Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Леле аманте, сте освоиле една титула и одма фама кренавте Реал вака Реал така, епа и Реал и Барса годинава освоија по една титула, не сваќам зошто ги напаѓате навивачите на Барса кога и вие не имавте некој посебен успех годинава... ама нвм :D

    За Европсково:
    Иначе мака ми е шо нашиот јужен сосед не изгуби, мило ми е шо футнаа пенал, скокав од радост :devil: :D :rofl: ...
    а во вториот натпревар очекувана победа на Русите над Чешка... Шо му беше на Чех :^) се изнаприма голчиња :lol:

    Едвај чекам недела да ја гледам Шпанија во недела, ќе биде жустро :D :inlove:
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    На Smilly и LilBaby им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=95

    Го обожавам, највеќе поради ваквите провокации :rofl: ѕверка. Што ќе каже манекенот на ова, ќе видиме. Занимљиво во секој случај за да споделам, па монотона стана темава веќе од Европското :rofl: :tmi:
    Мадристи не да ве сскам ама мене вакааааа и... :rofl: се шалам да не се наљутите :)
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    ^ Убав коментар има подоле од `статијава`:

    " Барем на Мурињо не му се потребни судии за да ја добие победата. Овој зборува за победа по секоја цена, нека каже колкава е цената што ја плаќаат на УЕФА ".


    Чек Флорентино Перез јас ќе го цитирам да видам што ќе каже за Фарса. :wasntme:
     
    На BeautyQueen, BoaVista и starbucks им се допаѓа ова.
  5. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    е баш штета за украина
    па франција продолжи ова првенство мн ме изнервира :)
     
  6. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Eве шо кажа манекенот: Дека се смета за првиот,вториот и третиот најдобар играч во светот :D :rofl:
    ај мин ис хи сиријас? :^)

    [​IMG]
    ( еве и слика од тоа што го изјавил за некој весник, ако не ви ја отвара сликата, однесете го тоа „Слика“ со влечење во нов таб и ќе ви излезе)

    незнам дал да плачам ил да се смејам :?: :geek:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Мислете си дека Кики е 12иот најдобар во светот. :fubar: Пуста љубомора, бре.
     
    На BeautyQueen и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    И дефанзивецот на Чешка изјавил дека Роналдо нее ни приближно добар како Меси но затоа Роналдо покрај него го даде голот како од шала :D Мислам дека после оваа ке треба да му се извини :rofl: :rofl:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Aма ич не му љубоморам, око не ми трепка за него :rofl: !
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Криза во Милан а... бурни времиња, се нема пари...

    Не знам што му бидна на Сидорф по толку време... изглеа му здосади.

    Овие немаат толку пари да фрлат на Кака, а душа ни изгоре по него... прочитав наводно прифатил и пониска плата, само да се врати. Не сумњам дека сака назад, абе наш е...

    Добро е оној Пацини ќе одел во Торино како позајмица, се преплашив да не дојде во Милан, тоа од Интер сосила го бркаат, не го сакаат, кај нас ќе идел...

    А оној мафијашон Конте, така сакам да му ги разоткријат сите мучки и така сакам да го казнат тој тим, уффф... не дека Берлускони не местел, ама овој бре ја има претерано, сите ги зезаат навивачине на Јувентус дека не знаат да собираат титули, абе ај веќе аман од тој „тим“ :lol: :tmi:

    Боатенг го барале од Реал? Не, не... нема шанси, седи си кај шо си принцу, седи мадро да не одиш модро :P :tmi:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ја запоставивме темава... еве нешто ново:

