http://www.mkd.mk/56497/sport/otkriena- ... -tatko-mu/ Ова го најдов случајно, но што и да е причината мислам дека Роналдо не си оди од Реал за пари
Парите го уништија фудбалот .. Неможе ни да се пожали играч на нешто, а да не му се закачат на врат поради финансиите. По се изгледа дека Кикица си има проблеми со Икер и со Марсело, а и на Флорентино му е преку глава од се, парите немаат овде никаква улога ..
Се подобриле Македонциве во фудбал , ќе ги ставам дека ќе дадат гол кај Шкотите ... ајде уште малце да влезат во форма клубовите и да почне ЛШ па да почнеме со ставање ливчиња
Леле младинциве на последната утакмица резил ..мислев ќе ги смачкаме србите, а тие 5:1 не победија, ејј на последна најважна победа... штета, европското од раце ни избега... ... Какви глупости во одбрана,невидено, тие грешки незнам со кој збор да ги наречам, ја гледав снимката од головите, одбраната воопшто не вложуваа напор, ни трчаа ни се бореа, Столе се искрши бранејќи кутриот, и ништо не одбрана... Ајде има време за нив млади се, ова им е искуство плус, се надевам утре дека ќе ги тепаме Шкотска
Вести на денот Во Мадрид е зима -8 А 2000 километри подалеку фацата на ќељавицата после Милан-Аталанта
Да се зачудиш од резултатите вчера . . . Kој фатил спортска алал нека му е. Дај кажете нешто за денес, или крај краева обратно од тоа што треба да биде ќе ги пишам, ваљда ќе фатам.
Нема што да се зборува...си заслуживме пораз! Додека не се воозбилат малку ништо не правиме. Што се случува, човече. Четири кола по ред играеме очајно. Дури и победата против Гранада беше едвај извадена. Еј, против Гранада. Се е очај. Од одбрана (освен Пепе, секоја чест за дечкото, можевме и повеќе да примаме ако не беше) до напад. Се нема никаква идеа за напад, Игуаин и Роналдо што им е богзнае само. Ај за Бензема не е ништо ново да врти низ терен безвеза. Од Модриќ сум генерално задоволна, па сепак му треба време да се уигра малку а не е воопшто лош за почеток...Заслужено ни бегат Барса 8 бода ама кога ќе слушнам славење, радувања после само четири кола . Мислиш, Барса нема ниту еднаш да киксне до крај. А чекаат и две Ел Класика, во нив сме подобри годинава барем . Друго слабо гледав од натпревариве. Челзи исто многу слабо, мислам дека според играта и реми е сосема добро. И сензација на мечот неракувањето меѓу Тери и Фердинанд. Идиот е Фердинанд, мислам можеше да подаде рака ама ајде... Милан гледам изгубил, Наполи победа и гол и асистенција на Пандев . Ајде, се чека ЛШ оваа недела.
До кога бе судиите ќе ги уништуваат натпреварите? Нејќам да звучам као дека на нас се’ ни се криви судиите, ама овој пат ја претераа. Несвирен пенал врз Роналдо. Он сам пред гол, а кретенот од Севиља го лизга од позади. Ако тоа не беше пенал не знам што е пенал. Друго, играчите на Севиља не играа, туку тепаа. 1 жолт само им дадеа, а толку прекршоци направија. Трето, да не испадне дека другите ни се криви за поразот, ова не е Реал каков што го знам. Очајно слаба игра. Ама, океј, во 4 натпревари Реал имаат дадено 15, Севиља 1 гол. Нека се радуваат. Надевам се во среда ќе гледаме далеку подобар натпревар.
Читам на Фејсбук деца од 12 години запалени по Роналдо: Барселона им платила допинг на Севиља и ги платила судиите да бидат против Реал..ма немој да ме јебеш бре
Им платиле допинг поголема глупост немам чуено !!!! Иначе Виља срцка, 2 лалига настап,2 гол ! Барселона супер одигра, сега наредна утакмица Лига на шампињонес ги чекаме Спартак дома
Мадристи,чудо сте бре,чудо! Колку и да не сака човек да ве пецка за поларните -8,колку и да ја избегнува темава,на вас ви истекнува дека судиите се криви?Ахм да,како да не! Па кога и самиот контроверзен Мурињо изјавува дека заслуживте пораз,па и дека Севиља требала да победи и поубедливо,оти нали гравте катастрофа,вие пекате по судии?? Ма дај ви се молам. Секое бодче ви е заслужено изгубено.Знаете зошто?Зошто не играше целиот тим,само 3-4 играчи,рака на срце Пепе беше супер. Не ми се верува дека ова ќе го кажам,али другите треба да се угледат на него,како се игра со срце за тимот! И не Старки,немаше пенал над Роналдо.Како прво Роналдо не ни беше пред голот,беше на работ на 16никот.Погледни го видеото и процени. Тим како Реал е бедно секој пораз да се вади на судии! И во право е Моу,кога вели дека нема тим. Реал нема тим,има индивидуалци. Блек секоја чест за твојот пост. Ќе ти ставев ѕвездичка да не ми ја спомнеше Барселона. Него кај се Боа и Плавуша?М? Фалат. О le le,o la la +8 hi ha ha!
