Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Имаш лајк, само заради реченицата-
    А муабетот ми беше лично дека Манчестер се вадат со судиска помош, и заради тоа и победуваат во многу случаеви.
    Не во сите, во многу.
    Не се толку добри колку што судииве се благонаклонети кон нив.
    А сите знаеме колку помага само еден единствен досуден пенал, или даден црвен не баш по заслуга.
    Инаку мислам дека не би бил толку добар тим.
    Инаку за мубетот за Перси нема да се сложиме дефинитивно.
    Ти прогледуваш низ прсти јас никако.
    И дефинитивно дека еден играч не го праи тимот, ама кога тогаш оној баш клучниот, КАПИТЕНОТ, јазолот, лепакот на тимот, ги ти откаже доверба и го остави тимот на цедило, не е исто и не е сееедно искрено.
    Тимот е составен од поише играчи, ама скоро секогаш еден е тој носителот на најголемиот товат, што им е морална подржка на сите.
    И кога тој ќе те изневери, замисли како им е на другите?
    Но дефинитивно дискусијата за завршувам тука, Перси за мене и за отпишан,и нема ништо на светот што ќе го оправда неговиот потег.
    Многу сум среќна искрено за да коментирам за Перси лузерот, неможам да му се изнагледам на резултатов, вака добар резултат не сме имале одамна :D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Mилааан шта то би :o ?
    Ама кажете кој го даде првиот гол,а а а а ? :inlove:

    Погодокот на Алба,чист офсајд! :D
    82 978 гледачи на Ноу Камп чекаат гол од Меси!
    [​IMG]
    Копачките не Меси ^_^

    И кој по ѓаволите е овој Bermejo :^) :rofl:
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    20 години има мислам , а веќе 7ми или 8ми гол му е на Ел Шарави ...

    Фановите на Chievo кога ќе им соопштат дека нема 3 поена кај Сан Сиро

    [​IMG]
     
    На Marbella, Hipster и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ЗНАЕВ!!!!!
    5-1 :party: :party: :party: :party: :party: :party: :party:
    Пaцини се исплатеше секој лош збор што го кажав за тебе, ме послуша :D
    Браво, е ова е Милан, и ова е игра.
    Само така,браво.
    Штета само 10тина минути можевме да ја гледаме само, ова веше добра утакмица :party:
    П.С Смајли незнаев дека го сакаш Еманиелсон :wasntme:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.147
    Петардааааа :rock:
    Милан бре што направи :D .
    Не шокира сите :D .
    Шок, шок , шок :o .
    5 гола па зар е можно :o .

    И најтрагично е што нема каде да го следам натпреварот :( .
    Телма бре :devil: .
     
    На Yipman2 и Hipster им се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Тоа е негово зошто го избрал Јунајтед,ете можда не требало според некој ама отиде.Негов личен избор.Мене ми се исполни желбата што дојде.
    Инаку...сме се ваделе да,како и многу други тимови но...тоа што Јунајтед се вади понекогаш не дека влијае во трка за титула како што викаат многумина.Еве ке земам за пример сега.Јунајтед сега победи но Челзи киксна,Сити исто така е на пат на кикс.Знајш како викаат?Титулата ја донасаат малите тимови,победите против нив а ако Јунајтед киксира со нив а играат победа со сите тимови џабе им е,лани го изгубија чекорот против Евертон но последниот натпревар беше решавачки да не се навракам.Зедов само пример.Јас никогаш не се радувам на победа со помош на судии.Ја имавме и со Ливерпул,и со Челзи да...ама со оваа не знам зошто се крена прашина :)
    Велиш многу помага досуден пенал.Не мора да значи,може и да го промашат.Руни сезонава има многу утнати пенали но сепак не влијаело на победите.Еднаш и Перси утна против Саутемтон но постигна хет трик,а за црвен ако некој го заслужил го заслужил нема тука трте мрте.Последните две сезони не сме нај нај...причина слабата одбрана која мора да се среди некако.

    Инаку вечер сакам Јуве нерешено или уште подобро пораз,да не се дигаат толку фановите.
    Браво за Милан.Конечно се вратија на старите патеки.
     
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Како викаат на фацебук

    И Саша Матич го виде офсајдот со кој Јуве го постигна голот :lol:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Еден ден не пратам фудбал и одма чуда се случуваат :lol:
    Шала на стрена, честито победа на росоњерите, им требаше една ваква убедлива победа за да им се подигне моралот и самодовербата на играчите. Се надевам дека Милан конечно ќе се врети на старите патеки.

    Туку Јувентус бе :fubar: Па само судијата изгледа не виде дека голот е од офсајд. Еве уште еден рекорд за Јувентус, најмногу победи со нерегуларен гол :lol:

    И да, ќе забраев :lol: Реал води 2-0 8) 100 та победа на Мурињо со Реал. Епа да му се множат :clap:
    100 победи во 133 натпревари :bow:
     
    На JuLleE и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  9. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    РИП италијански фудбал! Едно полувреме беше доволно за да се донесе ваков заклучок... Ма не, какво едно полувреме, многу помалку од тоа!
    Јувентус си искористија џокер „повикај пријател/судија“ по рекордни 19 секунди игра... ДЕВЕТНАЕСЕТ СЕКУНДИ, АЛО! Пола метар беше Асамоа во офсајд, ама изгледа само за судиите уште не беше почнат натпреварот.

