Еве сега ги прочитав сите коментари што сте ги оставиле. И јас стварно не можам да разберам како навивачите на Барселона имаат сила да пишат воопшто на темата. Ама ај, нивна работа. Ако толку ги радува што Реал за малку не влезе во финале. И јас се радував вчера што Барса отпадна ама кажав од кои причини. Ама Реал да беше загубил трка за титула во Примера претходно и да беше надигран и победен од тим кој го потценувале како со Гетафе да играат мене ќе ме беше срам да пишам било што. Стварно, не можам да разберам и на Плавушка која и е фората со она, Меси погоди пречка ама на Роналдо му одбранија . Ај нема врска, ќе помине. Сакам да му честитам на Мурињо за изјавата и на кралевите за она што го покажаа оваа вечер. И Рамос, и Роналдо, и Кака сите ве сакам. Сега ќе си ја чекаат титулата од Примера а Барса ќе си остане со празни рачиња. Хала Мадрид ! En las buenas y en las malas, што би рекле шпанците.
Ривалството на Реал и Барса не е измислено од форумџиките овде, туку си постои одамна...И скоро да не постои вистински фан на Барса кој нема да се радува на пораз на Реал, како и обратно, така си е тоа...Вчера беа едните, денеска другите, можеме да глумиме ако сакаме коректност со честитки ова она...но во главно тоа е...Радоста е скоро иста ко да победиле 'нашите' Така да, може да се филозофира до бескрај дали некој е искомплексиран или сл. со антинавивање, дали треба да се потсмева или не, дали личи или не ...I dont fucking care...ми ја разубавија вечерта посекако
Во финалето ке се изедначени двата тима. И Челзи и Баерн имаат суспендирани играчи така да се е можно сега.Ке навивам за Челзи ко за Јунајтед што си навивам.Нема да ми е криво ако освојат титула.
А јас не знам искрено што е чудно ако навивачите на Барселона се ситат оти Реал М. не влезе во финале? Па нормално дека ќе се ситат и ќе им биде ќејф, секогаш е така со оние кои вистински сакаат некој тим. Не е тоа прашање на комплекс или да му умре козата на комшијата, едноставно така си е. Да беше обратна ситуација, исто ќе реагираа и тие на Р. Мадрид. Или што - они се толку кралски возвишени што ќе имаа доблест да навиваат за Барса, ако отидеше понатаму? Абе ајде. И мене кога Лејкерс ќе ми изгубат од некој шугав тим кој оди понатаму, наредната утакмица со кого било, значи буквално со кого било да игра тимот кој го нокаутирал Лекјерс, јас ќе навивам за другиот. За инат. Нема да речам - ауууу, душички, си заслужија да ги тепаат моите Лејкерс, ќе продолжам да ги бодрам нив. Нема! И не гледам ништо ненормално тука. И да - за сеир беше работата. Предвреме ги испративте фамозните Реал во финале. На нероден петко капа му се скрои. Па за смешка е. И анти-навивачите се навивачи. Затоа има - омилен тим и неомилен тим. Мојот е Реал.
Абе што ви реков јас? Криво ми е што не ја уплатив ќе земев некој денар. Ете ви и за Фарселона, и за Уефалона, кармата и вас ве стигна. Господ гледа.
Омилената песна на Рамос Ај и да не се жалат Каталонците BREAKING: Barcelona 3-2 Chelsea (Ramos 90'+24 hours) !
Не навивам за Барн Минхен , но на крајот кога ги победија Реал , очите од среќа ми светкаа, толку многу се израдував, АКО ИМ Е НА РЕАЛ А сега за финалето навивам за Баерн ... Челзи да си отидат со празни раце...
