам за финале, тешко ќе биде, ама ќе се трудат, што друго им преостанува. Сигурна сум дека ќе биде одличен натпревар, кој и да победи нема да ми биде криво, навивачите на Челси си знаат, ова беше финалето што се чекаше :)
    Иначе нема да шкоди трофејот, да го кренат еднаш во раце Диди, Тери, Френк и остала генерација пред да остарат уште малце и да си стават крај на кариерите, заслужуваат!
    ктбффх!
     
    На JuLleE, Kicky и karina8 им се допаѓа ова.
  2. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Eте пошо сум навивач на двата клуба,Челзи и Барселона,и да сакам не можам да бидам пристрасен,честитки на Барселона за играта,чесно изгубија,немаше никакви судии и глупости,ако е досуден пенал или црвен тоа не значи дека е помош од судии,а уште поголеми честитки за Челзи,кои и покрај црвениот,пеналот и сето тоа,покажаа вонземски напори и одат понатака во финале. А верувам дека голот на Торес беше изненадување за сите. Во прав момент!
    Ќе гледаме одлично финале! Тоа ме радува!
     
    На Smilly и Abeja им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^И јас бев за двата тима, во англиско за Челзи, во шпанско за Барселона, ама повеќе сакав Челзи да победат за да им вратат на Барса. Грев ми беше за Меси, кога му иде по 5 гола дава, сега и пенал утна.
    Сега ги очекувам Челзи-Баерн у финале, па да не знам ни тогаш за кого да навивам, ама и тогаш ќе бидам повеќе за Челзи. :lol:
     
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Би го почнала постот,како и петходиниот..Правдата е задоволена! Карма..!
    Како и да е,не сме научени на порази, па ове три во низа,од кои последните два на Камп Ноу,не ни знаеме како да ги прифатиме.Ужасно е кога,гледаш како титулата ти бега од раце,а финалето станува само сон!
    Лично јас,многу тешко се помирувам со пораз,се борам со гневот и солзите цела вечер,и еден куп мисли во глава..
    ...Кога си ги читам мислењата пред утакмица,ми иде да си ја акнам една,и да си ја затворам устата пред други да ми ја затвараат после пораз!Оваа моево ги надминало сите граници на оптимизам!

    Би можела да кажам дека при 2-0,почнав да си славам финале.А и со оглед на тоа што бевме со играч повеќе,бев сигурна дека заминуваме во Минхен.
    Колку загубено делуваа играчите на Челзи при 2-0,си полмислив не им бега на овие 5-0..
    Ама,оној голот и те како ме тресна на земја!
    Е после промашениот пенал на Меси,се тргна наопаку.Се изгуби Барса,кружеше околу 16никот,и апослоутно немаше никаква идеја,што понатаму.
    Не ми е јасно што толку критки по Меси,па и нема потреба човекот да се извинува за промашениот пенал! Секому му се случува,па и на најдобрите.
    Меси, сеуште сме горди на тебе!
    Всушност,ние навивачите треба да му се извиниме,што очекуваме Меси секоја утакмица да дава голови,и да ја извлекува Барса кога и да е потребно!

    Не би се сложила дека Челзи целосно не надигра,и покрај тоа што се бранеа со 10 фудбалери,Барса им заби 2 гола,и створи доволно шанси,од кои добар број требаше да значат сигурни погодоци.
    Нема сомнеж,дека одлична е такитката на Челзи,ама мене тој фудбал не ми е убав за гледање,како што и претходно се имам изјаснето.Дрогба во одбрана.. :rofl:
    Торес,аман бе!Зошто баш ти!!?
    Задоволна од судењето,фер..само една замерка!Лампард требаше да добие црвен!Без сомнеж..

    Можеби игравме подобар и поубав фудбал,ама рака на срце Челзи заслужено понатаму!
    Честитки до навивачите на Челзи,и се надевам дека ќе ни простите за 2009.
    Изгубивме со играч повеќе,имаа подобра такитка и тука нема што повеќе да се коментира!

