Не би ми сметало , радувај се ... јас сигурно нема да тагувам , Милан имаа предност од 8 бода , уште кога изгубија од Фиорентина веќе беше се готово .... лоши тактики донесоа противникот да стигне и да не престигне.... само следната година во ЛШ и Серија А ќе видиме колку ќе пишеш тука .... Сега за сега Честито титула 28ма заслужено....
Интеристи, гледајте не во ЛШ догодина и радувајте се на победава, и онака само за неа сте се спремале цела сезона, и онака само во Италија ќе си останете догодина. А само да ми падне коментаторов во раце...
Towelie фаќај авион за Трст сега. Туку, смешни ми се како урлаат ко неизживеани, искрено жал ме фаќа, толку години не кренаа пехар, нека се порадуваат. А Плавушке ако толку не ви е битно италијанското, што ти е жал сега? Ете Интер ќе си останат само во Италија, ќе се борат за Калчото. А за тоа дека ќе ги гледаме Милан ... хм, сети се на онаа сезона кога грицкавте пуканки и гледавте како Мурињо и Интер собраа се што можеа!
Не можам да догледам, исклучив. Прво, честито на Интер, прво полувреме беа каде каде подобри, а и во второ Милан не покажа одлична игра. Еден ЧИСТ гол ви поништија, така да нема плачки за резултатот. Многу ме нервираат играчиве, наликуваат на Реал - Фарса, како тепачи некои на стадион. Милан не смееше да си дозволи да зависи од Јувентус, да си стави се на коцка на еден натпревар, да дозволи денес да треба да спасува глава. Толку шанси прокоцкаа, оваа беше само една во низата. Некако како без мотивација ми беа, денес требаше да играат од кога судијата свирна почеток, а не тек второ полувреме колку толку да пробаат. Иако ме боли до коска поразов, титулата ни се слизна од раце, сепак се надевам дека ова ќе го свести Берлу и ќе го одврзе ќесето, да си дозволи неколку нови играчи, па од следната година со нови сили во нови походи. Јувентус, честито нека ви е победата, не дека сте тим кој што растура, но ете. Најискрени честитки ви упатувам и ви честитам трета ѕвезда. Не беше тоа контакт за пенал, има вистина во тоа, но судијата изгледа погрешно процени или виде, па си надокнади и тоа како во второ полувреме. Иако тие балансирања се нешто што страшно ме нервираат и ми го уништуваат фудбалот, се виде во второ полувреме дека натпреварот не е платен и сите теории како Милан си ја купува титулата ви паѓаат во вода, имајте лице и признајте си. Имајте лице и да го признаете ова Имајте лице да признајте и дека меѓу Јувентус - Милан на Милан им се поништи чист гол. Имајте лице и честитајте зошто до предпоследно коло ви бевме зад петици. Уште еднаш честитки за фановите на Интер и за Јуве. Од вистински Росоњер што ги сака будаливе иако губат и не можам да ги плукам.
Јас ја обвинувам Плавуша за загубата За Баерн тамо нешто прокоментира , изгубија домашна лига , за Барса беше изгубија све ...сеа за Милан и они све изгубија .... ќе те замолам девојче
ЛилБејби,знаеш што ми е најголемата радост? Што нема да ги трпам квазиросонерчињата што од вчера почнале да гледаат фудбал како отекуваат по фејсбук и по секаде,ШТО КОНЕЧНО ЌЕ СИ ГИ ЗАТНАТ ЕГОИСТИЧНИТЕ МУЦКИ И ЌЕ ГЛЕДААТ КАКО ТРОФЕЈОТ ОДИ КАЈ ОНИЕ НА КОИ ИМ ПРИПАЃА!!!! Јувентус,тимот што создаде историја во Италијанскиот фудбал!!! Sparks,признавам,беше офсајд. Ти признавам се што сакаш! JUVENTUSSSSSSSSSSSSS!!!
А Смајли за вас е секогаш Реал, Реал, Реал. Не ми е јасно бе, зошто не може да се воздржите од вакви коментари. Ќе помислам дека го зборите тоа поради разочараност што не ја освоивте лигата . Му покажал Роналдо тоа и што? Беше испровоциран, не бива каталонците никогаш не се скарале со никој на терен, ајде бе. И јас не го почитувам ДиКаприо што се вала по теренот цел натпревар, ниту пак Валдез кој е секогаш прв за карање и трчање до пола терен па не зборувам за тоа... Пепе покажал среден прст и? Меси шутираше со цела сила кон навивачите на Реал па сега треба ли јас да зборувам за тоа? Што не ви личи тоа, не ви личи . И баш нешто приметив. Барселонците се многу жалеа дека ние сме им се смееле за тоа што изгубиле од Челзи па кога отпаднавме ни враќале. Ама уствари забораваат дека они први се смееа на нас кога изгубивме во Минхен. Ова сакав онака да го споменам . Пошто заборавивте кои се на кој прв смееше а беше сигурен во победа на својот тим . Инаку интересен натпревар беше меѓу Милан и Интер. Секогаш сум неутрална во овој натпревар оти не ги сакам баш ни Милан, ни Интер ама сепак заслужена победа на Интер, предобро играа.
Чекајте нешо, едно не ми е јасно. Зашто Интер се радуваше??? Аааааааа што нема да оди во Серија Б. Да да заборавив! Честитки бјанконери, колку и да боли заслужено си отиде кај вас титулата. Ја имавме пола сезона и на крајот на сезоната ја прокоцкавме титулата со безвезални киксови за кои ние и САМО НИЕ сме криви. Ако ни е, глупи се. Се опуштаат кога не треба, баш на крајот. Затоа титулата оп во Торино ќе оди, а ние ќе чекаме подобра сезона, каде посозреано ќе пристапиме кон натпреварите. Зашто нашите киксови годинава беа со тимови кои се аутсајдери, не треба тоа да го допуштаме. Идната сезона повеќе среќа и повеќе памет у глава. А квалитет имаме и те каков! Aјде црно-бели славете сега, заслуживте
„Добро, Интер опстана тоа е најважно, е сеа ЛШ нема, да не пребаруваме многу-многу добро е и волку. Барем ги тепавме на Милан, хаааа.“ - си викаат сино-црните. Мене ми се плаче.
Абе Плавушка сега крив ти е Интер и Милито што си прокоцкавте титула. Да се ослонуваш на претпоследен натпревар, а до зимава веќе прваци бевте, мислам дај луѓе, го гледавте мечот или гачки расправате. Интер заслужено победи, а дали ќе иде во Лига на шампиони, Лига на Европа, или Казамаки куп во Јужна Кореја што е битно. Помирете се со фактот дека `скапан` тим годинава ве растури. Се заредија порази од `скапани` тимови годинава, а? Поздрав од мене на темава се одмарам до следечи викенд!
Да де,кога Милан сеуште ги гледаше копачките и се чудеше дали се Тоблероне чоколади или улошки. Сега чичо Дел Пиеро ќе ве научи за што се
Не ми е толку криво што Јуве зема, колку што губевме од Интер, не очекував бев сигурна дека ќе тепаме иаку имаше индикатори дека ќе биде 1. Поарно да ги изгубам сите пари на светов него да играм против Милан. Како и да е, со среќа на дамата, ма да на старата дама доста и е, нека се спрема за панзија, догодина мора жусто да се нападне. Интер нека брка ботчиња, ќе сигне до врвот некогаш.