Во сите натпревари меѓу Реал и барса, Реал има повеќе пати победувано и има повеќе титули освоено. Вие упорно пишувате за оние натпревари кои вам ви одговараат, зашто очигледно не можете да се помирете со историјата на Ел Класико и победите на Реал над барса, кои се помногубрјни за разлика од оние на барса.
Купот не е за потценување, пред се зошто е КРАЛСКИ КУП Секако дека подрага е титулата во Ла лига или ЛШ, ама и купот си е битен. Лани ни беше битен, така да незнам зошто сега би го менувале мислењето. И годинава да го освоевме, ќе се фалевме со две титули, немаше да пишуваме дека сме освоиле Ла лига и Куп кој не е битен. Секоја титула е добредојдена Затоа молам за објективност Смајли па дури три од горенаведените се од претходната година. Од годинава т.е од оваа сезона се смета само Кралскиот куп за кој ќе играте со Билбао. Шпанскиот супер куп се игра пред почетокот на оваа сезона и се игра меѓу екипата која освоила Ла Лига и екипата која освоила Кралски куп од минатата година. Купот на Уефа исто така се игра пред почетокот на оваа сезона меѓу победниците на ЛШ и ЛЕ од минатат година. Третиот мислам дека е Светскиот куп, кој го освоивте против Сантош некаде во декември. Така да овие купови од претходната година/ сезона.
Далеку од тоа дека го потценувам, титула е и тоа во секој случај. И секако дека лани бев среќна што барем една титула освоивме. Но сепак тоа е ништо во споредба со освојување на титула во Примера, тоа и онаа сезона ми беше јасно. Беше битен од причина што беше единствена титула што ја добил Реал последните две-три години. Па и каталонците ни маваа сеир онаа година, демек тоа било нешто сосема небитно. А сега е друга приказната, не се ни они многу објективни ама ај .
Точно Јипи, ама заборави да споменеш дека лани баш каталонците го потценуваа тој куп, а сега толку му се радуваат
Не се секирај не се вреѓам, а уште помалце да пуштам солзи за ликови кои ама уопште не ми се битни во животот. За разлика од тебе, не те насочувам да го сфатиш ова како навреда. А историјата како историја е битна можеби, ама не и изговор да се вадите на неа кога ве елиминираат како македонски тим од 3та лига, лесно лесно.
Боа, Сезоната почнува од 1.Јули и трае до 30Јуни .... така да тие 3 титули се рачунаат како сезона 2011/2012 90% сум сигурен дека е така , и така да 3 титули се Барса,1 Реал ..... и мислам дека Билбао би освоил куп и Уефа исто бидејќи се во страшна форма Карина.... Aston Villa ЛШ 1 Chelsea ЛШ 0 Your argument is INVALID
Па незнам Јипи, ја мислам дека се за претходната сезона, оти се натпреваруваат освојувачите на ЛШ, ЛЕ, Кралски клуб од претходната сезона, не од оваа. Некако пологично е.
Остави ти како се рачунат ама тие титули се фактички добиени поради тоа што го играле минатата сезона. Да не освоеше Барселона ЛШ немаше да играт куп на УЕФА и светско клубско првенство, да не освоеше Ла Лига немаше да игра суперкуп со Реал. Значи, тие титули се добиваат врз база на она што го играле онаа сезона. Едит: Инаку ќе гледаме шпанско финале во ЛЕ. Можам да кажам дека сосема заслужено се и двете екипи таму. Ама јас повеќе ќе навивам за Билбао, да се надевам дека и во купот ќе победат затоа што навистина играат страшен фудбал. Само на нас да не ни земат бодови, за да го достигнеме рекордот.
Ова е дури од лани, август месец Без разлика од која до која дата е сезоната, сепак тие титули они лани ги земаа, нели.
Да, суперкуп и куп на Уефа земаа пред да започне сезоната а во декември, некаде пред Нова година земаа светско клупско првенство. Кога играа против Сантош и Давид Виља се повреди.
Тоа да, Милан играат дефанзивно, ама Берлускони запнал Милан да гази како Барса. Ќе купува играчи за среден ред. Кон Алегри сум неутрална, се исто ми е дали ќе си оди или ќе остане. Но доколку, Берлускони сака Милан да гази како што тоа го правеше Барселона, што треба да го одврзе ќесето треба, ама тогаш во ред би била и промената на тренерот иако и јас се чудам како би се снашол Пеп во Милан, кога тој имаше маки во дуелите со нив. Инаку, некни во сенка беа натпреварите од Калчото, ама Милан со голот на Принцот ја победи Џенова, ама и Јувентус истотака победи. Разликата е сеуште + 3. Алегри се жали дека поништениот гол во натпреварот со Јувентус бил решавачки што Милан е во ваква позиција. Се спремаат и за суд.
Сакам Ди Матео да остане како тренер на Челзи, не гледам зошто би го менувал за Гвардиола.. Под водство на Ди Матео Челзи буквално се препороди, не е истиот тим што играше кога на клупата беше Боаш..Од апсолутни аутсајдери станаа финалисти во ЛШ..Секако дека огромна заслуга за тоа има и Ди Матео не само играчите па така не гледам причина зошто не би останал и понатаму како тренер на Челзи
Пеп не е можнооо!!! неможам да верваммм ја гледав прескоференцијата и солзи ми течеа ко ги гледав играчите ко попарени како седеа нееееее!
Гвардиолаааа <3 Додека читав разни статии на интернет за неговото заминување од барса срцето ми се кинеше на парчиња.. и кога ја гледав пресконференцијата, плачев многу и си велев не е можноо Тој беше најдобар и засекогаш и ќе остане таков п.с : Беше и мноогу убав, кога на натпреварите ќе се појавеше во костумирано одело, аууф
И мене ми се расипа денот. Што му требаше да си оди од Барселона, сега без него како да не е иста. Многу ми е криво, озбилно.
Горда сум што сум фан на Барселона и ја имав таа чест да ја гледам во овие 4 најуспешни години со Пеп. Благодарам е малку за тоа што го направил за нас. Постигна се што посака, ја имаше најтешката задача - да се биде тренер на најдобриот клуб во светот. Најголем трофеј за него е што не направи сите горди и исполнети. Заминува само формално, но остава траги како ниеден играч или тренер кој поминал таму. Ми останува да му посакам се најдобро, се надевам дека ќе има успеси како со нас, во кој клуб и да оди ќе го следам. Знам дека ќе се врати за година-две, освежен и исполнет со желба за нови трофеи и успеси. Адиос Пеп, Тито.. ми ти се кунемо. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... flzAmUqwI#
До провокаторите читај ( Јипман ) ако некому не му е јасно зошто Торес му е трн во око прв на список ... И ошто Челзи го мрази ма и повеќе од каталонците во моментов дер ди ансер ... http://www.youtube.com/watch?v=cWCWQXfZ ... re=related Торес е стрелец на гол замислете против неговиот Астон Вила Астон Вила е за никаде , а скапаницата Челзи во наводници е потенцијален шампион во Европа така да ште ве молам имајте разбирање Виган ги уништи овие Њукасал добри вести се тоа за Челзи И што се однесува на Гвардиола и мене некако жал ми падна таков успех години и поврзување и бам ... Бар да одеше пред да успеее Реал да го порази лајк а бос . Кој знае каква причина се крие зад отказов. Па го ставаат помошникот во Челзи стил ама не е тој Ди матео . И иако мило створение ми е Гвардилоа не го сакам во Челзи . Ди матео треба да добие шанса бар една сезона .