Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Денес имаше многу натпревари, впечаток ми оставија неколку што случајно ги загледував по програмите:
    *Челзи едвај го победија Стоук, значи едвај, 85мин голче од Ешли, ама се намачија добро :lol:

    *Парма 92 минута и изедначи на Фијорентина и тоа со црвен картон, се пресмејав :D

    *Шалке изгуби, го гледав Афелај како се мачеше :worried: само го опколуваја кутриот неможеше саглам да игра :D ... Многу се тепаја бе, се клоцаја се маваја абе аман, секое лизгање закачи го в нога, се повредија неколку играчи си ги истегнаја лигаментите, судијата си спиеше.... и Баерн си победи,заслужено.

    *Сега гледам на утакмицава Реал Мадрид Б пртив Гваладахара се турија од голчиња давање 78мин 7 гола....и исто како и првиот тим се многу долу на табелата :P :lol:

    *И случајно со татко ми ја фативме утакмицата помеѓу Бирмингем и Барнсли од втора лига на Англија, сите утакмици се играа во 4 а ова во 6 и 30 и замислете домаќинот кој до вчера играше во премиер лигата сега изгуби 5 спрема 0, абе ајде, жива местенка...

    Вечерва во 22:00 Барселона:Гранада...
    [​IMG]
    Очекувам сигурна победа со многу голчиња!!! 8)

    Едит:
    Еве го најдобриот стрим за Барса:Гранада од сите што ги видов..

    http://www.rojadirecta.me/goto/vertigotdt.blogspot.com.es/p/channel5.html
     
  2. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Ама напорен натпревар :o Особено 2 полувреме,ама моите мини инфаркти се исплатија на крајот со 2 прекрасни гола 8)
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ахам, на Барса едвај 1 коефициент, а едвај гол даде. Додека на Гранада 26 коеф. До кога бе ќе ги потценуваат противниците на барса? :^)
    На овој автоголот се радувате? Жими прекрасниот гол.
     
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    15/15.
    Одличен почеток на сезоната,НО некако не сме навикнати на толку мало водство. Барса забиваше по 3,4 а оваа сезона некако мноогу помалце.Реално не секогаш ќе успеваме да го менуваме резултатот во наша корист.

    За уткамицата,одлична одбрана.Сонг и Маскерано совршени заедно.Сонг ми е во одбрана ала Пепе,само без оние животински испади. :lol: Двајцата би го запрат Реал во Ел Класико без проблеми.
    вака пред почетокот на утакмицата,еј па лесно до 3те бода.Ќе ги згази Барса,па и на Камп Ноу леле леле ќе паѓаат голови.А,оно да ти биде,леле мори мајко.За две години ми се скрати животот.
    11+ со тешка мака.
    Во 80 прекрасна асистенција на Валдез.Овој од кожа ме вади,која глупост во првото Ел Класико и после го брани неодранливо.
    И по два извонредни автоголови од Дани и Маскерано последните 2 уткамици,редно беше и противникот да не почести со еден таков :D Додуше Меси му беше асистент. :rofl:
    Ама голот на Чави,ГОЛЧИШТЕ!!! Неодбранливо....а баш мадристите се израдуваа на -6. Sо close.. :|
    Еl maestro :l: .

    Старки,абе види сега ние барем има на што да се радуваме,додека вие тажно воздивнувате на 0-0 или пак плачете по судии кога губите на Бернабеу. :wasntme:
    Ај кажи оти голот на Чави не беше прекрасен? :)


    Visca el Barça.
     
    На Marbella и anamariia.x3 им се допаѓа ова.
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    На автогол бе, на автогол се радувате. Бог да чува. Ако, ако редно е и вие да се порадувате малку. ;)
     
  6. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Да не беше голманот на Гранада ќе беше 5+ сигурно.Му симнувам капа.
     
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ова беше најјакиот момент на натпреварот, вака Валдез го прослави голот на Чави, премалев :lol:
    [​IMG]
    Патем Валдез спаси сигурен гол во 82 мин, тоа беше супер...

