Секоја утакмица два пенала за Барса, ова веќе смешно стана . Па нормално дека прв ќе биде Меси, кога не се знае колку гола од пенал дал. Јесте да е добар ама тоа воздигнување до ниво на бог сум кажала милион пати, нема смисла. Ај тие што гледале, кажите ми за што зошто беа пеналите за барса? Пошто најдов една сликичка од минатиот пат кога се судеше пенал, тоа беше се се само пенал не. АМа сега не можам да ја најдам. А и на Реал утакмицата не ја гледав, гледам дури два црвени картони . АМан толку ли грубо играле овие од Гранада? Како и да е, победааа . Едит. Абе поубаво ќе беше Барселона да не пречекаа вака на Камп Ноу, лајк а бос . Ама ајде следната година . http://www.youtube.com/watch?v=GDoKDB14 ... re=related
Е ова е тоа што го зборам јас. Баерн паднаа ниско во моите очи. Пу бре! Бегајте, бегајте!!!! Гореше стадионот на Келн http://www.youtube.com/watch?v=ckTsBZLK ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=YVgi76yt ... r_embedded http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=82
Ај нек ми/ни се множат титулите! Реал во Ла Лига, Челзи си го зема ФА Купот + е финалист во Лигата на шампиони и притоа за мене се овогодишен шампион откако ја збришаа Барса на суров Торесовски начин. Интер пустиот за жалење, не верувам дека вечер ќе им ја `пушти` на Милан, може ќе даде еден гол, али Милан тепа вечерва. Се надевам дека ќе гледаме вечер добар натпревар, со голчиња, само да бидат и од двете страни, да не се полни Цезар толку многу ште ве молам. Англија е занимлива денес, како и Холандија и Италија. И мислам дека ќе има одличен фудбал во овие лиги, да исплакнеме очи на добри голчиња. :geek: За ова погоре со Баерн, страв ми е за финалето луѓе. Страв ми е да не Челзовци останат без нозе, Чех без глава, Дрогба без коса. Боже, каква суровост и крутост, да им се пос*рам на народот, јазикот, културата. Бетер од јарецот во мене се, мајке ми.
Абе луѓе Реал беше местена 1-2 како не ви е јасно .. малце пари имаат, да се призбогатат за некое милионче Иначе Барса добар натпревар, особено кога Пеп зборуваше, плачев се гледа дека и нему му е искрено жал, стварно неможам да разберам што му требаше сега ова... Мислам дека тимот ја зафркна сезонава заради неговото заминување кое го најавил во октомври, па и играчите беа разочарани затоа Реал им бегаше со 10 бода... кога малце работите се смирија и играчите го продолжија старото темпо и се вратија во трка, а сега кога дојде крајот на сезоната, и неговото заминување се десија и клучните порази за титулите..играчите многу се приврзани за Пеп, според мене тоа е тоа што им се деси на Барса оваа сезона, пак ќе речам немора да е така, ова е мое видување... И јас мислам дека за 1 до 2 години пак ќе се врати во Барса... а до тогаш Тито Виланова нека не води кон нови победи!
Ќе ја цитирам Мелиса Сата од Твитер: „Forza Cagliari!!! Deve vincere“ И... Forza Milan!!! Се надевам вечер дека ќе се реши титулата, се разбира скудето во рацете на росонерите . Нестрплива сум, едвај чекам Јуве да киксне, а Милан да си тепа против Интер.
Аха, тоа ќе да е . Поради Пеп беа во депресија цела сезона и затоа така. Инаку Реал веќе си има титула, така да што ќе прават овие два натпревари и не е толку важно . Би рекла и Барса дека не е важно што ќе прават, па затоа не ми се јасни тие пенали ама за Меси пичичи да земе изгледа се . Инаку изгледа Шити ќе биде нов шампион на Англија, ако ај поарно они него Јунајтед.
