http://www.youtube.com/watch?v=ZOyQncSDGL0&feature=youtu.be Aсистенција на Алексис и гол на Рафинха .... Се надевам дека ќе видам и некој добар гол на Алексис и во овој натпреевар! Eдит: Голлл(пенал) Месси 55`мин ! Едит2: Ибрахимович(пенал) Псг 1:2 Бар..
И на СпортКлуб ќе дават Примера покрај Премиер лига . Само да не им текне на овие од кабловската да ми ја исклучат оти тешко нив. Инаку пријателските на Реал не сум ги гледала, само пратам резултати и хајлајтс на интернет, сепак мислам дека не мора да значи било што резултат на пријателски натпревар. Реал одигра 5-1 со Ла Галакси. http://www.youtube.com/watch?v=ABG0_VGI ... r_embedded Инаку оваа сезона очекувам многу од Мората, имаме одлични младинци и и требало да им се дава шанса на повеќе понатаму. А ми дојде преку глава веќе од муабетот Лука Модриќ па затоа и не читам многу новости и шпекулации околу тоа, ептен досадно стана .
Во регуларните 90 беше нерешено па затоа ,Барса победи на пенали ! Тука беше и Абидал кој го изведе церемониалниот kick-off ... Пеналите ги шутираа: Месси, Цеск, Пиќе и Чави... и ги реализираа нормално А за Псг единствениот реализиран пенал беше на Арманд. Pinto like a boss !!! Бранеше ко подивен http://www.youtube.com/watch?v=uEBxyETu8ZI&feature=youtu.be Чави и Абидал со „Тофејот од Париз“: Наредната пријателска утакмица е против Манчестер Јунајтед , среда во 20ч во Готенбург Шведска.
Денеска т.е сега за 2-3 саати ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу Real Madridantos Laguna и одвај чекам да почне имаме многу добра екипа а и тука се младинците и верувам во нив, за Лука Мориќ значи ич нејќам да дојде зашто ако остане Кака ќе нема место за Мориќ и ако дојде аа Кака е се посигурно дека ќе остане незнам кај планира Мурињо да го стави или само ќе седи на клупа -.-...мислам дека треба да зимаме повеќе деца од младинскиот тим зашто стварно се талентирани и денеска ми се стемни кога видов дека сме го продале Хоселу мислам ало со кој памет од него по талентиран и по мотивиран за игра играч нема значи претходната сезона на пријателските натпревари растураше многу ми е криво што си отиде толкав талент.Иначе многу сум задоволна од Ди Мариа ии мислам дека се врати оној правиот зашто претходната сезона при крајот имаше многу повреди и месец дена не играше ии не беше баш во форма и сега е спремен ии ни треба баш он највеќе од Озил оваа сезона многу се очекува зашто претходната и не беше баш нешто и Роналдо да растури како и претходната ии другите да се покажат најдобро што можат како и секогаш...и мислам дека Реал Мадрид е спремен за следната сезона и за Ел Класиката ии одиме по Лига на Шампиони се разбира и другите ама и самите играчи кажаа дека за тоа ќе бидеме онака најсконцентрирани,после овој натпревар не чека еден со Милан што одваааааај чекам да дојде,зашто татко ми навива за Милан и се фали вака онака па да ги видиме.
Ноќеска во 02:00 играат Милан:Реал Мадрид во Њу Јорк. Знаете дали ќе има прненос на некоја телевизија или пак линк каде што ќе може онлајн да се гледа?
По се изгледа пренос нема да има на телевизија. Ако сум во можност ќе гледам на интернет, сепак Реал и Милан, мислам дека интересно ќе е. Инаку од пријателските на Реал за оние кои не се запознаени Бенфика не наполни, со Галакси како што кажав 5-1, со Сантош Лагуна 2-1 и еден прекрасен гол на Чаби Алонсо. Во врска со трансфери ама баш ништо не е сигурно. Изгледа до последен момент ништо нема да се знае. Друго нешто од фудбалскиот свет е дека во недела играт Челзи и Сити во Комјунити Шилд, Примера и Премиер мислам дека би требало да почнат на 18.
