Газиииии Челзи се само 3 бода зад Манчестер , на 8 мора да победиме!!!!! Уффф баш ќе е интересно на ОТ и двата тима моментално имаат иста гол разлика, баш сакам два дена пред мојот роденден Челзи да победи.
ах вечер последното класико мој тип и реал да победи или да даде гол нема шанси а да не прими така да барса сигурно дава гол-два ако реал вечер тепа 3-0 онда симнувам капа за нив , ама без одбрана против барса на 5-0 мириса
И ете помина ..... Мора да признаам очекував поинтересен натпревар иако се беше решено . Поголем притисок од Барселона а и навивачите и се подразбира добра игра .... По навика веќе Барселона доминираше , иста игра исти потези на моменти чиниш реприза гледаш Помалку нервоза овојпат , нечиста игра на Реал т,е одредени играчи и малку глума за барса... Значи се на се МОРА да се испробаат Реал во боречки вештини а Барселона во театар Како и да е со среќа на Барселона и ќе навивам за нив се разбира кога веќе ми ги нема Челзи ....
Навивам за барселона, а една од подобрите другарки е огромен фан на реал мадрид. и кога играат често знам да ја поздравам со некоја порака зошто реал секогаш губи
мој тип Champion league Manchester - Barcelona = 2 Europe league Porto - Braga = 1-1 (kec u kec , Porto tepa u prvo i vtoro poluvreme)
Вечер Рома-Милан... 20:45 .. Гледајте,уживајте.. Јас сум за Милан...Мора да се освои скудетото!Одиме на победа
18тоооооооооооооооооооооооо скудетооооооооооо!!!!!! Честитки до сите росоњерки, честитки Спаркс и Викаче и сите останати. Ахаааааааа време е за славјееееееееее
Алеееееее Алееееееееее Ќути Росоњерке, крајно време беше. Последниве години титулата беше во погрешни раце... Сега конечно се врати во вистинските Плачам ако веруваш, можеше да го закитат моментов со победа, ама ајде простено им е. Некој што не гледа фудбал не може да сфати кое задоволство е да си го видиш клубот кога зема титула!!! Честитки до сите фанови, од в година не само скудето, туку и за титула во ЛШ да се радуваме! Ете така. АC МИЛАН фан until I die! П.С не знам за тебе ама мене Кака' ми фали... Ах бре зошто си замина, цар ќе беше ако останеше, онаму ништо не постигнува...
^ Ќут ќут Кака ми беше и ми е омилен фудбалер. Јас плачев кога си отиде како мало дете, ама плачење со солзи ко крај на светот да доаѓа! Туку драга чекај ме доаѓам и идеме за Милано. Погледни го клипов снимен е пред 10тина минути http://www.youtube.com/watch?v=XhLTcas5 ... dded#at=45
Честито 18та титула за Милан нека се множат уште многу утре да видиме дали и Манчестер ке фати титула
Ајде те чекам Не си свесна колку ми се прави ќефот да гледаме некогаш утакмица заедно, по можност против Интер за онака сочно да ги исплукаме Па уште ако тепаат Милан мх мх мх... Ќе се изнавиваме и прерадуваме! А за Кака стварно не знам зошто си замина. Заради пари не беше - Ќе заминеше Сити. Да не му беше убаво не верувам, како Бог беше гледан во Милан и од соиграчи и од навивачи... Нема врска, нека му е криво сега што не се радува заедно со нив... Не сум била единствено девојче што се притресува за фудбал и следи како машко добро е
Замина поради тоа што Милан беше во економска криза и Реал нудеа големи пари а помегу Сити и Реал секој би одбрал Реал бидејки имаат историја и др. а Сити се тим со пари само и ништо друго - тоа барем слушав од спорт вести
Ај честито титула тоа е тоа најдобри беа ... Туку до утре нема да дишааааам Најслатка титула би била .... Да се биде или не прашање е сега !!! Сликава е ВРВ !!!
^^Сликава Ама баш е реална Тери е познат швалерчина, посебно со жените на колегите Инаку мој Кикица вечерва распали 4 комада и бапна на Севиња
Нишо од Челзи годинава а ај следната ке биди нешто .... Честито титула Манчестер , Борусија , Милан и Барса
Леле кога ја видов прв пат сликава се пресмеав Тери швалериште ни едно, добар закана за Торес Туку да кажам за натпреварот колку сум само разочарана од играта на играчите на Челзи, толку да се немало мотивација посебно во првите 15 минути. Анчелоти да не го бивало замени асолни да направи, па јас да бев на негово место ќе направев подобри замени. Не ми е јасно со кој акал ги смени Микел и Луиз, јас побрзо би го сменила Бане кој само што не доби црвен, не дека лошо играше ама ај.... а според мене Микел требаше да седи а Есиен да го снеми ама тоа е сега... Манчестер заслужено победи во овој меч и исто така заслужено ќе ја освои премиер лига, нема тука што да се коментира повеќе. Ајде следната година пак ќе ја вратиме титулата на Стемфор !
Што да кажам за денеска .... Бевме толку близу а толку далеку .... Бесна сум . Не ме фрустрира фактот што ја зезнаа најбитната утакмица туку фактот што гледав еден изгубен Челзи тим кој делуваше неорганизирано , изгубено , немоќно .... Не можев да верувам што гледам Гејчестер како да беа 22 на терен секаде ги имаше .... Целосна доминација на Гејчестер и заслужена победа со тешко срце признавам . Не знам што бараа некои дрва на терен значи стварно Анчелоти маст гоу не уништи !!! Чиста добра треба во челзи засилување на среден ред, напаѓач свежа крв , вака не оди повеќе .... Разочарана сум ептееен не очекував дека за нецела минута ќе не понижат и земат под нозе ... Како и да е им честитам овој пат заслужена победа .... А лицето на Старецот кој кај и да е ќе умре на клупа не можам да го заборавам таа радост скокање ,,, уфф ќе го сонувам како кошмар вечерва
Среќна и разочарана! Синоќа скокав како мало дете, Милан го зема скудетото, пресреќна сум, догодина и титула во ЛШ . И мене ми фали Кака, и се надевам дека еден ден ќе се врати... Честитки до сите навивачки на Милан Но мојата среќа ќе беше уште поголема ако денес и Челзи ги тепаше Манчестар, но ништо, наредната година, се надевам . Се разочарав од Челзи денес, леле колку се нервирав ...уффф. Но тоа е! Сепак Милан ми се шампиони, оу јеаааааааааааа