    Меси попизде на натпреварот, мене ми се чини дека се искара со секој што беше на теренот :D му се дереше на Алексис, па на Виља, па на Маскерано, се изнакара со многу противнички играчи, беше зер љут :rofl: .... Па како му олесна кога го даде Чави голот... еве видете :lol:
    [​IMG]
    Иначе асистенцијата за автоголот му беше супер :rofl: , поглуп играч на светов немам видено- можеше да ја задржи топката в нога тој в гол ја пуцна, смотајца бе смотајца, и ај како да не се смееш на ваков гол. А вие шо викате дека сме се радувале за автоголот, кај видовте некој да се радува? :^) феминките рекоа дека головите биле прекрасни, не спомна никој никакво радување, незнам од кај сте заклучиле дека некој се радувал за автоголот, можда сте видовити,незнам... одма ги испревртивте нивните зборови значи, ама ако така ви одговара така праветеси, незнам зошто воопшто коментирате за тоа секој може да си се радува на што сака, иначе и тој придонесе за победата која тешко ја издвоија момците, се пренамачија на натпреварот, Гранада се бранеше со 11 играчи, гледајте снимки, избројте, ќе видите, а Барселона не напаѓаше со сите 11... само 5 души одеа во напад така да, 11 души да се бранат цело полувреме не е фудбал, глупо е дури да гледаш... си го паркираа автобусот пред голот и ајде постигни ти погодок, туку јас си реков едно време, шо се мачат онака сите, нека си застанат сите 11 од едната статива до другата,полесно ќе им е. И двата голови беа прекрасни, за голот на Чави, не е ни да коментираш, а за голчето на Борја, повеќе е да се скапаш од смеење, смешно-глуп гол :D
     
  8. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Не се радувам на автоголот,јас не видов убаво и мислев дека Меси го даде голот,после поубаво видов дека бил автогол.
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ја мислам Манчестер нема потреба да игра наредни 20 кола , нека им ги дадат бодовите ..... а не вака Ливерпул се мачат они и црвен картон и пенал и свети пенал и што уште не
     
    На Smilly и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Најобјективно го гледав мечот, немав фаворит ама навистина е срамота. Јунајтед никогаш не ми бил на списокот на омилени клубови ама го претераа овојпат.
    Фаворизирани се од судиите и тоа многу. Би рекла скоро англиски еквивалент на Барселона.

    Жал ми е за Ливерпул. Не дека ги нешто сакам ама на овој меч заслужија победа според играта и пожртвуваноста. Црвениот картон за играчот на Ливерпул сосема непотребен. Стартот беше обостран и никако не беше за таква санкција. За пеналот на Манчестер пак да не зборувам колку беше пенал. Додека чист недосуден пенал за Ливерпул, јесте да Суарез е малку дајвер ама имаше чист прекршок за пенал таму. Се додека судиите вака го уништуваат фудбалот и фаворизираат одредени екипи тоа ќе е.


    Вечер се надевам на висока победа на Реал над Рајо Ваљекано. Мислам дека е време некого убаво да наполниме, како што доликува :).
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.457
    Допаѓања:
    250.869
    Колу боли кога гледаш како тимот ти пропаѓа, а за се е крива машката ороспија Берлускони.
    Го уништи тимот. Срамота! Серија Б догодина не ни бега :x .
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Нема да отидеме у Серија Б али нема ни ЛШ да видиме .... првите 3 места водат до ЛШ а ние сме со 3 поена од можни 12 , и тоа против послаби екипи , а не па против Рома, Јуве , Наполи и остало


    А Интер гледам исто ко Милан ќе си се дружат на 10то и 11то место ;(
     
    На JuLleE и blond им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А јас мислам дека сите треба да си гледаме во свој двор а не во други...Какви натпревари се суделе а не се коментираат на темава ама секогаш Јунајтед мора да се зборува...
    Кога не оштетуваат нас,сите се радувате,кога ги оштетуваат тугите тимови против Јунајтед сите тагувате...Бре што сте смешни...И онака ништо немаше да промени ако победеа Ливерпул.Ке продолжат да си тонат и тие на табелата.Па еве еден гол постигнаа Јунајтед преку Рафаел или ајде само за пеналот да се зборува?Оној исклучениот си ги премина сите граници...Секој судија си има различен критериум.
    .Да беа и тие толку јаки ке постигнеа гол.Што само го коментирате пеналот на Јунајтед?Заборавате дека на Челзи во првите три воведни кола се судеа чудни пенали ама никој не спомна овде?

