Дан је тмуран, ја мамуран http://www.youtube.com/watch?v=nnO_mw4hNEU Ја да ви кажам право синоќа се напив од туга што Реал изгуби. Ама убаво си се напив И утрово се будам со некој празнини во меморијата, ама ми текна дека Реал изгуби(мора многу да ме погодило) и си се свртев на друга страна и породолжив да спијам од што толку мака ми беше. За утамкмицата што да се каже, ептен слабо. Знаев дека ќе биде тешко гостување, секогаш тешки ни биле гостувањата кај Бетис, ама па дека до толку слабо ќе изиграат, не верував. Голот го примија во 16 минута и имаа 70 минути барем да изедначат, ама ништо Кај што играчите беа дрва, кај што среќата не не послужи, кај што тој голманот на Бетис избрани све што можеше и неможеше, па и судијата не дотепа Првиот гол од прекин, беше чист офсајд со право го поништи. Ама вториот беше чист гол. И пенал не досуди поради игра со рака на крајот Епа ми се плаче, најискрено. Ла Лига најверојатно е решена, Реал како тргнал ќе се бори и за второ место годинава А колку е само лоша оваа сезона зборува и фактот дека минатата цела сезона Реал има изгубено само 14 бодови. Оваа сезона, со само 13 поминати кола Реал изгуби 13 бодови Али шта је ту је. И последен нека е, Реал е , и ќе се навива за него до крај
И викаш Towelle , Juve про екипа со јак состав со ова со она.... И опа го лапнаа од Милан И тоа со пенал , одмазда за минатата година што се извлековте со непризнаениот гол Од две Милански екипи Јуве го лапна годинава Трпи си.... Али не се секирам , ќе ги тепате Пескара и Носралјагиаб со 3+ голови и пак ќе бидете јаки Реал Мадрид многу им е ладно , али не се секирај ќе ги тепаат Гранада 6-0 и ќе мислат дека се најаки пак ....
И да се надоврзам за муабетите со Милан, ептен ми е мило што победија и што се враќаат на старите патеки, целосно доминираа вечерва, и ми се далеку помила екипа од Јувентус, ама морам да признаам дека пеналот беше сомнителен и мислам дека немаше игра со рака. Ама па померачки е вака да го тепаш Јуве. Со неговото оружје Карма ис бич Честито росоњери
Јас како што заприметив, немаше игра со рака туку со мишка, али сеедно, вака победата уште послатка. Јувентус очајни до максимум. Прочитав и коментари од фанови на Јуве дека заслужено си изгубиле. Милан беше просечен, може и малце под просек, ама во секој случај повеќе ја заслужија победава. Барем одбраната им беше апла подобрена. А за натпреварот Челси - Сити, ужасие.. Подосаден натпревар амин. Одбрната на Челси, постабилна од предходните натпревари ама сепак не приметив некој напредок. Ме изненадија навивачиве со паролите за Роби, и се израдував кога го спотнав Дрогба на трибини. Цезар и Мосес пријатно ме изненадуваат секоја утакмица. Мата како изгубен ми беше некако. Торес се трудеше кутриот ама не му иде, како едната нога да му заспива по малце кога трча. На Крофнитез тактикава му беше 'вамос Шпанија', мислам дека све шпанско во Челси денес беше на терен -.-
Eве вака,ќе ти одговорам на секое одделно. Да,Јуве е про екипа со јак состав,и ова и она. Ако не мислиш дека е така,молим те приложи ми доказ. Зошто јас имам многу повеќе докази дека е Милан мувла екипа отколку ти докази дека е Јуве тиња. Голот од минатата година беше прашање на сантиметри. Додека не се воведе гол техниката не можеш да очекуваш секоја грешка да биде средена. Исто така,не можеш секоја судиска грешка да им ја препишеш на Јувентус,посебно од она од минатата сезона,кога како што еднаш напоменав,Милан имаше четири пати повеќе пенали отколку Јувентус. Ама вас ве јаде тоа што не успеавте да земете Скудето таа година,знам. Изгуби од 2 Милански екипи,нема што да се бунам,само што ова од Милан не можам да го наречам пораз. Не заради дискутабилноста околу пеналот,туку ради самиот факт дека е пенал. Милан беше далеку од доминирање на теренот,беа тотално изедначени зошто Јувентус во вториот дел константно вршеше притисок на страната на Милан. А да,за тоа претходното одговорив на Пеликуна ако не се лажам,секоја победа е победа и секој пораз е пораз. И Интер и Милан губеа од екипи што би требало да се послаби од нив,а испадна спротивното. И вие се радувавте на 5-1 победата против Каљари,така да аргументов не ти држи вода. И да ве потсетам сите вие што се ситите на секоја победа врз Јуве,и што гаите омраза кон клубот,поразот врз Челзи треба да ви укаже на тоа колку моќна екипа е Јувентус,целата мината сезона без пораз исто така би требало да ви укаже колку треба вашите омилени екипи да бидат подговтени кога играат против еден таков гигант каков што отсекогаш бил Јуве. Ако имаш уште некој сомнеж,слободно,ќе ти разјаснам.
