Откако поминал една ноќ во болница, Пепе е пратен дома ама не е сигурно дали ќе може да игра против Барселона во четврток. Што би значело Албиол на негово место, којзнае што ќе испадне од тоа. Е што да кажам, поголем баксуз од вчерашната утакмица не можеше да се деси. Три-четири играчи добија повреди на главата, цела среќа што со Касиљас и Рамос не беше нешто озбилно. Animo Pepe . Те очекуваме наскоро да им скинеш сенката на каталонците. Сахин и официјално на позајмица во Арсенал. Нека му е со среќа, па да ни се врати затоа што е и те како потребен во екипата според мене. А Пеликуна за ван Перси така велиш оти си фан на Манчестер и е разбирливо. Ама со право го нарекуваат предавник фановите на Арсенал, затоа што директно отиде кај ривалот. А со Роналдо е дека дека поразлична ситуација, тој само смени клуб. Разбирливо дека сака да освојува трофеи, со Арсенал додуша тоа немаше да му оди од рака. Ама сепак не е се во парите и трофеите, понекогаш треба и лојалност спрема клубот и навивачите.
Mхм, убаво кажа Блек, затоа му ги палат дресовите,отиде кај ривалот, тоа не се случи кога Фабрегас дојде во Барса,супер го испратија и ќе го памтат по добро секогаш, а Ван Перси никогаш нема да е ист во очите на фановите на Арсенал.
Кога се работи за Арсенал јас мислам се е до Венгер и за мене тоа е така. Која му е таа политика не знам, важи за еден од најдобрите, а многу лошо менаџира според мене. Показалците треба да се упатени кон него. Ради него од тимот ништо и нема да биде и како Робин така и другите ќе почнат да си одат малку по малку. Барса не ја гледав, ама гледам добро почнала, бравос. А Милан 3-2... океј е, за нијанса. А и јакиот куп, што дека се вика Берлускони куп? Пази да не се припотресоа играчине, и тие што останаа знаат на што треба да целат. Мислам убоо ќе беше да го земевме, ама па и не е некоја загуба да се обраќа толкава пажња, коа и да го земевме навивачите на Јувентус ќе си го рачунаа како свој, пошто општо познато е дека се најлоши математичари, што е многу, многу е. Да, најтрофејни се во Серие А, ама во ЛШ кој е најтрофеен да чујам? Јувентус пак, така? Ве молам. И што е појако, Серие А што веќе не е ни тоа што беше или ЛШ каде се тимовите од цела Европа? Не знам баш дали оваа година рози ќе му цветаат на Милан, ама се надевам на Јунајтед да со оглед на играчиве што ги има, ѕверови. А богами и на Барса, добри трансфери напраи засега, плус и играчиве што си беа се кој од кој појак. Со исклучоци де, малце така.
Вечерва Барса игра пријателска утакмица против Сампдорија- Гампер Куп. Еве стримови за тие што сакаат да гледаат: http://t.co/ftXoXfhK http://t.co/5znIZ5dc http://t.co/YiqHLoLS http://t.co/HgLMfI0F http://t.co/kFjkZDTy Еве ја поставата на Барса: Пинто-Монтоја,Бартра,Фонтас,Планас-Еспиноса,Дос Сантос, Серџи Роберто-Долфеу,Афелај и Виља. Со среќа момци!
Барса игра со скоро сите младинци,ја имам напишано поставата погоре... Ама нема оправдување,катастрофа полувреме,цело време се во напад, и не се ориенитирани,им бега топката од нозе за глупости, Давид и Афелај неколку напади имаа добри завршија со статива, а Долфеу сега 2 пати се скапа од дриблање и недаде гол сам игра и оди до голманот со дриблинзи наместо да шутира на празен гол неможам,нервите ме фатија,како демек лига шампиони финале да гледам Голот го примија 30 секунда од натпреварот како од мајтап. Мора да се заозбилат 2 полувреме Едит: Сампдорија го освои Гампер трофејот... Глупости, Барса направија 8 измени и сите влегуваа кој од кој помлади... Тоа е,неискусни младници, ајде другата година ќе го освоиме ние,не дека е нешто битен трофеј И битно нашиот Серџи Роберто беше the man of the match
Тоа е тоа...Традиција ни е секоја година лошо да започниме а до самиот крај ке се бориме за титула. Ама се додека игра Велбек во првиот тим тоа е тешко.
