^ Добро што се појави ти, како што тргна, сама ќе си полнев цели страници Јунајтед да не испадне дека да не бил Фергусон досега немало да преминат 10 титули во Премиер... Се изненадив кога видов дека пак изгубиле, со онакви индивидуалци во тим да си дозволат пораз со 5 голови во мрежа, значи нешто друго не штима таму, не било се до играчите од кои се ослободија (eне пример на Чичарито му тргнало во Реал како за почеток). И мислам дека Ван Гал не е вистински избор за нив, на човекот не му е прв пат да не му оди со некој клуб... изглеа специфичен пристап има и не е лесно секој да се прилагоди на него. Тие уште не согледуваат зашто мислат дека не може да биде полошо од ланска сезона.
Primera Divison: Real Madrid - Elche Celta Vigo - La Coruna Bundesliga: Bayern - Paderborn Bremen - Schalke Frankfurt - Mainz Hoffenheim - Freiburg Германциве нема да ги гледам, ама сигурно ќе гледам Реал - Елче. Инаку имаше една смешна слика за одбраната и нападот на Манчестер Јунајтед, ама не можам да ја пронајдам. Некој друг овде на форумов што гледам фудбал да ни се придружи?
Реал - Елче Конечно Навас на гол, значи конечно. Редно беше да го седнат Касиљас. На клупа и Бензема и Модриќ. Засега 3-1.
Претпоставував дека ќе биде 5-1 и така испадна. Браво, се надевам дека така ќе продолжат. Имаше многу шанси за голови. Иско е супер, треба повеќе да го играат, исто и Иљараменди. Чичарито имаше убава шанса, но за жал промаши. Ама сепак, супер утакмица. Наредната е во сабота, со Виљареал, па ќе видиме. G. Bale 20 C. Ronaldo 28 (P) C. Ronaldo 32 C. Ronaldo 80 (P) C. Ronaldo 90+2
Во Италија Јувентус ќе освои пак, во Шпанија Барселона, во Англија како што реков веќе, мислам Челзи... Милан до година се враќа во ЛШ, Гејчестер (Утд) нека тоне...
^ Вторник и Среда е наредното коло. Ова како му доаѓа... секоја втора недела се игра групната фаза во ЛШ, освен кога клубовите немаат пауза заради репрезентативните натпревари. 30/09 ЦСКА - Баерн Минхен Ман. Сити - Рома ПСЖ - Барселона Апоел - Ајакс Спортинг - Челзи Шалке - Марибор БАТЕ - Атлетик Билбао Шахтјор - Порто 01/10 Атлетико - Јувентус Малме - Олимпијакос Лудогорец - Реал Базел - Ливерпул Зенит - Монако Баер 04 - Бенфика Арсенал - Галатасарај Андерлехт - Дортмунд Спојлер За Барса навивам инаку.
Оф мори мајко. Последна минута гол им дадоа на Ливерпул. Виљареал-Реал Мадрид 0-2 Сега ќе гледам Арсенал - Тотенхем.
Измина ден на звучни натпревари, темава штама... Челзи - Арсенал - градското дерби... да пукнеш од досада... Прво полувреме помина во прекини, фаули, нечиста игра и хаотичен фудбал... второто Челзи се затвори, нормално, чуваа водство од пеналот, Арсенал главно иницијатива, ама толку знаат да реализираат они напад за на крај 2-0 победа за Челзи... Ман. Ју - Евертон беше бољи натпревар, блага напнатост до крај, штета не приграби Евертон бод. Јувентус - Рома, е ова беше јака утакмица ни малку досадна, ама ќе да падна во сенка на слабото судење. И плус во првото полувреме одеше на нерви што на секој прекин се расправаа по пет минути, грубо настапија, Рома првенствено, но сепак добар фудбал... Во второто беа поопуштени и покоректни зашто на пауза заминаа со нерешен резултат, со кој и најреално ќе беше да заврши натпреварот, ама при крај Бонучи за Јувентус и победа. Инаку од пет гола, три пенали од кои трите дискутабилни кој помалку-кој повеќе... Јас ќе речам пак, нерешен реултат ќе беше пореален, ама чија била среќата сеа... тоа е. Другиот викенд нема натпревари од првенствата, играат репрезентации.
Мислам дека премногу амбициозно влегоа римјаниве во дуелот и сега непотребно се истураат на Јувентус... не е нешто страшно да изгубиш кај шампионот во гости со само гол разлика, ете, наредната им е на Олимпико, ќе имаат шанса да се покажат. Забораваат дека тие први почнаа со груби стартови и дека дел од судиските грешки беа во нивна полза, нивниот пенал исто беше дискутабилен, недосуден пенал за Јувентус и т.н. На крај, кој им е крив што олабавија и дозволија 85. минута да им се доберат до гол... дa го зачуваа нерешениот резултат, не верувам дека судијата ќе се обидуваше да му помогне на Јувентус. А пак судијата е приказна за себе, подобро уште од почетокот построго да ги санкционираше прекршоците по средината, можеби немаше да дојде до ситуација да досудува пенали, кои исто така не беа доволно убедливи за да мора да ги суди... не ни требаше воопшто да суди пенали јас ако се прашувам. И кога веќе беше таков резултатот, за последниот гол ќе да можеше да ја искористи ситуацијата со Видал за да го поништи. Инаку, и сто пати ќе повторам , БРАВО и за двете екипи за понудениот фудбал, приредија вистинско дерби, штета што имаше поразен. И во ЛШ им посакувам што е можно подобар пласман. А, не спомнав, Билбао нека се засрамат, пет гола од Реал, после вториот немаше што да гледам повеќе, исклучив. Фиорентина - Интер 3-0... ја фати Интер удолницата.
Данска - Португалија 0-1 Роналдо, многу шанси за гол, промашени. Ама затоа во последна минута се позлати. Браво царе. http://www.youtube.com/watch?v=DZmAf0QzsL4
Помина Ел Класико што помина, заврши како што заврши (несреќно)... вечер Јунајтед - Челзи. Јас во улога на потсетник, за секој случај, тие што ги интересира знаат... не дека 99% од форумов ги интересира.
Спорт - мртво нешто на форумов. Моментално гледам Манчестер Јунајтед - Челзи. Само што Азард шутираше, ама Де Геа одбрани, и еве Дрогба да даде гол, со глава.