Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    На 9GAG Торес веќе не е meme бидејќи даде голче :( :(

    [​IMG]



    ЕДИТ


    Bye bye Tores meme, Hello Ramos meme

    [​IMG]
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Вчера конечно се вклучив на форумот да пишам овде и снема интернет. |(

    Бев со класот на вечера и таму го гледав натпреварот. Имаше жива музика и прекинаа да пеат кога почнаа пеналите. :lol:
    Ни Реал беше надигран, ни Баерн, едноставно тие имаа повеќе среќа во пеналите. Роналдо не го обвинувам, зашто даде 2 гола во текот на натпреварот. Не знам зошто се лутат навивачите на Реал за она што го пишуваат каталонските навивачи на форумот. Ние истото го пишувавме за Барса и Меси во вторникот, тогаш тие беа центар на вниманието со нивните фејлови, сега Реал и Рамос. Нема лутење, така иде тоа. Ние барем ја имаме титулата од Ла Лига, а тие оваа год. се со празни раце. Кога се игра финалето? Во сабота? Баерн е многу јак противник, мислам дека ќе победат. Сеедно им посакувам среќа и на двта тима.
    Најдов една слика на фб, па да ја споделам
     

    Прикачени фајлови:

  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Starbucks колку што гледам Барса им е зад пети на Реал , уште една-две успешни сезони и ги стигаат :lol:


    Али Тренерот на Барса изјави дека си иде , така да незнам кој друг би можел да ја продолжи традицијата...
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Како што кажа Јипи,само уште неколку успешни сезони,за тие титули со кои толку се гордеете да станат историја :wasntme: Реал,најтрофејниот клуб..само уште малце.

    П.С за заминувањето на Пеп нашите портали веќе објавија дека Пеп и кажа АДИОС на Барса,па доборо по ѓаволите да немаат волшебна кугла пред себе? :^)
    Пресот на кој Пеп ќе ја соопшти неговата одлука е закажан за 13:30 ;)

    Премногу ме погодува ова негово евентуално заминување..
    Пуштен ми е линкот од пресот.Се чека одлуката..
    Многу емотивно го доживувам ова,со ;( ...

    Пеп,плис стеј!Плиииис... :l:

    http://www.youtube.com/watch?v=8a8CW5X7 ... 9b8632a477
    Еве ви дечки линк,во случај да сака некој да го гледа,пенсот во живо.
    Аман срцево ќе ми излета.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    У прва година се занесував по Манчестер сити :lol:
    не ни знаев кој играчи се таму, ја битно си навивав за нив :rofl:
    Сеа не гледам едноставно не ме интересира повеќе сум за тенис, ракомет, кошарка
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Сега видов sorry, прво примерот е како Ава од Survivor да го кажала (ова треба да е навреда, значи да ти го споредам примерот со Ава , треба да се осеќаш како длабоко навредена , по можност и солза да пуштиш .)

    друго Челзи оти немаат никаква историја па затоа сеа тука фори не помагало од кал да се вади , историја е историја , ова, она ,вака така, сега се гледа ...



    АСТОН ВИЛА ЛШ 1

    ЧЕЛЗИ ЛШ 0


    YOUR ARGUMENT IS INVALID
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    И официјално е порврдено дека Гвардиола ја напушта Барса :o До синоќа беше шпекулација, но денес во 13.30 Пеп имал пресконференција на која изјавил дека нема да го продолжи договорот со Барселона. Негова замена најверојатно ќе биде Тито Виланова. Пеп изјавил дека ќе паузира одредено време и нема да води друг клуб, но се шират шекулации дека можеби би бил нов тренер на Челзи или Манчестер. Ја стварно не разбирам зошто ваква одлука донел Пеп, некако несфатливо ми е.

    Туку незнам дали го читавте Филе на фејсбук од вчера плаче за заминувањето на Пеп. Сфаќам, не е сеедно на било кој фан на Барса, ама бре такви трагични постови пишува ко недај Боже да се случило најлошото(пу пу). Коментира ко да има вонредна ситуација во Шпанија. Забегал скроз. Инаку и ја би сакала да остане Пеп за да си ги измерат силите со Мурињо уште некоја сезона ;)
     
  8. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Making it history, not revealing it :) !! Па голематаа работаа..сегашноста е мн поважна од историјата..што ако Астон вила имале 1, а ние ниту еден. Па и Реал И Барса спореди ги..испаѓа дека Реал е подобар во историјата, има мн повеќе победи а најлошиот пораз од 11-1 Барса го доживеала од токму Реал Мадрид...Кога веќе се зафативме со историјаа ..Не така? Па зад пети им била...Иднината никогаш не се знае драга...можеби сега ќе ви избегаат/Гвардиола си оди, меси не е во форма...да сум на ваше место не би била толку сигурна..Па бевте вие дека и со Челзи ќе победите..амаа,, ;)
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ај честито каталонци :) Филе на фејсбук објави дека Меси и Антоанела во октомври ќе имаат бебенце :) Затоа не бил у форма човекот, работел на друго поле :D
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Море нека пропадне Барселона, кој сака нека ја води ама нека пропадне. Они ќе ги стасале Реал во титули, книгите за научна фантастика на третиот спрат. А поготово сега без Гвардиола, не дека и тој е којзнае каков тренер ама чисто се сомневам дека некој друг ќе успее од прва да се вклопи таму.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.213
    Малце ми падна жал за Пеп, симпатичен ми беше, мелем за очи :wasntme: .
    Не би било лошо да го видам на клупите на Милан, читав дека Берлускони сака да го купи.
    А и од Челзи спремаат понуда, ми се чини дека прочитав дека Абрамович давал 40 милиони фунти.
    Сеа колку сакате зборувајте, ама Пеп е одличен тренер. И на мене Мурињо ми е број еден стратег, ама неможам да кажам дека Гвардиола не го бива.
     
