Вчерашниот натпревар беше само за оние со јако срце Јас сакам пеналчиња да гледам, ама кога не игра Реал . Тоа е, наградна игра се пеналите. Повеќе среќа наредната година. Откако Мурињо е во Реал секоја година успехот расте...полека но сигурно Честитки за Баерн, одлични беа
Абе да не е реметот фудбалот не би бил толку интересен, да бидеме реални. И нема потреба од нервози или лутки, нормално е тоа И мене ми се симпатични зафрканциите што ги прават на смметка на Рамос Цел ден ги слушам на радио и се газам од смеење Туку малку е чудно што некој навивачи на Барса(не сите ) повеќе се радуваат на пораз на Реал одколку на победа на Барса. Е тоа неможам да го сфатам. Јас верувам дека истите тие со две раце би се откажале од секоја титула, под услов и Реал да не освои ншто. Е тоа веќе не е навивање, туку анти навивање, ко што си пиша Карина претходно. Плус тоа, навивачите на Реал, барем тие на форумот не летаат во облаци ко навивачите на Барса. Ја досега не прочитав некаде пост на некој навивач на Реал која со сигурност тврдеше дека Реал ќе го мачка на леб Баерн, дека германците нема да се видат на терен, дека се скапаници и дрва Но затоа навивачите на Барса во секој пост пред секој натпревар со било кој тим се летаа во облаци и пишуваа научни фантастики. За да на крај и Реал и Челзи ги треснат од земја , онака убаво. И после порзаите штама. Се сокрија во глувчешка дупка и чекаа момент Реал да киксне, за да им олесни на душичката. Многу брзо ги заборавија своите срамови и порази и изгубените две титули. Ама ако, мило ми е што Реал успеа барем малку да ве расположи, кога веќе вашиот тим ги изгуби сите можни шанси И продолжете, реметете до утре сабајле, смејте се на Реал кој убаво ве исплеска во сабота и на ваш терен ви ја зема титулата Плукајте по Роналдо, оправдано е, ви ги уништи соништата и желбите на Ел Класико А кога веќе сте толку опседнати со Реал, пробајте и да научите да прифатите пораз и да честитае победа на противникот, а не да вадите статистики и да продавате празни приказни за тоа дека не победил подобриот. Сосема заслужено финале Челзи - Баерн. Нека победи подобриот, јас ќе бидам малку повеќе наклонета кон Челзи(со секоја почит за Баерн, зошто играат страшен фудбал), ама сметам дека тим ко Челзи заслужува во својата историја да ја запише првата титула во ЛШ. И уште нешто Мурињо на секој играч на Баерн му честиташе за победата http://www.supersport.com.mk/index.php? ... &Itemid=90 Casillas: Прво да им се заблагодарам на сите кои дојдоа да не поддржат. Штета, да. Но знаеме дека пеналите се како лото. Нема што да се каже. Игравме добро и имавме шанси. Добро го почнавме натпреварот, мислевме дека го имаме под контрола натпреварот и дојде пеналот на Robben. Не знаевме да издржиме резултат 2-0. Иако е тешко да се стане после ваков пораз, мораме тоа да го направиме и да мислиме на Liga. А на Bayern да му честитаме. Xabi Alonso: Не знаевме да издржиме кога имавме поволен резултат. Жал ми е за разочарувањето кое го нанесовме. Останавме на прагот, но имаме млада екипа, со голема желба и после неколку дена ќе бидеме свесни дека следната сезона ќе имаме уште една шанса. Бевме многу блиску, игравме дома, но пред нас имавме голем ривал. И тоа е фудбалот, на секого може да му се случи. Marcelo: Направивме се што можеме. И благодарам на публиката што беше со нас. Добро влеговме во натпреварот, но немавме среќа. Се боревме и си одиме со крената глава затоа што сепак ова беше одлична сезона. Не се опуштивме, работевме од почеток до крај но за несреќа на крај не успеавме. Сите мораме да излеземе со кренати глави затоа што сите работевме за да стигнеме до тука. И да, вежбавме пенали пред натпреварот. Pepe: Направивме се што можевме. Тажни сме затоа што заслуживме да играме финале, но не беше можно. Во фудбалот се случува и тоа. Следната