И јас признавам дека не надиграа и не поразија, никој не можеше да си верува на очите... Ваков хорор немам гледано на тв досега А некој во предходните постови имаше напишано дека биле подобри? сериозно тие не надиграа и не победија, ама подобри не се. Стварно незнам што се дешава со нив
Статијта на Смајли и е превземена од порталот спортски.мк, во кој стои наслов светски, а тоа го пишувале само шпанските медиуми, нормално нели . Туку јас се надевам дека Барса ќе си ја научи лекцијата и дека повеќе нема да потценува тимови, нема да бидат толку самобендисани и уверени дека се непобедливи. Трите пораза им се вратија како бумеранг. Но така е тоа. Меси ко Меси, пишав дека заедно со Роналдо се може и најдобрите фудбалери моментално, но и тие, може да се случи, да имаат лош ден. Може да им се случат баш вакви ситуации, кога под притисок и пенал промашуваат. Сепак не се богови, туку фудбалери. Барса има одличен среден ред, добар напад, но нема одбрана. Милан игра одлично во одбрана, се бранеше 90 минути на Сан Сиро. На Камп Ноу видовме што се случи. Сеуште тврдам дека незалужено отпаднаа. Челзи, и во Лондон и синоќа ја надигра Барса, и тоа пак со одбрана. Два пати шутираа кон голот на Валдес, два пати погодија. Одлична стратегија на Ди Матео. Барса требаше да очекува дека ваква игра ќе играат Челзи. Нивната е протчитана, па затоа и неможеа да дојадат до голот. Чех според мене е најдобриот голман, секоја му чест. И конечно, покрај ваква сезона во Премиер, Челзи заслужи да го крене пехарот. Иако најголемиот успех е победата врз Барселона. Вечерва, јас како неутрален гледач, се надевам дека ќе победи Реал. Не ги сакам Германците. Во Реал барем е Мурињо. И да, тој е најдобриот стратег во светот. Ај што е добар, ами и згоден е . Ви имам кажано дека го обожавам човекот и дека бев заљубена во него .
Kaмп Ноу,на постигнатиот гол на Торес реагираше,вака.. http://www.youtube.com/watch?v=V2CVTQiu ... e=youtu.be Само на Камп Ноу,вака може да се прослави гол на противничката екипа. Каталонцте,признаваат кога некој е подобар од нив.По начинот на игра и акциите Барса беше подобра,но Челзи ги искористи своите шанси и заслужено продолжи понатаму! 'Barcelona fans know how to accept defeat, they greeted Chelsea for their great performance after the final whistle, Madrid fans would probably whistle them and give them the finger, they even whistle Ronaldo and Mourinho sometimes.' -прилично точен коментар! Долго,не сум видела навивачите на поразениот тим да ги испраќаат свиоте играчи со песна,а противничките играчи со аплауз,а тоа вчера го покажаа кулезите,секоја чест! Visca el Barca!
