Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A Mилан дали освои нешто?Не ;)
    Од еден Јувентус ја изгубија титулата,од местач...катастрофа :D
    И по што увиде дека Челзи ке ја освои?6 коло е,долга е нивата за орање,далеку е Мај ;)
    Па тогаш ако е така нема потреба да се играат останатите утакмици,нека се предаде пехарот на Челзи.
    Е колку ми се смешни тие мислења,Челзи ке ја освоил а сезоната тек почна. :D
    Арсенал нема да ја освои лигата додека Венгер и останатото раководство ги продава секоја година главните алки во тимот како Фабрегас,Перси,Насри ...Јуле ма,како да не ја следиш таа лига не ме разочарувај.
    Кој има подобар тим сезонава во Англиската лига освен Сити и Јунајтед...?
    Челзи го сметам исто за фаворит ама дека имаат подобар тим од Јунајтед и Сити НЕ.
    Ама џабе ви се клетвите кога се спротивни...на 8 натпревари 7 гола :D продолжете со клетвите,нему баш убаво му започна сезоната.
    А и Јунајтед секогаш почнува сезона со ваков старт а на крајот е првак.
    Еве ке потсетам 1999 година кој знае знае кој не не .
    Започнаа со пораз сезоната завршија со тројна круна ;)
    Не знам зошто се факате за еден меч потпомогнат од судиите,јас бев фер и признав ама луге бе сите натпревари не се потмомогнати на тој начин ни така титулите не се освоени со помош од судии.Од Тотенхем изгубиле.Па што дека...Кажете ми тим кој што нема доживеано пораз,ама само еден.
    И да,како ке беше неправедно да ја добиеја титулата?само тие две екипи беа на врвот се до крајот.А Сити на сомнителен начин ја добија титулата...
     
  2. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    како фан на Арсенал морав да се надоврзам во разговорот за ван Перси - мислам дека е повеќе од очигледно дека тој замина само поради пари и слава. Титула можеше сигурно да освои оваа година само ако останеше, тој во комбинација со новите (Подолски, Казорла и Жиру) ќе рушеа се пред себе. Неможам да го навредувам бидејќи сепак минатата сезона придонесе најмногу за тимот, ама со сигурност можам да кажам дека е ПРЕДАВНИК!! од 7 години, најмалку 4 беше повреден и седеше на клупа, а Арсен го чуваше и на крај му даде шанса, го назначи за капитен, а тој вака ли му враќа?? беше најомилен и за сите навивачи на Арсенал беше како бог ама нее, кај има пари нема чест, нема љубов кон клубот, нема почит.. ај да одеше во Јувентус, ПСЖ или други странски тимови, ама во Гејчестер замина бе!! вториот најголем ривал на Арсенал (после Тотенхем) и баш таму реши да замини.. мојата почит кон него е сега на ниво подолу од нула, незнам како воопшто можеше да зборува дека никогаш нема да го напушти Арсенал, дека најмногу го сака Арсенал и такви глупости, кога всушност во умот му биле само парите.. ама ако, ќе ја доживее истата судбина како Фабрегас и Насри, ќе биди добар првите месец-два и на крај на клупа ќе заврши.. сите навивачи на Арсенал му посакуваат да скрши нога, да цркни и слични глупости, јас само ќе му посакам да добива многу пари, пари и пари, да видиме колку среќен ќе биди со пари и титули и дали тие ќе го прават посреќен отколку навивачите, Арсен и неговите соиграчи кои со цело срце го сакаа и почитуваа...
    Pelikuna- а што да им прави на тие што сакаат да си заминат, да ги држи против нивна волја и потоа без волја да играат?? Фабрегас отсекогаш сакал за Барселона да игра, а како што гледаме, Насри и Перси одсекогаш сакале да имаат што повеќе пари, епа такви играчи на тимот не му се ни потребни!
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.840
    Зошто одма се фаќаш за Милан, кој го спомна Милан воопшто?
    Коментираме за Премиер, а не за Калчото.
    Јас пратам, ама ти изгледа не. Сити и Јунајтед имаат подобар тим од Челзи? Сериозно?
    Минатата година беа лоши, ама годинава не. Си гледала натпревар каде што играат Челзи, а натпревар на Сити и Јунајтед? И малце објективно коментирајте, може?
    Како што јас знам да пишам дека Милан не ги бива, и дека треба време додека да се уигра подмладениот и освежен тим, така и вие еднаш коментирајте реално и објективно. Или да земам да вадам историја, број на титули и сл.
    Ако е така Милан е најуспешниот тим во светот. Читавте за ова нели.
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Koлку што знам темата не е премиер лига туку фудбалски натпревари.
    И вие секогаш се нафакате за судиските одлуки во корист на Јунајтед ама никогаш против Јунајтед.
    Кој го напага мојот омилен клуб јас морам да одам контра и да ги посочам и грешките на клубот на личноста со која имам дијалог.
    Ако е само муабетот за Јунајтед постои тема за клубот.Ке се префрлиме и таму или пак ке отвориме тема за Премиер лигата ако е тоа проблем.
    И сега зошто сме се фатиле за Милан а си можела да зборуваш за Јунајтед?
    Јунајтед не освои ништо исто така и Милан.Фифти фифти ;)
    Кои подобри играчи ги има Челзи од Јунајтед и Сити?Не велам дека се слаби напротив ама дека има далеку подобри играчи тоа тешко.
    Не можеш да споредуваш Хазард со Руни или Оскар со Кун Агуеро...ова само како пример го зедов.
    Кажав веке...Јунајтед секогаш на почеток има слаб старт.Традиција им е тоа за да после за време на боксинг деј се засилуваат.
    Милан требало да се прилагоди со новите играчи?Па ако одиме по тоа и Јунајтед има нови играчи Перси,Кагава,Пауел,Битнер...Јунајтед не треба да се прилагоди со нова формација?
    Фергусон постојано прави ротација затоа ги иам Јунајтед тие слаби резултати...воигрува младинци ги менува голманите.

