Епа и кај нас залади ама ќе се стоплело ќутиии фала богу што не е -13 како кај Барселона претходната сезона сигурно се смрзнале.
http://www.goal.com/en/results-standing ... -epl/table Овде пишува дека Челзи е ПРВ а Астон Вила ПОСЛЕДЕН ! Поздрав до Јипииии
Како слатко сум се насмејала кога видов дека Реал изгубил, шубо ми дојде на душава Ама вчера имаше толкави мештаљки,невидено... Би го издвоила Милан,кој јако ме заеба од старт, ми отиде фира ливчето ,друго се фатив, местачи невидени .... Не ја гледав утакмицата на Реал за да кажам дали ја местеле 2 во 1 или стварно се обрукале, ама едно знам тоа што изгубија и те како ни е во корист. Барса човече,ми се чинеше дека утакмицава им беше потешка од Класикото, жими се. Битно победија
Без брига,вие веќе неколку години по ред сте навикнати на -10 температури.Нас ни беше ладно лани,ама ќути сеа имаме доволно огрев.
Што сте сте раскрекале толку бре чоек не може да спие на раат Ај сега за лигите малку... Олабавете,почеток е,Челзи има еден натпревар повеке и затоа е на првата позиција...кога сите ке бидаат еднакви во број на натпревари ке се збори... А и со Реал...-5 па што?и таму е почеток... Евертон бе луге,евертон ме изненадува позитивно... Шити со Ливерпул само реми а толку се радував мислејки дека ке победат овие вторите... И да... Перси со својот прв гол за Јунајтед во негов стил... Руни ке отсуствува најверојатно до два месеца заради повредата која ја заработи последниов натпревар.
Бојан Кркич е нов играч на Милан, патем вчера имаше роденден 22 епа да му се множат ! Бидејќи Рома неможе да го отплати Бојан, тој пак се враќа во сопственост на Барса, и тие дадоа согласност годинава тој да игра за Милан, а до година се враќа пак назад кај нас јухууу, колку многу го сакав кога играше за нас, и сеуште го сакам,леле едвај чекам да се врати....
Најдобар фудбалер - Иниеста! Да хејтам или... ај ќе си ќутам. Ниеден од тројцата номинирани не ги сакам, само ми падна жал за Роналдо. По кој пат му го прават ова. Епа не е фер . Барем Меси не го зезна овој пат . Инаку Кралевите на лева нога се станати денес. Групата им е смрт. Сите се освојувачи на националните лиги, мислам дека само Ајах не е. Ама ако. Лани Реал уште малку и со наш Вардар ќе играше, само овие од Фарсата се сречковци невидени. Милан да не се жалат, не се лоши и тие. Ми олекна малце, целата бев на штрек.
Што е смешно со Роналдо ме интересира?Се знаеше дека ке ја освои некој со Европското првенство сезонава...Ами само ме интересира кога веке се смеете зошто не кажжете за синокешниот пораз од Реал? Трагични сте
Ињеста заслужено... Заслужуваше еден ваков личен трофеј да се вбројува во неговите достигнувања, другите фудбалери на негова воздраст се при крај со силите и кариерите а тој е во неговата најдобра форма и сега покажува најмногу, секоја чест Едит: се надевам дека и Чави ќе освои ваков личен трофеј пред да ја заврши кариерата, а Месси млад е за него има време да освои уште 5-6...
Не бев у тек со наградава, прогуглав и дознав дека е воедена минатата година, значи по вторпат се доделува, најверојатно затоа претходно не се креваше некоја фама околу неа. И ја освои Иниеста бе?!? Не викам дека е слаб играч, ама дека е заслужена за годинава, не би се согласила. По кој основ да ја добие Иниеста наградава сега, а не ја доби онаа година кога го постигна одлучувачкиот гол за Шпанија во финале и истата година освои Ла Лига и ЛШ? Или ова го рачунаат ко награда за минат труд, па сите кои нема да добиат златна топка ќе си земат ваква награда. Иниеста годинава не заслужи да ја зема наградата, зошто имаше само 9 голови и 9 асистенции во Ла лига, а на првенството немаше дадено ниеден гол. Ако е така Икер повеќе заслужи да ја земе наградава. Освои Ла Лига, освои ЕП со Шпанија, освои Суперкуп. Ама тоа е. Инаку за групиве, Реал во групата на смртта Ама ако, убаво кажа Кикица, Реал е шампион на Шпанија и е подготвен да се натпреарува со секого
Икрено не се ни замарам веќе за тие награди оти немаат ама баш никаква смисла, не го разбирам критериумот по кој се доделува . Така, претходно се даваше без врска на Меси а сега на Иниеста. Океј, освои европско со Шпанија ама минатата година му беше далеку поуспешна. Па од каде баш сега? Нема врска. За групата која ни се падна шта речи, групата на смртта . Ама нели се буневте дека на Реал му се паѓале чкљ екипи па ајде сега, ако сме први во група рамно на како да сме освоиле ЛШ . Па и Сити мораше да ни се падне. Колку не го поднесувам клубот не е нормално, ќе ми биде огромно задоволство ако ги победиме. Ајакс се редовни пациенти а за Дортмунд не знам. Тие по некое правило испаѓаат порано ама којзнае.... Се надевам на добри резултати .
Eдна слика, 1000 зборови !!!! Фацата на Роналдо, како налутен бик А моментот на сликата, како Месси го гледа Роналдо
Дечки отворив тема за ЛШ за да на сите да ни биде попрегледно еве тука ќе ги коментираме лигите ... Со среќа нека му е на Иниеста нема љутиш ни Меси ни Роналдо ... Таман нека нема крви до колена бар засега на темава . Еее Реал сега задоволни од вчера мува не ги лази за наградава Се , се ама сликава е море Меси кое провокаторче бе
Со ова пробаа да ја исправат неправдата од минатата година кога Иниеста потполно незаслужено беше ускратен за оваа награда, но ако зборуваме реално оваа година не ја заслужи. Не дека сум некој Роналдо фан, баш напротив но оваа година тој си ја заслужи титулата со самиот број на постигнати погодоци, а и плус тоа му ја донесе на Реал долгоочекуваната титула во Шпанската Примера .. И за крај УЕФА МАФИЈА!