    Јунајтед биле фаворизирани?А колку пати биле оштетувани?Тоа не го зборувате м/Колку пати Фергусон јадел казна од асоцијацијата на ФА а некој друг тренер пример Венгер заради критика кон судиите не добивал казна?И уште многу случаи?

    Никој не му стави пиштол на Хески да суди пенал.Никој...

    во фудбалот секогаш ке има спорни моменти.Јас признавам искрено дека не ја заслуживме победата ама и вие претерувате со тоа како сме биле фаворизирани од судии.

    Па тогаш зошто лани Јунајтед ја загубија титулата во последните секунди?Зошто судиите не спречија Сити да ја земе титулата на сомнителен начин?Зошто сите знаеме како заврши ама јас ниту еден коментар околу тоа...Затоа ке ве замолам гледајте и од двете страни.Ко Јунајтед да не бил оштетуван.
     
  14. rosonerka34

    rosonerka34 Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Се согласувам со вас оваа година Милан е катастрофа ;( но како и да е Милан се сака и љуби и коа губи!!!
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Да ама Челзи ќе му досудат 100 пенали и пак ништо нема да освои а Манчестер титула ќе си лапне вака

    И тешко е да се постигне гол кога ќе ти исклучат човек у 39 мин ....
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јипи,да те потсетам во 2009 мислам дека бесе или 2010.Мегусебниот дуел мегу Челзи и Јунајтед.Тогашен судија Мајк Дин...Досуди непостоечки пенал и гол од офсајд за Дрогба по што беше решено прашањето за тогашниот шампион...Челзи беше шампион после тој натпревар...
    Едно коло не решава ништо.Ливерпул и онака имаа 2 поени.Со 5 поени и онака пак ке беа на 17 место бидејки Ридинг и уште некој таму имаат натпревар помалку.

    Зборот ми е што и на Челзи му судат непостоечки пенали.Еве јас признавам не постоеше и многу слаби бевме,да не беше Рио над 3-4 гола сигурно ке примавме. :)
     
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Е Пеликуна да не идеме во минатото да не почнам да тражам на интернет колку пати Судијата досудил пенали за Манчестер , колку пати продолжувал наместо 4 мин 6-7 мин (како тогаш со Сити кога 3-4 направија у 96-97 мин ...) итн итн ....

    факт беше дека не заслужено ги добија 3те поена и со таков тим како што имаат и со тие играчи што ги купија , стварно лоши игри имаат како против Евертон и сега и тогаш со South кога со пенал се спасија и така натака.....
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И за Јунајтед имале досудено пенали и против Јунајтед имало спорни моменти...Помина времето кога постоеја судии како Колина и ккомпанија...Реков јас веке не заслужена победа ама морав да се навратам во минатото кога ти веке спомна дека Јунајтед ке си добие така титула,мора со пример да се бранам :D
    Башка Јунајтед секоја сезона започнува вака ама кон средината им започнува формата...пример боксинг деј :)
     
  19. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Од натпреварите што ги гледав...
    Милан катастрофа...се заради Берлускони :fubar: Алегри после ова незнам дали ќе остане уште во Милан,Јунајтед се извлече на крај а очекував да дава повеќе голови,истотака мислев ќе има повеќе голови на Сити-Арсенал ама имаа и двата тима повеќе шанси,Ваљекано-Реал Мадрид одложена сега за сега не работеле рефлекторите ова стадионот на Ваљекано пропасти :x
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Одложен е натпреварот Рајо - Реал Мадрид, проблеми со осветлувањето :(
    Мечот ќе се игра утре во 20.00 часот.
    [​IMG]
    А баш се спремив за фудбал ...