    Пеп:"Тоа е убавината на спортот, понекогаш се смеете, понекогаш плачете"
    Фернандо Торес:"Во фудбалот не победува секогаш подобриот тим. Нашата игра не беше убава, но сите знаевме дека ова е единствен начин за да ја исфрлиме Барселона"

    Излеговте од финале,ама од моето :l: никогаш нема!
    О,боже!Се чуствувам како навивач на Реал,по уткамица со Барса. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да да тоа е таа споредба, ама ја би рекла да ги пецнам дека тие ќе се чувствуваат денес, како ние вчера :P Шала на страна се може да биде, мислам дека шансите на Баерн се поголеми, ама може и Реал да продолжи. Ќе видиме баш. Напред Баерн, по Барса втори фаворити за титула ми беа и останаа. А ако веќе Барса не е во трката, нека земе Баерн. Ајде вечер, не сумњам дека тие ќе покажат се што можат, и нема да се бунат како нас...
     
  6. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Исто,само ја у било какво сценарио у финале ќе бидам за Челзи :D Баерн се океј,али Реал не фала :D Заслужи Челзи годинава да го дигне трофејот,доста им беа муки ја мислам :)
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Го читав ова на многу места и морам во потполност да се согласам.
    Мене пак играта на Барселона ми е за никаде и неубав фудбал за гледање. Провидни станаа веќе и досадни со тие пасови пред шеснаесетник. Јас освен тоа, друго не видов. Значи само подавање еден на друг и пробувајќи да се пробијат се на еден ист начин, ги прочитаа веќе сите. Па мајке му пробај барем еднаш со подолга топка или нешто друго, ова пас до пас ме измори.

    Ајде вечер Реал-Баерн. Како што многу пати кажав и се изјаснив не знам што да очекувам ама очекувам Реал да се борат до крај и да се изборат за тоа толку посакуано финале. Нема да биде лесно ама јас верувам во момците.

    Напред Реал, Хала Мадрид !
     

    Прикачени фајлови:

    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ' Светските спортски медиуми(освен британските) сложни во едно-антифудбалот стигна до финале Лига Шампиони!Она што секако е за секаква пофалба е фактот што и примадоскиот весник "Marca" се сложува дека играчите на Барселона беа подобри,и дека во финале помина антифудбалски тим! '
    [​IMG]
    Чудно мајке ми?

    И после Шпанциве не се подржувале..Пффф!
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Влегувам во темава, читам читам и 55% од постовите од Плавуша :wasntme:

    Плавушке најдобронамерно, нема потреба од цитирање и негирање на секој напишан пост кој не ја подржува Барса :)
     
  10. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Да им честитам на моите со-навивачи..Одлично,прекрасно..Правдата е задоволена ..2009та не е заборавена..Ти симнувам капа Ди Матео.:Секоја чест човеку..Идеме во финале.тешко ќе биде, но финале е се е можно. А Каталонци не навредувајте ве молам..Имавте играч повеќе, пенал (макар да не беше) али ајде..и не побдивте кој ви е крив? Ако не нарекувате скапан тим, тогаш за вас е уште поголема срамота штом сте изгубиле од таков тим..и за крај имаше некој Барселонист напишано Одмаздата се сервира ладна! оо како само се согласувам !!
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Абе во ред си е тоа, шпанските медиуми нормално дека тоа ќе го пишуваат. Ама мене не ми е јасно вие навистина мислите дека тоа на Челзи беше антифудбал и дека бевте подобри?
    Дајте луѓе, малку реалност не е на одмет. Антифудбал е да играш со еден играч помалку и да успееш и да се одбраниш и да дадеш два гола? Антифудбал е Меси и остала компанија да не можат да мрднат накај голот на Чех, освен оние два гола кои ги дадоа?
    Јас разбирам да си навивач и се ама бидете малку објективни и прифатете пораз. Бевте надиграни. Факт. Како што кажав Ди Матео ве простудира и ја прочита целата игра на Барса, речиси сите напади кон голот беа спречувани и тоа без Џон Тери во одбрана. Барса напаѓаше како што кажав на ист начин и нормално дека тоа ќе резултира со неуспех. Не знам, нели сфатија дека со таа игра не можат да ја пробијат одбраната. И сега кажите ми по што бевте подобри? Јас ниту нешто подобро а ниту пак атрактивно видов од Барса. Туку да заспиеш додека топката оди се по една иста линија.