Смајли, океј е. И јас никаде не потенцирав дека зборувам конкретно за тебе, ти си призна и во ред е. Туку општо за навивачите на Барса, мора да признаете дека повеќето од нив се многу егоцентрични и се, се ама пораз никако не прифаќаат. Онаа утакмица се фалеа со посед на топка и тоа што Челзи паркирал автобус пред голот на Чех. А сега во случајот со изјави дека тоа било анти-фудбал да се браниш цело време а не разбираат дека тоа беше тактиката на Челзи. И дека прочитаа од каде идат нападите на Барса и ги блокираа а Барселона место да промени нешто во тактиката тие продолжуваа да вртат како балерини околу голот на Чех. Додека Челзи си начека контра и си даде гол, добро малку грешка и на Валдез. Ова со анти-фудбалот го прочитав на многу места и мислам дека стварно треба да си многу заслепен навивач за да тврдиш дека тоа вчера на Челзи беше анти-фудбал. А многу од овде си признаваат а сепак не си признаваат. Како што се случајот со Плавушка, значи се истури од навредување кон Челзи дека бил скапан тим, дека ова и она а место да каже секоја чест Челзи, заслужено финале. Еве горе и Мелани. Велиш не надиграа а не беа подобри? Јас тие две работи ги сваќам како исто. Конкретно за Меси кога зборуваме, мене ми е добар играч ама далеку ми е од најдобар и далеку ми е од играч на кој би можела да му се восхитувам. Како прво затоа што се губи многу пати против појаки екипи. Едноставно покажа дека не може да се носи со големи екипи. И Роналдо можеби понекогаш има лош ден и се губи на некој натпревар ама затоа во следниот веќе покажува се што знае и умее. А Меси никогаш не сум видела да импресионира против некој поголем клуб. Ај за пеналот што го зезавме, остај тоа, да речеме се случува да се промаши. Ама зошто беше како невидлив на овие два натпревари од полуфиналето кога титула зависеше од ова. Кого му е гајле сега што на Баер Леверкузен шкљ екипа им дал пет гола кога овде се изгуби и тоа неговиот тим го кошташе титула. Јас мислам дека играч кој се декларира како најдобар, марсовец и триста чуда треба да знае и под притисок да игра. Напротив баш тогаш треба да покаже борбеност, неоткажување па дури и да не победат. Челзи после тој шок од исклучен играч се врати во форма и со тоа покажа карактер. А Барселона, воедно и Меси го немаше тој карактер. Па и јас многу пати се лутам кога Реал после примен гол или некоја судиска грешка (најчесто кога играат со Барса) психички паѓаат и само прават глупи стартови, им се сечат нозете и трчат како изгубени. Можеби негативен резултат и нема толку да ме изнервира како што ќе ме изнервира тоа откажување од клучни утакмици. Последниве утакмици со Барса ме убедија во спротивното, дека сепак можат да се носат со тој притисок и се надевам дека и со Баерн ќе биде така. Ќе се надевам на победа ама исто ќе се надевам и на борбеност до самиот крај. Затоа што ако нешто научивме од овие утакмици во ЛШ е дека ништо не се знае.
Големите играчи се за големи натпревари, така ми имаат кажано И за мене Меси не е некој играч, не ми се допаѓа неговата игра. А дека победил антифудбалот вчера, е со тоа не се сложувам! Фудбалот се игра во одбрана и во напад, а Челзи победи со добра одбрана а богами и добар напад, 2 шута / 2 гола За вечер се надевам дека мојот тим, Bayern Munchen ке оди во финалеееее
