Ауу абе многу фудбалски експерти овде на форумот, да не ти се верува. Значи стварно си имам попаметна работа отколку да типкам овде ама не можам да се воздржам. Скриени в гол викаш? Како тогаш паднаа головите? Овој денеска и оние против Барса? Според мене оние кои ја потценуваат дефанзивната игра не разбират ама баш ништо од фудбал, извинете вака. Па дефанзивата е уствари и најбитниот дел од играта, ако сакаш ти напаѓај до утре ако немаш добра одбрана и примаш голчиња за каде си. А што е според тебе игра? Баш ме занима која ви е дефиницијата за добра игра. И двата тима беа добри цели 120 минути, со тоа што Баерн се изнапромашуваа едно убаво особено Робен . Какви чисти голови си промаши човекот, нормално дека ќе дојде тоа на наплата. Но глупо е да се читат коментари дека Челзи на среќа победил. Ејј, тоа што го направија оваа вечер и против Барселона е за пофалба. Таква стројна одбрана, да не може никој да мрдне накај голот. Да не се повторувам сега, си кажав се во претходниот пост. И мора да си навивач на Барса. Само они вакви глупости можат да зборат.
Секој што ја гледал утакмицата може искрено да каже дека не покажаа игра достојна на еден шампион. Играта на пенали е среќа, и Реал е подобар од Баерн па изгуби на пенали, Баерн имаа тука повеќе среќа, ама барем игра покажаа, не се скриваа цело време.
Не гледав, сега ги гледав пеналите само. Неизмерно сум среќна. Челзи е тимот, кој после Милан ми е омилен. Среќна сум, пресреќна. Дрогба е играчиште невидено. За Чех немам коментар, убаво си кажа Спаркс. Таков голман е реткост. И сите вие хејтери и мрчатори тешејте се дека Челзи победи на среќа. Челзи победи со одличната тактика на Ди Матео. Браво!!! Не ви требаше ламата за да прогнозира, ние овде на форумот си ја имаме Плавушка . Штом таа навива за некој тим, тие 100% губат . Пишав јас
Ако те интересира за кој навивам прочепкај по мислењата мои ќе видиш дали навивам за Барса. А за да наведуваш тука кој кажува глупости незнам од каде си толку компетентна.
Не била ова игра за шампиони. А каква е играта за шампиони? Стално го зборите тоа како да не научивте дека нема формула за шампиони. Нешампионска игра за мене е само една, со помош на судии и нерегуларен гол. Секоја останата игра на тим кој со победи си стигнал до финале и си го освоил е шампинска. Синојка си беше баш топ интересна игра. Прво полувреме не гледав комплетно, многу поинтересен ми беше мечот меѓу Ноле и Федерер, ама после тоа гледав како неутрален навивач и имаше интересна игра и мило ми е ептен за Челзи. Заслужија, трет пат играат финале ЛШ со пенали и конечно победија. Кога играш пенали тоа е на некој начин изедначена игра, губат на ситници, ама вчера победија. Робен е несреќник на натпреварот, а бај д веј погодив вчера дека ќе го промаши пеналот, едноставно знаев А човек на мечот ЧЕХ. И Дрогба беше добар, со тоа што си ја покажа таа негова црна страна, кога избрзува во некои ситуации и прави непромислени работи. Фаулот за пенал вчера што го направи му беше грешка невидена. Али затоа Чех се надмина. На сите удирања на белата точка им ја погоди страната на удирање, на сите! 2 шута фати од пенал серијата, едниот на Робен и уште 3 други им го погоди правецот но не ги дофати. Ѕвер бре ѕвер! А Баерн се прецени, се занесуваа бла бла божем домашен терен, подобро психички припремени, јак тим, а Челзи беше аутсајдер никој не веруваше дека до финале ќе дојде. И морам да кажам Ди Матео ептен ми е срцка, мислам дека тој ќе е еден од најдобрите тренери во иднина, посебна енергија има, а според играчиве и посебен начин на менаџирање кој тие многу го ценат. Честито нека им е на Челзи. Сосема заслужено.
