Навистина Милан и Интер последниве сезони се катастрофа Затоа утре гледајте во 20:45 Јувентус -Лацио во Торино Форцца Јувееее
Браво Евертон, за ова денес имаш рИспект од мене Единствено штета што Ливерпул толку заостануваат на табела...
Значи Реал до крај ќе и дишат на Барса во врат... па не е нормално колку недели чекам барем нерешено да им извади некој, да им се плукнeш во тоа среќата што ја имаат... и во гнасниот играч Серхио Рамос, во плачкото Роналдо (очаен глумец бтв) и т.н... *** Туку не знам што ми текна да пишувам за ова, ќе да ми е многу досадно Овие Палермо, чудна работа... единствен тим со розови бои, а да не изгледаат глупаво во нив. Пример, кога и да сум ги видела Барса во некои розови гостински комбинации или во онаа тренинг опремата, ми се темнело пред очи... Не знам во кој филм се влезени заедно со Реал, ама да си излезат, најубаво... непријатна глетка... Не би било лошо да имаше некоја тема за клупски бои, дресови, омилени, грди и т.н... *** А да, и ова. Не можам да проценам дали шпанските судии се неспособни или тешка корупција и калкулации стојат во позадина. Секој викенд имаат најмалку еден испад од одлука... ја расипуваат и ја срамат воедно најсилната лига во светот и никој не презема ништо.
Исто и ти, Вест Бромвич Не сум пишала навреме. Вака сега... сакам краен исход Ливерпул во четворката, Јунајтед аут. Изводливо е, ама не знам колку ќе ми се реализира... тешкo...
Златна Валенсија титула ни донесе во саботата! Можеа и да тепаат заслужено, ама за нас доволно е и вака. Барем раат ќе се гледа натпреварот со Атлетико, кои пак, ќе бидат мотивирани зашто им треба барем една победа за да не изгубат трето место (за тоа се инаку криви ќоравите судии, претходното коло два чисти гола им беа поништени против Билбао)... И така, добро што не се решава титулата на Барса наредниот натпревар. Камен од срце ми падна. Реалчо, џабе петте минути надополнување, м? Оние Челзи да беа луѓе ќе им ја пуштеа на Ливерпул, ама не се Како Парма што не им ја пушта на Наполи Сакам Лацио да игра ЛШ Рома се тоолку силни што не можат да победат екипи како милан, и плус нели Јувентус намести да не бидат шампиони де, па ќе ми биде ќеиф да треснат од толку летање во облаци. А и искрено, отсекогаш Лацио ми биле посимпатичната екипа, Рома се самобендисани без реална причина. Не дека ги мразам, напротив... ама имаат мани.
И Севиља убедлива, и мафијата се враќа во Неапол покисната. Ништо од италијанска екипа во финале Лига Европа, не па италијанско финале.
Како ми одат на нерви со термините... Зошто пред две недели Лацио - Рома беше закажана за 24-ти, сега ја гледам преместена во Понеделник во 18.00? Бош екипата Милан со Торино да не е поважен натпревар? А и што има Милан речиси секое коло да игра во ударниот термин... *** Туку, заврши сезоната во Шпанија, титулата е таму каде што треба, нормално. http://www.espnfc.com/spanish-primera-division/15/table Значи ги погодив шампионите на побитниве лиги уште пред да почне сезоната. Единствено згрешив дека Баерн ќе земе ЛШ... и не ми е криво.
Јас да си кажам со време, она детиште Одегард уште од сега ме нервира. Гледам, викендов Реал кaко давеник за последна сламка немајќи со што да се пофалат му правеле маркетинг на арогантен тинејџер, норвешко ванаби Меси. Ех... долга е листата на тие кои ги спремаат за нов Меси. И во Реал ги има.
Во ред е, Рома заслужи да победи, нема збор тука. И оваа есен се директно во ЛШ. Сега Лацио со Наполи ќе се борат за квалификации во последното коло...
Лаацио! Браво, сега наредно со среќа во квалификациите. А на Бенитез ќе му посакам да продолжи со истото ова темпо и во новиот клуб
http://vesti.mk/news/5838746/oficijalno-superkupot-na-uefa-vo-skopje Јас се надевам дека во последен момент ќе испадне само шпекулација, зашто не знам колку се во МК способни за организација на нешто вакво без да има резилење. Од друга страна... гратчиња како Тбилиси добиваат лиценца, се плашам дека и ова е вистина...
Ништо, ете, вистина било. ОК, со среќа. Барем за две години ќе се среди тоа дупката и конечно ќе заличи на вистински стадион. Бидејќи вистината е дека на сите фрлени пари, никогаш не престана да биде дупка. *** Финале Копа Америка, Чиле - Аргентина. Очекувано, требаше уште од почеток да уплатам, ама ај.
Тоа е. Како да имав претчувство дека нема да ја земат и оваа. 22 години суша... а какви играчи... Баш ми е жал што не освои Аргентина. Чиле може изигра јако во финалето, ама се на се, не заслужи. Имаше дискутабилни моменти на првенствово.
НЕМА МАКЕДОНЕЦ КОЈ НЕ Е ГОРД И НЕМА ДА ЈА СПОДЕЛИ ОВАА ФОТОГРАФИЈА ЗА ЗЛАТНИТЕ МОМЦИ НА МАКЕДОНИЈА! Rabotnicki