Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Според мене не ни требаше од Милан да си оди. Ако си пратела Серија A тогаш знаеш дека кој и што беше Kака за Милан. Ама во Реал се изгуби зашто незнам, пропадна.
    Штета и за Реал, мислам дека ќе осетат разлика после него
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Tочно е дека повеќето Бразилци откако ќе блеснат во некој европски тим, потоа спласнува целата фама околу нив, се враќаат назад во Бразил а не дека нешто посебно е гледан фудбалот во нивната лига таму, и таму си ги завршуваат кариерите.
    Pоналдињо, Pоналдо, Aдриано се само мал примери за тоа.
    Cтварно штета, жално е за таков талент да отиде дури и во Kина, Kина бре човече. :^)
    Kака во Kина . . . точно е дека имаше повреди поголемиот дел од сезоната, ама ако се сеќавате на крајот се врати, постигна и некој гол за Pеал, имаше добри игри. Cтварно штета ако веќе се опоправил, Mурињо да не го става во стартен состав. Tаков талент да се изгуби во лигата со косоооки жолти момчиња, да игра на гостински терен во Hагасаки, Xирошима, тимов бе Гуангжу . . . Aбре пари имаат тие ненормални, гледам кога ќе дојдат некои попознати играчи на турнеја таму паѓаат во несвест по нив. Aко е само за пари - голема штета. Hо веројатно е и истфрустиран што нема место во прва постава. Eптен жално. :worried:
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Да, во Милан го постигна врвот. Јас и од таму го знам како страшно талентирано играчиште. Овде во Реал го снема, јас не знам зошто воопшто дојде овде кога не му се даде шанса. Требаше во Милан да остане, а јас мислам дека тој сака пак да се врате таму.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ај Лусио што го шитна Интер, го шитна за Јувентус, ама овој Морати простете ми ама не е нормален. Е ете ви го тајкунот со кој се лупаа интеристите во гради, го продава Цезар на Милан, а овој разочараниов е спремен да дојде, го купил некојси Самир Хандановиќ за голман, мислам...што да кажам повеќе?! Ако, ќе го пречекаме со широки раце, не знам како би се снашол, особено не со Ибра, ама ќе се навикне. Битно Пацо ви остана, тој што го бркаа сите остана, тие што ги сакаат сите си одат. Кај и да е Морати ќе го шитне и Милито, па Снајдер, и толку ќе сте.

    Значи од септември Интер ќе се бори за опстанок пак, а? Пропаѓа...

    Од септември Јувентус и Милан ќе се борат за титула, пак иста песна ќе биде значи, пак тие 2 екипи. Ако.
     
  5. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ако си гледала Сериа А, ќе си приметела дека Ханданович е моментално најдобар голман во Италија. Јас го имам заприметено во Удинезе, човекот имаше неверојатни одбрани. Висок е, има огромни раце како Ван Дер Сар слично и кога ќе се испружи изгледа како да го покрива цел гол.

    Ич не е некојси, јас сум многу лута на Милан што повеќе не запнаа по него. Гледај Италијанска лига, а не само резултати на Livescore и ќе сфатиш што ти зборувам.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Мене не ми се верува дека Цезар ќе се пресели во Ац Милан, што знам .. шпекулации и само шпекулации. Само се молам Берлускони и Галијани да се свестат малку и да фрлат троа паричка на квалитетни и млади играчи , оти не бива вака.
    И да мило ми е за Монтоливо, мислам дека ќе се снајде во Милан :)
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Удинезе не сум ги гледала, сум слушала дека тој ги однел во ЛШ ама не ме интересираат како тим, досадни ми се заедно со Лацио, а овој не верувам дека е подобар од Цезар ама ај да видиме (+ Цезар играше од срце за Интер, за ова да го добие?) и не следам резултати така, туку гледам кога имам време на Телма и кога играат Милан, Интер, Јувентус, Рома и Наполи многу сакам да ги гледам, другите баш и не ми се интересни за гледање кога играат меѓусебе, само кога играат со некој од овие горенаведениве.
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мислам дека ако замине во овој клуб толку од неговата кариера. Јас очекував во ПСЖ, Сити или така нешто ама таму? :^) Дефинитивно не заслужува, мислам дека дечкото има сеуште што да покаже.

    Во Реал не се снајде, тоа е факт. Ете од таа причина ме нервира понекогаш политиката што ја води Перез, џабе лупна толку пари на Кака кога само пропадна во Реал. Дал со повреди, дал со неиграње. За таа сезона Роналдо и Алонсо беа доволно засилување, немаше потреба да се доведува и Кака. Искрено не сум го многу пратела во Милан ама од тоа што го гледав тоа беше најдобрата средина за него. Јас го ценам како играч, пружаше неколку добри партии во Реал не одрекувам. Ама севкупно ништо не покажа, се изгуби потполно.

    Од таа причина мислам дека за да не му пропадне повеќе кариерата и да седи вечно на клупа е подобро да замине. Ама во некој европски клуб бре, па и во Милан нека се врати на крај ама Кина или Бразил? |( Не е до толку пропаднат во форма па да се придружува на Роналдињо и компанија
     
  10. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Баш штета за Кака, ама пак можеби таму ќе прикаже подобра игра. Дефинитивно најдобрата игра во неговата кариера ја покажа во Милан.
     