Смајли да го гледаше натпреварот, колку и да не го сакаш Мадрид, ќе признаеше дека овој пат судијата го претера. Кажав дека играа очајно, што е причината за поразот, а не нерегуларното судење. Имаше прекршок за пенал, зашто прекршокот се случи после линијата на 16сетникот. Погледни убаво, 5 пати ја вратија снимката, многу убаво се гледа. И јас да бев каталонец можеби истото ќе го пишев.
Смајли ...па сега РЕАЛна сум, кога имам поплаки од судиите имам, вака... А Стар, те разбирам ама судиите не ни беа ама баш никаков кривец оваа утакмица. Тоа над Роналдо не ми беше баш пенал, ако мислиме на истото. Ама човече имаа 90 минути да дадат гол, Севиља даде во првите минути. Имаа цело прво и второ полувреме да го преобрнат мечот ама се немаше никаква идеа. Ни пенали, ни ништо тука не помагаат. Кога се нема никаква идеа за напад. Штом еден Мурињо си изјавил такво нешто, стварно нешто не е во ред со тимот. Јас очекувам брзо да се поправат оти нема простор за повеќе губење на бодови, барем не во скоро време. Да беше ова при крајот на сезоната ќе им честитав тиула на Барселона ама вака има уште многу за играње. Ќе кикснува Барса, а и Реал.
Блек пази, Роналдо сам пред гол, никој од Реал не беше во близина, кога овој од Севиља го лизна од позади и да, беше позади линијата. Јас да не сум видела убаво океј, ама ја гледав утакмицата со некој кој играе фудбал и се разбира и прокоментира дека тоа е за пенал. И беше за пенал. Друго, Реал имаше слободен удар, овој од Севиља со двете раце го фати Роналдо буквално го гушна така кажано и не му даваше да мрдне. Ако ова не е прекршок јас се извинувам однапред. Имаше прекршоци и врз Игуаин и Озил, несвирени. Ко што кажав гледав со некој што стварно се разбира, навива за Реал, ама воопшто не е пристрасен, си кажува што е право. Не реков дека судиите се виновни за поразот, имаше некои нерегуларности од нивна страна, нефер судење, ама пак ќе кажам јас Реал во вакво издание не сум го видела. Едвај чекам среда, се надевам дека ова им беше само припрема за ЛШ.
Овој викенд катастрофа бре,видовте како Болоња ја сврти Рома Местена гарант. За Милан коментар неам,ми се плаче више... Да дае господ Берлускони импотентен да остане годинава! И тоа другар шо вика ние не навивме за Милан,Милан го погребавме,за жал у право е
Ајде Реал,победете ги пиздите да спијам на мира Нешто слабо тука во темата...ајде да ве разбудам.Конечно стартува лигата на шампионите. Па кој е вашиот фаворит покрај омилениот тим?
И и и почнува деветмесечната драма. Пеци, фаворит покрај омилениот тим,хм па Милан.Али то ти е исто као што си мечтајем за фустан од Ели Саб.Сериозно,немам фаворит покрај омилениот тим,особено не во нај елитното клубско натпреварување,ама ако Барса киксне секогаш потајно ги подржувам росоњериве. За вечерва,интересен меч во групата на смрта.Сити не го сакам,ама се е подобро од Реал за мене нали. Мислaм дека мадристите ќе слават,рака на срце. ^Како во старите добри времиња..згази го Мадрид! До каде дојдовме,да гледаме ЛШ на интернет... Ах Мтв мтв....
Мурињо се однесува како психопат. Тој ги прославува головите како да е играч. Мене тоа ми изгледа како да лекува некои комплекси, бидејќи како играч бил никој и ништо - коментираше бившиот потпретседател на Барселона, Алфонс Годел. Eден тотален идиот што може да коментира. 3а славењето на головите. Mу сметало како ги прославувал. Pужни, да не лечиш ти комплекси пошто немаш ни харизма ни лепота ко Жозе? Или можеби љубомориш на фактот што е најдобар тренер на светот?