Јас би рекла секоја игра што носи добар резултат е добра игра. Добар стратег е тој што знае да процени кога треба да се игра отворено а кога да се брани својот гол. Баерн ја имаше својата шанса преку Робен и не ја искористи. Е кога шансите нема да се искористат следува казната. Искрено и мене ќе ми беше далеку помило ако Челзи не беше победник во пенал рулетот но Чех имаше фантастичен меч и според мене му донесе титула на сопствениот тим. Честитки за навивачите на сините
Вечерва навивав за Баерн, ама ви ја честитам титулата. Заслужено! Кога сите ги исклучија Ди Матео ги препороди и ги врати во старата форма, кога мислев дека се поразени, се враќаа се помоќни и на крај им се наредија коцките. Најмногу ми е мило за Дрогба и Чех, дефинитивно беа најборбени и пожртвувани.
Aе у пи*ку матер нека иде се, па толки среќа да се немало, ни лига, ни куп , ни ЛШ, ништо. Браво бе Баерн, со таа борбеност шо ја имате и ништо да не освоете. Партали. Незаслужена победа. Ептен скамбег изгубија.
се согласувам со тебе Ди Матео има толку голема среќа па затоа и стигнаа до тука ќе го видиме наредната година дали пак ќе има толкава среќа
Паѓање у несвест за тактиката на Ди Матео као да е којзнае што, а тој само учел од Милан, оф леле. Да беше толку добар, ќе беше меѓу најдобрите, а тој е само најпросечен тренер. Значи не е негова тактиката, да се разбереме толку. А и да гледам вие мадристи загреани сте по Челзи, па... што не учеше од Реал против Баерн, туку од Милан против Барса? И Реал и Милан изгубија и тој пак од Алегри учеше. хмм... една добра работа околу малиов, знае од кој да учи
Германците беа борбени и дисциплинирани и со онаа типична германска игра се до голот на Дрогба. После мислам им се пресекоа нозите, не видовме ништо од таа нивна психичка спремност. Можеби оти почнаа веќе што се вика да слават титула па голот ги шокира и почна нервозата. Во надополнувањето можам да кажам дека Челзи беа дека дека подобри и некако помотивирано делуваа. Исто и на пеналите. Не памтам кога последен пат германците биле така нервозни при изведувањето на пенали. Така да, уште еднаш ќе кажам сосема заслужена титула на Челзи, нема тука што повеќе да се коментира. А знаете што му рекол Рамос на Ноер? Јас, еве си имам лига а ти без ништо остана . Не, шала на страна ако за некој ми е жал од Баерн тоа се Швајнштајгер и Ноер. Навистина се жртвуваат за својата екипа а не како овие другите. Нешто пенали не сакале да шутираат, па се молеле за на крај Ноер да шутира. Секако, браво за тој потег . Плавушке а зошто да не бидам загреана за Челзи а? Ти зошто беше загреана за Баерн а ниту навиваш за нив, ниту ништо. Драго ми е искрено, се радувам премногу. Кога веќе Реал ми го нема многу сакав Челзи да освојат. А повеќето од овде сте анти-навивачи и навивате за Баерн оти ги победија Реал. А искрено за Ди Матео тоа што си го пишала нема никаква смисла. Па уште е млад тренер и е на добар пат да стане еден од најдобрите. Тактиката му беше одлична. Јас лично го гледам како наследник на Мурињо.
^ Па што не оди по стапките на Мурињо тогаш? хмм... се е јасно, а искрено Мурињо е светлосни години понапред од Ди Матео, нема да го стигне според мене, не не. А за тактиката мислиш на Алегри е одлична, зошто очигледно е копирана
^ Нема да навивам за никој, само ќе симпатизирам. Германија, Шпанија, Англија фаворити. И гледаш Холандија ќе освои. Или можеби Италија што и да сакам не верувам.
Не реков дека ќе биде двојник на Мурињо туку го гледам како негов наследник што се тиче водењето на Челзи. А не можеш да ги споредуваш Мурињо и Ди Матео. Мурињо е искусен тренер а Ди Матео е на почетокот. За ова што го направи со Челзи секоја чест , вие што не се согласувате со тоа стварно не знам што да ви кажам. Очигледно само површно пратите.
