Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Можеби и на шала беше напишано, не викам не. Ама ете таква сум јас, лесно може да ме испровоцирате со коментарите. Да си знаете :!: :D. Се шалам :lol:.

    Малку и јас да тролнам.
    :rofl:
    [​IMG]
     
    На Rozich, LilBaby, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Реал на 6 натпревари - 3 пенали ; Барса на 6 натпревари - 1 пенал.Уа Уефалона,Реал цветичиња :wasntme:
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Искрено не го гледав натпреварот саботата за да кажам шо се случувало ама судејки по коментарите пак сте виделе нешто сочно па одма плукате. Особено дека имало црвен па пенал, па гол последна минута, па нормално ние не фер сме победиле, иначе зборувајте колку сакате за судии и за пенали, секогаш некој тим ќе е пофаворизиран од другиот, ретко кој судија е непристрасен или во краен случај неподмитен (добро со ова не се среќаваме секој ден, нити пак некој ќе докаже за митото). Една работа нека е јасна многу играчи на Барса се повредени, јас би рекла кључните играчи во одбраната и во средниот ред, годинава кобна некако, на секој натпревар по еден повреден излегува сигурно... Но и покрај тоа противникот никогаш не треба да се подценува, Барса е класа тим, може да издвои победа против секој тим, а и секој тим со добра тактика и квалитетен состав може да издвои победа против неа. И да земевме 1бод од тој натпревар и да не земевме бод воопшто тоа немаше да го донесе во прашање нашето место на табелата бидејќи Реал не е зад нас само 3 бода, а не само тие туку било кој тим. Изиграни се само 6 натпревари, има да се играат уште многу... Се надевам дека нема да има вакви натпревари во кој ќе се доведува победата во прашање. Секогаш плукате по Барса а кога вашите тимови ќе се подпомогнати од судии тогаш молчите,кога за вас се судени непостоечки фаули и пенали никаде ве нема да кажете дека не било праведно,никој ништо ни видел ни чул, ама затоа јас нема да молчам се што сметам дека е неправедно има да го пишувам тука ич не ми е гајле дали некој нешто ќе рече, јас ќе си го искажувам мојот суд- И од сега се решив пред да коментирам за другите тимови да го гледам нивниот натпревар во целост,со тефтерче и пенкалце во рака и да ги запишувам грешките на тимовите, и после овдека ќе постирам детален извештај како вие што правите за Барса и ќе се натпреваруваме цела година кој тим повеќе грешки направил,непостоечки фаули, црвени и жолти картони, пенали и да видиме кој ќе победи :geek: :lol: ...

    Последно Тијаго се повреди и сега 2 месеци нема да игра... :(
    Иначе ми е многу мило шо изгуби Јунајтед. Тотенхем заслужено победија,се бореа како лавови на теренот.
    И исто така Горанчо наш дебитираше за ВБА и многу сакам да се пласираат високо на табелата бидејќи заслужуваат стварно многу добро играа,и Попов како поединец и целиот тим иако заврши нерешено.
    И секако Наполи ми се фаворити во калчо лигата и заради Пандев кој феноменално игра оваа сезона и исто така бидејќи неможам другите Италјански тимови да ги смислам... Сакам Пандев да освои се со Наполи сезонава и да биде најдобар стрелец во калчо лигата. Ете јас што да правам си навивам за Македончињата наши, нив ги бодрам покрај мојата Барселона(незаменлива)!!!
     
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јак аргумент, дадени пенали во само 6 одиграни утакмици. Ај, ако си пресметаш минатата сезона ќе видиш за кој има повеќе пенали и какви.

    И нема врска, пенал си е пенал. Ако има прекршок и треба да се суди пенал. Туку зборуваме за црвени без врска и неправилни судиски одлуки. Секогаш кога Барса губи натпревар црвен картон или евентуално пенал, sounds familiar? :wasntme:
    Кога лани во почетокот на сезоната неколку натпревари по ред имаше бизарно исклучување на играчи кога играа со Барса и се продолжуваше и до 100-та минута за да извади едвај нерешено и да не изгуби бодови, никој немаше на темата.
    Кога еднаш ве оштетија со Осасуна и кога Игуаин играеше со рамо сите рипнаа.


    Сме го кажале милион пати Барселона игра додека води и има поволен резултат. Ако е обратно веднаш има сомнителни одлуки. Не еднаш, повеќе пати иста ситуација. Пред фактите и боговите молчат :) .


    И ај доста веќе со овие муабети, сама на себе сум си досадна. Не возвраќам повеќе на било каков пост во врска со ова. Мислам, дека е доволно јасно ;).
     
    На creshicka и starbucks им се допаѓа ова.
  5. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Не не сакаа судиите колку вас очигледно,па не дојдовме. Ни во Италија не не сакаа,зошто не стигнуваа да пркнат Интер и Милан пред да не наместат и да не релегираат у втора лига поради наводно местење,т.е ради комплекс на нижа вредност на Интер и Милан. А ќе видиме колку ќе осетите вие што е ЛШ,да не ви удри по гелосаните фризови егото.
     
  6. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857

    2011/2012 - Реал Мадрид на врвот со 13 пенали,Барса 11.
    2010/2011 - Реал Мадрид на врвот со 12 пен,Барса 5.
    2009/2010 - Реал Мадрид 8 пен,Барса 3.

    Да,иако сум навивач на Барса признавам дека се фаворизирани од судии.Ама не се до толку цел натпревар да им го исполнат со пенали,слободни удари,црвени картони во нивна корист и офсајди :wasntme:
     
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Извини ама претходната сезона по мое мислење и судиите на вас ви помогнаа за скудетото не викам дека не бевте јаки ама на пример кога гледаме за Милан мислам дека они беа оштетени зашто им беа непризнаени неколку чисти голови!И ако сте влегле во ЛШ после сто години не се фалете многу не се стигнува толку лесно до титулата покрај Реал,Барса и ај да не набројувам....! :)
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Судијата кој го судел натпреварот Манчестер -Тотенхем е префрелен во втората лига.... :^)

    Тоа е казната кога нема да досуди пенал за Манчестер ...