сезона повторно ќе се обидеме и ќе го направиме тоа подобро. И благодариме на публиката за поддршката, беа важни за нас денеска. Они беа свежи а ние дојдовме од еден тежок натпревар. Сега имаме важен натпревар во недела против Sevilla и трите бодови мораме да ги земеме. Мораме да мислиме на LaLiga. Ramos: Пеналите се лотарија и они знаеја подобро да шутираат. Вистина е дека промашува само тој кој шутира. Тренерот одлучи кој ќе ги шутира пеналите. И ако утре треба пак да шутирам пенал, ќе го направам тоа со задоволство. Притисокот е голем, но секогаш сум знаел како со него. Пеналите се нешто што се тренира цела сезона. Но и покрај тоа кога во игра е финале тешки се тие моменти. После нашиот втор гол натпреварот помина низ многу фази и не може цело време да се контролира. Бевме свесни за тоа кој ривал го имаме пред нас, за опасноста на Ribery и Robben, Mario Gómez.... Сега ни останува да продолжиме понатаму, иако ситуацијава не е најдобра и си одиме денес лути затоа што финалето беше многу блиски... и после се што направивме оваа сезона. Но мора да ги кренеме главите. Би било убаво да го игравме финалето, но не поради тоа треба да кажеме дека оваа сезона не е успешна. Си ја оставивме душата на терен. Сега следно е во недела, затоа што мораме да ја освоиме LaLiga. И да и се заблагодарам на публиката за поддршката. Ronaldo: "Dusa me boli zbog poraza. Preuzimam krivicu. Da ja nisam promasio prvi, nista se od toga ne bi desilo. Oprostite mi svi koji ste vjerovali u mene."
ме пресмеја сериозен е ? хахаха многу им помогна И многу се нервирам кога Фанови на Реал ќе речат дека ние не знаеме да прифатиме пораз, значи ние ви честитавме за Ел класико што не победивте, а да не се лажиме ретко која од вас ќе ни честиташе. И сега сите што ќе се пронајдат во ова одма ќе напишат јас ќе ви честитав ! И сигурно не би дала титула само за да го гледам Реал кај што губи, и никогаш не сум се радувала повеќе кога реал е поразен, отколку кога Барса победува.
На место си беше изјавата на Рамос, сакаше да каже дека за тимот би направил се, што е секако за почит. И на најдобрите им се случува. Добро кажа Мурињо, тој што не шутира и не промашува. Инаку во финалето ќе бидам за Челзи, поради тоа што после Реал ми се омилен тим. Но исто и Баерн ги почитувам премногу, кажав веќе дека Бастијан Швајнштајгер ми е еден од поомилените играчи. Така да, нека победи подобриот иако јас се надевам тоа да биде Челзи. Сепак заслужуваат титула. Туку какво финале ќе гледаме без Тери, Иванович и други клучни играчи. Навистина за никаде е тоа правило, се надевам дека ќе се укине наредната година. Ништо, ако онаа сезона најнесаканите тимови беа во финале и ми беше сеедно кој ќе победи, оваа ми се два тима кој ги почитувам и сакам после Реал.
Но мора да се признае дека самодовербата и големите очекувања што ги имаат фановите на Барса се и тоа како оправдани...Навикнавме на победи, јбг гордост, па има со што и да отвараме уста, иако преоптимистички настроени фанови има од секој клуб, но еве овие неколку порази може ќе не натераат малку да свиеме глави...барем до наредната серија победи
Тери сам си ја препиша казната. Ако нешто посакува тој, тогаш тоа е титула во ЛШ. Со тоа што го удри Алексис сам си препиша отсуство во следниот меч, во нешто кое му е неостварена желба. Доста му е тоа што ќе се изеде ако освојат титула, а имаат огромни шанси. Против Манчестер промаши пенал, сега му беше шанса да се докаже, ама падна на провокации. Како да не ги научија дека од Барса играчите се провокатори и да не наседнуваат. Одличен играч е Tери, ама нервозен е многу. Бај д веј ни Гвардиола, ни Мурињо. Ова е хот
^ Спаркс ти тоа навистина ми ги читаш мислите . Ќе пишував за Ди Матео која згодонќа е, прав италијанец . Туку, денес, демотивациите за Рамос ми го разубавија денот, цел ден се смеам .
