И јас не успеав да ја гледам цела, ама од тоа што гледав, никаква судска одлука не влијаеше на резултатот. Може имало некои ситни одлуки во корист на Англичанките, но overall изиграа храбро, борбено и одлучно. 5 минути задржуваа време мајсторски во посед. Германките не можеа да им ја земат топката. И јас не пратам премногу. Неколку натпревари фатив на ТВ од Европското. И од Арсенал претходно имам нешто гледано, пошто како клуб секогаш се заинтересирани за развој на женскиот фудбал, и многу го промовираат. Баш и фудбалерките на Арсенал беа најдобри на првенството. Освен Лиа, Вивиан Мидема беше најдобар голгетер на Холандија. А и Бетани Мид беше одлична за Англија. Треба повеќе да се промовира женскиот фудбал, и да добива и поголема гледаност. Доделувањето на трофејот:
Да де, пошто Ганерка била во тимот, затоа победиле. Победата е тимска, не заради тоа што имало капитен од Арсенал или шо ти знам. Туку јас едвај го чекам клубскиот фудбал.
Абе ништо се без Ганери Откако во машкиот тим дојдоа сите светци редно е да добиеме некое местенце. И ја едвај го чекам клубскиов фудбал, досадно ми е веќе
Ова е Katie Mcabe, сликана пред 4 дена. Фудбалерка е на Арсенал, кои годинава се борат со Манчестер Сити. Денес, беше на терен цел натпревар, и ја постигна оваа бомба од гол за победа 2-1, и огромна предност за Арсенал во борбата за титула. https://streamin.me/v/a422ae17 Пожртвуваност за на филм.
И потоа велат дека женскиот фудбал нема вредност. Ја обожавам, стварно секоја и' чест. Оваа година ја освојуваме лигата ако не потпаднеме. Факт е дека не добиваме доволно поддршка и фама од медиумите, уште не е ништо готово ама како изминативе години завршувавме на 5то, 8мо место(притоа со катастрофална игра)... ова е за пофалба. Saka толку млад а клучен играч во напад, читав некои вести дека ќе му давале понуди од други клубови, се надевам нема никаде да оди.
Сака не оди никаде. Веќе се договорил за нов договор, 300к фунти неделно. Ќе биде еден од најдобрите фудбалери во светот во иднина, сигурно. Годинава е наша, и мажи, и жени. Сите играат предобро. Да издржат до крај само, и конечно да ја освојат титулата.
НееФан на Арсенал од 4то одделение(заради татко ми најмногу) Барса ја сакам и од Ла Лига ми се фаворити, па може некогаш да сум преовладала на нивна страна кога било дискусија па изгледало дека навивам за нив(или за Меси сум зборувала) , ама Арсенал си е Арсенал.
@Billy Idol чук, чук, кој чука? Манчестер Сити сигурно не Нема да ми се верува ако ја изгубите титулава, цела сезона играте динамично, перфектно и на крај не славно да завршите, срамно ќе е за Лондон реално..
Арсенал сами ја "дадоа" титулата на Сити. Последните 4 натпревари им се ужас, како да не сакаат да се борат за титулата. Сити се борбени и никогаш не се откажуваат. Се надевам дека играчите на Арсенал нема психички да "потпаднат" под притисокот и ќе се борат до крај, бидејќи стварно играа добра сезона.
Паднаа под притисокот, а и формата им падна после повредата на Салиба. Имаше некаде статистика колку гола примиле со Салиба, и сега, без. Страшна разлика. Сити секогаш темпира форма на крај, плус страшен тим е. Успеа Баерн да го демолира два пати во ЛШ, па не очекував повеќе од меѓусебната утакмица. Арсенал ја изгуби титулата претходно со ремијата против Вест Хем и Саутемптон, па и со Ливерпул. Сепак, ова е успех за ваков млад тим. Со неколку засилувања, следната година се надевам ќе сме пак во борба за титула.
Веќе започна фудбалската сезона во некои елитни лиги. Кој ќе биде шампион во топ фудбалските лиги па и во Македонија? Англија - мислам дека Сити пак ќе биде конкурентен, нема шанса Пеп да се откаже до крај. Арсенал има и тој одличен тим сезонава. Другиве ќе видиме, Ливерпул ми се свиѓа исто ама другиве далеку ко да се од титула. Њукасал е супер екипа исто. Германија - Баерн со она што вчера го покажа против Лајпциг и пред да заврши претходната сезона, тешко до титула. Дортмунд изгради одличен тим, Лајпциг на високо ниво исто. Ако не се смени нешто во Баерн, титула или во Дортмунд или во Лајпциг ќе оди. Леверкузен му го продолжи договорот на Алонсо, Унион Берлин е конкурентна екипа и таа. Шпанија - Реал или Барселона, евентуално ако замеша прсти Атлетико. Италија - Интер има шанси годинава за титула. Ќе видиме во какво издание ќе се покажи Наполи, Рома, Лацио и Милан, Јуве како да нема сили за ништо со последниве случувања. Франција - Арапскиот шеик Холандија - Ајакс ја има најдобрата школа за фудбал од секогаш, или Ајакс или ПСВ Португалија - Бенфика / Порто а можно е Спортинг, ама тешко Турција - Галатасарај мие омилен турски тим, еден од најтрофејните, мислам дека ќе ја одбранат титулата. Русија - Зенит. Белгија - Генк, Швајцарија - ќе видиме. Во Србија - Црвена Ѕвезда, Хрватска се надевам Динамо. Македонија - Сигурно некој од албанскиве клубови пак ќе биде.. Или Шкендија или Струга.
Ако оваа не ја земите со Кането... Клетвата од Тотенхем ќе се префрли на вас. Да купите средњак еден, ќе се вброите и во главен фаворит за ЛШ. Англија: Арсенал. Оваа е наша година. Само ако Сити се распадне во меѓувреме. Иначе тешко. Ливерпул ако изненади пошто не играат ЛШ. Јунајтед нема сила. Италија: Интер Милан. Позз @Stephen Amell ЛШ: Прв фаворит: Сити, па Баерн, па сите останати. Другите небитни.
Едвај чекам да почне Серија А, гледав во петокот Ман Сити и денес Тотенхем, абе не е тоа тоа.. Интер си е Интер. Во Премиер очекувам Сити да растури годинава, исто Арсенал се многу добри, другите тимови се океј, ќе се борат за опстанок во ЛШ ко лани. Серија А - ах Интер. Мислам дека имаме најлош трансфер до сега. "Требаше" да земеме многу подобри играчи и нема да е исто без Онана. Аталанта ни го зеде Скамака. Очекувам да бидат добри сезонава, исто така и Наполи. *илан и Ѓубрентус да одат во Серие Б. Ла Лига- Барса, исто да се покаже ко лани. Ѓубрињата Реал ништо да не видат. Бундеслига- очекувам Баерн да освои годинава (да види и Хари некој трофеј), ама со цело срце ќе навивам за Дортмунд. Уште им немам простено за минатата сезона. Другиве не ги пратам. ЛШ: Сити пак фаворит годинава. Илии.. можеби Интер? Да видеме групите прво, ако имаме "среќа" ко лани, се е можно.
Одврзете кесето за Балогун, што се ценкате со 10 милиончиња. Подобар шпиц не може да најдете. Лани растури малиот во Франција. Шпанија ја заборавив... Ама што да се коментира таму. Барселона е прав очај. Реал ништо не зема годинава. Го извисија пак за Мбапе. Одбраната, им се повреди Милитао, Куртоа... Немаат шпиц. Само средина подобрија со Џуд. Може да земат шпанско, ама за ЛШ тешко сезонава.