Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ме нема на темава се префрлив на друго место ...
    Ама не можам да промашам моментов . Мислам ....

    Освоивме ЛИГА ШАМПИОНИ !!!!!!!!!!

    Судбината му кажа ДА на Челзи – ’сините’ ја покорија Европа


    Вечерашното финале од Лигата на шампиони на „Алијанц Арена“ покажа дека фудбалот едноставно е маѓија, но и единствениот спорт каде не секогаш победува подобриот. Баерн играше, доминираше но на крајот судбината го постави Челзи во центарот на фудбалскиот унивезум.

    Мечот мина во целосна доминација на фудбалерите на Баерн Минхен, кои видно мотивирани од домашниот стадион даваа се од себе за да го скршат отпорот на противникот. Избраниците на Јуп Хејнкес целосно ја контролираа средината од теренот, а првата посериозна шанса дојде во 21-та минута кога Робен ја погоди стативата. До крајот на полувремето Баварците напаѓаа, создаваа шанси но не успеваа да најдат начин да го пробијат одбранбениот бедем на гостинскиот тим.
    И во второто полувреме иста слика на теренот, Баерн напаѓа, Челзи се обидува од контри да го загрози противничкиот гол. Вистинските возбудувања на „Алијанц арена“ се случија во последните десет минути. Најпрвин причина за радост имаа германските навивачи, откако Томас Милер најдобро се снајде по еден центаршут на Контенто и со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на Челзи. Сепак, Хејнкес тогаш реши да се брани, го замени Милер со дефанзивецот Ван Бујтен и тоа му се одмазди на три минути до крајот, кога Дидие Дрогба најдобро се снајде по првиот корнер и првиот удар на гол кој го имаше Челзи.

    Возбудувањата продолжија и во дополнителните 30 минути, кога Дрогба направи непромислен старт над Рибери, а судијата Пруенса покажа на белата точка. И кога сите помислија дека фудбалот ќе го награди Баерн за добрата игра, Петр Чех не мислеше така и му го одбрани пеналот на Робен.

    Драмата кулминираше во завршницата од пенал-рулетот, кога Баерн имаше предност од 3-2 по првите три серии, но следеа промашувања на Олиќ и Швајнштајгер, по што Дрогба беше сигурен во клучниот момент и го искачи Челзи на врвот на фудбалска Европа.





    Специјално за Јипи :*



    Реакцијата на Јипи во продолжение ....



    И за крај благодарам за честитките и да им кажам на фановите на тимовите кои ги елиминиравме мислам главно на Барселона , бар да не ви е криво ве елиминираше шампионот !!! ;)

    И не можам да објаснам колку сум горда и среќна , тврдам ова го може само мојот тим !!! Од никаква сезона , оставени на пола пат до историски успех . Привилегија е да си фан на Челзи . :) :l: :party:
     

    Прикачени фајлови:

    На JuLleE, TennisBabe и karina8 им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас сакам Барса да освои куп за да ги згаземе во суперкупот :wasntme: :D. Не шала на страна ај со среќа во петок па нека победи подобриот ;).
    Честитки и на Пандев. Во Италија немам фаворит ама тој глупиот Јувентус ич не го сакам па премногу ќе беше и куп да освоеше.
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ;)
    [​IMG]
     
    На Yipman2, Smilly, anamariia.x3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Рамос е првиот и последен фудбалер во историјата што промашил пенал |( .

    Е да, луѓе. Сега читам ваму онаму и скоро сите фанови на Челзи станаа :lol:.
     
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Не. Ама изјавата "Ноер јас освоив лига,ти што?''..е потценувачка!
    Срамота!
    Ти освои лига,Ноер погоди пенал,а ти промаши цел стадион. :rofl:
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Епа ако така гледаме, тогаш и изјавата на Ноер по завршувањето на натпреварот Реал - Баерн е понижувачка, ама нешто не ја споменувате?!? Уствари ако добро се сеќавам тогаш интересна ви беше.
    Не се сеќавам да пишавте тогаш, срам да му е на Ноер ко што пишувате сега за Рамос. Ама нели Рамос е Рамос и е од Реал, така да :x
    А изјавата на Рамос е само одговор на таа на Ноер. Да не изјавеше Ноер такво нешто, немаше ни Рамос да изјави. Сакаш да реметиш, ок. Ама очекувај и да те реметат ;)
     
    На BlackSwan5 и starbucks им се допаѓа ова.
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Еден поздрав само :)
    [​IMG][​IMG][​IMG]


    И реакцијата на сите што викаа дека Челзи е крш тим
    [​IMG]
     
    На vendiii, JuLleE, TennisBabe и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    А изјавата на Ноер е...?
    Не,озбилно не знам што изјавил..а и не пецкав многу за поразот на Реал,само лајкови делев :wasntme:
    Ватевр ,Ноер реметел,Рамос врати..и цитирам Ноер погоди пенал,а Рамос промаши цел стадион. :rofl: и то!