Уште една победа на Барса, ајде ајде, сега почна Пике на сите пенал шутеви да го редат ... Браво за него и за Чави, браво за целиот тим за ваков старт на пред сезоната. Годинава очекувам многу, да се повтори сезоната од пред неколку години кога освоивме се што беше можно! Месси пак истегнал мускул, абе аман во 4 пријателски 2 пат , недај господ да му се деси нешто сезонава
Леле Барса ли победила? Уф се надевав бар еднаш Ман.Утд да победи..аАли тоа ти е...Инаку навивам за Реал МАдрид, па ме интересира ќе има ли пренос од натпреварот против Милан, и на која програма?
Па незнам дали ќе има пренос затоа јас ќе гледам на интернет има по страниве на фејсбук што се за Реал линкови.
Па и не блеснавме денес против Јунајтед.. Валдес и Пинто,лајк а бос! Добар беше Алба,како за почеток. Баш дојдов да пишам за вотството на Реал,кога росонериве ми го направија меракот со преееееееееееекрасен гол! Утакмица која ветува,барем според првите 35 минути. http://www.sportlemon.tv/v-4/2/144/v-434499.html Еве ви линкче,јас овде гледам.Супер е квалитетот на сликата,нит кочи,нит сецка..
Според мене јас што гледам Реал се многу подоминантни од Милан во играта,Милан не ни имаат многу шанси за да шутнат добро една и гол беше мислам дека Начо не внимаваше на Робињо таму аа на Ди Мариа голот ме остави без зборови стварноо прекрасен беше,Роналдо ги изнадрибла Бонера и Абате незнаат кај се,Ласана Диара многу убаво игра и многу сакам да влезе Кака зашто е пред трансгер во Милан паа...
Реал што направи бе, што е многу многу е. Со ваква брза и сигурна игра растураме се живо сезонава . Роналдо и ДИ Мариа кои голови човече , не се нормални. Особено ми се допадна она Игуаин, па Кака па Роналдо за завршница. Рамос е тука да забие голче од корнер во секој миг, Каљехон, ах црешка на шлагот. Во почетокот Начо доста слабо во одбрана, голот на Милан беше малку по негова вина. Сакав да се израдувам и на гол на Мората но во наредна прилика . Знаев дека Милан се слаби во моментов ама до толку. Топка не допреа цел натпревар, си играа Реал со нив како со мали деца. Добро, се исплатеше да си скратам малку од сонот.
Кака со 3 асистенции ама како им ги намести топките ама сега видов дека Кака е се поблиску до Милан ама мислам дека тоа е подобро за него зашто немa да заигра покрај Ди Мариа и Озил и Мурињо тоа му го кажа така да подобро е за него да оди во Милан да го извлече од дното или он самиот ќе потоне во Реал,иначе во второво полувреме па и Милан немаа шанси многу ама играа подобро за разлика од првото,Ласана беше цело време ваму таму,Роналдо се покажа зашто е најдобар,Бензема па и многу не го забележав,Игуаин беше супер...и беше многу добра утакмица им одржавме лекција ги наполнивме со голови...и сега само уште еден пријатлски натпревар со Celtik во сабота во 19:30 ии толку од пријателските летово почнува Ла Лига и имаме Ел Класико и така.....
Реал покажа дека моментално е далеку подобар тим од Милан. Искрено, не очекував дека ќе доживеат таков пораз (5:1). Ако Милан сакаат да постигнат позначаен успех треба многу да се потрудат и да го дадат својот максимум како во Серија А така и во ЛШ. Спојлер Леле бе ама го мразам оној Роналдо, чудо некое. Против Реал немам ништо, за нив сум во Примера ама Милан си е Милан.
Пола ви биле од младинскиот?! *незнаев дека :Ди Марија, Каљехон, Игуаин,Кака,Гранеро,Диара,Бензема и Коентрао се младинци! Имам пред 2 страни пишано се за утакмицата и измени и картони и голови и се, ви се молам,не глумете лудило пријателска беше,ама не ви беа пола младинци!!!