Затоа милион пати пишав и пак ќе повторам дека Реал Мадрид ги има најнеблагодарните и најлошите фанови во светот. Играчите, тренерот и тимот не треба да се почитуваат и величат само во победи, мора да се подржат и во пораз, инаку какви навивачи се тие ако после секој пораз бараат смена на некој играч или на тренер И ака навистина 82 % од навивачите на Реал се изјасниле за смена на Мурињо и пола тим, ништо нека не освои Реал сезонава, зашто очигледно нема за кого
Делумно така е. Милан имаше еден состав лани, годинава има потполно друг. Проблемот со Милан е што Берлускони и Галијани продадоа огромен број ѕвезди, а не им донесоа замена. За Кака никогаш не се донесе солидна замена, ама сето тоа беше покриено од другите столбови на тимот. Лани си заминаа 5 играчи од кои што сите 5 беа во стартен состав. Милан остана без Неста, Гатузо, Инзаги... Буквално играчи кои што го држеа тимот. Си заминаа и Ибрахимович (тешко муле е, ама никој не може да порекне дека е гол машина) и Силва. Сите гледаме дека партал прават во ПСЖ. Берлу и Галијани наместо да донесат нова ѕвезда, искусен играч кој што ќе може да координира во тимот, не само со играта, туку и психички, тие донесоа анонимци. И тоа играчи без убав потенцијал, средни, просечни. Додека сите купуваат засилување ние купивме само колку да се потполни местото. И што да очекуваме? Титула? Јас пресреќна ќе сум ако истуркаме до 4то место, да може догодина ЛШ да играме. Рачунај во 10 први натпревари, Алегри почна со 10 формации. Човекот не може еден тим да сврзе, не знае кој играч на која позиција колку е добар и затоа Милан губат како магариња. Не се уиграни играчите, не се знае кој е шпиц, кој е стопер, кој е напаѓач. Значи промената не беше клучен фактор, туку тоа што за местата во промената не се донесе соодветна замена. Берлускони е човек кој направил многу за Милан, ама премногу го осакати во последниве години. Уште не ми е јасно што се направи со парите од продажбата на Кака, Ибра, Силва... Бај д веј тој што плука по Касиљас да се засрами!!! Човекот е жива легенда, заедно со Раул и се гледа дека го сака Реал од срце. Го има на слика кај што плаче побогу!!! И него единствено не го мразам од Шпанска репрезентација, затоа што е мил и секогаш дава смирени и убави изјави. Не знам дали видовте кога играа финале летово со Италија дека во 90та минута му викаше на судијата да свирне крај за Италија да не прими уште некој гол и да замине уште попосрамена. Се гледа дека за Реал душа дава, ама убаво вели Боа, за кого... И не знам дали ја видовте изјавата, ништо лошо за Мурињо не рече за тоа што седеше на клупа, рече дека го почитува затоа што е тренер. Вистински капитен, а не лигушко. И ако не го сакаат Касиљас пред гол, нека ни го дадат нас Кој е подобар? Оној новиот? Ма ајде, толку површни навивачи имаат Реалци, да се зачудиш.
Kaмо да знаев дека Челзи вака остро ќе им влезе меѓу препони на Астон Вила... Ќе ја пишев бар 7+,а не ГГ3+,и само таа да ме зезне на лифче. 2 недели,минатата Рома,оваа Милан па Челзи,све со ваучери,3 лифчиња по ред по една утакмица ме зезнува...
