Да да, голчишта беа и тоа какви ! Јас мислев дека ќе е обратно дека Билбао ќе победи ама гледајќи го натпреварот Мадрид заслужено си ја зема титулата!
Veri истото можеш наместо Valdes , да го ставиш Abbiati (голманот на Милан) и како вика "I never make shity mistakes that will cost my team to lose games"
Барселона поделена! За кого ќе игра Месси? Пеп Гвардиола својот последен официјален натпревар со Барселона ќе го забележи на 25.мај во финалето од Купот на Шпанија против Атлетик Билбао. Само неколку дена подоцна од клубот ќе се опрости со хуманитарен натпревар каде каталонскиот клуб ќе одигра натпревар меѓусебно. Натпреварот е во знак на борба против сиромаштијата, а организиран од страна на „ТВ3“ и „Радио Каталонија“, Пеп ќе води дел од играчите додека другиот дел ќе го превземе Тито Виланова. Едната екипа ќе ги носи традиционалните дресови а другата гостинските бои. „ Сите играчи во нашиот град се важни но Барселона е најважна, тие ќе појават огромна медиумска поврзаност а фактот што ова е прв натпревар каде звездите на Барселона ќе играат едни против други ќе биде навистина фантастичен, им се заблагодаруваме на клубот и на двајцата тренери“- изјави градоначалникот на Барселона- Хавиер Тријас. Јас искрено едвај чекам да го гледам ова, ќе биде јако!
Борусија го демолираше Баерн во германскиот куп Фудбалерите на Борусија од Дортмунд ја освоија двојната круна, домашното првенство и купот. Откако претходно ја одбранија титулата во националниот шампионат, синоќа го демолираа најголемиот ривал Баерн од Минхен. Борусија во финалето на националниот куп, пред 75.000 гледачи во Берлин го совлада Баерн со 5:2. Хет трик постигна Левандовски (45,58,81), а преостанатите два гола за Борусија ги дадоа Кагава (3) и Хумелс (41-11м). Стрелци за баварците беа Робен (25-11м) и Рибери (75). „За навивачите на Борусија Дортмунд ова беше најубавото финале што можеа да го замислат. Одигравме ладнокрвно и постигнавме прекрасни голови. Едноставно не можам со зборови да го опишам чувството“, изјави творецот на силната Борусија, Јирген Клоп, по петиот последователен триумф над Баерн. Јуп Хајнкенс не можеше да верува дека неговата екипа, на само една недела пред големото финале во Лигата на шампиони, прими пет голови. „Одбраната беше очајно катастрофална. Сами сме виновни и не заслуживме победа. Но, пред нас е голема цел и се надевам дека до финалето во Лигата на шампиони ќе закрепнеме. Тоа е сосема друг натпревар“, рече Хајнкес. Претседателот на Баерн, легендарниот Франц Бекенбауер мошне лут по високиот пораз им порача на своите фудбалери, доколку вака мислат да играат и во финалето во Лигата на шампиони, воопшто да не излегуваат на теренот. (Извор: Кајгана) Ете вака да играт и на финалето на ЛШ.
Сити 1-1, Јунајтед води, само што овие Квинс Парк имаат црвен, за жал. Дај Боже се вака да остане, ништо да не се смени, Јунајтед да земе титула. Леееееелееееееее! Милан добро наместена утакмица 0-1 губат на полувреме од Новара, 2-1 на крај. Чист 2-1 ццц бар да ја кажеше Берлускони да ја пишев. Срцка! Квинс Парк водат 1-2 ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА вака да остане, ВАКА!!! Ништо......................
Ништо од титулата за Манчестер А баш се израдував кога губеше Сити. Ма наместена работа. КПР игра за опстанок, Болтон исто, води Болтон, води КПР. И на Болтон му изедначуваат со што автоматски испаѓа, и КПР(сега веќе сигурен) онака случајно прима два гола у 90+. Али шта је ту је Повеќе среќа за Манчестер наредната година. И да не оставаат да им се решава титулата во последно коло или па да зависат од други.
хахахахахха не ми се верува каква драма имаше во премиер лигава. Навистина јака им душа и на манчестерци и на сити. Како неутрален навивач бев вчудоневидена. Да навистина изгледа целава работа полунаместена, ама ај нека се радуваат овие од Сити. Мерак ми беше за навивачите искрено
Ова беше неизвесен и интересен фудбал за нас неутралните. Сепак Манчестер општо познато не ги баш сакам па бев повеќе за Сити да ја освои титулата иако и они не ми се баш по ќеф ама ајде... Шта је, ту је. Се надевам дека следната година Челзи ќе освои во Премиер а засега честито титула на Сити. Сепак, не можам ни да замислам колку се радуваат нивните навивачи. Да биде се загубено и буквално да ја добиеш титулата во последните три минути. Возбудливо во секој случај.
Mило ми е што QPR останаа, а мило ми е и што на натпреварот сега изгубија . Тоа и ми беше посакуваната комбинација. Болтон да изгуби, а Сити да си земе титула. Е ова е првенство, до последен момент да е неизвесно
ТИЕ СИ ОДАТ, НО НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ ! Неста, Ѕамброта, Гатузо, Сидорф, Инзаги , Бомел, Рома.. благодариме за се што сторивте за Милан !!
Честитки за Сити Која чест ми ја направија, неутрална сум, ама мило ми е што Јунајтед не се на врвот Овака не сум се радувала незнам од кога. Браво Сити