    И ке ве замолам без навреди од типот на Гејчестер.
    Фала лепо.
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.840
    Така, така, нападот е најдобар аргумент :D .
     
  6. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Пеликуна,ај глеј си Premier лига и не го спомнувај Калчото,не знаеш ама апсолутно ништо за историјата на Јувентус и за тоа колку тие местеле. А последниот натпревар што го изиграа против Манчестер заврши 2-1 за Јувентус колку што памтам,и тоа да не го местеа?
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.840
    Јувентус како да не мести натпревари, м?
    Ај не кажувај смешки, за џабе не ве вратија во Серија Б :lol: .
    Чекај бре, ве наместија :D .
    Ова ќе му дојде местевме ама не наместија оти местевме :rofl: .
    Баш си шегобиец :D .
     
    На Pelikuna и prettyliar им се допаѓа ова.
  8. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Te молам зборувај ми за Јувентус,те молам. Тоа татковците што ви праеле муабети дека Јувентус беа релегирани пошо местеле,па сеа ќе ми попувате. Иам прочитано многу повеќе за Калчополи него вие стручна литература,а ти незнаеш каква режија стои позади тој случај 2006,само џабе на тебе да ти кажувам.
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A ти да не работиш во управата на Јувентус па да знаеш дека не местиле?
    Океј и да биле наместени Јувентус за местење на натпревари пак беа во втора лига...
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.840
    Ти ако сакаш уште толку стручна литература прочитај за Калчото, тоа ти е :D .
    Местевте и си игравте Серија Б :lol: . Или вака се тешете, ве наместија :D .

    И татко ми не гледа фудбал, а јас во 2006 имав 18 години :nod: .
    Знаев сама да читам, гледам и слушам :) .

    Денес сум посебно расположена, вечер е Дела Мадоннина :P .
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Обично не пишувам веќе тука зошто треба да проверувам 100пати на ден кој што пишал, зошто ако не вратиш бегаш од дискусија и немаш што да кажеш нели :D само сакам да кажам годинава оди кај Јунајтед, ако не испадне некоја утакмица жива местенка од типот на Сити и Квинс Парк ко прошлиот пат. Јунајтед најмногу ја заслужува титулата според мене и имаат најдобар тим во Премиер.


    Имаме две најопасни утакмици денес, чувајте си ги силите за вечер :D
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.840
    ^
    Секој со своја прогноза и видување :) .
    А и навивачки желби :D .
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Прво не беше местење , туку Парк видоа дека нема да испаднат и им попуштија , т.е не играа веќе ...

    А друго Јунајтед не заслужува ни на ливче да го ставиш.


    А вечер Милан Интер, смешно ќе биде дербито кое ќе одреди кој ќе го освои 10тото место :lol: :lol:
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Аватарот на Јипи :rofl:
    Јипи како и да е нефер од страна на Квинс Парк Ренџерс :)
    Туку да си кажам јас да не се мрчи после овде :D Веб не досуди чист гол на Њукасл...ама и да го признаеше тоа ништо немаше да промени :D
     
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    22.836
    Пол:
    Женски
    Каде можам да го следам натпреварот меѓу Реал и Барса вечерва? Имам Телекабел кабловска, ама нема да го даваат на ниту една програма.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Пробај на atdhe.net.
    Ако во мегувреме најдам линкови за следење ке ги постирам тука :)
     
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Howard webb Судеше на Манчестер натпреварот?

    Па затоа глеам тепале :lol: :lol:
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А го гледаше ли ти воопшто натпреварот? :) цело време Јунајтед имаше посед шанси а Њукасл и со тој гол и без тој гол ке изгубеше. ;)
    Туку Јипи што ке кажеш за Астон Вила? :D
     
  19. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    '' Сите се залепивме за Ел Класико, па неуспеавме да видиме дека Пандев постигна гол во последната минута од полувремето на мечот помеѓу Наполи и Удинезе !! ''

    Хрватска и Србија нае*аа! ]:) :wasntme:
     
    На LilBaby и Spell им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.840
    Милан напаѓаше ама го издупија |( .
    Џабе толкав притисок и посед на топката кога нема реализација.
    Тимот свеж, од свежина пука и никако да се отсвежи.
    Разочарана!
    Не познавам пола тим, освен Боатенг.
    Ел Шарави го вади и го пушта Пацини, па дали е нормален Алегри.
    Леваци, со играч повеќе не можат гол да дадат.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.