Еј колку ми е смешно ко читам како фанови на Барса уште се преокупирани со Реал Реал нема шанса за титулата ви Ла Лига, тоа беше јансо уште на -13. Ама Реал сеуште не можете да го отпишете во ЛШ и во Купот. Смајли ја заборави Барса На двапати сезонава Реал ви држеше лекции по фудбал, и покрај тоа што сезонава играме катастрофално И Атлетико Мадрид го заборавивте и Билбао и да не набројувам повеќе Факт е дека сезонава Реал игра послабо со послабите екипи. Со појаките супер си игра. За вчерашната утакмица, не ни очекував многу. Гостувањата во Памплона се секогаш тешки, тоа треба да го знаете барем вие навивачите на Барса, бидејќи вие лани таму ја изгубивте титулата Плус тоа синоќа не играа ни Пепе ни Рамос. Не играше ни Роналдо. Синоќешната утамкица е доказ колку му е потребен Кикица на Реал и каков уствари играч е Роналдо, сакале да признаете или не Туку Јунајтед Каква игра во прво полувреме, секоја чест Сосема заслужена победа.
Немам еден збор да ја опишам играта на дрвана, скапаници од Милан. Ако овие беа дното, Сампдориа 6 пати подобро играа од нив. Дрва некастрени, племето нивно, нека изгубат 10:0 од Барса, мизерии тешки. Позагрижени се косите да им бидат во тон, отколку да дадат гол.
Боа да не се залажуваме,Реал е дно цела сезона. Дрва е правиот збор,не знам како сме воопшто трети на табела,треба да сме среќни што е тоа така. Ако продолжиме вака не ни бегаат кфалификации за ЛШ или уште подобр,Лига Европа. Со тие врвни играчи,ова е срамота да се случува. Гетафе,Севиља,Бетис,Еспањол,Малага,Осасуна до каде... Од сите го изедовме Брука!
мм кога тоа два пати Боа ? За дулот на Бернабе рака на срце немам баш многу да кажам..Мизерија бевме,пво полувреме! Ама да не сте толку пристрасни би признале дека второ игравmе шоулдер ту шоулдер со Реал,и тоа без еден играч! Е сега паднаа многу шанси за гол и на двете страни..ама битно Барса се врати.И ни држевте 'лекција за фудбал' само 45 мин,признавам! Е ова второто незнам баш на што мислиш? Ако е за Ел Класико од лигата знаеш дека двете екипи играа стандард добро,и нерешено беше реален резултат! П.С не дека ги правдам нешто,ама реално е и да кажеме дека и во двата дуели Барса играше без одбрана(како и сите други уткамици на почетокот на сезоната). Точно! Ама ако ме држи добро меморијата ти Боа имаше пишено на кој начин изгубивме три бода. Два чисти гола поништени од офсајд..бла бла ај имам зборено за тоа сигурно преку 10пати на темава Мое мислење е дека Реал годинава тешко да освои нешто,играта што ја прикажуваат не ни ветува баш да не го отпишуваме.Јас веќе го отпишав ,можеби прерано..ќе видиме А да, точно е дека Реал се бори за ЛШ,АМА уште 15 екипи заедно се Реал се бораат за титулата.
2 гола за една минута! Сакам јас кога Барса вака малце ќе се разлути,па гази се пред себе. Don't fu*k with Barca! Преубав гол на Ел Капитено од корнер.
Да се самоцитирам: O боже...никој не ни е крив кога не можеме да дадеме гол со играч повеќе! И кога примаме гол со играч ПОВЕЌЕ! Ало бе со играч повеќе... исто како со Челзи во полуфиналето од ЛШ лани. И Алексис,човече по кој пат 100% шанса не реализираш ?! И овој почна Роналдо да го глуми Ајттт има уште 90 минути!
Ахаха ве отепа овој трупот Алексиз Санчез . Да бидам искрена тешко верувам дека Барса би можела да опадне и покрај ремито на домашен терен, скоро невозможно. За Реал да коментирам или? Премија резултат со оглед на играта. Искрено, јас не видов никаква рака од Игуаин при вториот гол, а неколку пати го вртев видеото. Ептен нејасна ситуација, како и да е.
Што да кажам за мини спектаклот и голготата што ни ја приредуваше сите овие месеци Гвардиола со неговите искази Ваму ми е најголемиот сон, таму сакам да одам, размислувам за понудите а уште во октомври потпишал за Баерн. Очаен за внимание?! Конечно се обелодени ко да чекавме кралицата Елизљбета да прдне, сега може на раат да спиеме. Паметен избор од негова страна, го избра тимот и лигата во која ќе ја има најголемата слобода, да видиме како ќе се снајде.
^ Наместена беше. Имаат предност пред атлетико 11 бода а и многу победи една по друга. Изминативе кола играв против барса од оваа причина ама победуваа, денес не ја играв и ете ја наместија
^Абе луѓе,јас сум страсен навивач на Барселона,ама онака баш страсен. Тешко прифаќам порази,ама дај наместена ?! Ма немојј. Пике ја одигра можеби најлошата уткамица во кариерата;Маскерано и Валдез доста лошо;Меси како и против Малага во купот,иако даде гол не беше на ниво цела уткамица,промаши две шанси во првото,а во второто речиси и да не се гледаше... Барса оствари најдобра сезона во истоијата на Ла Лига,и нормално беше да кикснат. Visca El Barca & Mes Que En Club! Дај малце објективност!
Дали мислиш дека играчите играат од љубов ? Тие треба некој да ги плати. Барса има водство на табела, се договара со кладилници и губи.
Не потпишал во октомври, туку декември. И верувај во Баерн нема најголема слобода. За разлика од Челси и Сити, Баерн не трошат пари туку-така. Одборот не дозволува.
Тоа е твое мислење ама јас сепак мислам дека ја наместија за кладилници ( остај тоа па и 2-1 влезе ) како што и кажав бегаат на атлетико, незнам со колку бодови... а Пике и другите играчи ја одиграа утакмицата лошо баш од оваа причина. Редно беше да наместат за да изгубат или за нерешено
Hah им вратија и тоа во Манчестер Јунајтед стил , во 93 минута Барса загубија колку да не биде срамота за Реал ако ја тепаат Ла Лига без загуба
Толку се напнав од видеово што наместо да си легнам, ќе седнам да учам допрва http://www.youtube.com/watch?v=gYEy5XWKpnY Него гледаше некој Чезли Свонси денеска? Што беше ова со детето? Кратко најдов видео на YouTube.. Јес да неспортски потег беше што го зашутира, ама што к** беше она одолговлекување? Ни неговиот потег не беше нешто по професионален