А тоа беше одговор на тоа што вие почнавте да се фалите со 2-1 и демек Реал сега е појак од Барса и дека на Барса и пројдоа тие „пет минути слава“
Ако мислиш на нерешениот резултат со Бетис,па тој натпревар и не беше од некое значење за Барселона и онака се знаеше дека титулата оди кај Мадрид.А за титулата,океј признавам,секоја чест.Имаше моменти кога бевте подобри од нас,но тркалото се врти еднаш ќе губат едните,еднаш другите. Поздрав,немам повеќе намера да се карам
Се карам? Не ма златна зашо да се карам. Не,не мислам на натпреварот со Бетис, патем тоа беше во саботата, така? Мислам на подигнувањето на трофејот, на целата таа атмосфера и еуфорија. Епа, тоа не траеше 5 мин. ќе извинеш. Во Шпанија владее Реал Мадрид, клуб со најмногу освоени титули, овој факт никој од вас не може да го побие.
Јас сакав денес да биде, утре сум на свадба, па секако ќе го пропуштам . Барем победникот да ми е по ќееф, барем Челзи да тепа .
Леле ајде утре Челзи мора да освои, иако германците имаат предност што играат на домашен терен ама пак, мислам дека може сешто да се случи. Ајде, утре ќе има навивање. Ќе навивам за сините ко за Реал што навивам. Мора оваа година да освојат, иначе нема ни во ЛШ да играат другата сезона. Многу ми е жал што Тери, Иванович и Рамиреш нема да играт ама таа е . Сепак сеуште си стојам на мислењето дека е престрого да судиш директен црвен за капитенот али јбг...
Мое милење е дека Баерн ќе бидат шампиони и за нив навивам со оглед на тоа дека Челзи на срека се најдоа во финале за нив и тоа е успех ....
Видео: Ламата прогнозер типува на Челзи. Ламата прогнозер типуваше дека Челзи ќе го победи Баерн Минхен во финалето од Лигата на Шампионите. Откако октоподот Пол со перфектното прогнозирање на натпреварите од Светското првенство го освои светот, се јавија многу негови наследници. Ламата прогнозер која има и своја веб страна, смета дека Челзи ќе ја освои Лигата на Шампионите. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... ObJzbof7bQ
Челзи се многу променливи.Еднаш губат од најслабите,еднаш ги победуваат најјаките.Денес мислам дека ќе победи Баерн,но ако победи Челзи-тоа ќе биде чисто поради среќа.
И мене Баерн ми играат страшен фудбал, нив најмногу ги почитувам од Германија, иако не пратам баш Бундес Лига. Ама сепак Челзи ми се после Реал омилени па затоа. А дали само јас приметувам или сите оние кои се за Барса сега ќе навиваат за Баерн?