^ Kај виде омраза? Нема омраза во темата. Има препокувања и реметење, ама се дискутира за фудбал. Овде се пишува и кажува се и никој не се лути. Ете со Плавушка си се реметиме стално, ме нервира што ги сака Барса и што навиваше за нив против Милан , ама пак си ја сакам . Боа и Блек и остала компанија се мадристки. Еј кој кавги паѓаа . А Пеци, ех таа со Манчестар. Или Најти. Ај со Јипи си го имаме муабетот за Милан. Роси и Спаркс се моја банда. Исто и Вендии . Така да ние овде на темата сите си се сакаме, иако почесто се караме, ама фудбал е ова, нема заебанција .
Овие се жалат на игра со рака (не е првпат), другар судија се праи наудреееен... Од толку обиди, мора еднаш да ја спука некој од Германциве. Пицикато се од еден до последен стокмени секој на свое место од напад до одбрана све 10ка, заслужуваат титула, ако им појдат во финале на Челзи леле мајко Јуле ко се бије тај се воли шала на страна, надвор од темава баш ми се драги личности сите овде, се карале ние или не битно се дружиме
Два пати од по 15 минути продолженија,ако и тогаш остане резултатот пенали. јас не знам зошто се бунат фановите на Барса кога изгледа заборавија како тие го поминаа Милан.
Не ги сакам германците,ни како народ,а камо ли пак во спортските натпреварување! Ама реално,со играта што ја покажаа на двете утакмици заслужуваат финале!
Мене ми се гледа пенали Вчера на колена гледав ме умреа Челзи, сега си гледам рилекс и ич гајле не ми е како ќе заврши. Свеједно буквално.. Само би сакала да видам пеналчиња, онака ми е најинтересно
Па не би рекла дека ни е сеедно како полесен под наводници го гледам Баерн . Реал го води Мурињо тој знае играчите како дишат , а не како играат . Па тоа се негови изуми крај краева . Поатрактивно Финале е Челзи и Реал подобро за Челзи е Баерн и Челзи . Се испрживме еднаш со Интер под водство на Мурињо . Инаку за играва на Баерн каква дисциплина , контрола и самоувереност .
Mи мириса на пеналииииииии!!!!!!! Оооооо, каков натпревар, ова слободно може да се прогласи за финале! Играта на Баерн повеќе од одлична, ама тој Робен некако многу споричок ми изглеа Си навивам потајно за Баерн вечерва Не мислам дека се полесен противник од Реал, ама така посимпатични ми се
Да точно е сосема тоа за Мурињо, од таа причина некако повеќе сум накај тоа Баерн да победи. Ама од друга страна го ценам Мурињо, па затоа ми е криво малце за Реал. А Роналдо не можам да го гледам, така да ни за едните.. ни за другите навивам тоа ми беше зборот. А од перспектива на тоа кој би бил полесен противник на Челзи, би рекла и јас Баерн ама кога ги гледам како дисциплинирано играат малку се колебам околу тоа. Предност е голема што Мурињо го води Реал.. Ич не сакам овој Кики Ронално.. ако даде гол против Челзи доколку одат у финале, ќе одам ќе го задавам. Ако пак Реал помине ќе ми е мило заради овие каталонциве многу, ќе цркнат уште тоа им фали Битно релаксирано си гледам, за мене ова е огромен успех на Челзи.. во финалето што и да се случи тие се за мене шампиони што успеаа со играч помалце вчера и со пеналче за Меси да ја елиминираат Фарса.
Посмешно е пречка да удри отколку да му ја фати голманот.Барем Роналдо даде два гола а Меси?и на двата меча се изгуби.