  11. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    И значи го отпуштиле голманот на Интер, као божем он му беше крив за катастрофалната сезона |(
     
  12. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Јас пак мислам дека сето ова се само шпекулации во врска со Кака, како и лани тој ќе остане во Реал Мадрид.
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мурињо амнестиран за нападот над Виланова!

    [​IMG]

    Фудбалската федерација на Шпанија ја укина суспензијата на Жозе Мурињо поради нападот на Тито Виланова, а таквата одлука многу ги вознемири чениците на Барселона кои јавно побараа санкција за Португалецот.

    Португалецот Жозе Мурињо ќе седи на клупата на Реал Мадрид на натпреварите од Суперкупот на Шпанија кои ќе се одиграат во август. Иако првично беше казнет со два меча суспензија во ова натпреварување, бидејќи минатата година го нападна Тито Виланова, тогашен помошник, а сега прв тренер на Барселона, сепак Фудбалскиот сојуз ја укина оваа одлука.

    Раководството на Барселона е многу незадоволно од ваквиот развој на настаните и ваквата одлука на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

    ,,Сметаме дека било каква агресивност кон тренерот заслужува казна. Ова е лош пример за шпанскиот фудбал, ваков случај не смее да помине без казна. Оваа одлука не говори дека Мурињо е невин, туку дека можете да поминете без казна доколку физички нападнете некого“, соопшти портпаролот на Барселона.


    А пак овие од Барселона колку ми се смешни, трагикомедии :D. Човек да не ги знае ќе помисли дека само они се залагат за некаков си чист фудбал, дека не се они во никој случај лош пример.
    Ама битно Мурињо ќе биде на клупата на тие утакмици па колку сака нека се бунат :D. Слушам и со втор тим планирале да играат во знак на протест. Боже :tmi:, со која рака да се крстам.
     
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Хахаха Блек не е точно тоа за втората постава... иначе и Тито Виланова беше казнет со една утакмица не само Мурињо-со две утакмици.. Решиле да ги ослободат од „казните“ бидејки сепак се работи за борба за трофеј... А иначе сите знаевме дека ќе го ослободат повеќе од јасно беше, од една страна фер е двете екипи да стартоваат целосно и да се рамноправни, од друга страна јас да бев ко Виланова ќе му ги ископав очите :devil: :rofl:
     
  15. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Ма Мурињо и човек да убие ќе му простат.Ај нема врска.

    Ранг листата на УЕФА за европските тимови во 5те изминати сезони.
    [​IMG]
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Росонерчиња,како сте? :D
    Дојдов да ви тупам и да ве напнувам за тоа што Берлускони ви ги шитка Ибра и Да Силва!
    Кажете и чао и на наредната сезона,а у вези неговото барање за Матри,ќе кажам уште од старт,НЕ!
    Крстете се вие пак во вашиот пропали италијански шутрак од тајкун,во Ибра и во неговата тајфа за сечење бурек и трошење гел за коса,ќе пропаднете :D
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.475
    Допаѓања:
    251.060
    Официјално Силва не е играч на Милан :x .
    За Ибра сеуште нема официјален став.
    Не знам што да коментирам, се плашам дека ова е лош потег.
    Му требаше освежување на тимот, ама да се продадат Ибра и Силва, мислам дека е премногу ризично.
    И Кака го жртвуваа за пари, па сеа сакаат да го вратат.

    Towelie, а да почекаме да почне сезоната може?
    Инаку тука сме, вие каде сте?
    Како пензионерските денови, арни? :lol:
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Навистина не е на арно работата со Милан. Мислам дека без Силва и Ибра (иако не го сакам) ќе ви биде тешко претстојната сезона. Освен ако не купите нешто под итно, не ја бива така работата. Многу фудбалери и се пензионираа, другите ќе ги продаваат. Не знам, не сум толку запозната ама не знам зошто клубот си дозволува т.е. Берлускони да запаѓа во толку долгови па на крај да мора да жртвува играчи. Не иде така, лоша политика на клубот дефинитивно. А Ибрахимович мислам дека ќе отиде во ПСЖ.
    Уф, фала ти боже мене срцето ќе ме стрефеше кога имаше шпекулации дека Мурињо го сакал во Реал |( .

    Инаку Реал запнал по Модрич, та Модрич. Океј е да дојде, од тоа што го имам гледано од него е ептен добар играч ама мислам дека нема да е страшно и да не се исполни трансферот. Мислам дека ние во одбрана сме далеку позагрозени отколку во тој среден ред каде што има многу добри играчи а многу од нив седат на клупа. Случај со Сахин, затоа и ќе си оди мислам. Ама ајде да видеме баш ако дојде како ќе се покаже Модрич. Нем и него да го зема Мурињо за да чува клупата.
     
  19. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Ако целиш на Пирло и Буфон,ко што гледам пензионерските денови им се одлични,а виде и самата на европсково,другите се сите прилично млади и полни со елан :D
    Да,и ја мислам дека треба освежување за Милан,така да цел тим од мене има по една чаша вода со мраз на моја сметка :)
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.475
    Допаѓања:
    251.060
    Ќе има освежување, ама со играчи.
    Чаша вода со 3 коцки мраз, може, ама на Јуве :D .
    Што купивте вие, дај пофали се? :)
    Туку да почекаме, има време сеуште, па потоа ќе коментираме ;) .