^ Играа Тетекс-Силекс, нерешено. Пред 20 мин. Атлетико поведе против Бетис, сега гледам Батис дале 2 гола во рок од 2 минути. Едит: 2-2 крај Почнува Рајо Валекано-Барса. Им држам среќа на Рајо. 0-1 Меси, јак е против слабите екипи, конечно после толку да даде гол.
Вие само навивајте за Удинезе, за да Лил лапне паричка. Сериозно, одамна не сум добила на спортска, има едно 2-3 недели па ред е да се вратам на старите патеки. Ах, колку добро ми одеше денес прогнозирањето, а во последен момент ги сменив утакмиците. Ништо, останува сега да стискаме палци за Удинезе и за Рајо, па да имаме 2 муви со 1 удар. Едната да ми донесе парички, другата загарантирана титула. Мислам дека нема да бидат толку убедливи Каталонците вечерва, али видиќемо!
Еве веќе даде Меси гол. Се надевам така и ќе продолжи до крај, не за друго, за чист образ, не само утакмицава туку и наредните до крај. Инаку во Италија, навивам Наполи да го земе 3тото место и да игра ЛШ догодина. Значи без гол на Санчез не бива утакмица. Веќе 0-2. Дечко ми интериста и ептен анти-Барса во дуелите го поддржува Реал му викам името Санчез презимето и таков или ко ќе му речам по некоја утакмица коа игра ме асоцираше твојава игра на играта на... и некој од Милан следува обично Боатенг и таков
Ау каталонциве многу јаки, бе. Санчез за 0-2. Нејќат пред време официјално да не’ прогласат за шампиони. После три порази по ред, нормално ќе се радувате на Рајо В. Не бил Санчез стрелец на голот, овие си дале автогол. 0-3
Ај да се почастиме за Удинезе. Лил фаќа спортска, летаат црвени картони, и утакмицата место 90 трае 100 минути пошто играчите на Лацио се бунат.
Aко е за некоја утеха Рајо плати за 3те порази во низа После Челзи, и толку прилики, потребен беше ваков резултат.Овие гревчиња,ни криви ни должни настрадаа
Јас па заспав, не ги гледав Барселона. А знаев дека нема да изгубат со Рајо Ваљекано, премногу ќе беше и сега да беше пораз. Ај што ве гајле, ако не можат против Реал и Челзи барем со Рајо се покажаа . Ајде, во среда против Атлетик кога ќе победиме и официјално на Реал ќе си биде титулата . Hala Madrid !
очекувано Барса бесот го истреси на Рајо хахаха ... кутрите само жал ми е Алексис толку многу се трудеше и на крај го изваде последните 10 мин... а толку многу сакаше да постигне погодок, заслужи да ја доигра утакмицата.. срце то ај на наредната ќе дајт еден гол за мене
Оффф Пујол За пола саат Сити-Јунајтед, типувам да паѓаат голови од двете страни. Секако, се очекува победа на црвените ѓаволи И дали ќе ја има на тв, да не се мачам на нет?
Ќе биде ова интересен натпревар. Борба за титула. Јаки се и двете екипи. Јунајтед е фаворит, мислам дека ќе тепаат вечерва.
За вечер сеедно ми е кој ќе тепа, не ги сакам баш ни едните, ни другите Манчестер. Ама кој и да победи, со среќа нека му е титулата во Премиер .
Ибра во Реал Дали е само шпекулација или? Не дека го потценувам Ибрахимович, баш напротив класа фудбалер и страшен играч е, ама незнам колку би се вклопил во Реал и знаејќи го неговиот темперамент и темпераментот на Кикица, како се тоа би функционирало? Ако е вистина ова очекувам догодина Милан да освои све што може да се освои зошто нели така бива со екипите кои ги напушта Ибра Малер е бре, дали навистина ни треба??? Па имаме страшен напад со 100 и нешто гола сезонава, одбрана и среден ред ни треба И Пипита си заминува најверојатно Ич несакав да си оди, ама најверојатно така е најдобро за неговата кариера, зошто Мурињо претерува што не го пушта во игра