Барса шампиони,Реал лампиони Сепак уште ништо не е готово,ама Виља има предобар старт. Инаку,добредојде Сонг.Љубим ти косата.
Вчера Челзи победи со 4:2 против Ридинг, одлични се досега, да не ги урочам. Претпоставувам дека само они играа вчера ради тоа што Челзи ќе игра утакмица надвор од првенството наскоро (ја мислам дека не играше со шампионот од Лига Европа годинава). Вечер ќе биде жустро со Барса. Очекувам резултат 1-2 не знам зошто. Се нервирам што се исповредија првата утакмица клучни играчи како Пепе и Касиљас, не знам стварно, тешко ќе биде богами.
Да, на Челзи му претстои да игра со Атлетико, мислам наредната недела. Затоа мечот со Ридинг беше вонреден. Инаку интересна Премиер лигава, конечно по долго време да ја пратам на тв. Искрено мислам и се надевам дека Челзи ќе биде шампион годинава. Знам дека е рано ама ептен добар почеток на сезоната. Си мислев дека Азар ќе биде само уште еден зборуван трансфер ама одлично се вклопи дечкото. И Оскар е добар, доста има квалитет во средниот ред и затоа мислам дека сезонава ќе блеснат. Манчестер имаше многу бледо издание против Евертон. А со Ливерпул и Арсенал мислам дека ќе биде иста приказна како и во минатите сезони.
Нема врска што сум фан на Јунајтед. Еве и Роналдо замина ама никој не ги палеше неговите дресови,мислам дека претходно тоа го спомнав.А е тоа што е денес благодарение на Фергусон. Исто така замина и Силвестре во Арсенал од Јунајтед ама никој не палеше негови дресови. Паметам на времето од кога Питер Шмајхел легендарниот голман направи трансфер од Јунајтед во Сити ама пак никој не го стори тоа.И уште многу други примери. Значи лојалноста на клубот...а дали пример ти да играш во некој клуб нема да бидеш гладна за трофеи и победи?Секако дека да... Не е Перси виновен пак ке кажам,управата е виновна...Моеа да го продадат на Јувентус нели?
кажав јас дека е глуп потег од Арсенал да си го продаде најдобриот играч на ривалот. Јас не го оправдувам палењето на дресови, со тоа го палиш нормално и дресот на тимот а не само на играчот. Туку ја разбирам лутината на навивачите на Арсенал. Можеше и да не прифати ван перси ако им бил лојален на навивачите ама очигледно не бил. И да си иде Руни од Манчестер во ривалот ти како навивач ќе го осудуваш тоа. Како и да е, не ме толку засега тоа затоа што не сум фан на Арсенал туку само ги разбирам нивните навивачи.