^^ Само уште сликата со Пике да не беше монтажа ќе почнев да плачам од тоа колку многу ме допре добродушноста на играчите на Барса. Но монтажите се едно, а реалноста е нешто сосема друго
Боа,јас мислам дека не е поентата дали сликата со Пике е монтажа или не. Туку гестот што Роналдо го покажа на Мартинез... Погледнете во десниот агол на сликата,кој и онака е без коментар... -Не знаат да се радуваат. Па и не се навикнати да освојуваат.. Реал Мадрид освои две титули откога Мурињо е на клупата на оваа екипа(купот минатата сезона,и ла Лига оваа).Но,многу интересно е што и двете титули неговите играчи ги прославија на ист начин.покажувајќи многу лоши гестови на играчите и навивачите на противничкиот тим. Пепе,секако не беше казнет поради овој гест кој го покажуваше на навивачите на Барселона. Реално,не ни се очекуваше дека Кристијано би бил казнет. Ете,сликата како една од причините поради кои никогаш нема да го почитувам овој тим. Никогаш нема да можам да му се восхитувам на овој тим(барем додека Моу е на клупата),никогаш нема да ме воудошевува нивната игра.Ќе им честитам на титулите и победите,ама без импресии. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... qq6GxBBtyY Мислам дека би било сувишно да се коментира.
Смајли ма, 32 титули имаат, не се навикнати да се радуваат и да освојуват титули? дај жити се’ не пишувај глупости, немој. Ни вие не сте нешто подобри.Или вие сте светци? Навикнати сте вие да освојувате титули, имате дури 21 во Премиера, знаете вие како изгледа да освојуваш титули.
Смајли јасно ми е дека вие не можете ниту да ги сакате, ниту да ги цените играчите на Реал Слични вакви ситуации има и кај играчите во вашиот клуб, само што нив така умешно ги премолчувате. Само за пример ќе ти го наведам намерниот шут на Меси кон навивачите на Реал, ситуацијата Меси- Лампард од натпреварот со Челзи и уште икс други. http://www.youtube.com/watch?v=zPNALZxmvGo http://www.youtube.com/watch?v=Nj2Gir4j2WM Друго, ова општо за сите каталонци, дај престанете веќе дека играчите на Барса се светци, зошто не се! Во секоја ситуација чекате да испаднете жртви, демек вие сте поштените и праведните, демек вие секад сте фер и обесправени, а секој кој барем малку гледал фудбал знае дека не е така. И незнам што само споредувате и барате разлики и сличности. Разликата моментално е таа - НИЕ СМЕ ПРВИ на табела, ВИЕ СТЕ ВТОРИ и толку. Дали се восхитувате или не, мање битно
Порано се мислев , ама сега сигурен сум дека Дечковците на Старбакс и Боа навиваат за Барса , т.е дека се каталонци Него ОДЛИЧНА ВЕСТ Без Разлика што ќе се случи следното коло АСТОН ВИЛА НЕ ИСПАЃААТ ВО 2РА ЛИГА Blackburn i Wolfs се сигурни мислам и 3тиот вајда ќе се види следното коло
Ќути бре. Бившиот ми беше за барса, само заради него ќе почнев за каталонците да навивам, ама раскинавме на време.
Јипи од кај вадиш вакви заклучоци Инаку да, дечко ми навива за Барса и на секое Ел Класико избива светски рат, летаат чаши, флаши... Ама не навиваше за Барса на почетокот. Не ни пратеше фудбал. После од инат на мене стана навијач на каталонците, а татко ми го зафркава дека од маки станал навијач
Е прашање на време беше кога некој ова ќе го... Како и да е,Старбакс Роналдо 32 титули ,ма дај ! (ова е со иронија,немојте веднаш да скокате)Човекот прв пат освојува Примера од кога е дојден во Реал,и тоа беше тоа,...не знаат да се радуваат,па покажува такви гестови! никој не спомна дека Реал не е трофеен клуб,далеку од тоа... А она дај жити се’ не пишувај глупости, немој..лично си го сваќам како навреда. ,за жал. А Боа,такви ситуации иамло и ќе има.Не е ни прв ни последен пат.И ние никогаш не сме велеле дека играчите на Барселона се цвеќенца,барем не јас.Секогаш сум ги осудувала за такивте нечовечни прекршоци...а напротив,вие од Реал кога и да направат такви грешки ваши играчи веднаш ги мешате каталоннците,па потоа прекршоците кои Барса ги правела..Секогаш Барса! чест на исклучоци..знам дека ве има,барем на форумот.
Старбакс и Боа ќе ве молам следен пат викнете си ги бившиот и дечкото мечкото да пишуваат наместо вас. Нема смисла ова веќе. Како дечко ми не е за Барса бе мамата.