    Ерик Абидал би можел да се врати на теренот :)
    На Ерик Абидал најпрво му беше отстранет тумор од црниот дроб, па на 10. април оваа година му беше извршена и трансплантација.
    Хирургот, Хуан Крлос Гарсија вели дека дефанзивецот на Барселона може да се врати на теренот.
    "Зависи од него. Јас не би го сопрел. Времето ќе каже" - изјави Хуан Карлос Гарсија за TV3.
    "Доколку неговата состојба е добра, нема причина зошто тој не би се вратил на теренот".
    "Црниот дроб е орган кој се регенерира за три месеци. Абидал треба да се опоравува чекор по черко, но помеѓу три и шест месеци, најдоцна до една година по интервенцијата, пациентот треба да биде способен да има нормален живот".
    "Тој е многу позитивна личност со силен карактер. Никогаш не се пожалил за ништо".
    Барса има договор со Герет Бејл?
    Се очекува Барселона во летниот трансфер период да ја засили левата бековска позиција, и се говори дека на листата потенцијални засилувања се наоѓаат Хорди Алба од Валенсија, Герет Бејл од Тотенхем и Давид Алаба од Баерн Минхен.
    Последните извештаи што пристигнуваат од Шпанија говорат дека ’Каталонците’ имаат договор со Герет Бејл за преселба на фудбалерот на Камп Ноу.
    Емисијата ’Futboleros’ на MARCA TV пренесе дека Барса и Велшанецот постигнале согласност за пет годишен договор вреден 5 милиони евра по сезона.
    Барселона исто така се сложила да достави понуда до Тотенхем вредна 40 милиони евра, па сега останува само ’Спарси’ да дадат зелено светло за комплетирање на зделката.
    Од таборот на Тотенхем во неколку наврати истакнаа дека Бејл нема да замине од Вајт Харт Лејн, па Барса се надева дека Велшанецот ќе изврши притисок врз ’Спарси’ за ваквиот став да биде променет и управата на клубот да прифатат продажба на фудбалерот.
    Јаја Туре: Ја обожавам Барса, би сакал да се вратам еден ден!
    Репрезентативецот на БСК во 2010 го напушти Камп Ноу и се приклучи на револуцијата на Манчестер Сити.
    Јаја Туре за кратко време се етаблираше како клучните фудбалери во тимот на Роберто Манчини, и со неговите два погодоци против Њукасл изминатиов викенд, ’Граѓаните’ стигнаа до важна победа од 2-0 и направија голем исчекор кон титулата во Премиерлигата,
    28 годишниот фудбалер, кој три сезони го носеше дресот на Барселона, во интервју за RAC1 сега вели дека Барса и понатаму е во неговото срце, и додава дека во иднина би можел одново да го носи дресот на Каталонците.
    “Пред две години кажав дека би сакал да се вратам.” – рече Туре. “Барса беше најважниот тим за мене, и доколку добиете повик од нив, не треба воопшто да се двоумите. Ја обожавам Барселона.”
    “На прес конференцијата што ја дадов кога заминав, кажав дека посакувам да се вратам. Во животот, никогаш не знаете што носи иднината. Барса е тимот на мојот живот и би сакал да ја завршам мојата спортска кариера таму.”
    “Ќе биде одлично доколку можам да се вратам.”
    Туре исто така верува дека Барса ќе биде во добри раце кога Тито Виланова ќе го наследи Пеп Гвардиола на тренерското столче по крајот на оваа сезона.
    “Малку е чудно бидејќи Пеп беше клучен човек во успехот на Барса. Сепак тој реши да замине.”
    “Го познавам Тито многу добро и мислам дека тој ќе ја примени филозофијата на Пеп.”
    “Тито е многу добар човек, со слична фудбалска идеја. Мислам дека Тито исто така е добар тренер.”

    Тричковски се сели во Клуб Бриж!
    ричко кариерата ќе ја продолжи во Белгија откако АПОЕЛ и Клуб Бриж се договориле за трансфер на нашиот интернационалец вреден повеќе од милион евра.
    Според кипарските весници, Тричковски ќе заработува околу 600 000 евра по сезона и ќе потпише три годишен договор со Клуб Бриж.
    Трансферот треба да се официјализира следната недела кога Тричковски ќе биде и официјално презентиран како ново засилување на Бриж.
    Договорот на Тричковски со АПОЕЛ истекуваше до 2013 година па кипарскиот тим мора да го продаде напаѓачот доколку сака да заработи кеш од неговото заминување.
    Новиот клуб на Иван Тричковски минатата сезона заврши на 2. место во првата белгијска лига па ќе игра квалификации за Лигата на Шампионите.
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дај боже да е вистина, чоеков е ЅВЕР!!! Али чисто сумњам дека би го дале...
     
