Оу Барселона со кој состав излегла Пике и Пујол во одбрана,Чави и Иниеста во средниот ред и МВП во напад. Конечно онаа Барселона која рушеше се пред себе... Visca!
Што слушам Меси мал диктатор бил? Туку Јунајтед денес ептен слаби.Перси тапа за Валенсија да не зборам,не ја заслужува 7мката.Барем еднаш да јја оправда И Челзи лошо
Каква игра на Реал . Не е воопшто Атлетик слаб клуб па сум задоволна од одиграното. Бензема конечно добра партија. Можеше вака да се игра и со Севиља и Гетафе кои не се ништо подобро место да се загубат тие 6 значајни бода . Сега само треба да се чека Барса да изгуби ама нема да биде тоа често како лани, ми се чини. И супер навивачка атмосфера на Бернабе! Mхм, сакам барем еднаш да се најдам таму, па џабе ли сите навивачки песни ги знам . Como no te voy a querer, si fuiste campeon de europa por novena vez. . Сонував дека Барса изгубила од Бетис . Откаде баш пак за тој клуб. Кога играте со Бетис? . Ова чисто информативно
Еее да во право си, сега видов дека профилов не е официјален,моја грешка.... Ама сепак можеш добро да се изнасмееш
Манчестер класа тим , нема пенал , црвен , 10 мин продолжение и загуба одма залепија ...... И Челзи со нив исто .... пуф пуф пуф ... Браво за Милан , ми губат од Аталанта и Сампдорија а со Наполи играат како да се први на табела ни недостига овој многу
Интер пак си ја прокоцка шансата да дојде близу до Јувентус. Покрај ужасното судење на натпреварот Јувентус - Лацио,каде што реално требаше да се досудат барем 2 пенала(имаше 2 старта,еден врз Видал во првото полувреме,и еден врз Фабио Каљарела што беше тотално неспортски,а не беше досуден пенал,играта со рака на Козак во продолжението не ја сметам). И минатиот пат со Сампдорија,и сега со Каљари. Верувам дека нема да има некои големи промени на табелата во Серија А и дека Јувентус ќе го подигне Скудетото пак.
И јас! Кој и да се доближи до Јуве, на сцена настапува судијата и оп непресудени 2 пенали. Срамота! Ќе го подигне Скудето, може уште сега да славите.
Што се обидуваш да кажеш,дека Јувентус не беше оштетен во натпреварот со Лацио за 3 бода и дека Интер не доби 2 пенала и всушност имаше некаква шанса со таква патетична игра да ги победи Каљари? Сакаш да кажеш дека Јувентус ги потплатил судиите за никој да не може да му се доближи? Кој тим реално има можност да заврши подобар од Јувентус во регуларниот тек од сезоната? Милан? Наполи? Интер? Поразите од Аталанта и Сампдорија,и тие ли беа кривица на Јувентус? Не беше доволен фактот што 7 играчи од Јувентус настапуваа за Италија и успеаја да ја доведат до финале? Не е доволно што Јувентус го има еден од најдобрите голмани на светот? Еден од можеби најдобрите стопери/дефанзивни играчи на светот? Дали за секој пораз на било која екипа во Серија А ќе го обвинуваш Јувентус и ќе правиш муабет како они го местат секој меч за да бидат на врвот? Тогаш зошто дозволија да изгубат од Интер,ако имаат толкава моќ за местење? Зошто не го пројдоа рекордот на Милан од 50 и кусур мечеви без пораз,него мораа да паднат на 49-тиот? Каде беше со муабетов минатата сезона кога на Милан му беа досудени 4 пати повеќе пенали отколку на Јувентус,а сепак го кренаа Скудетото? И тогаш беа судии во прашање? И секој пат кога на нечив омилен клуб нема да му биде досудено нешто,крив ќе биде Јувентус,а кога ќе биде оштетен противничкиот клуб уствари ќе се работи за судиска грешка? До кога?
http://www.time.mk/read/5d551d1f62/0c61 ... index.html Да се биде 1 или не, прашање е сега. Додуша не знам што судија ќе суди, ама дали Турциве ќе искористат шанса . . .
Отворам весник денес, читам Абрамович му мавнал клоца на Ди Матео уште вчера, боже очи ми се насолзија, кај најде сега пред дуелот со Сити, бога ти љубим. Не е Ди Матео крив толку, колку коњот Абрамович. Абре од толку милиони, милијарди, не успеа пред сезонава да земеш добри напаѓачи, па Ди Матео тоа што можеше - го направи, и најискрено и одговорно кажувам, дека колку и да го сакам Торес мора да си оди од Челзи под итно! 3 сезони го чекаме да се разбуди од сонот, и нигде го нема, жал ми е многу... Само недај Боже Бенитез, или поверојатно Гвардиола. Не ги сакам бре тие, неее. Не сакам да се крстам во некаква тактика која не ја сакам, ниту во тренер кој ми е одбивен.
