Абе ајде па А ја почнав да се радувам дека ќе почне нова сезона и сеа само се изнервирав Барем на Алсат да даваат ( порано кога на Алфа даваа реклами вртев на Алсат секогаш ги пренесуваа утакмиците )
Значи толку мрзам да гледам утакмици преку стримови, тоа нешто невидено. Се погоди сезонава 1-2 утакмици на Реал да ги гледам така и да му се одмили на човек, па не е во тоа магијата побогу. Ко што изгледа, Телма си останува најдоследна во следењето на Калчото, според мене најдосадното првенство од овие елитниве, али од традиција не се бега. А инаку која е причината поради која Алфа веќе нема да ја емитува Ла лига? А Сител и Канал5 го заземаат првото место на најсељачки телевизии, им фали уште Ѕвезде Гранда да ги емитуваат, едните беа синоним за шпанско едно време ама сега се тепаат која турска серија попрво да ја купат, а другата пак емитуваше мак. првенство за без пари пошто веројатно гледачите така барале, нели све за нив.
Гледачите барале? јас незнам дали некој друг освен Комитите кога го бодрат Вардар, дали некој друг воопшто гледа, и тоа тие што одат на терен,пред телевизор ретко кој седи, жими се жива брука се телевизииве, само за на телевизија пренос да вршат, да се види какви терени имаме, и шо катастрофа екипи,до душа не се сите катастрофа... ама шта чеш, на вести видов дека сме скокнале за една позиција погоре со репрезентацијата сега не сме 103 сеа сме 102 ваооо која вест еј, да се скапаш од радвење. Исто прочитав дека лига BBVA била најскапа од сите, можда неможат да ја купат, т.е и друго видување видов, на канал 5 кажаа дека никој несакал да ја купи. А денес играме со Литванија, знае некој во колку сатот е натпреварот, и дали ќе има пренос на МТВ? Ајде напред Македонија Едит: Еве репрезентативни натпревари на играчи од Барса,им посакувам среќа и да се покажат во најдобро светло: Шведска-Бразил =20:00 Белгија-Холандија =20:45 Германија-Аргентина =20:45 Пуерто Рико-Шпанија =22:30 Чиле-Еквадор =02:00
Место да се фрлам во каучот,да си направам пуканки и да си глеам Ла Лига,јас ќе си ги отекувам очите цела сезона по стримови
Браво репрезентативци, можам да кажам дека фудбалот не беше нешо вао да припаѓаш и имаше многу грешки кои не треба да се занемарат иако победивме, ама се разбуди пак патриотот во мене, браво Пандев,прекрасен гол,мајсторска акција... Иначе на крај тој дечкото шо дриблаше за публика нешто ова она, незнам шо го искритикуваја, ем ќе си ги покаже квалитетите, ем ќе се види дека не ни беа баш јаки противниците, незнам овие коментаторите шо го тупеја толку, убаво го издрибла ! Сакаме само победи, се надевам дека ќе се пласираме на светско, е тогаш не ќе знам кај да се качам за да викам од среќа, дали на Калено или Галичица горе ! Иако е тешко,секогаш се надевам на пласман, за сите репрезентации, мислам дека и сите Македонци,иако ги критикуваме,сакаме да се пласираат на голем настан,го заслужуваме тоа, по катастрофалните настапи. Мислам дека овие месеци се роди нова ера за Мк. фудбал
Еј! Премиер Лига и Примера започнаа денеска, жива душа нема на темата . Ајмо фанови где сте . Робин Ван Перси во Манчестер. Која глупост од страна на Арсенал, да си го продадат најдобриот играч на еден од ривалите. Останува да видиме дали ќе се снајде во Јунајтед или ќе остане само уште еден сензационален трансфер кој не ги исполнил очекувањата. Навивачите го палат дресoт на Перси Заминувањето на Ван Перси тешко го поднесоа навивачите на Арсенал поради неговото заминување во големиот ривал. Фановите на лондонскиот клуб публикуваа неколку видеа на Јутјуб како го палат дресот на својот поранешен миленик. Се надевам дека ќе ги скршиш нозете, Робин. Се надевам дека Вејн Руни ќе ти падне врз нозете и ќе ти ги скрши" - напишал еден лут навивач на Арсенал. Во Лондон веќе кружи комбе со натпис "ослободете се од Ван Перси" во кое сите незадоволни навивачи можат да ги фрлат дресовите, фотографиите и другите реквизити со ликот на Холанѓанецот
^За Робин ми се наполни срцево, друго не знам што да кажам Манчестер ќе гази сезонава. За Свонси уште помалце, отсекогаш знаев дека Квинс Парк е скапан тим, ама дотолку... а не е скапан да им ја одземе титулата на Манчестер во последен миг, жива местенка во последни минути прошла сезона. Ливерпул секогаш вака, некако најнепредвидливи ми се. Стварно не може од нив никогаш ништо да се очекува. Арсенал ќе ја осетат загубата на Робин болно, ама така му е на јакиот економист Венгер, пари та пари. Ете му ги парите де, аман. Тоа пријателската Реал-Милан што беше 5-1 ноу комент само тоа ќе речам и ништо више зип.