  13. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    се е можно откако си замина Хари Реднап ;) така да и Модрич веројатно си оди
     
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    На официјалниот профил на Барса-на твитер прочитав дека Герет им дал зелено светло на своите агенти да почнат да преговараат со Барса, а загреани се ептен за него, уште од нова година се шпекулира јас мислам на крај краева треба да е ненормален :D за да не се договори да игра за Барса ^_^ !
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Пошто неможам да редактирам, еве ќе пишам во нов пост.
    Виц на годината, уште ова го немав чуено искрено да ви кажам се прекрстив :D
    Бомба: Инзаги во Вардар!

    Инзаги, легендата на Милан, после 12 години поминати во овој клуб реши да продолжи на друго место.
    [​IMG]
    Иако имаше понуди од неколку тимови во американската лига, Инзаги изјави дека сака својата кариера да ја продолжи во Европа и да настапува во Европските купови. Но, Инзаги повторно се врзува со црвено-црна боја. Имено, новиот шампион на Македонија, кој ќе се бори за влез во лигата на шампионите, Вардар изразил силна желба во своите редови да го доведе ветеранот. Како што се знае ѕвездата на Вардар, бразилецот Лико, го напушта македонскиот првак, па Вардар ќе има едно непополнето место во својот прв тим. Секако од голема важност ќе биде да се придобие напаѓач со извонредна реализација, што би помогнало Вардар да биде првиот македонски тим кој ќе заигра во лигата на шампионите.

    До сега од европските клубови заинтересиран е и тимот од Белград, Партизан. Дали Инзаги ќе се реши да прифати некоја од овие понуди останува да видиме, но доколку легендарниот Пипо прифати да игра за Вардар тоа би било најголемиот трансфер реализиран во македонскиот спорт.

    хахахахаха неможам појќе, :x , замислете вистина да прифатит, ама замислете хахахаххаха :rofl:

    Едит:
    Еве шо прочитав на еден друг сајт хахахах :
    После Стоичков во Силекс, сега Инзаги во Вардар па Дрогба во Ренова!!!
    ред десетина години ТВ Сител објави текст од некој бугарски весник, дека Христо Стоичков по Барселона сакал фудбалската кариера да ја заврши во тогашниот македонски шампион Силекс. Фаст форвард, пред неколку часа еден македонскиот спортски портал објави дека Вардар го бара Инзаги.
    Бидејќи Инзаги сакал и понатака да настапува во европските купови, а бразилецот Лико го напуштал Вардар, ќе се отворело слободно место во нападот кое што управата сакала да го пополни со напаѓач со извонредна реализација кој би помогнал во Лигата на Шампионите. Му честитаме на порталот за ексклузивната информација и се надеваме дека тие исто така први ќе го објават трансферот на Дрогба во Ренова.

    ХАХАХХАХАХАХАХА ГОТОВО :rofl: :D
     
  16. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Италијанците ова Еуро 2012 многу позитвно ме изненадија. Очекував некој аспана дефанизива, ама погрешив. Не е само Балотели, целиот тим ја промени својата игра освен нормално најдобриот голман на светот неговото височество Џанлуиџи БУФОН :)

    Јас сепак ќе навивам за Шпанија :D
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде да го ставам ова дали тука или во реал, има ли вистина во ова?
    http://kajgana.com/guangzhu-nudi-godish ... ra-za-kaka
    Кака ќе замине од Реал за Кина?
    Жално до каде стигна, а каде беше :(
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Леле да :( по се’ изгледа стварно ќе си замине. Па не е фер. Во Реал не знам зошто Мурињо не го пушташе да игра, не е фер на таков играч да не му даде шанса. Како и да, мислам дека таму кај ќе оди ќе му биде подобро за него.
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна во тоа :(
    Незнам дали прочита ама ако не иде во Кина ќе го вратат дома во Бразил, а сега несакам да ги омаловажувам бразилските тимови, ама на сите добри Бразилски фубалери кариерата им започнувам и им се гаси во Бразил.
    Не го знам Кинескиот тим, ама колку и јас лично да не го сакам Реал е класа тим со реноме.
    Штета, најштета е на свет да пробадне еден ваков талент.
     
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Плаче ми се секогаш кога читам дека ќе си оде од Реал, најозбилно. Не заслужува таков талент да пропадне, не заслужува. Подобро нека го вратат во Милан.