Колку треба да си луд да ги платиш преку 100 милиони Грилиш и Лукаку. Мислам дека претеруваат со сумиве. Лаутаро не е луд да оди во Арсенал, кога Интер настапува во ЛШ. Интер мораше да продава со оглед на проблемот со финансиите. Ама мислам дека Интер ќе успее за значително помала сума да склопи добра екипа. Овие Сити ги гледам сега и на ништо не личат искрено, ама ајде подготвителниот период им е краток со оглед на Европското. Арсенал треба прво да донесат креативец, а не е лошо и еден напаѓач со оглед на формата на напаѓачите во Арсенал.
Готово е. Чим го дадовте Лукаку, овој не го давате ни за 150 сега. Се спомнува Џејмс Медисон од Лестер како креативец во Арсенал, а напаѓач би земале доколку успееме да го продадеме Лаказет и Нкетиа кои се во последната година од договорот. Медисон, Лестер не сакаат под £60м да го продадат, па се шушка сега за Бернардо Силва од Сити, што по мене е многу подобра опција, иако почесто играше на десно крило. Ни треба и десен бек, ама слабо шпекулации за таму... Се на се, не гледам како ќе сме конкурентни за Топ 4 годинава покрај Сити, Јунајтед, Челзи и Ливерпул...
Го споменуваа и Рубен Невеш, ама некако мислам дека нема да доведат никого на таа позиција. Имам чувство дека ќе лупнат ненормална сума за оној Ремсдејл, со оглед дека немаат солиден втор голман. Не знам искрено, слаб избор имаат во поглед на потенцијални трансфери. Ретко кој играч би дошол во екипа која не е баш стабилна во поглед на формата и атмосферата во екипата. Ако дојде некој најверојатно ќе фрлат преголема сума, како што е случајот со Вајт.
Изгледа Рубен Невеш ќе оди во Јунајтед како замена за Погба. Со останувањето на Џака, нема простор за ЦМ и ДМФ во Арсенал. Џака и Парти прва постава, колку и да не го сакам... Локонга и Ел Нени, замени. АМФ фали, само Смит Роу е. Десен Бек, ако се продаде Белерин... Голман исто така. Не знам што гледаат во Ремсдејл, просечен голман со висока цена. Не ми се допаѓа тој трансфер. Политиката годинава им е да привлечат млади, надежни таленти. Сите имиња со кои не поврзуваат се под 25 години. Секако, ако сакаш да градиш тим, мора да платиш. Сепак, иако не е во европско натпреварување, Арсенал е клуб од висок ранг, со огромна фан база, историја, и со амбициозен проект. За разлика од нив, Тотенхем гледаме колку тешко привлекува играч...
Не е така. Се гледаше дека сакаше да продолжи во Барселона. Не е крив тој, клубот е крив, т.е. минатото раководство кое се расфрлаше со пари, земаше кредити и работеше против клубот. И сега да сакаа можеа да го задржат, ама не успеаа да продадат играчи и ослободат буџет. Убаво објаснија медиумите зошто не може: https://www.gol.mk/fudbal/vo-shpanija-ima-zakon-zoshto-mesi-ne-mozheshe-da-igra-besplatno-za-barsa
Можеби таму му е најубаво, ама нема некој фудбал да се изнаигра, колку јака лига е Франција? Многу јак состав имаат, ако сега не успеат нешто да освојат не знам кога. Како и да е, клубот воопшто не ми се допаѓа, се гледа дека во игра ги става парите за да привлече играчи.
Можел и да прифати помала сума. Иако читам прифатил помала сума ама еве, не верувам у се по медиумите. Кристијано за него е шампион. Прифати и за помала сума у Јуве. Шо не го продолжи до сеа договорот? Се курчеше на одмор. Се знае зошто се оди у ПСЖ. Џабе бранење, си остана циган. Кој клуб не зема кредити и не се расфрла? Мал тим како Интер Дужен ко Грчка. Бтв имал и други понуди од ПЛ ама чудно у ПСЖ, милионче плус не му било на одмет. Го удри слава у глава. Џабе.. Башка, Јунајтед беше ептен западнал у дугови, Олд Трафорд беше под хипотека, дури и повеќе од Барса, ама се најде решение, клубот уште си дозволува нови играчи.
Па прифатил, 50% пониска плата. Не може под тоа да прифати поради Ла Лига законите. Оди во ПСЖ затоа што се галактикос тим кој атакува на сите фронтови. И Кристијано отиде во Јуве кога правеа тим јак и атакуваа на ЛШ. Во прајм беа тогаш. Зошто не се врати во Манчестер да се бори за топ 4? Не е само за парите. И за престиж е, за титули. И секако, за останување релевантен во светот на фудбалот. Ако замине во послаб тим, не можат да му гарантираат трофеи, слава, и нема да опстане на врвот. Да му беше за пари, сигурно од арапиве ќе се најдеше некој клуб да игра во Катар или МЛС.
Не беа заинтересирани да го вратат. Затоа и дел од фановите ги напаѓаа Глејзери и бараа да си заминат. Пошо не инвестираа. Не бараа никакво решение, ништо. Роналдо беше продаден да се исплатат долговите, клубот од неговата продажба не виде ништо. Мислиш ПСЖ ќе му обезбеди трофеи? Чисто сумњам. Ама ќе видиме.
Го почитувам Меси, ама овој театар со плачењето и два-три дена подоцна насмевки и радости, беше разочарувачки. Но, знам дека тој не е виновен, луѓето околу него задолжени за ПР и маркетинг му инструираат како да постапува знаејќи што ќе упали кај обичниот гледач и фан. И ајде сега тиквата пукна врз поранешниот клуб, голем дел од рајата сака да верува дека Меси е жртва, а Барса е лошата
Спремниии за вечер за почетокот на Премиер Лигата? Ја отвараат новајлијата Брентфорд и секако Арсенал во 21:00 часот. Бренфорд иако за прв пат се пласираат во ПЛ, имаат добар состав кој одлично играше во Чемпионшип со квалитетна и атрактивна игра. Имаат одличен голман во Давид Раја и супер напаѓач во Ајван Тони, секако ќе сакаат да се престават добро на првиот натпревар. Арсенал од друга страна се чини дека уште една сезона влегуваат неспремни. Ќе отсуствуваат Томас Парти, кој најверојатно ќе го замени новиот играч Локонга, и Габриел кој е подолго повреден. Иако ќе му фалат некои играчи, Арсенал сигурно ќе сака да ја започне сезоната со победа кај новајлијата, и да ги добие првите три бода пред тешкиот распоред што му престои во следните кола. Во второ коло игра против Челзи... Можните состави за вечер: Кои се вашите прогнози за утакмицата? Што очекувате од неа? Што типувате?
Не гледам, ме накурчија моиве до Рафаел Варан. Пред три недели уште се согласија Уште нема ништо за него освен што е во Мснчестер. Смешка од тим.
Не велам дека Меси е жртва, ниту дека Барса е единствениот виновник, но што требаше да направи? Веројатно не би требало да се расплаче на претставувањето, а овие да му даваат марамчиња, а и тоа е реалноста веќе, си замина. Ниту на најладнокрвниот човек не би му било лесно да се раздели од клубот кај играл две децении, а не па на човеков кој се гледаше дека со цело срце го сака клубот. Можеби вистината не е во плаќањето, можеби има некоја друга причина зошто си замина која не ни ја кажуваат. Но, мислам дека тагата и солзите не му се исценирани, се гледа дека не му е лесно.