Викендов ќе биде претежно спортски овај фудбалски . Милан стартува против Сампдорија, Пато е повреден, преговорите со Кака пред завршница. Скептична сум некако. Челзи ја започна сезоната одлично, Ел Нињо се враќа во форма . Еден од ретките Шпанци што ги сакам . Манчестар Ј. играа со Евертон, па ако следите англиско ќе знаете дека се малце незгодни и воопшто не се слаби. Арсенал не се лоши, ама затоа Ливерпул ти се на одмор, едно 3 сезони, а може и повеќе
НЕ сум посебно некој навивач на ни еден тим освен на Милан, но пратам горе доле премиер лига, и знам што им значи Ван Перси на Арсенал и можам да кажам дека е клошариште тешко. Тие сироти беа и со него а вака бетер, зашто Ван Перррси (со р како на нашиoт премиер ) верувам дека уште потрудно ќе им оди. Анти спортски е да палиш дрес, и дебилно ми се тие наивачи, ама пак им го разбирам гневот и јас. Замислете сеа вие што се за Барса, Меси кифлиња да ви отиде за Реал (пример давам хипотетска ситуација) сите триста кила гомна ќе изедете, и сосема разбирливо. А баш имав некои симпатии кон Арсенал, малку барем, дека не беа испувани како некои други тимови од Англија. Тоа е тоа, бизнисот и парите им се очигледно премногу битни на некои играчи. Туку за Конте чувте ли, ептен пред време се израдува Јуве заради титулата. Го наместиле или не, незнам тоа, ама Јуве изгуби одличен тренер. Се надевам дека ќе искористи нешто Милан и да се израдуваме ко луѓе 2013 година.
Тоа е тоа луге,фудбалот стана бизнис...Управите некогаш знаат да направат лош потег,кои ке ги кошта.Денес Перси замина утре некој друг...А и не можеш да задржиш играч во некој клуб ако не сака да е таму.Замислете ако не беше продаден Перси или Рајко или Петко а самиот играч го сака тоа секогаш ке прави "неред",нема да сака да излегува на терен да игра или пак ке игра за инает слабо на теренот. Се случуваат такви работи.
Aко некој од вас прати НБА,и ја знае ситуацијата со ЛеБрон Џејмс,и неговото префрлање од Клиперс во Мајами и зошто доби толку негативни критики,ќе ја разбере и таа со Ван Перси. Не сум навивач на Арсенал,ама тоа што тој го направи е невкусно. Истото се случи сезонава и со Реј Ален и неговиот трансфер во Мајами. И неговиот дрес беше запален. Сето ова величење на Арсенал го фрли во вода со најлошиот можен потег. Тотално ги разбирам навивачите,затоа што навивачите се оние што највеќе се соживуваат со клубот,затоа што голем процент од играчите им е битна само играта и парите,а не клубот. Навивачите на Милан дури и направија некролог на клубот заради тоа што голем дел од тимот беше продаден. Инаку,Јувентус тргна со победа сезонава,против Парма со 2-0. Во првото полувреме играта беше прилично лоша,но во второто Асамоа ги размрда своите соиграчи,асистираше за првиот гол на кој стрелец беше Стефан Лихтштајнер,за потоа Андреа Норис Пирло да врати за грубиот фаул кој му беше направен во првото полувреме и да го запечати резултатот. FORZA JUVENTUS,FORZA RAGAZZI!!
Хетафе 2-1 Реал Мадид... Значи првото полувреме беше се ок почнавме многу добро имаше многу шанси аа па Озил како ја промаши леле леле и после Игуаин гоол во второто полувреме понавме добро но после примените 2 гола не се знаеше кој каде игра искрено Мурињо многуууууууууууу ме изнервира со измениве незнам кај мислеше кога ги замени Марсело-Калехон после на се тоа и Мората го стаи ии ние останавме во одбрана со 3 играчи после бевме се во напад имаше шанси и на крај ништо многу повеќе очекував од Бензема ама ништо сега Барселона имаат 5 бода предност некако не сме добри во почетоков на сезонава ама сеуште имам надеж дека се ќе се подобри и ќе биде како порано да даваме на една утакмица по 5 гола а не како сега одвај 2,треба да се разбудат некој играчи како Озил,Бензема,Кедира а и Роналдо не е како порано незнам што му е,Рамос во последните минути почна да ги мава сите пред него а знаеме дека претходната сезона тој го даде голот против Хетафе,Игуаин во првото полувреме супер после незнам што му стана,Бензема имаше одлична шанса и не ја искористи,Арбелоа се забораваше некогаш напред,Калехон НЕЗНАМ зашто го стави не се ни покажа а Мората едноставно неможеше да се снајде напред на целата гужва само Чаби се изнамачи натаму наваму трчаше!!