Хуманите тие, со големо срце. Еве, очи ми насолзија колку човечни се. На иницијатива на Гдеси ова е сигурно.
Сигруно некој дечишта недораснати тресат такви зелени на фб ... Иначе и мене ме заеба Барса моја за 8илјади ... а вчера Реал ги имав пишано,си реков дома играат би требало конечно да победат,тие не...никако не им оди со швабиве ......
Не денеска, претходното коло Нордсјеланд - Јувентус беше 1-1. Најде со кого да се перчиш, издувниот вентил во групата. Кој стигне ги полни, а за малце и 3 бода ќе им земеа на твоите.
резулататите денес милина....си лапнав 30 евра не дека се ного ама за 20 ден беше тикетот уплатен...ама затоа татко ми ги здрви по наше речено за 100 ден човекот си бидна побогат за 46 700 денара
Зошто бре не пишете вакви информации порано, дека вечерва Фарса имаше намера да биде хумана . Сега ќе бев добитна! Хуманост секако, вака се тешат лузерите .
Со тимот што го поддржувам од своја седма година,со тимот што ги држеше најголемите легенди во Италија,најтрофејниот клуб во Италија,со тимот со највеќе играчи на европските и светските првенства во дресот на Италија,со тим што е легендарен и историски,со тимот што минатата година го крена Скудетото без пораз,и оваа година нема да остане без титула. Со великани на теренот и на клупата,со луѓе што знаат што е фудбал. И ќе ја прифатам целата мржња од комплекси што преовладуе во групава,зошто ми се преку глава вашите Милан,Манчестер,Барса и Реал. Со кого ти ќе се перчиш?
^Среќа у Милан, Реал,Барса само копачи играале, немаат ни една титула освоено, па се курчат од што им е ќејф Пешкирче, океј доста препуцавања. Искоментиравме од типот, дека голема победа извојува каков противник мајко моја. Курчи се АКО освојат лига на шампиони, во друг случај смири живци малку
Не бе Хипстер,ќе се курчам кога ќе освојат што било,на било која победа,дури и на нерешено ќе се курчам. Ти ако си го бодриш тимот само кога ќе земе ЛШ,алал ти вера. А Реал се држи некако,ама Милан и Барса не ги гледам у ЛШ некако. Освен тоа ја немам проблем со вас,вие имате со мене,поточно со Јувентус и фактот дека вашите тимови моментално се апсолутно непотребни за коментирање
Епа да пратиш убаво и да читаш ќе видиш дека јас, т.е ние неколку што наиваме за Милан и те како се радуваме на нерешено, у секоја победа, па макар и Киево , ќе видиш кој е прав навивач. Не планирам до утре да се расправам, само ти прв го пиша ироничниот коментар, ако демек видете кој е кој, а мислам дека воопшто немаше потреба.
Да де,нема потреба да се пишува ироничен коментар околу Милан,а околу Јувентус може да тапацирате за тоа колку местел на секој меч нели. Ако толку ти смета мојот коментар,глеј си работа,заобиколи го. И кога веќе се радуваш на победа на Киево,немој мене да ми кенкаш што се радувам на победа со Нордсјеланд. Зошто толку големи тимови биле декласирани од мали клубови во големи натпреварувања.
Едно е да се радуваш, друго е да ја полниш темава со саркастични и иронични коментари. Твојот конкретно беше, толку непотребен. Радувај се тамн работа, ама твојот коментар не беше толку радувачки како што подбуцнувачки као незнаше колку победиле. Ај молим ти се. Убаво ти реков, олади, не играм за златни гаќи, ебаго бељата, ебаго П.С ако со Милан не се игра мајтап сезонава незнам со ко друг тим се игра толку,па дури и од нас навивачите.
Тачно. Јас,како единствен навивач на Јувентус што почесто пишува во темава ја полнам со коментари повеќе отколку десетина навивачи на Милан. И стварно не ме тангира твојата пристрасност у констатацијата за моите коментирања. Ти реков,заобиколи ме и продолжи да си навиваш за Милан,што па толку ти боде очи мојот коментар? П.С. Озбилно? Ете си поиграв мајтап со Милан и одма почна да ми трубиш. Чаре?
Кога сме ај хуманоста... Знаете зошто Милан постојано губи? Затоа што Берлускони ќе отварал нова јавна куќа, па хумани се, му помагаат на газдата и местаат. Така и Барса...Хуманост! Се во знакот на хуманоста .
Како да ви кажам, сум видела глупи луѓе, ама да не знаеш дека во купот не се игра реванш туку една единствена утакмица, и ако изиграш нерешено потоа играш продолжение . . . Овие на Венгер пулениве фатиле да ги фрлаат дресовите во публика, после си ги бараа назад, аууу солзи ми протекоа. http://www.youtube.com/watch?v=v1lrdNQLoD0
Луѓе бе сте заборавиле дека за ЛШ имаме тема м? Ај, и не е толку битно. Ух, германците ни се ноќна мора. Никако и никако да извадиме добар резултат со нив. Додуша, јас може да се каже дека сум задоволна од резултатот донекаде, земајќи го фактот дека до последните минути губевме. Сецкаше упм линкот па од тоа малку што успеав да видам, многу заспана одбрана. Фали Коентрао или Марсело, и двајцата. Добро е, се спасивме од пораз како така . Туку Барса бе. Со Селтик бе. Што ви се дешава во овие ЛШ утакмици, не дека мене лошо ми паѓа. Секој пораз на Барса од шкљ екипа ми ја полни душата . И Челзи спасија гз. Мозес Дрогба стајл. А овој Оскар стварно очекувам за некоја година да биде меѓу најдобрите играчи во ПЛ.
Дечки има тема за лига шампиони подобро за нас е попрегледно затоа и постои . Изгледа го имаме Дрогба