И за Меси беше исто,увек имало шеги на страна на фудбалерите,што и треба да бидат сфатени како шеги а не како некаква критика за играта на Серхио Рамос. Тоа нема и неможе да смени ништо,ниту во играта на Рамос,ниту во катастрофалниот пенал,тоа е само интернет шега,независно дали е за Смеси,за Рамбос или за Шушљардо. Интересни се ваквите мали испади затоа што ни треба нешто што бар малку ќе не наспее од толкава напнатост од следење мечеви
Едно е шега, подржувам интересни се да се насмееме. Ама некој си зема преголемо право и ја надминува шегата. Секогаш тие што најмалку имаат право коментираат беспотребно. Инаку едвај чекам финале, да игравме со Реал не знам зошто ама мислев дека демотивирачки ќе гледам.. мислам дека со Баерн имаме шанси, иако сме видно ослабени и без клучни играчи, кога Барса се совлада на таа атмосфера и без играч се можеме да постигнеме.
Душиче е Рамос . Не е во него вината, тој е одбранбен играч и воопшто не требаше да шутира, од каде му дојде таа идеа на Мурињо. Сега ќе има демотивации, додуша повеќето се смешни. Штом јас вака расплакана се насмеав. Ама не заслужува дечкото реметење, колку само направи за тимот. И покрај тоа што игра во одбрана сезонава постигна и неколку голови. За Алонсо исто можам да кажам дека има причина зошто ми меѓу најомилените играчи воопшто. Човекот е жива легенда, штета што многу паѓа во сенка а е еден од главните играчи во Реал. За Роналдо и Кака пак ќе речам, за ништо не ги обвинувам. Дадоа се од себе, Ноер одбрани и тоа е. Среќата е главниот фактор. А Швајни се си мислам дека од поомилен играч ќе ми стане неомилен. Он фактички и ја реши судбината на Реал, нема да можам да го гледам со исти очи . Во финале ќе навивам за Челзи, мислам што е и логично. Ама бе душичката ме боли, толку блиску бевме до финале .
Па види, сеа се сочуствувате со Рамос и како се осеќал кутриот, а да се заебавате за Меси? ах ма не нему ич не му било тешко, јас пак мислам дека исто се осеќале двајцата кога футнале. Ама кога никому не му е гајле како му било на Меси, кога потфрлил зошо да ми е мене гајле за тоа како се чуствувал Рамос. Едино мака ми е што сите поразот на негова вина ќе го навалат, а тоа не е точно.
Абе Карина има шали и шали. Мене ми се интересни, си се смеам и за Милан кога има и сега. Си се смеам на повеќето демотивации. Рамос е врвно играчиште, мене еден од омилените во Реал. После Кака Ама некој мора да го окрка и секогаш тоа некој незаслужно. Ко вчера Меси со еден промашен пенал да не заслужи да биде толку исмеван? НЕ! Ама сепак тоа сме луѓето сеирџии. И јас си се ставам во нив. Ама тоа сум јас, јас секогаш си се смеам и на моја сметка и смешни ми се овие шали. Ама има и шали кои се црн хумор. Како ова. И е неинтересно Рамос е греота што промаши и што си има вина и сигурно му е тешко. А овие шали сигурно се пролазна работа кои за 3 дена ќе ги заборавиме. Да не ќе памтиме некоја од овие демотивации? НЕ! Ама ќе се памтат промашувањата на Кака, Роналдо и Рамос.
Епа и ние знаеме понекогаш да футнеме и да се смееме кога не треба Спојлер знам дека е печатна грешка ама смешно ми падна едит: Роси абе чисто си кажав дека чувството е никакво кога работиш на себе совладуваш планини и планини и ќе се сопнеш од камче ситно. Онака е болно, знам од искуство како долгогодишен спортист. И најдобрите потфрлуваат. А шали имало и ќе има, мене не ми пречи тоа баш слатко се изнасмеав на некои Како им текнува за две минути 30828432 вицеви да направат, како запослени се у вицотека. Нормално дека ќе се смеат сега, ај ќе плачеме па. Чисто онака спомнав дека е тешко чувство, го жалам Рамос денес не е убаво да си во негова кожа.
Gmmgmgmm (кашлање) ... Пред некое време Боависта викаше не го потценувајте противникот , тоа Барса го направија и испаднаа... Одкако тоа се деси имаше едно 20 постови (јас и најти не се рачунаме оти сме трололо) од фановите на Реал како се дупки КАКО МЕСИ ПРОМАШИЛ итн итн... Ама еве уште една лекција на животот , или повеќе како и да е .... Не посакувај тоа на другите што некеш тебе да ти се случи , не го исмевај противникот и уште 100 други ... Важно си ја фатив 1-1 3+ и пари собрав иако треба да ги делам .... неверманјд имам пари за 1 Мај .... И ете беа силни Реал у ЛШ , додека победуваа против Апоел , додека ги тресеа мрежите на ЦСКА Москва и додека уживаа во загубите на Барса, тогаш дојде Баерн ги измачи 120 минути , ги напаѓаше и им кажа дека ова не е натпревар против слабите , среќата веќе нема да ги штити Реал ....и дојдоа пеналите .... Иронијата дојде , Роналдо не успеа пенал .... и Титулата ојде... Патем јас навивав за Реал да тепа оти ми требаа паричките .... леле после 24 ливчиња промашени коначно нешо да фатам
Ок вака луѓе настрана реметот , со слики статуси и слични работи сеа објективно . Навистина Реал не заслужи на ваков начин да биде елиминиран . Да бидам искрена Баерн бар за нијанса подобар . На психолошка база се покажаа многу јаки . Имаше добр отворен фудбал само не знам што си мислеше Мурињо со ставање на Рамос ? ! ? Сега го погледнав пеналот подобро Рамос нерешително тргна немаше идеја што сака и што треба да направи . Навистина нефер начин да бидеш елиминиран од финале . Челзи бар јас како нивни фан го знам тоа најдобро . Во случајов среќата одлучи а тоа додатно фрустрира. Мурињо како да ќе заплачеше секој момент , и едно прашање дали ја честита победата не видов ? ! Мислам дека не , ама ... http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Y7f2mjYDSk Тоа е тоа , ќе има наредна година . Финале ете такво Баерн и Челзи добра вест за нас е што и тие нема да сметаат на 3 играчи . Што ми иде на памет дека е можно менување на правилото за укинување на картоните досегашни. ИмаАТ навивачите на Реал за што да жалат ама ако е некаква утеха испаднаа титаните со титулите . Се надевам дека редот конечно дојде на сините ...