    И стварно барем еднаш кажите прифаќаме пораз, беа подобри и крај :) .
     
    На LilBaby, SunFlower94, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ќе ми објасни некој како не сме го поминале центарот а сме дале два гола ? Е тоа ти се вика волшебници, а не Меси :angel:
     
    На SunFlower94, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не цитирам и негирам секој пост, најчесто оние каде што ми се обратиле обично или па кога не се согласувам со нешто, затоа е дискусија, побивање ставови. И ме цитираат и цитирам. :)
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека најголем виновник за овие три изгубени натпревари на Барса е Гвардиола.
    Да, Гвардиола е добар тренер, ама не најдобар ко што го правеа. На него му се погоди таа среќа да ја земе Барса која во својот состав ги има Чави, Иниеста и Меси и нормално е дека со такви играчи ќе освојуваш титули. Но дека е голем тактичар, не е. Верувам дека било кој да беше на негово место ќе го постигнеше истото. На последниве неколку натпревари се докажа дека ако не му оди на Чави, на Меси или на Иниеста, Гвардиола нема решение. Прави некој банални измени, пробува експерименти со играчи кои немаат искуство, незнае да ја постави одбраната. Исто така голем дел од кривицата треба да сноси и Валдес. Значи потапа голман ја у живот не сум видела.

    А Ди Матео пустиот ни крив ни должен си стана тренер :D Абрамович треба да е луд ако го смени човекот.

    Гледам пишувате дека победил антифудбалот. Се прашувам што подразбирате под антифудбал. Што требаше по вас да направи Челзи? Да го пушти Меси да им даде три четири гола? Од кога бранењето на голот е антифудбал? Фудбалот не е само нападот. Одбраната е многу битен дел од секој спорт, така да овие коментари дека Челзи играл антифудбал се безвезни.
    Мене најискрено ми е мачна за гледање играта на Барса, посебно кога ќе наидат на силна одбрана. Па ја мачат топката цела утакмица, кружат околу противничкиот шеснаесетник, а освен поседот, немале некоја посериозна шанса за гол. Сакаат со се топка во гол да влезат. Немаат шутери од далечина. 90 % од головите им се постигнати од 6 метри.


    Вечер Реал - Баерн. Сакам да помине Реал, ама ќе биде тешко. Германците доаѓаат со предност и не дај Боже да постигнат гол, црно ни се пишува. Како и да е, верувам дека ќе гледаме убав натпревар, отворен и офанзивен фудбал, па нека победи подобриот :)
     
    На SunFlower94, JuLleE, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас го пропуштив синика натпреварот :^) ама вечер игра барселона па навивам за нив,не за нешто туку за кристиано :) :)
     
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не да е тапа, најтапа. Дефинитивно најслабата алка во Барселона. И кога слушнам некој да ми го споредува со Касиљас ми се крева косата на главата. Колку ефтини голови прими човекот оваа сезона, тоа е неверојатно. Имаат среќа Барса што имаат појак напад, па и некои поединци во одбраната но Валдез не е способен една топка да одбрани. Велам уште еднаш, цела среќа што Барса има добра средина и до некаде одбрана, па нападите се сопираат уште од таму.

    Исто и за Гвардиола би се сложила. И после некој да ми зборува дека бил најдобар тренер на светот |( . Па со таков состав на Барселона и јас би била добар тренер. И уште не ми е јасно што му беа експериментите со младинци во вакви битни натпревари. Ама ако, полошо за нив. Само Гвардиола не го ни споредувајте со Мурињо, молам.
     
  17. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Боа и Лебедка..да расчистиме нешто,не кажав јас дека победни антифудбалот :!: Ау ,не не!
    Мојот пост беше само цитиран од интернет,(што изјавуваат медиумите по вчерашното полуфинале)па затоа е сатвен и во наводници,а јас никаде не сум напишала дека се сложувам со тоа!