Пресреќна сум конечно и мојот тим да си дочека тоа кон што одамна цели. Не се замарам кој што збори, на среќа, па се бранеле.. само од инат може да кажат било што.. Немаа среќа, имаа тактика добра... се бранат 20 минути, па 5 минути играат фуриозен напад... пак 20 минути одбрана, пак 2-3 напади, колку да ги збунат Германците... а тој шо вели дека Челзи нема врска од фудбал, или дека Челзи се бранел 90 минути...то значи дека таквите ПОЈМА НЕМААТ од фудбал... тактика си е тактика...во фудбалот има и одбрана и напад... И нападот е тактика, и одбраната е тактика, на крај која тактика е подобра, таа победува... различна тактика, не значи дека ако играш фудбал треба САМО во напад да си... пак велам, како шо НАПАДОТ е тактика, така и ОДБРАНАТА е тактика... не може да се брани Челзи, а да постигни 1 гол... гол не се постигнува од пред сопствен шеснаесетник...мора да појдеш до противничкиот гол за да дадеш гол... А Челзи 3 пати појде до гол и дава гол... шо значи то знаете ???? Дека нападот на Баерн не вреди штом од 30 шута само 1 гол даде, а нападот на Челзи вреди зато шо од 1 шут - 1 гол...то ти се вика 100 % реализација ) ) И вие бранете се ако знаете и умеете па стигнете до финале, како што многу добро се знае Одбраната ги решава утакмиците, одбраната е пола победа.. Добра одбрана и чувство за погоден момент да се нападне не донесе овде каде што сме.. Вие урлајте, вреѓајте, не признавајте ама ќе си бидете со прст во уста а титулата е наша и никој не може да ни ја одземе. Синоќа во Минхен се појави некоја чудна болест...сите паѓаа како покосени... кај неколку е забележано стегање на срцето... Интересно, болеста ги напаѓаше само оние кои на своите облеки имаа црвена боја... вирусот досега не е дијагностициран, а според експертите вирусот ќе го сноси името „Ди Матеизам“ или „Дрогбариус“, во зависност од тоа на кој лек ќе бида поотпорни „заболените“
Хаха, дај Алегри авторски права да побара ако не па . Инаку за репрезентациите искрено не навивам за никој толку многу како за Реал на пример. Некако не се притресувам толку а и добро е. После цела сезона на стресови ЕП ќе си гледам посмирено. Шпанија ми е секогаш прва на список ама сепак, не можам да ги трпам оние кои се од Барселона во репрезентацијата. Германија ми беше голем фаворит на светското и мислам дека според играта која ја прикажаа они требаше да бидат шампиони оти Шпанија некако се провлече со по едно голче на секој натпревар. Португалија само поради Роналдо ја сакам ама не ми се допаѓа како репрезентација па не би сакала они да победат.
Ај со среќа нека ви е, сега па којзнае кога ќе освоите. Спојлер Се шалам, не ме напаѓајте. Јас колку што гледав, а тоа беше едно пола саат зашто фатив од 60та а на продужетоци се успав , баш имаше добра и чиста игра, и од двете страни. Пре би рекла дека голот на Баерн среќа беше, него Челзи што на среќа добија, убаво се бранеа цело време, и Дрогба од прв корнер погоди, браво. Ајде сега Европско се чека.
Ај да ги сумирам впечатоците од вчера ... Рипав од среќа кога Дргоба погоди, едноставно цел натпревар бев под притисок, возбудливост невидена, Дрогба ем трагичар, ем спасител на Челзи испадна, додуша оној фаул според мене не беше за пенал, али како год, Германците се прваци во глума, никој не може да им го оспори тоа. Рибери искочи што искочи, ама сеуште стојам дека не беше толкава неговата повреда, можда грешам, ама на таа снимка кај што јас гледав не беше толку јасна, и беше само мало потчукнување од позади ... Нејсе, толку среќна во живот не сум била, добро бев со Интер среќна кога исто така земаа против Баерн ама тоа финале не бев во можност да го гледам директно. Заплакав од среќа кога го подигнаа пехарот, кога видов Ф.К Челзи дека е првак во ЛШ, овој момент го чекав 6 години верувајте. Со Манчестер во тоа финале, за влакно ни побегна пехарот, тогаш и Тери утна, Анелка исто на пенали. Овие Баерн секогаш се погодуваат да играат со моите омилени тимови, против Интер во финале пред 2 години, со Реал, и ете вчера. Уште помило ми е што на нивен терен ги утепаа Швабите, значи толку ги мрзам, кејф на душата ми е што на нивен терен пред нос им ја земаа Лигата, умирав од среќа кога ги гледав покосени. Прекрасен завршеток на сезоната, директно се пласираат во квалификациите на ЛШ, ете гледате дека кармата сите ги стига, и драго ми е поради тоа. Искрено не сакам Роман да го менува Ди Матео, човекот го препороди тимот, и зема две титули со него, со истиот тим кој носеше катастрофални резултати пред тој да стане тренер. Мене душата ми е исполнета, за вас не знам!