Aбрамович има многу пари, ама нема мозок ич, за жал. Туку гледавте ли Англија и Манчестер како го дочекаа Кики? Билборди низ Манчестер Welcome back home Ronaldo, сите спортски медиуми со насловни дека кралот повторно се враќа во Манчестер(да игра проти Сити де ), ''Unbuyable" Ronaldo always welcome back Е така бре, така се подржува легенда. А читав некаде дека ќе имало и фанови на Јунајтед кои ќе му пружат подршка на Реал вечерва против Сити. “If Real Madrid land on Manchester airport, then the airport will be surely flooded just to see one player whom fans want most. Everyone knows the name, I don’t need to tell it. He is the Prince and legend of Manchester,The King and legend of Real(Madrid). ‘CRISTIANO RONALDO’” — Gary Neville Сер Алекс Фергусон ја посети екипата на Реал Мадрид !! Во хотелот The Lowry во Манчестер, денес специјален гостин при концентрацијата на екипата на Реал Мадрид. Сер Алекс Фергусон, тренерот на Јунајтед, ги посети играчите и стручниот штаб на Реал. Притоа, познатиот стратег имаше разговор со Флорентино Перез и Жозе Мурињо. Ферги му честита на Мурињо за неговото достигнување на бројката од 100 натпревари во ЛШ. Фергусон е еден од четирите тренери во Европа кои ја имаат достигнато оваа бројка, а вечерва Мурињо ќе стане петтиот во ова елитно друштво. На крај, Ферги им посака многу среќа и на играчите во вечерашниот дуел со Сити, и секако прогнозираше победа на Реал над градскиот ривал на Јунајтед !!
Иако ги неќам Манчестер, убаво ова од нивна страна и од страна на старецот секако . Ама подобро и да не сонуваат дека стварно ќе им се врати Роналдо . Инаку жал ми е за Ди Матео, не заслужи да биде отпуштен. Не е тој само крив за лошите резултати, лоша политика на Абрамович дефинитивно. Nе бе не ми е судено да гледам на раат ЛШ. Ај со новата кабловска ја има Прајм а сега пак обичната МТВ ја нема. Кој нормален оператор не би ја ставил првата македонска телевизија . Реал води против Сити .
Да не ширам пеисмизам, ама поголем кикс од Барселона не верувам дека ќе дочекаме. Оваа недела беше ризична за Реал, ем со Сити ем со Бетис што скроз не надигра. Прво, ако веќе чекаме кикс од Барселона, треба константно да победуваме, што нормално е невозможно. За жал, во првава половина нема да сменат многу нештата, не требаше да си дозволиме глупи порази на почеток, затоа сега секој наш кикс ја зголемува разликата со Барса. Очекувам денес Челзи мамичето да им го расплачат на Сити. Тешко ќе е многу, кај со пекарот ко тренер , господинот Свињитез кој не верувам дека некој фан на Челзи многу го сака, па и со најави дека Лампард ќе си оди. Дај Боже да ме разубеди пекарот, и да ги надигра Сити, нека тонат ко Титаник.
Гледа ли некој Челси - Ман. Сити ? Крофната го разбудил Торес од зимски сон, ммммм ми се допаѓа тоа.. Ајде да се надевам ќе имам причина за славење вечер...
Гранде Милан Победаааа и тоа над Јувентус Ваков Милан сакам, кој вечерва блескаше. Одиграа одлично. Интересен натпревар, само јас си знам колку пати ми застана срцето . Овој коментаторот вечер ќе плаче што Јуве изгуби. Прв пораз на гости и тоа од Милан . Ами како .
Тажна сум вечерва . Не смеевме ова да го дозволиме, да им ја препуштиме титулата на сељациве од Каталонија уште сега. Формата на Реал е опадната оваа сезона и тоа не е ништо ново. Надиграни од Бетис, бевме и оштетени и за два гола ама не требаше да дозволат тоа да решава нешто. Барем да се концентрираат на ЛШ, за Примера мислам дека има многу малку надеж. Ќе дојде и нашиот момент...лос бланкос до крај. Видеото ме расплака . http://www.youtube.com/watch?v=b2QjvU9t ... r_embedded Едит: Среќен роденден на Чаби Алонсо. Да си освои ЛШ годинава.
Миланче, ти ли беше тоа? Ајде ајде, и тој се разбуди, са среќом нека е. Викендов еден од најтапа со глупи/чудни резултати. Никогаш да не се повтори.