Who needs Batman?We Have Robin Робинчето од секад ми бил еден од омилените играчи и не верувам зошто не би се снашол во партнерството со Руни.Му одговара формација 4-4-2. Очекувам тој како и Кагава да распали...Јунајтед ги зема двата најдобри играчи од различни лиги за минатата сезона... Очекувам да си газат годинава и да си кренат тројна титула. И потполно го разбирам Перси-сака да освојува титули.а со Арсенал не можеше зошто тие имаат друга филозофија.Епа брат со деца не се освојува титула. И не знам зошто го палат дресот?фактички фановите палат и амблемот на тимот а не само името Не паметам кога замина Роналдо од Јунајтед кој е денес тоа што е благодарение на Јунајтед да го палат дресот. Ливерпул стандард си тони...Арсенал кикс...Шити утна пенал па ајде им признаа гол од офсајд Утре е моментот кога Јунајтед ке покаже што знае.
Спојлер 'Добар' почеток на Мадрид. Искрено,не ја гледав уткамицата,туку само пратев резултат на http://www.rezultati.com/..радости Фала Валенсија. Се надевам нема да биде,''кој се смее ќе му се навее''. Visca. Баш ми е жал што нема да можам да го гледам дербито Милан-Јуве Се надевам 3 бода за росонерите,или евентуално да ги поделат бодовите.Пуста моја надеж...и оптимизам. Едит-шта то би Барса ? Пујол,човече цар си!Цар!
Еве стримови за Барса-Реал Сосиедад ajде момци да ја започнеме сезонава со победа http://t.co/0LRcn1Bw http://t.co/wE1cnobe http://t.co/RNW8sksL http://t.co/1cW1pZk6 http://t.co/N8pbwsvs Едит: Само што го пишав постот гледам вика коментаторов гооолл и не го видов еве сега на снимката, ух мајко моја, ѕверр!!!! Едит: Мессииииии ! Обобо само шо почна натпреваров, невероватно интересен е!!! Едит: Пак Мессииии ,аман бе 15 минута е, натпреваров е бомбаааа
Утакмицава беше ептен од типот 1000 шанси,ниедна остварена.. А и голманот на Валенсија ужас тип,ко магнет беше за топката Не им беше денот на нашиве,посебно Кристијано го приметив... Ајде,ќе се средат,имам верба во нив и после ќе газиме Hala Madrid!
Е ако де, почеток на сезона е. Има уште многу за играње . А инаку не беше добар старт, тоа да. Ај упм што се за никаде овие стримовите, па и за нив да кинам живци . Не сум воопшто задоволна првенствено од играта, па после секако и од резултатот. Некако не тргнаа многу офазивно, прерано ја умртвија играта. Кога видов дека немаат идеа што и како, знаев дека до крај нема да дадеме гол. Па и оние повредите, уште тоа требаше. Се надевам дека не е нешто сериозно со Пепе. Неубав почеток, се надевам дека нема да биде исто издание и со Барселона. El Madrid nunca se rinde
Па не игравме многу добро ...Ама не треба да им се лутиме на нашите мадридисти сепак ова е само прва утакмица чекајте машината да се загрее!лелелел голот на Игуаин еејј хахаах 3 среќа и плус имавме многу шанси значи посебно Роналдо,Озил,Ди Мариа и Бензема многу ме изнервираа па речиси сами пред гол и пак неможеа! Многу многу убаво играше Игуаин ама ни беше ослабена одбраната!Играчите на Валенсија беа многу груби не дека не бевме и ние ама они претерано многу ме нервираа
Презадоволна!Извонреден почеток на сезоната.Сега само треба смирено до крајот на утакмицата,и после може мирно против Реал,полни со самодоверба. Малце Алвеш и Маскерано треба да ја подобрат играта... А Тељо, има многу напредувано.Одлична игра,2 асистенции...само позитивни критики. Тито е одличен стратег,не се сомневам во него. Фино фино...
Пепе ноќта ќе ја помине во болница.Не е нешто сериозно,барем така велат.Animo Pepe. Икер кажал дека не се сеќава на ударот... Да се надеваме дека за натпреварот со Барса ќе бидат добро !!
El Guaje , гоооооллллл Барса 5;1 Реал Сосиедад... подобар старт и да сакавме немаше да добиеме Дани,дај избричисе на ништо не личиш , ко некој арапин од Абу Даби ми е