На пекарот тактиката му беше Пробуди ме кад буде готово. Подосадно, здравје. Формула беше 6 пати поинтересно. Ешли Кол вреди злато, колку пати спасуваше. Ни Бане, ни Луиз не се ни приближно кон него. Тери и Лампард, па и Дрогба страшно многу фалат. Не знам дали заприметивте каков само гест направија навивачите на Челзи. Во 16та минута сите во еден глас го скандираа Ди Матео, бидејќи тој носел 16ка дрес во Челзи. И јас си поплакав за него. Многу направи за тимот.
Lil a замисли се шушкаат муабети дека ќе напуштал Кол а истото важи и за Лампард, барем така нешто изјавил чичко Пекар .. И јас си тагував за Роби, ама што е тука е, мора да му се даде шанса на Крофнаров.. Роби киксна и тоа е тоа, дојде до израз неговото немање на искуство, ама дефинитивно го чека светла иднина како тренер А го забележавте Диди на трибини ? Спојлер
Еве и јас ќе ти одговорам едно по едно Кој се тие докази дека Јуве е подобар од Милан? , Јуве можеби бил повеќе пати шампион во Италија од Милан , но Милан сеуште има најмногу титули и победи , а особено во ЛШ ..... Јуве ја освоил Италија а Милан Европа ...... да не спомнувам што сеуште го држи рекордот од најмногу непоразени Таа утакмица беше кључна , да победеа Милан , 95% ќе беше титулата кај нив... а на кого да ја препишам таа грешка? .... Беа двајцата доминантни , ама да беа Јуве појаки ќе постигнеа гол за 1-1... Се радуваме на Каљари оти ако не си приметил , ги продадовме сите звезди ..добивме млада неискусна екипа .... додека пак Јуве ја имаа истата "искусна" екипа ... и жално е да ги гледаш фановите на Јуве како се силат на Пескара и Нондаѕаб а неможат Миланските екипи да ги тепаат , така да ДА ми држи вода. Против Челзи треба да ми докаже колку е моќна екипата на Јуве? ..... Ќе ги видам против Реал , Барса И Баерн кога ќе се паднат ...ако воопшто и поминат групи ....
