Значи нема полош начин да се загуби отколку на пенали. Плачев луѓе, буквално плачев. Еве уште ми се црвени очите. Сепак честитики до Баерн, нијанси одлучуваа и заслужено се во финале. Грешката на Мурињо беше што стави дефанзивец да шутира пенали ама што е тука е. Многу боли, многу за малку да ти избега финалето . А и не се интересни со оние демотивации, Рамос е одбранбен играч и направи се што можеше да направи ама тој не е за голови. Роналдо и Кака промашија ама и тоа се случува, не ги обвинувам за ништо. Ништо, иако моментално ми се плаче ама тоа е, наредната година повеќе среќа.
Блек, тоа е најболниот пораз. А финалето Милан - Ливерпул, сети се, од 3-0 да изгубеш. Исто и Челзи - Ман. Јун. Затоа не ги сакам пеналите, не се воопшто правдени, туку се зависи од среќата.
- Една баба и С. Рамос стојат пред рајот кај Свети Петар. Бабата: Петре јас многу се молев цел мој живот, заслужувам во рајот. Рамос: Петре јас дојдов по топката...
Играчите на Реал Мадрид и на Барселона почнаа да собираат капачиња од Heineken бидејќи само Heineken ги води во финалето на Лигата на Шампионите!
Сега ве разбирам Џули како ви беше со Ливерпул. Мислам дека срцето ќе ми пресконеше на пеналите а сега сум отечена во фацата . Друго, онака прочитав некои назадни коментари и шта речи. Кармата била кучка? Д фак. Кога Реал го заебал Баерн така како што Барселона го заеба Челзи со судии? Да, и се смеев на Барселона затоа што толку го потценуваа Челзи и на крај ги убаво согазија. А за Реал и Баерн одлучуваа пеналите. Две сосема различни ситуации. И јас никаде не ги потценив Баерн, си кажав дека се силен и непредвидлив тим и дека не знам што ќе биде. А Плавушка сега препоставувам дека за Баерн ќе навива. Пошто таа навива за оној кој ќе може сите да ги мине .
^Ја си кажав уште кога испадна Барса, поради фактот што сум анти-Реал и анти-Челзи ми останува Баерн и ќе бидам за нив, плус едни од најдобрите се, заслужуваат да земат титула, што? Како што вам ви се полнеше душата кога продолжи Челзи, така мене сега. Зошто Реал нема влезено во финале ЛШ од памти век, што кај Барса не е случај.
мораммм „Последен филм што го гледал Рамос најверојатно бил "3 метра над небото" “ „Ако вечерва видите ѕвезда што паѓа, не си замислувајте желба. Тоа е само топката што ја шутна Серхио Рамос.“
Честитки за победата Баерн Минхен, ама богами честитки за борбеноста на двата тима. 2 часа трчање,борење. Ја два круга неможам да истрчам на еден таков стадион. Сепак, ги фаворизирав Баерн (Мануел Нојер ), и дефинитивно типувам за нив во финалето!! А! Касиљас и Нојер( ) беа богови пред голот. Баш тогаш се виде желбата за победа.
Плавуша не ли ти е напорно на секој коментар да ставаш капак? И не се секирај, на крај сигурно ќе се радуваш на нечија титула. Ако не е на Милан, ќе биде на Барса, ако не е на Барса ќе биде на Манчестер. Ако не е на Манчестер ќе биде на Баерн. А ако не и на Баерн тогаш на секој што ќе го победи Реал И уште нешто - Авиокомпанијата Airlanes го тужи Рамос поради терористички напад
Плавуша нема споредба, јас навивам за Челзи од англиско и нормално дека ќе бидам среќна што поминаа а воедно им се одмаздија на Барса за пред некоја година. А ти не навиваш за Баерн или можеби да? . Сите нека се радуват, само навивачите на Барселона нем. Тие загубија секоја шанса за било каква титула во рок од една недела а се смеат што Реал изгубил на пенали. Ејј, на пенали, што е битна среќата повеќе. Ама разбирам дека Реал отсекогаш ви бил комлекс голем, јбг тука не можам ништо.
Многу добро кажано, како јас да сум го кажала ова. Сакав да победи Баерн единствено од причина што сметам дека Баерн ќе биде полесен противник за Челзи. А да молчат каталонците не знам како не им е срам да се појават, чекаа Реал да го избецат да излезат од скриенето дувло.. дотогаш се срамеа, сеа се тешат малце.
Неможам да се смирам. Значи какви слики и демотивации има, не знам која од која подобра. Да ви кажам Барса со Меси и Реал со Рамос... ми го продолживте животот. Фала ви, жими сФе, фала за убавиот фудбал и за смеење до бесвест
Ако Плавуша рекла дека ќе го бодри Баерн, незначи дека ќе продолжи да навива за нив туку дека и се фаворити во тој натпревар! Шо ја напаѓате не ми е јасно , секој може да си навива за кого сака! Мило ми е шо Реал испадна, посебно се газев од смеење кога беа пеналите,Рамос е легенда... ах и Мурињо ми ти бил некој стратег, одбрамбен играч става да шутира пенал при толку напаѓачи, ако ништо друго можеше Хигуаин да шутира наместо Рамос... ама тоа ти е ! Иначе мене Реал не ми е комплекс, само едноставно не ги сакам. И пошто ми се одбивни нормално ќе им се смејам, како вие што и се смеете на Барса, што ако изгубила 3 натпревари, светот не заврши а ни натпреварувањата. Некогаш се победува некогаш се губи. И мислам дека овие три порази ќе бидат повеќе добредојдена лекција, за фудбалерите да не го преценат противникот и да се максимално сконцентрирани. Тоа е тоа слаби беа потфрлија и не ги надмудрија Челзи, нема друго што да се зборува. И јас ќе ги бодрам Баерн во финалето, се знае зошто
Само Рамос си знае како се чувствува сега. Кога си добар стопати никој не забележува, кога еднаш ќе потфрлиш со месеци ќе се збори. Не ги сакам Реалци, ама ова ми е многу нечовечки. Секој греши живи луѓе сме, не ја погодил капијата се десило трема, тензија, секому му се случува. Не е робот. Па и Меси макар, ако не го сакам ич .. а и Роналдо. Ама криво ми е што за Рамос највеќе се исмеваат Тие истите што се смеат капијата не можат да ја погодат сто години, ама за коментирање добри се.