^ Јас за Вила ќе сум планирам да пишам ливче,незнам дали да ја ставам утакмицава што мислите како ќе биде ?
Браво бре Каталончиња, како сте ме израдувале вчера.. а овие Реал... од петни жили дури да тепаат па и нокаути почнаа сами по себе да маваат
Порано повеќе следев фудбал ама ми го нема брат ми, така да немам гледано фудбалска утакмица скоро 1 година ама дефинитвно ќе ги гледам Арсенал во ЛШ.. anyways, дојдов во темава да ја постирам сликава, незнаев каде па ај тука I ain't even mad..
Каква среќа се овие Челзи значи у пм ..... Титула да не видат .... Добра игра и уште многу добар гол на Бентеке , штета што следна сезона сигурно ќе го земат у некој друг клуб.... Фактички дадоа два гола Астон Вила вечер а изгубија 2-1 , заслужија бод барем. А да и Пенал недосуден .... си отиде Ферги и сеа решија кај Мурињо да се збираат а ?
^ Баш ми падна криво за Астон Вила,уште од почеток бев за нив, заслужија да победат...дури се кладев со другар на брат ми ( навивач на Челзи) дека на среќа ќе победат дека негде кај 70-80 мин ќе дадат гол, по кузнае кој пат бев во право Што се однесува до Арсенал заслужено си победија оној Вебо среќа што го извадија,иначе сигурно сите ќе ги испотепаше
Манчестер Јунајтед 0-0 Челзи Ми падна криво за Манчерстер,мислам дека покажаа поубава игра, ама тоа е, башка недосудениот пенал, да го досудеа и да беше гол,се ќе се сменеше и ќе беше поинтересно за гледање :geek:
Јас па се разочарав,мислев ќе има многу голови и ме зезнаа на ливчето плус Иначе на Реал незнам што им е,овие 2 утакмици што ги имавме многу слабо,добро имаше сега добра игра ама па голови не.2:1 спрема Бетис сега само 1:0 со Гранада,порано по 4 им дававме на вакви екипи
^^ Баерн исто, некако како подруга игра да ми играат, се гледа дека нешто сменил Гвардиола а и исто малце голови 3-1, 1-0 ,2-0.. ама па добро важно победиле ,дур се загреат де за понатака ќе се опраат, ќе даваат по повеќе голови сигурно не се секирај ти притилајр,почеток е уште Туку мене страв ме фаќа сега со Челзи играаат Супер Куп, ги гледав денес Челзи стварно добра игра имаат,неќам да не победат на среќа во 90 мин гол да ни дадат ко лани страв ме фаќа по малце Опасен е Мурињо, кузнае што ќе смисли
^Па и тоа што викаш,сеуште е почеток.Ама ако продолжи вака многу ми е страв за Лига на шампиони посебно ако ни се паднат некој тешки Иначе за ова Баерн-Челзи мислам дека ќе победат Баерн,каква игра имаат Баерн многу подобра од Челзи ако Мурињо им дојде па вие го имате Гвардиола,ама ако си имаат среќа како претоходниот пат и да си го паркираат автобусот
Само да прашам- овие коментаторите на МТВ дали претходно си имаат подготвено текстови полни со стилски изразни средства, бидејќи сега пред почетокот на натпреварот Челзи-Баерн, се чувствувам како да сум на некој литературен час . Ќе гледате? За кого сте?
Ланскиот Баерн и овој сега очигледно не се истиот тим. Не сакам да предвидувам, ама нервоза ме фаќа од Гвардиола, незнам што изводи, ко што се тргнати не ми се верува сезонава да освојат нешто. Се надевам дека грешам, ама ... не ми се свиѓа овој Баерн засега
Тотално се согласувам со тебе 1-1 рибериииииииииииииииииииииии ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа
Аман од коментаториве. Срцата растреперени, дланките испотени, здивовите запрени, експресни возови поминуваат пред нашите очи, небаре Струшки вечери коментираат. Урлаат ко финале ЛШ да е.
Лукаку со оној мочан шут може на тренинг на Башкими да помине, мочкото ќе се курнази. Пошто јадевте гурабии дека Челзи само на среќа се вадат, швабиве поарни да не се?!