Дури и Кикица би го примиле, по тоа се гледа нашиот очај Овај, Спаркс парите на нови курви отидоа и на судаки трошоци.. Туку ќе ја тепаме ли Барса аааа?? НЕ
Челзи поштено си ја тепа , да не те чуди и Милан да ја отепа. Малце трудна е работава ама карма из а бич, и дојде време Милан да си ги наплати сметките
Челзи, ама Челзи ги имаше Дрогба, Лампард и Тери. Ние најјако нешто што го имаме моментално е Ел Шарави. Со кој ќе тепаме? Со Боатенг(го мислеа дека ќе биде новата ѕвезда на Милан, дупка невидена испадна)... Со Робињо? Со Ночерино? Јепес, Де Јонг, Кркич? Една Фиорентина, еден Удинезе не можеме да ги победиме, а не па Барса. Лани со нашиот состав бев голем оптимист, сметав дека долгогодишното искуство ќе ни биде во корист против тим како Барса, годинава се молам да не не понижат и да си заминеме безболно поразени.
Ај бе росоњери, не се секирајте, како што сте вие у очајна форма така и ние сме. Да незнаеш кој е бетер моментално од вас и од нас Затоа без нервози, ако испаднеме од ЛШ ќе си организираме една пријателска, чисто онака за да се утврди кој е поочаен Ќе надминеме гледаност и на финале на ЛШ
Најреално Боа, не Реал се далеку од Милан, и никад да не паднат на тоа ниво, не му посакувам на никој тим,(добро на Лузерпул само ) Убаво рече Спаркс, да се молиме у Ел Шарави како у господ зашто уште и него да ни го продадат и готови сме, ЛИКВИДАЦИЈА. Али колку смешно ми го изговара коменторов на телма, Ел Шарави, со акцент на второт а
Уште една судиска одлука против Јунајтед.Но за срека победија 4-3.Одбраната мора да се поправи. +7 на табелата...А Сити изгуби.Ах ФА се правите Јунајтед да освои. Челзи уште една победа.
Само ќе кажам дека Перси е најдобриот напаѓач во Премиер лига, сезонава. Најдобриот трансфер некогаш направен од страна на Манчестер е лично тој. Веќе навикнав да гледам како губи, и маестрално да ја свртат.
Манчестер оваа година тепа само на два начина начин еден = со пенали , картони и чуда начин два = во 91,92,93,94,95,96,97 минута давање гол Толку.
Тукууу Астон Вила ... 12 гола во 2 утакмици. МанЈу све одбегнувам да ја играм, а секоја (втора) утакмица примаат први гол, па после играат ко да нема утре. ГГ 3+ обавезно паѓа.
Јипи ако се разбираш од фудбал а верувам дека се разбираш ке сфатиш дека фудбал се игра додека не свирне крај судијата со свирчето.Не знам зошто толку критики. И дај кажи за судењето на последните неколку натпревари или пак ке зборуваш еднаш во три месеци имаат помош Шшшшт Рома Oсумка од Челзи. А и да,кога сме веке кај давањето голови во последните минути колку пати Сити давал претходниот натпревар се спасија од Рединг. Еј Јунајтед се криви за поразот на Ливерпул од Стоук?
Леле никој ништо не коментира па колку само се случки има во ова година Јуве изгубија од Сампдорија , Астон Вила од сите го прима , Барса 16 разлика на полусезона , Боатенг се наљутил што го викаат црнец и остало расизам , ПСЖ купува уште повеќе играчи и најдобрата вест Меси по 4ти пат си зема наградата ... Ја мислам да воопшто не организираат туку нека му ја предадат одма и фацата на Гелот кога Меси си ја собира наградата секоја год
Абе Меси и секоја година нека ја добива, ич фактор во животот не ми е. Ама не ми е јасно по кој критериум ја зема пред Роналдо? Ај баш, ме занима да ми кажеш. Што освои Меси годинава? Потфрли кога најмногу му требаше на тимот, против Челзи во полуфинале, против Реал каде се решаваше титула во Примера. Ај за ланската па и ќе разберам, сепак освои ЛШ и Примера, беше виновник. Вака? Не го велам ова оти сум фан на Реал, напротив тапа е што оваа награда се претвара во глупост најголема. Драго ми е за играчите на Реал кои влегоа во топ11. Ама пак што бара Дани Алвеш таму? Не дека е од Барса, туку стварно.