    А дека признавме пораз,признавме!
    Еве си признав јас во постот..
    А и скоро сите каталонци што јас ги познавам си го признаа поразот,поштено! :)
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Смајли мојот коментар не се однесуваше за тебе, туку општо за коментарите овде, по фејсбук и други форуми, само тоа се пишува ;) Инаку секоја чест Смајли за твојот пост. Објективно и непристрасно кажано ;)

    Инаку зборот ми беше дека секој тим може да изгуби од секого. Тука нема правила. Само не треба да се потценуваат другите тимови, а вие рака на срце многу ги потценувате сите други тимови, не само Челзи, а Барса ја правевте непобедлива. Што не е така. И верувам дека сфативте сега.

    Исто така фрлавте со дрва и камења по Роналдо(и не само по него, и по Ибрахимович и икс други) кога ќе изигра слабо на некој натпревар. Одма пишувавте дека е никаков играч, дека незнае да игра фудбал, дека се губи на големите натпревари, дека дава голови само на Хихон и Сарагоса, дека е нула во однос на Меси итн итн. Што е апсолутно неточно, зошто има бројки кои кажуваат друго, ама тогаш неможевме да ви докажеме.
    Е сега истото се случува и со Меси. Изигра слабо против Челзи и на двата натпревари, во едниот дури беше директен кривец за голот што го примивте(уствари и на двата натпревари Меси беше трагичарот), не се покажа ни против Реал во саботата и сега по таа логика ние треба да отекуваме дека Меси е никаков играч, дека не може да даде гол на некој поголем клуб, а дава само на Хихон, дека промашува пенали итн итн. Не оди тоа така. Никој од нас не пиша дека Меси е слаб играч, ни по поразот од Реал ни сега по Челзи. Зошто реално е играчиште, можеби не толку колку што вие го воздигнувате и го правите Бог, ама е играчиште. Истото беше и со Роналдо, само ко што пишав претходно, други муабети вртевте тогаш ;)

    И да, да нема забуни, постов не се однесува на никој конкретно, туко општо на сите фанови на Барса.
     
    На BlackSwan5, JuLleE и Smilly им се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Никогаш никој не ја одбранил титулата на ,,Лигата на шампионите".
    Финтата е што ова се рачуна од 1992година.
    Претходно ова натпреварување има друго име, друг принцип на натпреварување. Јес да титулите пак се рачунаат од претходно. До 1992 ја одбраниле Реал, Милан, Баерн, Ајакс, Ливерпул, Интер, дури и Nottingham Forest во нивното двегодишно владеење :)
    Но од 1992 година има измени во натпреварување, натпревари по групи, нокаут систем, промена на името на натпреварувањево и одтогаш веќе 20 години никој не одбранил титула.
    Баш се вели проклетство е освојувањето на титулава :D
    Во последниве години помнам Милан освои 5 титули во една година, имаше фантастична сезона и на крај освои ЛШ и киксна, падна. Ливерпул исто падна максимално дури како шампион одвај го внесоа на натреварувањето со исклучок иако немаше право бидејки беше подоле на листата во Премиер Лигата. Манчестер исто имаше огромна доминација неколку сезони ама ЛШ освои еднаш и не успеа да одбрани иако беше блиску. Исто и Барселона, не може и неможе да ја одбрани.
    Мислам дека го знаеш ова, ама да си кажам за тие што не знаат :)

    Вечер мислам дека германците ќе победат, затоа и ги ставив веќе како финалисти. Не дека ги потценувам Реал и те како знаат да изненадат типциве ако им се игра :!: ама швабиве се добри, многу добри. Вечер очекувам одличен фудбал, како непристрасна се надевам ќе гледам убав фудбал. Баш како оној синојка. И синојка не победи антифудбалот. Да не ако победеше Барса ќе победеше фудбалот? Не ме зафркавајте Барса одвај со пенали го победи Милан, и сега тоа е фудбал или антифудбал? Пак е фудбал иако не беше ни тоа фер. Не е фудбалот фрцкање пред гол, камо одбрана да спречиш еден фудбалер на кој дури и името му го заборавија и заборавија дека е напаѓач. Нема антифудбал, постојат само добри статии во весници со интересен наслов, а нормално тоа се во случајот шпански весници.
     
    На JuLleE и Smilly им се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    А вечер? ееее вечер, ке држам срека и во ножните прсти за Реал. РЕАЛно ке биде тешко, Баерн не се воопшто за потценување. Што ке биде нека биде нека победи најдобриот, па со господ напред. :)