Роналдо е незадоволен од платата која ја зима во Реал. И во право е. Има статус на еден од најдобрите играчи, а се наоѓа на 10-то место, на листата на најскапо платени фудбалери. Има зошто и да бара, знае колку вреди и колку добар играч е. Ето се наоѓа на врвот на листата, зад него е Ибра. Пред него е и Торес, а Меси е 9-ти со заработка од 10,5 милиони. Роналдо зима 10. Нема да ме изненади ако и Меси е незадоволен, но сепак од други причини, тој не би ја напуштил Барса. Но Роналдо може. Се шпекулира дека Челзи, ПСЖ, Сити, па и Јунајтед се спремни да понудат огромни суми за Кикица, па уште во јануари постои можност да го напушти Реал.
^ Не знам стварно кај си го прочитала ова.. Cristiano Ronaldo That I am feeling sad and have expressed this sadness has created a huge stir. I am accused of wanting more money, but one day it will be shown that this is not the case. At this point, I just want to guarantee to the Real Madrid fans that my motivation, dedication, commitment and desire to win all competitions will not be affected. I have too much respect for myself and for Real Madrid to ever give less to the club than all I am capable of. Abrazos to all madridistas!
Ако се буни за пари ама апсолутно не е во право. И никогаш тоа не би му го опростила, за пари да дава такви изјави. Ама не е тоа. Не верувајте на се што ќе прочитате . Баш ме занима од кои квази портали го прочитавте ова дека во јануари за некоја сума би си заминал од Реал. Еве што напишал лично тој. Cristiano Ronaldo 47 minutes ago That I am feeling sad and have expressed this sadness has created a huge stir. I am accused of wanting more money, but one day it will be shown that this is not the case. At this point, I just want to guarantee to the Real Madrid fans that my motivation, dedication, commitment and desire to win all competitions will not be affected. I have too much respect for myself and for Real Madrid to ever give less to the club than all I am capable of. Abrazos to all madridistas.
Како не е во право? Па погледни што прави тој за тимот одамна го носи тимот до нови успеси а да е на 10 место на најплатени играчи.Па што е повеке Ето од него или еден Торес кој едвај постига голови во Челзи? Според мене Торес е најпреценет играч и Ето а до пред некој ден некој што не се доволно информирал ке ми кажува Кристијано не заслужувал толку плата,абе ај.
Сите портали ја објавија веста. И што ви е чудно незнам. Демек Кикица и за без пари ќе игра во Реал? Сериозно? Од љубов, секако. Да му понудат дупла плата да кажеме во Сити, мислете дека ќе одбие? Како да не, трчејќи ќе си замине.
ооо па овде имало навивачки на Интер , милоо ми е ... ај од денес и јас ве дружам во дискусии за нашиот омилен тим ... а и општо за фудбалот ( упаѓам ко гром од ведро небо , али аее )
Ти од каде знае дали ќе трча или не? На некој им е битно да играат во најпрестижниот клуб а не во банка за пари . Едино ми е криво што поради таа изјава новинарите измислуваат се и сешто а нема врска. Тој лично си изјави дека не е поради тоа. Искрено, можеби заслужува поголема плата ама би било крајно глупо од него да крева таква врева поради поглема плата. Ама знам дека не е за тоа. Ау да заборавиви, Меси е светец. Тој не би ја напуштил Барса за пари а Роналдо да . Па Меси и без пари би играл, би бил бездомник ама сепак би играл за Барселона. Да, да.
Не сум за Реал за да го бранам Роналдо, ама стварно напнаа новинарине дека несреќен бил заради платата. Заедно со договорите од спонзори и реклами, сигурно и сега е фудбалер кој најмногу заработува.
Меси ќе игра за Барса затоа што Барса му помогна во лекувањето. Ете затоа. Не затоа што Барса е недостижна и сон на секој фудбалер . Исто како и Реал. Демек од Реал никој не сака да си оди. Најпрестижен, од кога? Што го направивте Реал бре. Од злато да не е . Роналдо е баш таков профил на фудбалер кој за ПАРИ ќе си замине од клуб. Со неговата арогантност, самобендисаност и самозаљубеност, не верувам дека попрво би се жртвувал себеси за клубот. Реков, знае колку вреди и си бара. Фала богу, кој не би. Во фудбалот денес се се врти околу парите, така да не ме убедувајте со приказните од љубов кон тимот. Љубов кон парите постои. И зошто не би му простиле? Па не оди во Барса. Тоа е предавство, а не во друга лига.
Од официјалниот фејсбук профил на Роналдо That I am feeling sad and have expressed this sadness has created a huge stir. I am accused of wanting more money, but one day it will be shown that this is not the case. At this point, I just want to guarantee to the Real Madrid fans that my motivation, dedication, commitment and desire to win all competitions will not be affected. I have too much respect for myself and for Real Madrid to ever give less to the club than all I am capable of. Abrazos to all madridistas Да неможе човек на раат да каже како се чувствува, веднаш милиони приказни ќе му измислат. И да, јас НЕ ВЕРУВАМ дека Роналдо би заминал од Реал за пари. Никад. Роналдо никад не би играл во некој третокласен тим ко Манчестер Сити за пари. Он може да игра во најтрофејните клубови во светот и сигурно дека нема да се продаде за некој милион повеќе на некој си Анжи или Сити или Турново.