Друго е да се промаши пенал со 100 и кусур минути трчање и веќе сите играчи беа изморени . Кај Барса најсмешно беше тоа што имаше преценување до месечината и назад, прво од Пике и Гвардиола со изјавите, после и од навивачите нивни. Тоа ми беше најмногу смешно. Ама добро, секое чудо за три дена. Само камоли Леси да имаше толку квалитети како Рамос, Роналдо и Кака. Едит. Јипи се смеев на Барса и ќе се смеам. Смешно ми беше, колку се дигаа и колку Челзи го викаа скапан тим а тој ги уништи, ги прегази во секоја можна смисла на зборот. Според мене Барса и со Милан не требаше да мине ама ај, кој ме прашува мене. А она со Апоел, Цска не ти чини коментарот. Ова беше изедначен натпревар, пеналите го решија. Значи, среќата беше многу битна, ништо друго. А ти зборуваш како Баерн да не згазиле со пет гола. Не се може така.
Бтв: Многу играчи на Баерн имаат жолти картони и ќе е ризично за нив, David Alaba не игра на наредната исто и Luiz Gustavo како и Holger Badstuber ... Па не ќе е лесно и за нив... Се поздравија и му пружи рака на тренерот на Баерн пред да се изведат пеналите, тоа го видов сигурно. А после пеналите одма замина во соблекувална.
Изјавата на Мурињо Mourinho (25.04.12 – pres): Фудбалот е составен од вакви нешта. Ова е фудбал. Моите играчи се супермажи, беа фантастични, со неверојатен менталитет. Но игравме против голема екипа која последната недела беше на одмор, а ние игравме важен натпревар во Liga. Barcelona играше el clásico три дена пред да игра против Chelsea и тоа е тешко. Кога една екипа освојува две или три титули, а такви се малку, таа екипа е голема затоа што е тешко да се игра секаде. Истото ми се случи и кога изгубив од Liverpool на пенали, беше наша вина што немав повеќе бодови и играв во првенство со други екипи. Можеби ќе бевме посвежи да не игравме против Barça во саботата. Му честитам на Bayern, заслужено. Ме научи да бидам среќен поради нивната среќа. Но бидејќи имам ‘сина коска‘ сакам другите да победат во финале. Ни фалеше многу малку. Борбен натпревар, многу тактички, со голем интензитет на емоции. После 2-1, двете екипи бараа само да не направат грешка. Голем натпревар и на крај ние сме тажни а тие среќни... Пред две години бев овде скокајќи од радост, а они плачејќи. Ако нешто ми беше во глава тоа е да освојам титула со овие луѓе. Играчите имаат голем напредок пред себе и клубот исто така, затоа мора да се адаптира на еволуцијата на времето. Менталитетот мора да се промени малку по малку, преку комуникација, со емпатија. И ако екипата и клубот мислат дека јас можам да дадам поголем придонес тука, а верувам дека можам, ќе останам. Нормално беше да се страда за време на пеналите. Промашува тој што има м*да да шутира. Јас не сум толку радикален како некои што се кога е во прашање кој е подобар Crisitano или Messi. Двајцата се единствени играчи, но оваа сезона Crisitano беше многу подобар. Денес Crisitano промаши, вчера Messi. И животот продолжува. Не знам дали грешевме или беше заслуга на Neuer, но после два саати на работ не е лесно да се соочиш со пенали. Играчите беа под голем притисок, кој многумина не го сфаќаат и само критикуваат. Работеа 2 саати како животни и потоа згрешија. Историјата на фудбалот е таква. Играчите се анимираат со гордоста, со тоа што знаат дека дадоа се. Си одат дома откако дадоа се на терен, смирени, без да се криеш. Горд сум на моите луѓе и немам никаква критика кон нив. Горд сум што работам со оваа група. Сега треба да продолжиме да работиме и да ја завршиме сезоната со титула која се уште не сме ја освоиле. Продолжуваме да работиме многу и сами, многу сами. Искуството во животот ме научи да уживам и страдам повеќе на радостите и среќите на другите отколку на моите. Има луѓе кои веруваат дека знаат се за фудбалот и го критикуваа Chelsea, исто така и Inter пред две години, но не знаат ништо за напорот кој го бараат овие натпревари и уште помалку знаат за фудбалска тактика. Луѓе кои не знаат како е да играш со 10 играчи или да изгубиш на пенали. Не знаат ништо.
^^ Овие се покажаа како доста успешни во пронаоѓањето на Лео Гдеси, така да верувам дека и топката на Рамос ќе биде брзо пронајдена
Додека некои лузери ја бараат топката на Рамос, тој сега сигурно ужива во своите милиони придружен со убави жени. Нели е тоа малце жалосно Спојлер
Да се вратиме у реалност посмешно е тоа што одеднаш никнаа милион навивачи на Баерн ...... Not sure if trol nation or just hate Real so much