Ми се чини дека Бенитез незнае да направи добра формација со Реал Мадрид.Многу добри играчи има,освен некои кои изиграа лошо овој натпревар.Се надевам дека од следниот подобро ќе биде.
Барса почна со победа, важно. Реал не можеле да победат Хихон таму. Јуве изгубил. Миланчо, се надевам до година ќе се гледаме во Серија Б, поточно нема да се гледаме зашто немам време да следам нискоразредни натпреварувања а ти конечно ќе ослободиш узурпиран термин, не знам зошто им остана навика да бутаат екипа како тебе во прајм-тајм и твоите натпревари со звучни екипи да ги викаат дерби-мечеви. Интер тепал, surprise. Ае и Мурињо тепал конечно, јас се исплашив ќе му пропадне кариерата на човекот. Утре Арсенал - Ливерпул. Не е утре тоа, денес е, ама јас сега си легнувам.
Италија 2, Португалија 3 претставници во Лига на шампиони. И тоа го доживеавме ние фановите на Серија А.
Не очекува пеколен викенд: ЦСКА Москва-Зенит (Сабота 13) Ц.Звезда-Партизан (Сабота 18.00) Манчестер Јунајтед-Ливерпул (Сабота 18,30) Атлетико Мадрид-Барселона (Сабота 20,30) Интер-Милан (Недела 20,45) Ривер Плата-Бока Јуниорс (Недела 23,15) и секако мојот Јуве вечерва против Киево. (20,45)
Ај Венгер да тепа, штом успеа минатиот месец, нека му успее пак... нека тресне оној провокаторон напатен за внимание Мурињо како во Комјунити Шилд.... се нека губи и нека го испудат некаде... во втора португалска лига...
Ова Агуеро и Левандовски као да се договарале да даваат по 5 гола и да си ставиле кладба кој побрзо ќе даде по 5 гола.
А може и во втора англиска заедно со Челзи Како им тргна на шпанскиот, англискиот и италијанскиот шампион... всушност добра е Барса во споредба со другите два...се разведрувам... Сити само нека продолжи вака ако главен конкурент за титула му е градскиот ривал ... Мадрилењо мислам дека ќе го добие Реал, или во најдобар случај нерешено... иако се е можно тука...
...или во најдобар случај Ако, ако, нека играат за Барса кога Барса не игра сама... Таман ќе се разочарам во Каталонците и тука е Реал да покаже на колку пониско дереџе може да падне еден тим полн ѕвезди... Значи попластична екипа, толку да се игра без срце, без мотив, нема... Челзи, Сити, ПСЖ што ги бие таков „пластичарски“ глас можат само вода да носат на Реал... Јас да бев навивачка на Реал (да е скраја, во некој паралелен универзум) досега ќе се откажев од тој тим. Не можат да го победат Атлетико (во ист град се, не ни патуваат или нешто), Атлетико што не се расфрла со милионите (ОК, сите клубови се расфрлаат со милионите, ама во никој случај не се расфрла со милионите како Реал) и Атлетико што се уште нема уигран тим што се вели... и овие Реал со тој нивен состав во фаворитска улога не се срамат што не можат да ги победат ПОШТЕНО (поштено, без црвени картони, без надополнувања од милион минути) не знам колку натпревари по ред... Па фактички они прават од Атлетико клупско име со вакви исходи на дуелите и креваат фама околу него... Ама браво за Атлетико, јас ги почитувам заради борбеноста, секогаш гинат што се вика до крај... Реал ќе повторам...тешка брука... А Барса во саботата да си тепаше фино, сега ќе си беше на врвот, таман и Виљареал изгуби... Ама не... зошто да биде лесно, кога може се на среќата да и се препушта, ќе чекаме на други и оваа година... ... Арсенал пријатно ме изненади, не очекував уште во прво полувреме убедливо да го решат натпреварот. ... Интересен почеток на сезоната, и Серија А одамна не беше вака неизвесна...
Ме нервира овој период кога почнува да се актуелизира златната топка... кој ќе слуша до јануари, спортски вести нема да отворам поради тоа... Нема потреба од циркузијади, нека му се испорачуваат на Меси до дома секоја година. Се знае кој е најдобар и кој е замена кога на најдобриот не му се игра и што уште...
Реал Мадрид повторно се силеа на мала екипа оставена со два играча помалку... кажав еднаш што имав за нив во друга тема - патетика и бадијала е да повторувам... Комшиите нивни што ќе и парирале на Барса губат од Малага... Знаев дека ќе ја утнат оваа утакмица... и сега зборете ми за конкуренција ... Додека Барса се враќа со светски трофеј во Европа *** Во меѓувреме падна митот за големиот тренер Мурињо... Којзнае дали ќе оди во Јунајтед, има некој поточни информации за тоа? мене ме мрзи да гуглам... Анчелоти во Баерн... Паметен потег на Гвардиола да отстапи, немаше хемија меѓу него и тој тим *** Гледав Интер - Лацио... не навивав за никој ама каков идиот е Фелипе Мело, човече, си ја зафркна екипата... Борбен Лацио, ако вака почнуваат да фаќаат форма за вториот дел од сезоната убаво за нив... Јувентус после оној ужасен старт на само три бода од врвот... каква лига стана италијанската ?