И за тие што се бунеа дека Роналдо е бољи од Меси еве статистиката (Заборавиле да пишат дека Меси има 1 гол од Пенал а Роналдо има 4..) (Десен клик + View Image да ја видите целата статистика )
Јипи знам дека поентата не ти е да докажеш кој е подобар од Меси и Роналдо, тука сакаш да се боцкш Се мислев дали да ти репицирам и верувај дека немаше да ти реплицирам(зашто знам дека уживаш ако испровоцираш некого и дека тоа ти е поентата), ама сметам дека имам што да кажам по однос на ова прашање па затоа ќе ти реплицирам, па слободно уживај Јипи Преку глава ми е веќе од споредбите меѓу Меси и Роналдо и ова е последно мислење кое го пишувам по однос на тоа прашање. Целиот муабет се базира на тие голови и рекорди. Пред една година кога Роналдо беше најдобар стрелец во Примера, а не освои ништо(освн Купот), тие голови не беа битни, битни беа титулите. Па затоа го веичевте меси, семек освоил Ла Лига, а Роналдо освоил некој небитен куп. Сега во годината во која Роналдо одигра супер на 95% од големите натпревари, а Меси го немаше речиси никаде, тие голови постигнати против Сарагоса и Мајорка наеднаш стануваат битни, па нема везе што Меси годинава го освои само Купот. Битно ги пунел Сарагоса и Мајорка уривал рекорди. Јасно како ден е дека Меси ќе ја добие Златната топка не затоа што имаше подобра сезона од Роналдо, или зашто е подобар од Роналдо( зошто НЕ Е ) туку затоа што гласачите го сметаат Роналдо за арогантен, самобендисан, итн.. На Меси му се сервира кампања на добро момче (иако е далеку од тоа), а Роналдо е лошиот и арогантниот.Вистината е дека на терен (соблекувална, итн...), баш последниве 3 сезони работите се обратни. Роналдо е лидер на тимот, но со далеку помали „ингеренции“ во Реал има 3-4 други играчи чиј збор е поважен, за разлика од Меси кој шерифува и дели шамари во Барса... Но медиумите си го прават своето... Не се дигна фама за испадот на Меси(ова ептен скоро беше) против Селта кога намерно удри еден фудбалер на Селта, не се дигна фама ни кога намерно шутираше кон навивачи на Реал на едно Ел Класико...не се дигна фама ни за шамарите што ги добил Виља... Прљавиот веш каталонците многу добро го кријат. Не дај боже некој играч на Реал да го направеше истото Крај краева мене ништо не ми значи оваа награда која ја изгуби смислата уште во 2010 година кога ни еден играч од шампионот на Европа не беше номиниран да ја освои (доста ќе беше само да го номинираа, а не да ја освои).. Нека продолжи Роналдо да им го прави тоа што им го прави на Барселона оваа година, и слободно уште во наредните 10 години нека му ја даваат наградата на Меси. Наградава станува пародија ко шпанските награди. Гвардиола најдобар тренер во Примера за сезона 2011/2012 ( не е битно што не освои ништо, туку има подобар карактер од Мурињо и е скромно тренерче).
Јипи, кај ги вадиш имињава за Нордсјеланд, не си нормален. Туку Анабел, ако ги продаде ружниот Роман, Кол и Лампард, може комотно на бесилка да се стави. За Роман од една страна не можам да кажам нешто посебно лошо, затоа што тој го создаде Челзи со Мурињо, тој го воскресна Челзи да се бори за титули, тој ги купи најголемите ѕвезди, но истиот тој сака инстант резултати, во смисла одма купува 3ца играчи, дава невидени суми и очекува да освојат и Премиер и ЛШ истата сезона кога ги купил. Случај со Шевченко, Балак и Торес кои воопшто не се снајдоа во Челзи, а добиваа(т) неделна плата од 150.000 евра. Епа нече мочи друже така. Знаеме дека имаш пари и ти се може, ама тимот се создава, а не се растура по една сезона. Едвај чекаше Ди Матео да го шутне, само чекаше прилика. Нема ниеден тренер што ќе биде толку влијателен за купување играчи освен Мурињо. Тој им директираше на агентите за купување играчи, сите други тренери само ќе чекаат милост од Роман. Можеби единствено Гвардиола би имал поголема слобода, затоа што Барса со него освои се што можеше. Ама Мурињо беше/е/ќе остане единствениот најдобар!