лелее арно што не гледав фудбал па што ке сум гледала срамота ама бре кристијано по незнам веке кој пат промашуваш пенал ме посрамоти оти толку силно те фалев дек аке победите и ти ке дадеш гол а ти ни пенал.... ајт ништо нареден пат гледај вака не
Знам дека и сам си беше крив Тери ама бе, како ќе гледам без него финале. Ми се навлече под кожа човекот .
Ево сам, где сам. Трагично ми е расположението уште од вчера, ожалостена, зашокирана, и евенутални чувства ми се јавуваат уште. Брееее каква тензија, мајку му. Милан - Ливерпул. Челзи - Манчестер. Родена сум да навивам за тимови што губат на пенали. Не не, тоа со Милан беа тешки шлогови. Мој Креспо кога даде 2 гола трчав околу куќа од радост, пољубував постери, се радував ко дете, и да израмнат еден Ливерпул - тоа беше страшно. Баерн беа одлични вчера. Никогаш не сум ги сакал Швабите во ниеден поглед. Ни како нација, ни како јазик, и таа нивната упорност да згазат све пред себе за да победат. Па и што се непредвидливи, на спортска 100 пати ме за*бале. Значи катил народ ми се, и ги мразам. Жално е што на таков глуп начин се решава победникот. Мрзам кога на пенали се решава утакмицата, а таков беше случајот вчера. Беа и уморни и концентрацијата паѓа, и многу се зачудив од изборот на Мурињо да изведува Рамос пенал, што игра во одбрана. Ама веројатно човекот немаше избор ... Жал ми е многу, стварно извонредни изјави и на Мурињо и Рамос, и на Роналдо исто така. Ете тоа е кралскиот клуб, кој многу го нарекуваат арогантен и диктаторски. Ама баш поради ваквите доблести, да не се понижува противникот макар и Мурињо што е тренер покажува за човечноста нивна. Горда сум на Реал, и не знам како не ви е срам на вас навивачите на Барса уште слободно да говорите за нечиј пораз. Треба да си шовинист да се к*чиш откако загуби 2 титули за 4 дена, дека Реал изгубил. Овдека видов све само не искрени навивачи. Да навивам за Баерн, само затоа што ги победил Реал. Море, да даде Господ `скапаницата` Челзи да се врати во Лондон со трофејот. Впрочем, и да не излезе ко победник за мене е веќе победник и ја освои Лигата на шампионите откако ги затна Фарселонците. Затоа што имаа доблест и не се откажаа и покрај тоа што ги потценија, 10 играчи се бореа како лавови, и да, тој `скапан` Торес даде гол во таков важен натпревар. Лошо е кога високо леташ - а ниско паѓаш. Тоа би требало вие да го знаете.
Јас неќам Челзи да земат ЛШ , со Астон Вила (оти они имаат 1 трофеј во ЛШ) секој пат кога некој Челзи фан ќе ми промрчи одма му спомнувам тоа и готово е , завршен разговор Плус беда се тие и треба да пропаднат , несмее парите од наградите и чуда тамо кај нив така да Германците да победат и тоа со 5-0 понижувачки
Историјата на клубот е убава работа, ама не помага за вадење на клубот од калта во која де наоѓа денес. Исто како да викаш ама ние добри бевме на времето.. Ако е така чисто онака ќе си станам 150кила и на секој што ќе ми префрли ќе му кажам, ама знаеш јас 10години бев манекенка, згодна, убава така да знаеш. Битно е сега кој е и што е, што било поминало а и што ќе биде ќе помине.