Абе јас разбирам да се ситат на Реал Мадрид, ама од страна изгледа смешно. Затоа што баш нивниот тим изгуби завчера од тим кој толку го потценуваа и беа сигурни дека ќе го согазат. Во сабота изгубија од Реал додека пред еден месец веќе си пресметуваа дека ќе ги добијат тие бодови и беа сигурни дека за Реал на Камп Ноу нема да има бодови а потоа наведнаа главите. Ете, тоа е иронијата. Што константно се преценуваа и ги понижуваа сите други а на крај тие останаа без никаква титула. А исто така да не го заборавиме полуфиналето во 2009 кое беше факинг дисгрејс и баш затоа победата на Челзи беше толку сладка. Додека Реал никој не го преценуваше и никој не го испраќаше предвреме во финале. Јас си пишав тука а и сите фанови на Реал дека ќе биде тешко со Баерн и дека се непредвидливи како екипа и дека ништо не се знае. Ете, во тоа е разликата. Исто јас им честитав на фановите на Баерн и кажав дека заслужено се во финале иако нијанси одлучуваа. Мислам дека сите познавачи на фудбалот ќе се сложат дека шутирањето на пенали е повеќе среќа отколку нешто друго. А да читаш тука коментари како кармата била кучка или што ти не е навистина смешно. Која карма? Ние не се преценувавме, ниту бевме сигурни дека ќе тепаме.
^ Јасно е, вие сте ангели, скромни, душички, фер, не напаѓате, не се ситите... Уште малку и солза ќе пуштев на твојот пост
Јбг немаат сите доблест да си признаат пораз и да постапат спортски, некој се вадат на автобуси и триста чуда .
Де пролистајте наназад кога изгуби Барса сите што сте за Реал како се ситевте и одма Меси ово, Меси оно. Судиите одма цареви, одма Барса за никаде. А сега греота било. Ако е за дигање и фалење, Кики сам го надмина и Гвардиола и цела Барса. Тој секогаш се избацува со изјави како е најдобар, најубав, најдобро играл, му љубомореле, секоја можел да ја има, а ваму цмиздри и забранува на женска му да се слика во секси долна облека. Е тоа е комплекс. А ривалството меѓу двава тима е ништо ново, и истото може да ве чуди само ако сте седнале да гледате и да навивате за тој тим поради некој играч што ви фатил око. Во практиката тоа ти е исто ко бубалица кога ќе се фали се` научила, многу лесно било, ти скока по нерви, и на крај ти пројдеш а таа падне. Па то е момент ипол. И јас си признавам дека се разочарав од натреварот со Челзи, ама си победи подобриот. Сега ќе навивам за Баерн чисто поради што ми се во топ 3 и имам некоја одбивност спрема Англичаните.
Кики барем вчера два гола даде, Лео Гдеси се загуби и уште не можат да го пронајдат. Па и со право човек му се смее, најдобар играч а топка не фати последниве неколку натпревари. Тоа е жално, а Кики никогаш не изјавувал такви рабори пред натпреварот со Баерн. Додека Пике и Гвардиола беа сигурни дека ќе ги минат, абе трагедии. А нормално си е да има ривалство ама сепак уште еднаш ќе кажам, некој што трипати загубил во рок од една недела до толку да се сити, стварно ми е чудно. Ама ај, ако толку ве прави среќни тоа, продолжете.
Серхио Рамос е најисмејуваната личност по синоќешното полуфинале од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, во кое што искусниот дефанзивец се посрамоти со огромно промашување високо над гредата од голот на Мануел Ноер. И покрај тоа што сите се шегуваат на негова сметка, шпанскиот стопер изјавил, дека и покрај се повторно би ја превзел одговорноста и би шутирал. "Апсолутно не сум задоволен од начинот на кој го изведов пеналот, но тоа е така, кога се наоѓаш во пенал-рулет ситуација. Тоа е лотарија. Доколку повторно би дошол до ваков момент, за клубот или репрезентацијата, секако повторно би ја превзел одговорноста и би шутирал, се со цел да му помогнам на мојот клуб", рекол Рамос.