Не бе не местат , тоа чисто све .... Серија Б и пак Јуве не си ја научи лекцијата Иначе еве еден интересен момент Го понижи пред цел стадион http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... H9pTgQY_mo
Стварно на Катанија чист гол им поништија, јас Јуве ја имам пишано двојка,битно ја фатив... Абе луѓе шо се забрадил Пирло онака? ... и шо е со тренерот на Јуве? Заменикот ги води утакмиците? Јас мислам дека го покажаа горе седеше во вип ложата а еден зад него со телефон на уше се тресоглаеше и паѓаше во трансови така ли ги води утакмиците? Или јас прецедателот на клубот сум го видела?
Луѓе победивме, ви се верува ли Јас го отварам шампањот незнам за вас, незнам дали би имало друга вкава прилика. А баш му се смеев на дечко ми дека е глуп што ја става. И за среќа бев грешка. Од жал за Милан што го шитнаа предавнички! Ама ѕверка е, игра како да има 20 а не 33. И башка среќен број носи на дрес Абе колку и да ги хејтам по некад Јуве, ај хејтај го Пирле бе, срце е
Пепе и козата треба да излезат на еден дуел, па ко преживи - причаче. И двајцата животни од тешка категорија. А козава има посебни кунг-фу вештини со кои ги соборува противниците. http://www.youtube.com/watch?v=FI0fPq3UgeI http://www.youtube.com/watch?v=2L0UaWnNUms
Разбирливо е. Не зборам за голот на Катанија,тој гол требаше да биде поништен,и тоа не заради офсајд туку заради игра со рака,ако некој воопшто го пратеше мечот(целам на тебе JuLleE пошо хејташ безвезе веруем,чим ти е смешно). Голот на Јуве беше од офсајд,но беше тешко да се препознае пошто само ногата беше во офсајд,и се работеше за дел од секунда. Ама добро,плукајте вие Зозонери,со гол од офсајд тепавте вчера,па радувајте се. Али за вас никој сега нема да прави демотивации и мемиња,пошто сте баеги долу на табела Aу да,и заборавив,зошто кај Легендата на Милан не стои Берлускони?
Ако пролисташ поназад 2-3 страници ќе видеш дека јас како фан на Милан ја критикував играта и пишав дека играа очајно, ама во споредба со Џенова беа подобри и ете победија. На Милан не му досудија пенал, ваљда гледаше. Кај Јуве јасно беше како ден дека голот на Катанија е чист гол. Какви бре навивачи сте, една критика не знаете да дадете. Малдини е легендата на Милан, а ти можеш да тролаш колку ти душа сака. Берлускони ти е друга приказна.
Ако воопшто го гледаше натпреварот Катанија - Јувентус,ќе забележеше дека пред голот на Катанија имаше игра со рака. А ако за тоа си читала на некоја фан група или форум што е составен од навивачи на Милан,мислам дека твоето мислење не се зема во обѕир. Јас се согласувам дека голот на Јувентус требаше да биде поништен,и резултатот требаше да биде 0-0 инаку,затоа што беше гол од офсајд. А остај ти лоша игра,и јас критикувам лоша игра на Јувентус,ама голот од офсајд беше нешто друго. Еве вака,па ти види.
Реално сликиве не се релевантни,затоа што перспективата на 2те слики е иста,а забележи ја поставеноста на офсајд линиите во однос на линијата на шеснаесетникот и гол линијата. Ама реков јас,голот на Јуве беше офсајд,а кај голот на Катанија имаше играње со рака,и реално требаше да биде поништен.
Кико и Иго - кошмар за Мајорка . Конечно петарда од Реал, па време беше мислам . Кажав јас дека Игуаин на местото на Бензема секогаш е подобро бе, тогаш најмногу голови паѓаат, а и се повеќе уиграни со Роналдо. Јас конечно презадоволна од играта на Реал, конечно една добра партија сезонава. А не примивме ниту еден гол со ваква раштимана одбрана, тоа е супер. И ова црнчево Есиен колку ми е мило како се труди да се покаже и да игра најдобро што може на таа позиција, .
Денеска Меси ја прими златната копачка за најмногу голови во Европа сезона 2011/12 50 гола А еве ги новите засилувања на Јунајтед
Неколку реченици за срамот вчера ... Вие сите фанови на Манчестер стварно треба да се подзамислите дали подржувате спорт или бизнис ? ! Навистина без тронка иронија лутина ви кажувам . Не ми е тешко никогаш не ми било да признаам пораз фер пораз ! Она вчера е срам за лигата и за фудбалот воопшто . Батали фрустрацијата за неправдата туку бизнисот што се тера разочарувањето . Навистина не заслужи Челзи да изгуби . Ова е невидено ! Дебакал на англиско дерби . Вчера имаше делење на неправда а не правда . Каков црн критерум ќе ве молам не ме цитирајте и не се противете тие што мислат поинаку зошто аргументите и вистината ќе ве потопат . Црвен за симулација на Торес ? ! Ма немој ! црвен за Бане а стартот на Руни вториот ? ! Офсајд признат гол се на се . Се гордеам што Челзи и со 9 играчи 8 фактички напаѓаше а овие се бранеа од 2 негатива се вративме . Морални победници и невиден скандал . За да ја прекинат серијата (ова јас не го сметам за пораз ) требаше на скапаните да им исклучат 2 играчи од кои 1 клучен во одбрана и тој еден скапан гол нерегуларен . Многу трагично .... Ама ќе помине и ова уште еден удар за тимот играчите и фановите . Но ќе се вратат посилнни знам дека скапо ќе го наплатат ова. Барса си го плати цекот ќе го платат и овие . Никогаш не би била фан на ваков клуб на судии мизерно до болка . А и кога би била бар би имала доволно храброст и искреност за да признаам ... и нема да ви честитам на овдешните фанови , не заслуживте победа . Може да ви честитам бизнис . Ама па ја се си мислев играчи се купуваат не судии ...
Срцка е И уште една интересна работа, му дале мини златна копачка, за неговиот син, кој допрва треба да пристигне на светов овај пак што му ја дава, како се залетал како авионче да пушта авиончето лета лета,овај копачката де ...
Aрсенал губат ејјј аманнн... сите утакмици ми водат само тие ќе ме зафркнат.. 11 илјадарчиња не се мала работа... После уште Барса ќе си ја чекав...ај да се надеваме дека ќе направат пресврт...леле ми се плачит!!!!! !