Умрентус Роналдо им бил проблемот, ахам, без него не ги бива за ништо. Само еден освоен бод. Роналдо таквите ко Емполи на леб ги мачкаше.
Champions League is back. Германската машина пак ќе ги сомеле каталонциве. FC Bayern das maschinen, Deutscher und Europokal Fußall Meister.. MiaSanMia.
Почеток на Лигата на шампионите, големо фудбалско натпреварување. Време за изненадувања, еуфорија и интересни натпревари. За сега, дефинитивно овие два натпревари беа најголемо изненадување, посебно првиот. Одекнаа низ Европа(и пошироко), а Шериф моментално се наоѓа на првото место во групната фаза, за прв пат не е лошо Бенфика беше многу повеќе од доминантна против Барселона. Ваши коменатри?
Крај на една ера е ова. Крај на доминацијата на шпанските екипи во Лига на Шампиони. Воопшто не изненадуваат резултатите, во слободен пад се двете екипи, посебно Барса. Реал се наоѓа во фаза на промена на генерации и очекувам да се врати за некоја година околу врвот, ама не и на врвот. Мислам дека одамна е поминат од екипи како ПСЖ, Сити... Барселона од друга страна уште повеќе ќе тоне во иднина додека не стане некој медиокритет од клуб како Милан.
Изненадена сум од Шериф, очекував да бидат на последното место во групата. Многу симпатии доби клубот. Нема да ми е криво ако завршат први. Знам дека на мојот Интер нема да им е лесно против Шериф, ама очекувам победа (позитивност пуштено на најјако).
Дали можи да ми пиши некој што знае од каде да купам дрес, ми треба информација за нешто поконтретно?
Никаде. Нешто имаше во спортвижн и дспорт ама и тоа е прашање дали го има и од која сезона и се реплики, ама со добар квалитет. Од оние реплики со послаб квалитет може да се најдат на пазар или на некои фб страници. Пиши само фудбалски дресови мк и ќе ти излезат неколку со цени. За оригинални, може да порачаш од официјалниот шоп на клубот.
Оригинал не знам, а инаку побарај во продавници за спортска облека, баш сретнав скоро нови дресови од Роналдо, Меси, Суарез и не видов чиј од италијанска репрезентација. Нема некој голем избор ама барем можи и за возрасни да се најде некаков дрес, за разлика од порано. Значи барај низ продавнички каде се продаваат тренерки исклучиво.