Ве разбирам, сепак се работи за вашиот омилен тим, ама сепак јас останувам на моето. За повеќе пари ќе си оди. Ете немора во Сити, може во Челзи и Јунајтед. Луѓево за пари менуваат работни места. На фудбалерите тоа им е работата, да играат фудбал, па за поголема плата би смениле и тим. Ретки се оние кои играле за еден и единствен тим. Роналдо не е меѓу нив. Зарем не отиде во Реал од Ман. Ј. Ете можеби навистина не е тажен заради тоа, но секогаш постои опцијата да си замине заради пари. Јас прочитав и дека бил несреќен бидејќи било годишнина од смртта на татко му.
^^ Баш тоа ми беше муабетот. Како што го напушти Манчестер, може некогаш ќе го напушти и Реал, ама не верувам дека Роналдо би отишол во било кој клуб. Роналдо сака да освојува титули, затоа верувам дека попрво би играл во клуб ко Реал, Манчестер, Милан, Баерн и др. за помалку пари, отколку во Сити, Анжи и др.
^ Само козата Ибра го може тоа Се разбравме на крај . Јас единствено би му замерила ако отиде во ривалскиот клуб, во овој случај Барса. Или Ван Перси што отиде во Јунајтед од Арсенал.
Нормално е еден фудбалер да смени клуб во својата кариера ама зошто би си одел од Реал? Актуелен шампион на Шпанија, клуб во кој може да освојува титули. Не се парите само битни во спортот . Роналдо плива во пари, зошто би му требале повеќе? Ама апсолутно посмешно нешто не можеа да измислат новинарите. Мене едино ми е глупо што се избаци со таква изјава и сега поради тоа ќе се измислуваат секакви работи. Можеше конкретно да каже што е работа а вака испадна стварно збрка. Се надевам дека наскоро ќе се дознае причината а тоа дефинитивно не е поголема плата, даноци и триста чуда. Јас го сакам како играч, направи многу за клубот ама само се изнервирав од тоа " несреќен сум ". Не знам стварно што мислеше под тоа. И Боа пишала дека Реал ги има најнеблагодарните навивачи. Не би рекла, фановите го страшно многу подржуваат Роналдо (сега има и исклучоци ама тие воглавно плукаат по секој играч кога нема да се покаже доволно). Како не би го сакале кога постигнува едни од најважните погодоци. Ама ако тој си изјави јасно и гласно, не сакам да бидм овде, не сум среќен, сакам да си одам... останува да го пуштиме. Штом една легенда Раул, го преболевме неговото заминување. Тоа е.
Роналдо ако си иде ама нема , ова се моменти на депресија ...Ирина (така мислам девојка му се викаше) ќе го анти-депресира и ќе си остане во Реал Али ако си иде тоа само може да биде во Јунајтед , би кажал и Милан ама тие не даваат повеќе од 20 милиони за играч
Да, така, но девојки, не ја толкувајте „лојалноста“ на модерните фудбалери погрешно, затоа што таа речиси и да не постои (со чесни исклучоци, претежно капитени како Занети, Малдини, Касиљас, Џерард). Тој не би отишол во таков клуб не затоа што му е „лојален до гроб“ на Реал Мадрид, туку затоа што тоа би било лично понижување за него и неговите достигнувања како фудбалер... Знаете, она, демек преминува од „најдобриот клуб во светот“ во клуб што е „никој и ништо“... Нешто што тој лично не може да поднесе, со неговото „набилдано“ его. Тоа се модерните фудбалери. Какви се, такви се, додека има фудбал, ќе ги гледаме.
Абе сега, има разлика од лојалност до лојалност. За таква лојалност каква што ја имаа Раул, Икер, Тери, Џерард... Тоа е затоа што се деца на тимовите за кои играат. Тие верувам дека не би отишле и не се отишле од клубовите за да освојуваат трофеи или пак уште помалку за пари. Роналдо точно, не е настанал во Реал. Ама сепак очекувам од него да му биде лојален на клубот и на фановите кои го почитуваат и сакаат. Ај да му е завршен договорот па да се реши да отиде во друг клуб океј, можеби сака друга средина. Иако мислам дека од Реал нешто подобро не може да му се случи во кариерата. Не дека ги потценувам другите клубови, далеку од тоа. Ама едноставно не ми се вклопува во ниту еден друг тим а не верувам дека пак би го вратиле во Манчестер. Ама сега да сака да замине поради оваа или онаа причина ми е крајно глупо. Без разлика дали би отишол во Сити, ПСЖ или пак во Манчестер. Секако не е фер од негова страна на таков начин да го напушти клубот, односно сега кога толку фанови се потпираат на него а и реално нема причина за некое незадоволство. Ама јас верувам дека се тоа се празни приказни, видеа новинарите дека може све и свашта да пишуваат поради таа изјава и сега сто прикзни ќе се измислат. А можеби се работи за нешто сосема трето.
^ Абе не реков различни видови . Ама едно е играч кој уште од дете игра во клубот а друго е играч од типот на Роналдо, кој откако се прославил на друго место дошол во Реал. Сфаќаш сега. И на крајот, Роналдо изгледа е тажен поради годишнината од смртта на татко му. После толку нагодувања и погодувања од страна на новинарите ова ми се чини најреална причина.