Луѓе утре во 12 игра Реал против Севиља, ќе даваат на Алфа мислам. Ќе мора аларм да навивам за да станам да гледам. Иако што се вели веќе титулата е кај нас ама сепак ред е да ја завршиме сезоната кралски, со победи во останатите четири натпревари. Инаку неќам ич Игуаин да си оди а читам нешто дека имало шанси . Се надевам дека ќе остане, а и Кака исто.
Ау, колку добар фудбал има моментално на Алфа. Реал Мадрид- Севиља 1:0 (К.Роналдо). Фудбалерите на Севиља имаа три последователни шанси за гол, не ги искористија. Одлична игра и на двете екипи.
Навивач на Барселона: Пред неколку недели: -Абе ќе ги тепаме и Реал и Челзи тројна круна ќе освоиме. Пред неколку дена: -Е добро де што има врска што изгубивме од Реал сеа ќе ги тепаме Челзи и идеме у финале. Пред 5 минути: -Барселона се сака и се љуби и кога победува и кога губи
Ако вечер барса загуби од Рајо, официјално Реал ќе биде шампион од денес.А, ако победи ќе мора да почекаме до 12 мај.
Е ова беше добар фудбал, уживав додека гледав. Конечно без напнатост и рилекс да си изгледам некој натпревар последнава недела. Ајде, полека но сигурно ќе има славење за титулата .
Челзи здиве Торес знаел со кого да почне тој да ти ја чекал Барса за да се врати во форма во голем стил баш онака мерак бе ... Тери кој се замерил со тебе се зезнал ( Коњот Антон Фердинанд ) Вака требаше да играме кикснаа Арсенал и Њукасал ова ни е шанса златна ем последна. Да ти е мерак да ги гледаш конечно насмеано лице на Торес
Ех, ја мерачев Челзи за на спортска, ме мрзеше да идам да уплатам, чист кец! Квинс Парк се доста незгодни, и покрај тоа што се на долниот дел на табелата, зезнале многу екипи, дури и ги победиле и се повратиле од негатива (Ливерпул, Ман. Сити, Арсенал). Челзи покажува стил во играњето, малце покасно им текнаа да почнат да играат квалитетен фудбал, ама никогаш не е касно. Во најбитните моменти се покажуваат како силна екипа, и сум горда на сините. То Торееееееееееееееес, вратио си се меџу живима! Јипи, што ќе кажеш на сјајната форма на Фернандо сега? Хет-трик!
Уааау, мислам дека се врати стариот Торес . Едит: Е вака порано да им текнеше да играат. Ај има време за уште еден гол, јас мислам .
Само ова ќе го кажам... Јипи те поздрави Торес, со хет трик Морав да редактирам И ова да го кажам... Каков завршеток на натпреварот Сиена - Милан 1 -4, Ибра со гол го заврши натпреварот, но сеуште Јувентус е со + 3. Сепак сеуште има надеж, мала е, ама постои. Убав спортски ден, уште да фатам и би бил одличен .