^ Не е точно дека е подобар, еднакви се во голови. Првата утакмица било 1:3 за Астон Вила, другата 2:4 за Челзи со разлика што Астон Вила едвај се спаси за опстанок во Премиер лигата, а Челзи ја освои Лигата на шампиони и ФА Купот. Разлика.
Леле сега го гледам натпреваров, еве ви линкче со троа подобар квалитет: http://www.dailymotion.com/video/xr...contra-la-pobreza-pep-team-vs-tito-team_sport Се изнасмејав за Валдез игра во напад за двете екипи , кога се во напад едните за нив, кога се во напад другите за нив ! Ми го разубавија денов и слатко ме изнасмеаја ! Едит: Позади на дресот на Валдез залепена е лепенка и пишува Месси Едит2: а Пике додека го дрибла на Ињеста 11:20сек зборува на телефон? хахаха уште што не ќе видам?
моментот кога Пике се глупираше и бараше пенал Спојлер пенал му беше досуден подоцна кога изглуми малце поубо ама го футна моментот кога Пике зборуваше на телефон додека играше еве го и Месси Тијаго изиграваше новинар На паузата го натераа Валдез да брани со затворени очи, пенал шутираше едно мало детенце и овај се спружи како крап и мафташе со нозете Друг смешен момент беше кога Пике ја пикна топката во дресот и го претрча цел терен застана пред голот ја пушти топката шутна и промарши Се на се, Пике и Валдез направиа добра забава сум се смеела како никогаш Финален резултат:Тимот на Пеп 8:8 Тимот на Тито ......................... Valdes (1)........... Pedro(2) ......................... Busquets(2)........Pique(3) ..........................Tello(2)..............Bartra(1) ..........................DosSantos(1)......Pinto(1) ......................... Adriano (2).........Montoya(1) Ама тимот на Пеп победи на пенали!
Респект ! Пред ова сите треба да се поклнат не е само добар играч не е само фудбалска жива легена туку многу голем човек со големо срце . Алал нека му е
Вчера кога ги гледав солзи ми течеа од смеење.Особено кога Пике ја фати топката,ја стави под блуза и така си трчаше.
Ивановиќ: Знам дека Реал се интересира за мене Српскиот репрезентативец се посочува како една од трансфер желбите на ’Кралевите’ за засилување на тимот за следната сезона. По вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Шпанија и Србија, Бранислав Ивановиќ призна дека е свесен со интересот на Реал Мадрид. За Marca тој рече: “Знам што се говори за мојата иднина и дека постои интерес од Реал Мадрид.” “Но сега не е време да говориме за ова. Фокусиран сум на националниот тим, и многу сум среќен во Челзи.” “Пред една недела ја освоив Лигата на Шампионите, и да размислувам за промена на средината е многу комплицирано.” “Среќен сум во Лондон.” Тој потоа додаде: “Неможам да кажам ништо повеќе, во овој момент сум фокусиран на Србија и ќе видиме што ќе донесе иднината.” “Но среќен сум во Челзи по триумфот во Лигата на Шампионите.” Луѓе бе, јас сакам Иванович да дојде во Реал. Баш он ни треба затоа што под итно треба нешто да се менува во одбраната. Мислам дека добро ви се вклопил, Мурињо наводно бил заинтересиран з него ама по ова погоре којзнае . Инаку дај ставајте си ги во темата за Барса овие натпревари во футсал, нема потреба да се полни темата со вакви работи .
Инаку Торес даде гол на пријателски натпревар на Шпанија . Ми се чини или полека влегува во форма, како што се вели формата е променлива ама КЛАСАТА вечна. Абе можеби и ќе навивав за Шпанија на ЕП ако е составот како оној вчера, не им требаат овие од Барса. Ај нека се одморат уште малку и уопште нека не доваѓат на ЕП . Инаку коментаторот после неколку стартови на Рамос Рамос небере играе во првенствена утакмица за неговиот Реал . Абе Рамос си е луд дефинитивно . Се на се, добра партија изиграа шпанците. Нека продолжат така и на ЕП а не како на светското со едно голче да ми се влечат.
По 1,5 милиони евра за Пеп и Мурињо заедно да го коментираат ЕВРО 2012 ТВ мрежата од Мексико, Televisa им понудила на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо по 1,5 милиони евра за да ги коментираат натпреварите од Европското Првенство Медиумите од Шпанија пренесуваат дека двајцата големи ривали, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо добиле интересен предлог за соработка. ТВ мрежата од Мексико, Televisa им понудиле на стратезите по 1,5 милиони евра за да ги коментираат натпреварите од Европското Првенство што летоска ќе се одиграат во Полска и Украина. И покрај тоа што понудата била многу примамлива, 1,5 милиони евра за дваесетина дена работа, Пеп Гвардиола решил да ја одбие и да остане достоен на ставот дека му е потребен одмор по исцрпувачките четири години на кормилото на Барселона. За разлика од него, Жозе Мурињо сеуште ја анализира понудата, и наскоро ќе одлучи дали да ја прифати или пак да ја отфрли. Се говори дека ’Специјалниот’ посакува ова лето повеќе да биде инволвиран во преговорите на Реал Мадрид за ангажман на нови фудбалери. Исто така не се отфрла можноста Португалецот да биде коментатор само на некои од поважните натпревари. Во минатото, стручни коментатори и аналитичари за Televisa беа неколку познати имиња, како Луис Фиго и Зинедин Зидан.
Чаби Алонсо најверојатно го продолжува договорот со Реал до 2016 . http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=81
Страшна и тажна вест за Лука Тони Спојлер Голема трагедија за италијанскиот играч Лука Тони Неговото дете се родило мртво http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=95
Али се палат фановите на Барса на секоја негативна статија за Роналдо тоа чудо е На моменти и смешни ми се Е затоа и новинарите си измислуваат вакви квази статии. Пази молим те, Роналдо не дал автограм - трагедија. Ама не, мора да биде уште поголема трагедија, па се потенцира дека не дал автограм на 10 годишно дете. И не, не, не е доволно упадлива и трагична приказната. Затоа уште малку филување. Детето носело дрес на Барса. Алелуја. Ги погаѓа у срце статијава милионите навијачи на Барса, па статијата се објавува, реобјавува, се плука по Роналдо... Но мисијата е успешна, за новинарот де. А Роналдо, па он е животно. Да го спалиме на клада Од вакви работи, ваков нагон добивам
Јбг не можеме ништо против тоа. Реал и Роналдо вечен комплекс за навивачите на Барса . Дури мислам дека и со нивните играчи не се замарат толку колку со оние на Реал. Абе уште кога ја прочитав статијата знаев дека ќе се постави тоа овде . Очигледно не разбираат дека медиумите измислувале и ќе измислуваат вакви работи.
Па и да е вистина тоа што го направил Роналдо , негов избор на кој ќе даде автограм .... И баш му е гајле дали некој во Македонија ќе се изнервира за неговите постапки или пак ќе го навреди
Спојлер А вие пак немате никакви комплекси, само ние навивачите на Барса имаме, чудо нешто само се околу Барса ви смета, па и играч на Барса да беше ќе ме згорзеше таквата постапка. Треба да покажеш колкав човек си, а не колкав нечовек. И верувај ми повеќе си се замарам со играчите на Барса а не со вашите, прочитав и искоментирав, мое право! Иначе жал ми е за Лука Тони и за неговото семејство...