Campeones, campeones ole, ole, ole . Ај нека ни е честито титулата дечки. Вака секоја година да си биде, каталонците да си остануват со празни раце. Vivo por Madrid . Дечките играа супер вечерва, како што играа и цела сезона. Е вака, е вака победува Реал Мадрид. Едно голема браво за сите . Ај поздрав http://www.youtube.com/watch?v=aY9PK4Sm ... ure=relmfu Едит: Зарем Барса дала два гола од пенали? Е аман веќе бе, тие знаат ли гол од игра да дадат. Друго, сакам да го пофалам Пипита за одличната игра вечерва и не сакам воопшто да си оди од Реал. А респект за Роналдо за тие гестови со амблемата, навистина значат .
Пипита после таква игра вчера ич нејќам да си оде од Реал. Колку беа емотивни прегратките меѓу Моу и Пипита и Кељехон(мислам). Нека ни е честита титулата, 32 по ред, наредната пак наша. Спојлер Не би да мрчам, ама смешни ми се каталончињата со оноа:ама, наредната година е наша. Бре, пуста љубомора, не ни дават да се радуваме на титулата.
Честитки мадристи титула...абе кој што сака нека вели,ама мајке ми тешко е ова да се каже,а богами и подаде рака. „Не е тешко да победиш, туку да продолжиш да победуваш толку долго време“
^ Поздрав до Мадридките, честито нека ни е. Жал ми е за Челзи, пораз од Њукасл, стварно не ни требаше. Толку добро се покажаа во последно време, се залетаа, а они дали 5то место ќе бидат. Туку луѓе, како тоа навивачи гледам од 4 или 6 години навивам за Барса. Смешно е човек да не ги знае уште буквите (кој како), ама битно знае во кои ситуации се суди пенал, или што е офсајд. Врло напредна генерација морам да признаам. Која е потребата на анонимен форум да се правдаш колку години навиваш за некој тим? Не е битно, последниве 3 години рапидно почнаа да се зголемуваат навивачите на Барселона а не знаат ниту играчи, ниту историја на тимот, ниту пак кои тренери биле во последниве барем 5 години, пошто од 4та година да пратиш фудбал, ваљда треба се да знаеш. Нејсе, лажни навивачи на секој чекор. Тимот се сака секогаш, и во порази и во победи.
тоа од колку години гледам кажав оти ме праша една феминка иначе се сложувам дека некој навиваат за некој тим а знаат само 1 играч. Ама фала богу ја не сум таква
^ Не те прашав од колку год. гледаш, туку дали воопшто гледаш фудбал или од фб читаш статуси само. Тоа што ти погрешно си разбрала не е моја вина.
http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/ ... Videos.htm Тука можите да видите дел од прославите Прекрасно
Требаше вчера да го испратам мислењево, но ми падна интернетот, па еве само ќе го копирам. Ве читам колку се радувате и колку навивате за тимовите за кои сте. Не, некој што не следи спорт, не може да разбере дека љубовта спрема омилениот тим е посебна. Сите другарки ќе ми речат ти не си нормална што се потресуваш толку, но не, навистина не разбираат. Не можат да ме разберат колку ми е мило што сепак има надеж Милан да ја земе титулата. Се израдував како мало дете во ден кој беше доста тежок за цела Македонија. Најзобилно, како детенце се радувам што Милан сеуште има шанса. Не дека славам прерано, сепак може и Јуве да ја земе, но ете, премило ми е. Честито Мадридисти, знам какво е чувството. Најубаво. Да ви се множат и како што рече Јуле, да ни се врати.
Мадридисти, честито титула... А ако некој рече дека наредната година ќе биде наша титулата не ви брани да се радувате, радувајте се колку што ви душа сака. И да,се надевам дека в година ние ќе ја освоиме титулатааа... Ајде бе не е се изгубено Купот доаѓаа ќе си го земиме :wink: Иначе шо им е на овие од Алфаа бе браттт , ако ги откупиле правата да пренесуваат шпанска лига нека пренесуваатт, дебилчиња скапани, се изначекав Барса да ја гледам и не ја пуштија, а незнам дали за Реал вршеа пренос... дури најдов средата на нет утакмицата прикрај беше прво полувреме Бтв: Нели Челзи поднесле жалба, да им се помилувале играчите за финалето ама и на Баерн исто така Па дали некој знае дали ќе можат да играат предходно исклучените?
Мислам дека е одбиено тоа од Уефа, нема да бидат помилувани. Само во случај ако Челзи победи Тери ќе може да го подигне трофејот, така нешто прочитав .
Mхм и јас тоа го прочитав, ќе можел да учествува во прославата, ама неможев да најдам точна информација дали ги помилувале и си реков да прашам вие да не знаете
Интер-Милан, колку и да не е тоа толку популарно сезонава со оглед на позицијата на Интер, секогаш ќе има посебен шмек тој натпревар. Едвај чекам. Свашта се шпекулира, но јас знам дека Интер нема да ја „пушти“ утакмицата, туку ќе игра до крај, Морати изјавил дека му е сеедно кој ќе биде шампион. Навивачите се така-така иако повеќето сакаат по она што го гледам титулата да биде во Милано, без разлика што е тоа кај Милан. Како се вика, само да не е Јувентус. Е, така е. Јувентус да киксне на следниве натпревари со Чезена и Калјари, барем една нерешена да има, Милан да тепа во недела и на последната утакмица и толку е. Ајде беее од толку нерешени можете уште една, де. Тим со 15 нерешени да земе, тоа е срам за Италија бре. Пу! Боатенг: Ние ја заслужуваме титулата повеќе од Јувентус http://mkacmilan.wordpress.com/2012/05/ ... B0-%D0%BF/ така е, што.
Ах, како знаев дека Челзи ќе тепа бре, го ставив 1 со 2.50 коеф. и на крај се испи*кав и изиграв 2+, а бре Челзи има све да ви собере годинава, па ќе се чудите!
Не можам а да не дадам негативна критика на Баерн колку и да ги почитувам. Играа со Келн, и сега знаат дека во лига немаат шанси, дека е на Борусија Дортмунд, знаат дека Келн се борат таму за опстанок, знаат дека треба да играат финале ЛШ и токму поради сите тие причини не ја играв 2ка, и кога отварам резултати што да видам 1-4 ги тепале на Келн. Добро бе мајкуму, што добиваш? 2рата позиција ти е загарантирана, ЛШ играш 1000000000% следна година, оваа може и ќе земеш, зошто не им ја пуштија на Келн? Ја ја ценам максимално таа тврдокорност германска, особено кај Баерн, ама тоа е веќе крајно нефер и безмилосно. Нема смисла, стварно. Малку ме разочара таа себична постапка, но добро. Очекував да ја пуштат прво зошто овие се борат за опстанок + дома играа Келн, второ си рачунам се спремаат за ЛШ, се чуваат дрндрн. Ма не, ништо од тоа не важи кај нив. Од една страна за поздрав, од друга страна тоа снаџи се па живи ептен го злоупотребиле.