Океј, Реал си има историја ама затоа и сега е меѓу првите во Шпанија и Европа ама затоа пак некоја екипа како Ливерпул на пример има титули освојувано и се ама затоа сега не може и за ЛЕ да се избори. Затоа не гледам јас во минатото, што било и како било. За Реал почнав да навивам уште како мала, кога уште не разбирав ништо од светот ама ми се допадна таа екипа и тоа. Еве и пред некоја година кога повторно почнав да пратам редовно фудбал си продолжив за нив да си навивам. А што се однесува на ЛШ. Јас не знам како некој може да мрази толку некој клуб само затоа што го поразил нивниот тим. Ајде, Барселона ја мразам затоа што се лути ривали со Реал. Ама зошто Баерн да го мразам? Едноставно, малку ми е чудна таа логика на анти-навивање ама добро. Се надевам дека сепак Челзи ќе го подигне пехарот на крајот, ама и да биде Баерн океј е. Сепак како што кажав нека победи подобриот.
Реал и Барса се јаки тимови, ама во Шпанија. Во ЛА Лига, освен овие два тима, останатите се слаби, а и оваа лига е и најслаба. Додека во Германија и Англија има повеќе тимови кои се борат за титула, тоа се лиги кои се далеку поквалитетни и посилни. Па затоа кога Реал и Барса играат со тимови од останатите лиги, се губат, а во ЛА Лига доминираат. Со послаби тимови од другите лиги истотака доминираат шпанските клубови, ама со оние појаките имаат мака. Барса едвај, со пенали го победи Милан, а изгуби од Челзи. Реал синоќа беше надигран од Баерн.
Челси испрати барање до УЕФА за "помилување" на суспендираните играчи Тери,Меирелеш,Рамирес и Иванович, но и да се "помилат" суспендираните играчи на Баерн Се надевам ќе дојде до ова, нека си бидат и двете страни комплетни.
Абе факт е дека во Шпанија Реал и Барселона се најаки и после нив има една голема празнина па сите останати тимови. А во Англија на пример има 5-6 појаки екипи што се борат за титула. Ама пак затоа послабите екипи во Англија и Италија се многу послаби од оние во Шпанија. Во Шпанија и Осасуна може да ти направи големи проблеми, видовме дека Барселона киксна со нив. Што значи дека не би ги потценувала премногу. Ако е затоа некои екипи константо си губат од аутсајдери, пример сезонава се Интер и Ливерпул. Што значи дека нема лига што е најака, секоја си е посебна приказна сама за себе. Не може да се споредува фудбалот кој го играат. А мислам дека Реал може да се носи со европските тимови. Видовме и онаа сезона во ЛШ, а и оваа. Тотенхем, Лион, Милан, не се слаби екипи а сепак Реал ги победи. Е сега со Баерн што бидна тоа, нијанси одлучуваа. Што да правиш, тоа е. Ама бе поарно нека не победеа вака со гол, на пенали е најлошо. Толку малку да те одели од финалето. Кога ќе се сетам како Мурињо клечеше и лицата на играчите за време на изведувањето на пеналите, уф уште срце ме боли.
Блек послабите екипи во Англија се далеку појаки од послабите во Шпанија, факт. Реал и Барса се јаки тимови, ама потешко се носат со останатите јаки европски тимови. А кога зборувам за јаки екипи мислам на типот од Баерн, Челзи, Милан, Интер, Арсенал, Ман. Јун., Ливерпул, а не на Лион. Сега да зборуваме реално , неможеш да ги споредиш Лион и Баерн. Да кажеше ПСЖ, ама не и Лион. Реал сезонава не го победи Милан бидејќи не се сретнаа.
Џули ако одиме по онаа логика кои се во полуфиналето во ЛЕ, тоа се три шпански екипи. Значи по таа логика се појаки шпанските, англиските тимови отпаднаа уште во раните фази. А Реал го победи Милан онаа сезона, за оваа не зборев. Лион и Тотенхем исто ги победи онаа сезона. Е сега точно е дека не може Лион со Челзи или Баерн да се споредува ама сепак е појак тим т.е онаа сезона беше појак. Што да се прави кога на ждрепката на Реал му се падна Цска и Апоел, па не можеше да се докаже. Инаку сосема бев сигурна дека Арсенал би ги победиле на пример. А за Баерн е друга приказна, премногу сличен фудбал играат, и двете екипи играат офанзивно. Така да, затоа и пеналите го решија тој натпревар.
Прееска мрчев за шутот на Рамос, па сега дојдов во ситуација да ја постирам сликата, поврзана токму со славниот шут Еве оправдување, за сите фанови на Реал