Мислам дека управата се мислеше да ги пушти Лампард и Кол т.е. да им понуди само едногодишен договор поради староста и пред да дојде Бенитез. Мислам дека би бил потполно погрешен потег тоа, видовме како Кол во рок од само една недела неколку пати спаси од самата гол линија а и одбраната е посигурна со него, се примети додека беше отсутен. Многу зависи Челзи од Тери, Лампард, Кол, па и Дрогба мислам дека можеше барем уште една година да одигра во добра форма со оглед на годините. Затоа што Фернандо ама баш никогаш нема да го замени на барем малку достое начин. Остај што го сакам јас како играч ама заспана убавица е веќе две сезони и не може да се разбуди никако. А искрено не ги разбирам навивачите на Челзи со плакатите против Бенитез. И јас не го сакам којзнае колку, и мене ми е жал што Ди Матео си отиде. Ама треба да се прифати дека сега тој е тренер на Челзи и тоа е, она само може да го демотивира тимот. Гледајте на ведрата страна, можеше да дојде Гвардиола . И не се слагам дека Гвардиола е некојси тренер, можам да гарантирам дека ако иде во некој друг тим сега ќе се изгуби. Со Барса доби готов тим, разигран а титулите беа освојувани повеќе поради играчите него поради тоа што е некој си стратег. За ситуација Меси-Роналдо. Аман веќе од тие споредби. Кажав, за навивачите на Реал е Роналдо, а за на Барселона Меси. Ама се претерува со тоа претставување на Меси како светец а Роналдо како се најлошо на свет. Стварно очекувам некој ден за светец да го прогласат. И да, според мене е баш спротивното, тоа мало патуљче не е воопшто толку невино како што го прават, све је маркетинг и тоа добар морам да признаам. Па се заборава да, како се караше со Виља или што да беше тој инцидент, напротив Меси е тој што глуми диктатор во тимот. Ама да, каталонците вешто си ги кријат раздорите во соблекувална, додека Реал се сите себичњаци, арогантни итн.. http://www.youtube.com/watch?v=dO3qdR_ZH3g http://www.youtube.com/watch?v=BnesOQTbWeQ http://www.youtube.com/watch?v=BDHXp1jDk3o
Инаку, како што се збори за Кики, има и приказна околу добродушните невинашци од Каталонија. Дека намерно продаваат имиџ на добри момци кои не сакале никакви реклами на нивните дресови, освен логото на Уницеф. Што не ги делат платите ако толку се добри и фини. Или количките од возниот парк? Неееее, они сигурно пегли возат низ Барселона.
Озбилно не разликуваш Е од БИЛ? Збориме за сегашност,не збориме за кој колку титули имал и кој каде бил првак. Да,а? А ја на кого да ја препишам цела сезона во која едвај 4 пенала добивме,со минимум 13 што требаше да ги добиеме? На Милан? Не реков дека беа појаки во мечот,ако ме читаше убаво реков дека беа изедначени,не ми ги извртувај зборовите. Која иста искусна екипа жити се? Имаме одлични поединци,но Јувентус е далеку од екипата што беше во ерата на Дел Пиеро,Трезеге,Зидан,Недвед,Давидс и остали,треба ли и јас да се жалам што Матри,Вучинич и Бонучи коцкаат шанси кои може да се реализираат? Треба да се жалам што немаме бомбер,што немаме реализатор на сите тие шанси? Која ви е таа неискусна екипа,Ибрахимович ви отиде па сеа ќе плачете? Што е со Мексес,Ел Шарави,Пато,Монтоливо? А дали ќе поминат групи подобро немој да размислуваш,гледај Милан колку ќе се покаже.
Ова не се трпи повеќе, Романе кај ти беше паметот. Од такт ме вади човеков, и пекаров, и Торес, и све у три лепе да отерам. Ејјјј беда, мизерија, овој пекаров божем една тактика, да не прими гол, или нерешено да извади, ама ваква глупа игра не сум видела, ни ќе видам. Добро бре, со 2 леви ли играат, со кој памет Бенитез ќе ги оправи, со кој? Не можам веќе, this is too much. Од готово - вересија направија. Ем беа во трка за осминафинале ЛШ, ем за титула во Премиер, сега со компир во раце, лелееее нервно оболев, веќе ЕДЕН МОЧАН ЗБОР не пишувам за Челзи! ЕДЕН!
Јунајтед е виновен за пропаста на Челзи Туку викате Јунајтед купувал судии а?Чисто гол не досуден по обидот на Ван Перси при резултат 3-4.. Одбраната ни е хаос
Барса покажа прекрасен фудбал, да ти е мерак да гледаш.... а на Месси му се потребни уште 2 гола за да го сруши рекордот....ајмоо напред