Јака ви душа Мадристи нешто што е најлошо за еден навивач се пеналите. Јако срце треба за нив Кога се играат пенали едно е јасно, изедначени екипи. Интересна отворена убава игра, убав фудбал. Ѕвезди vs фудбалери со мотив. Победија вториве бидејки ѕвездиве и те како потфрлија во пеналите. Ама плескам со рацете за двајцата голмани, одлични одбрани имаа, се потрудија. Интересно ќе биде финалево, иако сметем дека во едно финале кое се игра само еден натпревар не треба да важат картоните. Челзи ќе игра без 4рица првотимци, а и Баерн има исто така со по два жолти. Сметам дека треба да има измени на ова поле. Браво за девојките кои честитаа победа, тоа е спортски дух Но неколку девојки тука го немаат па треба да оладат од темава малку, стануваат веќе патетични. А едно прашање. Знае некој кај е најдена топката од Рамос? Или уште лета. Кај ќе падне? Скопје? Париз? Лондон? едит: муахахахахаа
Абе и тоа што викаш ама кога веке сме искрени треба да сме искрени..Вчера Меси бетер шутираше пенал кој посмешен беше за играч од светска класа.Ама ај,нека им е.
Aу каков натпревар.... Честитки за двата тима, јас си имам комплекс од пенали уште од Милан време кога изгуби од Ливерпул и ич, ама ич не ги оправдувам како индикатор за тоа кој треба да победи, но тоа е, некако мора да се одлучи победникот. Исто секоја чест за судијата. Е вака се суди. Со минијатурни грешки, но без да оштети тим. Прво нешто за Реал: Марсело да го исфрлат или да му сменат позиција. Робен го изора едно 15 пати, среќа не успеаа да погодат, иначе Марсело ќе беше крив. Бензема само до 60та минута, дури има снага во него, после е за ништо. И не е човек за вакви натпревари, го убива притисокот, се губи, се плаши да шутне. Пепе е идиот, не можам да го поднесам, како се правеше дека го боли раката а ништо не му направија. Се на се, добри беа Реал, ама можеа прво полувреме и почеток на второ поофанзивно да играат, Баерн тогаш создадоа вистински шанси, кои за жал не ги искористија. Во Баерн приметив дека оваа тактика не им одговара ич. Со слабата одбрана која ја имаа Реал, да имаше некој посигурен напаѓач, а не само Гомез имаше да биде петарда. Гомез премногу чека, премногу се двоуми. И Рибери не е добар за на таа позиција. Милер згрешија што го ставија на крилна позиција, Робен порано или подоцна ќе продреше за да постигне гол без Гомез. Нема потреба никој да се нервира и потресува, после 120 минути секоја им чест што стојат, во тие моменти на пенали срце застанува а не па нога. Не е крив ни Роналдо, баш напротив тој беше стрелец 2 пати, ни Кака кој иако беше одморен притисокот го надвлада. Требаше вчера да биде Милан - Челзи и тие да си ги пресметаат силите, а не Фарса педерски со 2 гола да оди понатаму. Можеби Милан ќе имаше шанса за титула. Во финале сум си комплетно неутрална, исто како што бев денес. Честитки ќе упатам кон подобриот.
А ја мислам дека сум анти-Реал и анти-Челзи, и + кажав дека Баерн се едни од најјаките и втори за фаворити за титула ми се по Барса. Пишав и пред натпреварот, ако Барса не зема, нека земе Баерн. А не навивам за нив, да е јасно. Ги фаворизирам од изборот што остана после Барса. Вчера колку навивачи на Челзи никнаа, да не праам муабет. А тоа се само анти-Барса луѓе.
^ Меси стварно го немаше никаде на последниве натпревари, џоа волшебник, излези на терен - снемај го! Ама смешно е да се споредува чиј пенал бил покоректно утнат. Утнато си е утнато, сега има и финеси - кој бил полошо утнат? Добро, со исклучок на овој од Рамос, веројатно сруши некој авион што во моментот прелетувал над стадионот. Кој грев!
Ќе гледаме сепак првокласно финале,Челзи - Баерн! Мераци! А после мечов,јас мислам дека Мадридистите немаат право да ја земат Барселона во уста,требаше очигледно да го убијат Робен за судијата да свири фаул. Заслужена победа Баварци,браво и со среќа на 2та тима во финалето! Милан не е во финалето,Манчестер не е во финалето,Мадрид не е во финалето,раат ќе биде
Не е чудно Рамос да промаши пенал. Рамос е дефанзивец и сезоните ги завршува со по 4-5 гола. Чуден е потегот на Мурињо што го става во листата на изведувачи на пенали. Ама кога ќе подразмислам, па и немаше кјо друг да шутира, освен Игуаин. Ама он сигурно бил петтиот
Плавуша ти не си навивач, ти си антинавивач. Слободно фали ги Барса.. ама ти овде само негативни коментари пишуваш, де за Челзи, де за Реал.. Да умре моето куче, ама и на комшијата да умре. Меси ја погодил бар капијата, ај нека се рачуна стативата за пола гол.. па и на Меси и на Рамос ти е промашен удар, не погодил и крај а дали за 1мм или за 100мм никој не го зема предвид тоа. Колку се смеам само каталонците сега скокаат дека Реал е избацен, вчера Мадристите скокаа дека Барса испадна. Жал ми е ама нема да скокате за радост во финале ни тие, ни тие Секоја чест за навивачи како Боа, симнувам капа. Ама ова не ви личи само антинавивањево.
Ко не добив срцев удар од натпреваров, божеее до последна секунда драми Битно победи Баерн и сега моите два клубови играат во финале. Ама Баерн повеќе ги сакам Во секој случај многу добар натпревар, браво и за едните и за другите. Туку кој ќе чека до 19ти Мај за финалето
Почнаа зафрканциите на фејсбук Breaking news : Вестите од Мадрид штотуку објавија дека Серхио Рамос срушил авион што летал над Сантијаго Бернабе и дека има околу 20 загинати и 200 повредени. НАСА соопшти дека топката од пеналот на Рамос ќе слета ноќва околу 2 часот во близината на Кокино.
Карина разбери ги, одамна немале повод за радост Остај настрана што се напорни(не сите де, да нема забуни) ама ко напалени тинејџери се на темава
А од Мурињо не го очекував ова... Обично се кара и се расправа или пишува или нешто драми. Сега само чекаше, и тоа на колена. Значи болка му е оти Реал не има титула во ЛШ откако е тој...
Ниту за Реал сум ниту за Барса, ама реално гледано и сосем неутрално каталонците најмалку имаат право на збор. Реал до крај се бореше и тоа ПОШТЕНО, без судии, без црвени картони, без плачење, без понижување на противникот. Да не ве буцкам ама Реал ви ја зеде титулата дома, си има барем титула а Фарса изгледа ќе си остане со прст во уста едит: што е чудно Рамос што промаши пенал, тој е стопер не знам од кај се најде он да шутира. Смешен е Меси дека глуми бог да фудбалот, а шутира аматерски кон пеналот. Рамос не сум видела да се прави волшебник и звездичка !