    :whew:
     
    На TennisBabe, anamariia.x3 и Marbella им се допаѓа ова.
  9. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Некој податок за екипава со Челзи што играат ?
    Го пишав 2 , па да не паднам на тоа..

    Барселона 6 минута и гол, аман.
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Колку да те потсетам дека и пред 2-3 сезони кога Мајк Дин судеше за Челзи против Јунајтед беше испратен во втора лига и ?

    Смешни сте...се гледа дека ви е трн во око Јунајтед.

    Барем во Англиско првенство не се мести ко во Калчо лигата...
    Ех Милан бе не играте убаво па нивните фанови си гледаат за другите тимови.Трагедија
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Хмм Чудно секад кога ќе спомнеме нешто против Јунајтед ти идеш на случка што се десила 2-3 години и тоа на натпреварот Челзи хмммм..... Али никако одговор за тоа што го префрлиле судијата иако не досуди или ништо лошо не направи .....


    И последен пат , Милан и Манчестер неможеш да ги споредуваш

    Тоа исто како да ги споредуваш Лавот и Газелата ..... Не иде
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Чудно е и вие како не коментирате за моментите кога Јунајтед е оштетен :) или пак за лани...со Сити...ке извадам уште многу моменти кај сме општетени.
    Прекинете со тоа дека сме миленици на ФА.
    И те молам,што е повеке Милан од Јунајтед?во бројот на титули?ако е така тогаш Барса не е ништо во споредба со Реал според таа логика.
    И Ливерпул беше најтрофеен ама?Кај се сега?се борат да излезат од долниот дел на табелата.И Лидс Јунајтед е потрофеен клуб бил од Челзи ама сега се во друга лига :)
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Пеликуна , знаеш ли што е најсмешно во фудбалот?

    Да ги исмеваш другите тимови и нивните навивачи кога ќе заебат работа :!:
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aбе кога го исмејуваат мојот тим и јас ке ги исмејувам тугите...
    туку остај тоа што мислиш за дуото Руни Перси?
    Ке ги биде ли :D
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас лично мислев дека Перси нема да се снајде во Манчестер ама еве, грешка сум била. Мене ми беше еден од поомилените играчи без разлика што не игра за некој мој омилен клуб или најглупата репрезентација ама сега дефинитивно не е така.
    Едноставно губам респект за такви играчи кои немаат лојалност кон нивните клубови и трчаат по пари и слава само.

    Инаку абе 500 страни изнапишавте веќе за Манчестер и судиите. Дај смирите страсти :D.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Значи колку пати да кажам дека дечково е заминат да освојува титули а не за пари и слава...Нели можеше да замине во Сити,ПСЖ ако тоа беше проблем?и онака ја има истата плата како што ја имаше во Арсенал...ништо не е сменето само клубот е сменет.И онака во Арсенал ама баш ништо немаше освоено.
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Епа под слава уствари и тоа спаѓа, освојување титули со некој друг клуб кога веќе не е во можност со клубот кој му даде буквално се.
    Дури мислам и во ПСЖ да идеше немаше да биде толку страшно, него вака како директен конкурент на клубот во кој помина толку време и беше воздигнуван и сакан од навивачите.
    Нема врска, кажав не ме тоа нешто засега за да водам сега полемики ама си кажав зошто не го почитувам повеќе ван Перси.

    Иако ги мразам Ливерпул како клуб, сепак секоја чест на играчи како Џерард. Ниту еднаш не помисли да си отиде од клубот иако веќе неколку години се блиску 10 место и не играат во ЛШ. Тоа се вика лојалност. Тука ги вбројувам и сите други такви играчи, без разлика дали ги сакам тимовите или не.
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Абе секоја чест за Џерард ама знаеш што кажа тој?Дека додека игра во Ливерпул нема шанси да ја освои домашната лига.Нели ти личи тоа како некоја навреда кон клубот? :)
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.855
    И гледаш годинава Арсенал освои титула, а Јунајтед ништо :D .
    На Перси да не му се посреќи како и на Ибра :D .
    А и што освoи Јунајтед минатата година?
    Ништо!
    А како што играат и оваа сезона, пак ќе си останат со празни раце.
    Титула у Премиер да не очекуваат. Годинава оди кај Челзи.
    Реално имаат десет пати појак тим и играат десет пати подобро.
     
    На LilBaby и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Amen to that Јуле. Конечно да се сложиме во нешто :). Доста беше позајмувана во Манчестер, време е да се врати во Лондон.

    Реално, рано е да се зборува ама не е за пофалба играта на Менчестер сезонава. Против Тотенхем изгубија а против Ливерпул кажавме веќе. Исто и ван Перси да ја немаше таа моќ да преобрнува мечеви сам, требаше да изгубат и против кого беше таму.
    Исто и ланската сезона. Гледам Пеци напишала дека било намешталка последната утакмица. Не е исклучена таа опција ама Сити колку и да ги презирам сосема си ја заслужија. Ги победија и надиграа Јунајтед и во двата меѓусебни меча, имаа подобра гол разлика. Понеправедно ќе беше ако КПР победеа на среќа и Јунатед станеше шампион. Ама да не се навраќаме на што било....

    Не знам кога Џерард го изјавил тоа, не ги пратам многу ама сигурно е извлечено од контекст. Ако мислеше така ќе си идеше веќе 50 пати.
     
    На Chocolate.me и JuLleE им се допаѓа ова.