    П.С Официјално: Дрогба заминува од Челзи
    ’Сините’ потврдија дека Дидие Дрогба нема да стави потпис на нов договор, и ќе замине од Стемфорд Бриџ на крајот од јуни
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Изјавата е нешто во стил демек знаел Ноер каде ќе шутира Кики, знаел каде ќе шутира Кака, ама незнаел дека омилено место за шутирање на Рамос му било надвор од стадионот ;) И како резултат на таа изјава, следеше изјавата на Рамос, уствари Рамос не изјавил такво нешто, напишал на Твитер.
    Исто како Меси, со таа разлика што Рамос барем освои Ла лига ;) :D
     
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    На Smilly и BoaVista им се допаѓа ова.
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]
    :wasntme:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    И цитирам, Реал освои Ла Лига, Баерн ништо. Ај чаос кисче :* . Правите си вие демотивации, реалноста е друга. Олмајти Барса едвај куп ќе земе оваа сезона.

    И жал ми е за Дрогба, ептен. Ама од друга страна подобро што си отиде баш сега, се опрости на вистински начин, како херој на Челзи.
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Пак ќе речам,Барса освои 3 титули оваа сезона!три..И во Петок ако го подигнат трофејчето тоа би биле четири.
    Ова го имав пишено,ама мислам дека рековте дека тие и се рачунаат од мината сезона..
    Сигурна сум дека се од оваа,ма тврдам дека се од оваа сезона!
    А пулс пред едно 3-4 месеци на официјалниот сајт на Барселона имаше нашишено статија дека Барса можеби би можела да го повтори успехот од 2009,и да ги освои сите 6 трофеи,во случај да земе ЛШ и Ла Лига.
    :)

    П.С што значи ова 'Олмајти' ?
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира чим освојувате годинава 3/4 трофеи, како тогаш успеавте да освоивте 6 во една сезона поточно во сезоната 2008/09 или сезоната 2010/11? Зошто и тогаш се пишуваше дека Барса освоила 6 титули. Ај појаснете ми?
    Зошто по вашата логика на засметување на титулите во тие сезони никако не сте можеле да освоите 6 титули(по вашето сметање), зошто во претходните години ЛШ освојуваа Манчестер и Интер што значи дека во куповите не сте ни играле?

    Или тие купските титули си ги засметувате како ви одговара :lol: Кога ќе освоите 3, на тие три ги додавате и купските три, зошто 6 подобро звучи. А наредната сезона кога нема да освоите, пак си ги рачунате тие три купски титули. Врти сучи по двапати ги засметувате :lol:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Леле не ни се сметаат само нас така титулите туку на сите |( сезона 2011/2012
    незнам шо не ви е јасно?
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Боа 6 титули

    1 Супер куп на Шпанија
    2 Супер куп на победници (Победниците на ЛШ и ЛЕ мегусебно)
    3 Светски Куп
    4 Ла Лига
    5 Куп на Шпанија
    6 Лига на Шампиони
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Абре тоа е се од минатата сезона, остајте вие технички како се рачунат.
    А Јипи гледам и од минатата сезона набројува титулата во Примера, дај ние да си рачунеме од пред три години ако не пак :lol:. Се знае што се гледа, Примера, куп на Шпанија, Лига на Шампиони. Барса од тие титули само една е прашање дали ќе освои.

    А вие ако сакате рачунајте си така, сепак со нешто мора да се тешите нели? :) Смајли она олмајти, нели на англсики семоќна. Поради тоа што семоќна ја правевте Барселона а си остана со прст во уста. А да не зборувам дека малку е глуп потегот на Гвардиола што баш сега ја напушти Барса, мене ми изгледа како ај не победуваме веќе, си одам јас ама таа е... :)
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јипи тоа ми е јасно ;) Значи по моето испадна. Тие три купски титули се сметаат за таа година во која си освоил ЛШ и Ла Лига.

    Ама ај објасни ми како минатата година Барса освои 6 титули и оваа 3/4? Значи или лани биле 3 а годинава 3/4 или лани биле 6 а годинава 1(сеуште неосвоена)? Или пак тие трите купски титули по двапати си ги рачунаат. Трето нема :!:

    Како во сезоната 2008/2009 Барса освои 6 титули, ако се сметаат и купските, кога сезоната 2007/2008 ЛШ освои Манчестер?


    Тоа ми е муабетот. Незнам дали се разбираме.
     
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    [​IMG]
     
    На BlackSwan5 и Yipman2 им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Добро ај вака ќе рачунаме , Реал има повеќе титули не е важно технички или сезонски или било што
    , али во 2012 Реал повеќе од Барса ете ....

    Кога неможете да разберете еве вака ќе рачунаме..... :fubar: