И Пипита и Кака, многу ми е криво и за двајцата. Кака ми е еден од поомилените, многу добар играч. Сакам да остане, па не е фер. Зошто не им дава Моу шанса, зошто?
^'' појде во Интер, Барса освој, појде во Барса, Интер освој, појде во Милан, Барса освој, остана во Милан, Баерн освој, сега не го примаме во Реал, шо сака нека биди ! '' Мене ми одговара туку,Мурињо што велиш Ибра за Кака...а ?
Не знам што бидна со Јунајтед. Аман веќе, се нема среќа. Бар 0:0 да останеше. Пу! Инаку ја се зезав за Ибра, ама чоекот може озбилно сите големи клубови да ги помине до крајот на кариерата, нормално ако има такви амбиции. Ја сум за да остане во Милан и ова да се само шпекулации.
Е не е можно . Зошто да си оди Пипита . Но не е сеуште официјално нели? Па богами и Мурињо ја претера, еднаш не го пушти да игра последниве утакмици, само на клупа седи. Ама дај нека остане бе, тој е класа играч. А каков Ибрахимович, што зборувате? Неќам тој тип да игра во Реал, прво затоа што човекот не знае што е лојалност и љубов кон некој клуб, сите ги прекара. Тоа дека е добар играч никој не го оспорува ама антипатичен ми е, не сакам ни да помислам да дојде во Реал. А и како би се вклопил таму, Роналдо ни е повеќе од доволен. Стискам палци и Игуаин, и Кака да останат а ако не многу ќе ми биде криво .
Jaс знам што бидна со Јунајтед. Од толку амбиции и дигање нос како ќе земат ЛШ и Чемпионшип,остануваат без ништо. Како и Милан оваа година. Затоа,понатаму без потценување
^ Секој тим има амбиции, најдобрите имаат најголеми амбиции. А и не се преценува, многу вреден клуб полн со традиција, искуство, години и години се вложени труд во тој клуб, одлични играчи отсекогаш како и моментално, пари - многу нормално, а и Фергусон игра огромна улога. Е тоа е тренер. Тој тим си се цени, не е некој вчера што купил јаки играчи пошто е под капата на шеик и сега сака преку ноќ да освојува Премиер лига. Не може така. Се уште има време, англиската лига е можеби и најнеизвесна.
Само што мислам дека амбициите на навивачите на Манчестер се граничат со глумење инфериорност,надменост и надуеност,и дури и потценување на останатите тимови.
И јас мислам дека Манчестер се малку преценија сезонава, што им се и удри од глава. Секако тоа резултираше со отпаѓање од ЛШ уште во групните фази а еве сега и од голема можност за губење на титулата во Премиер Лига. Баш затоа што се смета за клуб со традиција и што ти знам таму не требаше да си го дозволи тоа, да се преценува и да игра на начинот на кој играше. Сосема заслужено губење на титула, иако има уште две кола ама не ми се верува нешто да се промени. Искрено, никогаш не сум ги ни сакала, дури и Роналдо кога беше таму не ми се допаѓаа како клуб. Ама сепак Сити ми е и бетер, баш од таа причина што е само богат клуб и ништо друго. Така да, мене ми беше сеедно.
^ Па добро секакви навивачи има на секој тим... а и да е така како што викаш да речеме, клубот оставил простор за такво однесување, ја оправдал гордоста на навивачите па ќе се прчат, имаат на што
Плавушке абе сега ти и за Манчестер ли си? Збунета сум. Инаку не се согласувам, мислам дека никој тим не треба да се опушта, треба да се бори до крај и секоја сезона. Сега, колку ќе има резултати тоа е друга работа. Мислам сега не е работа само на стара слава да се живее.
^ Ја одамна имам кажано дека сум за Милан и Барса, поддржувач на Манчестер зошто веќе не ги следам, а порано навивав за нив, кога ги даваа натпреварите на тв. А сега не можам да навивам од резултати.ком и од нет, ама секогаш ќе ги поддржувам и ќе верувам во нив. И анти-Челзи нормално поради нив а и поради Барса башка веќе.
Само не Ибрахимовиќ во Реал. Леле не можам органски да го поднесам тој човек, ги прошета тимовите од сезона во сезона, и не го сметам за толку квалитетен играч за да го земе Мурињо во дрим тимов. Не неее, таков антипатикус не ни треба во тимот.
Ибрахимович уше во Реал не е појден, уште тој таму фалит ... не да е малер, секој тим шо го напушти наредната сезона без него титула зеде А Пипита е омилен играч на дечкоми пошо он е за Реал мака му е шо ќе заминвел, па според мене нему му се има здосадено да ја грее клупата и така е добар играч само Мурињо :geek: не го става да игра па нека си ја бара среќата во друг клуб, има право нели ...
Јас сум за Ибра во Реал , а притоа Милан да земе играч кој вреди колку 2 Ибра Незнам зошто го потценувате, високо квалитетен играч, со слаби нерви но се подобри некако. крепи повеќе од претходно.
Па ќе го сруши нормално, кога на секоја утакмица по два пенала му судат Ама добро е, барем ги погодил И против Малага бе