    Од друга страна, Паласио беше еден прдеж во офсајд, и веднаш забележаа, нормално, зашто треба гол да се поништи, како тоа мисљим!? :fubar:

    Лихштајнер не доби црвен картон, па си можеше фино лепо да биде заменет? Ма тражили сте спектакли, гледајте!

    ЃУБРЕНТУС, КЛАСИЧНИ УНИШТИВАЧИ НА МОДЕРНИОТ ФУДБАЛ!!!
     
  10. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    ee после само Барса давала гол во 90+,шшшш.
    Модриќ,нот бед :clap:
     
    На BlackSwan5 и starbucks им се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Правдата задоволена, пенал за Интер :)

    Јувентус - Интер 1-2 :lol:
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    1-3

    Па ако ништо друго барем нема да има коментари еј 50 натпревари без пораз сме :lol:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас си имам кажано дека немам некоја симпатија ни спрема Интер ама овие Јувентус колку не ги поднесувам тоа е чудо. Се ситам на секој нивен пораз, па сакам да ги поразат.

    Ова е коментар од еден од најголемите хејтери на Манчестер т.е. јас. Поштено си загубија Арсенал, како загубени беа цел натпревар. Донекаде беа исправни судииските одлуки, само за Клеверли требаше да има црвен, еднаш го опомена, мислам дека после тоа беше за црвен ама ајде...не е толку важно. Колку и да не ги сакам реалност не е никад на одмет.
    Жал ми е што Челзи извадија само бод, прокоцкаа добиена утакмица што се вели. Ама верувам дека ќе се вратат пак на прво.


    И Реал си победи :rock: :clap:. Се изнаредија сите со по голче, фалеше уште Роналдо или Каљехон. Одлично се снајдоа Модрич и Есиен на местото на Чаби и Кедира, драго ми е за нивните голови... ретко ја имаат таа прилика. Нека продолжат вака, се чека само кикс на Барса.

    П.С Нека му е живо и здраво синчето на Меси. И богами многу неверојатно ова со деновите меѓу неговиот и синот на Роналдо. Ај, после не постоело судбина, или можеби случајност е :wasntme:.
     
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Од друга страна заборавив да пишам

    си останува ....


    Milan 1991-1993, 58 games unbeaten

    The Invincibles
     
    На Hipster и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Баш добро досуди Дин.Првиот пат и двајцата добија жолт картон,вториот опомена само по што навреме Фергусон направи паметен потег да го извади Томи. :)
    Туку Реал бе...еднаш не ги гледам и победуваат како што доликува.
    Сега и ке нема да се фали овој фанот за Јувентус...поздрав со ниеден пораз...бла бла бла...реков дека ке изгубат Јуве.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Вака како што ве читам,ме фати носталгија за едно време,ех да е сега тоа време,ех да отиде тој малер што е веќе предолго.Малер ли се вика,лоша среќа ли се вика...незнам,незнам.Душата ме боли кога ги гледам каде се на табелата изминативе години.
    Ах бе Ливерпул бе.Дај бе жити мене..

    Што прави фан на Ливерпул во вакви времиња? Си врти клипчиња на youtube,од едно време,и се надева дека ќе се врати пак тоа време.
    Очајно звучам знам,ама очајно сакам да се вратат во игра како некогаш.
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ех бе Интер, сила си значи. :D

    И брат ми као фан на Милан, се утеши дека не ги стигнале Јуве во највеќе победи во Калчо.


    Се вратија Интер во колосек, дај Боже да го гледаме стариот Интер. И поинтересно ќе биде калчото, сега. Наполи, Интер и Јувентус во трка за Скудето.


    Честитки за фановите на Интер, јас сум само нивен обожавател. :)
     
    На Ph0enix му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.147
    Манчестер во Англија, Барса во Шпанија, Јувентус во Италија :D .
    Сите овие тимови ја имаат судиската наклонетост, и никој не може да ме убеди во спротивното.
    Некни на Катаниа и поништија гол, а на Јувентус им признаа гол од офсајд.
    Денес исто.
    Не ги мразам и двата тима иако се ривали на Милан. Мислам дека не постои таква омраза како кај навивачите на Реал и Барса на пример.
    Колку пати сум навивала за Јуве, или Интер во ЛШ.
    Вечерва сакав Интер да тепа, затоа што ми се лоши од тимови кои победуваат со помош на судии.
    Јуве ги вратија еднаш во Серија Б. Да не ги снајде истото. Местенка до местенка.
    И после Милан местиле. Местат ама не вака апла, од авион се гледа, и од фудбал да не се разбираш ќе видеш дека е офсајд.
    Сепак Милан е сеуште на врвот, 58 натпревари непоразени во низа. Јуве 49 :D .
    Форца Милан, кам бек.
    Ако вака играат, има шанси за првите 3 места.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Овојпат моето мислење околу мечот ќе си го оставам за мене. Честито Интер,покажавте одлична игра :)
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Eдинствен проблем на Ливерпул според мене беше што најпрвин го сменија тренерот Бенитез.Мислам што му фалеше на човекот?Убаво си играа во лш па и финалиња :) а потоа го сменија уште два пати ако не се лажам.
    Нема резултати со постојано менување на тренери :!:
    Второ...немаат асален играч со исклучок на Џерард ама не може се тој само бе,ги продадоа Торес и Чаби Алонсо...уште поголема грешка и купуваат играчи кои се просечни,шпанци кои не се знае дали можат да издржат во англиската лига или не.

    И ај да не се караме пак за едно исто судиски помош кој каде бил наклонет.Сите тимови имале помош од судии...Факт.Немојте да ја тераме истата приказна секој ден.
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.