Луѓе мои да дадам краток коментар вчера не бев во состојба чекав малку да слегнат емоциите ма да уште сум во еуфорија што ќе ме држи подолго ... Вчера беше Карма беше Правда не знам што беше ЧУДО !!! Не дека ги тепавме туку под какви околности и услови се се случи . Со повреден мноооогу битен играч од одбрана . Црвен картон на еден од највжните играчи т.е цела филозофија на играта замислена + на гости + пенал ... Кога го исклучија ТЕРИ како да ми пропаднаа сите бродчиња си викам што сега ? Цела формација пореметена примивме уште еден гол . Што после луѓе она е тоа што ми се допаѓа кај мојот тим БОРБЕНОСТА И НЕПОКОРНОСТА нема откажување . Рамче голот понижувачки за Валдес. И сеа Уеафалона , Фарселона попознати како Барселона . Да видиме добивте 2 играчи помалце , еден аут и тоа не било кој туку капитенот , имавте домашен терен , имавте пенал . И добивте ПОРАЗ !!! Со играч помалку и тоа цел час . Пукнаа стативите Чех леташе топките менуваа правец некад ја зезаа и гравитацијата и тамтараааам тоа што боли највеќе ТОРЕС ! Е тоа дрвото баш тој промашената инвестиција ве реши . Токму тој е заслужен што си заминавме непоразени од Камп Ноу тој момент никогаш нема да го заборавам . А како е уште кога тоа го гледаш со фанови на Барса абе прајселс . Ми вика овој за Барса го покажуваат во кадар скиснатото и подзачудено лице на Торес и она иронично ха ха ха ... И му викам Е баш овој што сега го исмеваш сакам да влезе и да ве реши . Ми се изнасмеа ама затоа после ... Што да ви кажам Кармата е кучка знам дека ве боли и нас не болеше . Ама ќе лажам ако кажам дека душава ми се насити кога ги гледав наведнатите лица на КАТАЛОНЦИТЕ и Меси кој на колена се криеше под дресот . Вредат тие моменти , вреди да чекаш 3 години . Победава ја осеќам ко лично моја . Сакам за крај да им заблагодарам за сите на темава што дадоа подршка за Челзи а особено за Пеликуна , е кејфот ми го направи посебно ценам зошто така страствен фан на Манчестер овој пат навиваше за Челзи А што се однесува на НАјтвокер и Јипман мора и нив да ги поздравам ... Хупс гол фаунд http://www.youtube.com/watch?v=g_7bFME7BUI Мора да цитирам нешто т.е коментаторов ... 50 milion pounds has just been repaid !!! Еднаш ви кажав еден ден ќе ве натерам да зажалите за реметот на Торес ... Знаете тој не дава често голови ама кога го прави тоа гледа да е против Барса , да вреди голот 45 милиони и нормално најбитното да ја Елиминира Барса
Одбројувањето започна... Ќе влезе ли Реал после неколку години конечно во финале... Уф имам повеќе трема и од играчите... Што и да се случи вечерва, нека победи подобриот. Само што јас се надевам дека тоа ќе биде Реал. Ајдее, дечки верувам во вас и верувам дека ќе се борите до самиот крај. Vamos Madrid, сега е моментот.
Уште 15тина минути до почетокот. Ќе биде многу тешко, ама идеме на победа! Искрено се надевам дека Баерн ќе победи вечер и во финале ќе се најдат моите две омилени екипи, Баерн и Челзи. Viel Glück Jungs!
Ајмо Германчишта мајката! Сакам само лигавоно Кики да го испошутираат, вака немам ништо против Реал. Напротив. Ама кај и да оди Кики, порази му посакувам. Верен хејтер.
Само што Реал кога ќе им дадат пенал еднаш на секои 10 утакмици, го искористуваат UNLIKE SOMEONE WE KNOW (VAUF VAUF LESSI COMES HOME)
Да ви кажам дека ваква среќа не сум доживеала во Лигата на шампиони откако Интер ми станаа прваци, а тоа беше далечната 2010та година. Урлав вчера од среќа, немам зборови да ви кажам како се осеќав вчера. Лебдев кога ги видов насолзените очи на Фарселонците ихаааааааа. Торес си реши, браво машко! А Плавуша за пенали најдовте да зборите? КИКИ ПАК ВЕ РЕШИИИИИИИИИИИИИИИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!! СМЕЛС ЛАЈК МАЈ ФЕЈВОРИТ ФИНАЛЕ! Реал-Челзи,а ? Челзи ми се за мене прваци уште од вчера, а Реал ... може да ужива сега!
Луѓе не славете пред време. Германците се страшни фанатици и играат до последна минута. Сетете се на мечот со Манчестер (не дај Боже да се повтори).
^Јасно е тоа како ден. Ама неможев да не се израдувам и тука ај не зборам веке до крај на натпреварот.
Натпреваров или нерешено ќе заврши, или Баерн ќе тепаат. И вчера на голема жалост чуствував дека нерешено ќе заврши, и ко за беља заврши.
Ако вака продолжат, 7+ ќе биде натпреваров. Што е ова бре, офанзива да, ама дефанзивата каде е? 2:1. Е сега се на 0.