    На Smilly и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мене не ми е жал, уствари не ме ни засега што прават Барселона. Дали ќе менуват тренер или не, сеедно ми е.
    Туку само што прочитав дека можно е Кака да си оди наредната сезона, ај кажите ми дека не е вистина :( . Зошто Кака бе, лелеее. А Мурињо ќе остане во Реал мислам. Не се откажува тој без да освои ЛШ. Па ајде наредната сезона да се надеваме на тројна круна.
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    srce je moje napuklo na pola
    otišao je danas Pep Guardiola
    oprostio se od najbolje ekipe
    nekim drugim putem, sad će da ide
    suze su danas isplakale svoje
    gotovo je.. gotovo.. srce moje!
    :'(

    Oфицијално:Пеп не го продолжи договорот и ја напушта Барселона!
    Јбг,се што можеше направи клубот за да остане,му понуди и бланко чек,а Пеп запнал да оди, па да оди!
    Му благодариме за се на Пеп и му посакуваме многу успеси на новиот тренер Тито Виланова!
    Тито ја претставува филозофијата на клубот"
    Најдоброто можно решение, најдбората замена на Гвардиола.Знан дека ќе биде одличен тренер,ама едноставно ништо нема да биде исто без Пеп. ;(

    Емоции од досега невидени размери по заминувањето на некој тренер на ФКБарселона. Ни градот, ни Каталуња не памети ваков наплив на емоции, солзи и неверување дека сепак си заминува. Ова е во секој случај тажно. Нема навивач низ град, на Камп Ноу, кој не го доживеа емотивно ова. Медиумите само надополнуваат со емоции.
    Лично,многу тешко го прифаќам ова..Сеуште не можам да се помирам,не не сакам да верувам!
    Ми се скрши срцето за време на ПРЕСОТ..ме уби!
    Буквално цел ден липам ко мало дете. ;(
    Секој збор за Гвардиолла од моја страна би бил сувишен.За мене беше повеќе од тренер,пред се голем човек.
    Пеп Гвардиола: „Нема да ги задржам титулите, ќе ги задржам спомените од тоа што го поминавме заедно. Тоа беше најдобриот дел.“

    Фала ти Пеп за сета радост што ни ја даде и за се што направи за Барселона.
    Одлична работа,13 трофеи во 4 години,па тоа не го може секој.
    Но многу повеќе од тоа,јас ќе го ценам неговиот успех,како го сплоти својот тим,од играчите направи екипа,mes que un club.
    Барса е семејство,а Пеп беше срцето на тоа семејство.Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери кои ги имала Барса,поради начинот на кој се поврза со секој играч посебно.
    Еден од моите најслатки спомени е оној од 2009,кога Иниеста постигна гол во 92мин против Челзи,кога камерите го фатија Гвардиола како трча кон своите играчи,кои го подигнаа во воздух и славеа со него.
    Еве како јас го гледам Гвардиола.Прифатен од сите,сакан од сите!
    Го сакам начинот на кој ги бодреше играчите,го сакам неговиот стил на игра,неговата посветеност на овој тим.

    thank you Pep! Many many thanks, we will never forget you!
    Ќе ни недостигаш Пеп.Те сакаме :l:
    4 години трнер на Барселона!
    4 прекрасни години!

    http://www.youtube.com/watch?v=vNflzAmU ... e%27%2C%29
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    За толку колку е успешен Реал има докази-титулите. Оваа година Реал ќе освое уште една титула, за разлика од барса. Па сега видете колку сте ни зад петици.
    и каталонките што цело време збореа само за настани од историја, сега ли најдоа да зборат за Реал дека тие титули ќе станат историја. Смешни сте и контрадикторни.
     
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Чисто инфромативно,оваа година Барса ќе освои четири титули ;) 4 ја зема некаде 25 мај,купот на кралевите.
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Не дека сум фан на Барса ама они се борат за Купот на Шпанија , и немој да викаш дека е тапа купот оти минатата година кога Реал освоија беше тоа радост како ЛШ да освоиле ...
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ич не го сакам Гвардиола во Милан јас.

    Да не се разбереме погрешно, Гвардиола е одличен тренер, никој не може да го порекне тоа, човекот ја прероди Барселона и постигна за кратко време многу.
    Но играта на Милан и тактиката на Пеп не се совпаѓаат.

    Милан игра дефанзивно, типично Италијански, а Гвардиола беше во клуб во кој се игра доста офанзивно, со многу пасови. Милан игра букнер повеќето од времето. Едноставно мислам дека нема да се прилагодат едното на другото. Гвардиола може да се снајде во Премиер Лигата, ама во Италија мислам дека не.

    Арен си е Aлегри, нови играчи требаат. Се надевам ќе го одврзе паричникот Берлускони и ќе донесе нови играчи.
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Како бе четири? Една од Купот(ако ја земе секако) ама кои се другите три?
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Беше тоа радост оти долго не беа освоиле куп и затоа што ја поразија баш Барселона, после оној шок од 5-0 на Камп Ноу. Инаку купот како куп е повеќе утешна награда, не може ни да се спореди со титула од Примера.
     
  20. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Aман бе мадристи не ви текнува.. :D
    1.Шпански супер куп,против Реал.
    2.Куп на Уефа,игравме со Порто.
    3.Мислам дека е Лига Куп.
    4.Кралскиот куп,кој се надевам ќе се освои.